Симеон Мони Дамевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/simeon-moni-damevski/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Sep 2023 13:12:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Симеон Мони Дамевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/simeon-moni-damevski/ 32 32 Симеон Мони Дамевски: На ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде изработен „Манаки Манифест“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/simeon-moni-damevski-na-iffk-braka-manaki-ke-bide-izraboten-manaki-manifest/ Thu, 21 Sep 2023 12:57:35 +0000 https://republika.mk/?p=683756

Балканската конференција на кинематографери која ќе се одржи во Битола, за време на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе промовира документ Манаки Манифест, изјави на прес конференција директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски.

Целта е, рече Дамевски, балканските кинематографери да подготват проглас што ќе биде испратен  до светската организација ИМАГО и кој ќе содржи барања за подобрување на условите за работа на кинематограферите во светот.

За време на фестивалот во Битола ќе организираме неколку исклучително важни општествени настани. На 24. септември по отворањето на фестивалот ќе организираме тркалезна маса на која ќе учествуваат моќни кинематограферки од Австралија, Полска и други држави чиј основен мотив е да ги охрабруваат жените во Македонија да бидат кинематограферки. За жал кај нас имаше само две кинематограферки кои повеќе не се занимаваат со тоа. Вториот општествен настан е Балканската конференција на кинематографери кои ќе промовираат документ Манаки Манифест. Целта е балканските кинематографери да подготват проглас кој ќе биде испратен  до светската организација ИМАГО и кој ќе содржи барања за подобрување на условите за работа на кинематограферите во светот. Третиот настан е врзан со Меморандум кој ќе го потпишат сите киноприкажувачи, а со цел да се рашири кино-мрежата во Македонија и да се врати публиката во кината. На ИФФК Браќа Манаки ќе го промовираме и проектот „Битола град на амбасадорите“, а тоа значи одржување „Вечери на култура“ кои годинава ќе ги приредат амбасадите на Германија, Италија и Франција, истакна Дамевски.

Организаторите подготвуваат спектакуларно отворање на фестивалот и промоција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски.

Во периодот од 23 до 29 септември ќе бидат емитувани 79 филмови, а од странство ќе пристигнат 350 гости за кои е подготвена дополнителна програма во која се содржани работилници, изложби, кабаре и многу дружење во Битола.

Дополнителната програма ќе го поврзе фестивалот со локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата. На ваков начин се обезбедува интерсекторска соработка со интердисциплинарна програма, посочи Маја Ангеловска, координаторка за офф-програмата на фестивалот.

The post Симеон Мони Дамевски: На ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде изработен „Манаки Манифест“ appeared first on Република.

]]>

Балканската конференција на кинематографери која ќе се одржи во Битола, за време на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе промовира документ Манаки Манифест, изјави на прес конференција директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски. Целта е, рече Дамевски, балканските кинематографери да подготват проглас што ќе биде испратен  до светската организација ИМАГО и кој ќе содржи барања за подобрување на условите за работа на кинематограферите во светот.
За време на фестивалот во Битола ќе организираме неколку исклучително важни општествени настани. На 24. септември по отворањето на фестивалот ќе организираме тркалезна маса на која ќе учествуваат моќни кинематограферки од Австралија, Полска и други држави чиј основен мотив е да ги охрабруваат жените во Македонија да бидат кинематограферки. За жал кај нас имаше само две кинематограферки кои повеќе не се занимаваат со тоа. Вториот општествен настан е Балканската конференција на кинематографери кои ќе промовираат документ Манаки Манифест. Целта е балканските кинематографери да подготват проглас кој ќе биде испратен  до светската организација ИМАГО и кој ќе содржи барања за подобрување на условите за работа на кинематограферите во светот. Третиот настан е врзан со Меморандум кој ќе го потпишат сите киноприкажувачи, а со цел да се рашири кино-мрежата во Македонија и да се врати публиката во кината. На ИФФК Браќа Манаки ќе го промовираме и проектот „Битола град на амбасадорите“, а тоа значи одржување „Вечери на култура“ кои годинава ќе ги приредат амбасадите на Германија, Италија и Франција, истакна Дамевски.
Организаторите подготвуваат спектакуларно отворање на фестивалот и промоција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски. Во периодот од 23 до 29 септември ќе бидат емитувани 79 филмови, а од странство ќе пристигнат 350 гости за кои е подготвена дополнителна програма во која се содржани работилници, изложби, кабаре и многу дружење во Битола.
Дополнителната програма ќе го поврзе фестивалот со локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата. На ваков начин се обезбедува интерсекторска соработка со интердисциплинарна програма, посочи Маја Ангеловска, координаторка за офф-програмата на фестивалот.

The post Симеон Мони Дамевски: На ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде изработен „Манаки Манифест“ appeared first on Република.

]]>
Средба на претседателот Пендаровски со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sredba-na-pretsedatelot-pendarovski-so-rakovodstvoto-na-festivalot-braka-manaki/ Tue, 22 Aug 2023 15:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=674677

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими директорот на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Симеон Мони Дамевски.

На средбата, директорот Дамевски го информираше претседателот Пендаровски дека во рамки на овогодинешната програма на 44-тиот интернационален фестивал на филмска камера, ќе бидат прикажани 64 филмови. Истовремено, како што посочи Дамевски, гости на фестивалот ќе бидат реномирани кинематографери, режисери и продуценти од целиот свет.

Поздравувајќи ја речиси пет деценицската традиција на фестивалот, претседателот Пендаровски истакна дека го радува фактот што од година в година се повеќе се збогатува програмата на „Браќа Манаки“, а Битола ја посетуваат звучни имиња од светската филмска индустрија. Со тоа, како што потенцираше Претседателот, фестивалот е промотор, не само на Битола како град, туку воопшто на македонската култура во светот.

The post Средба на претседателот Пендаровски со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“ appeared first on Република.

Дамевски: Годинава ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола со најмногу жени кинематограферки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/damevski-godinava-iffk-brakja-manaki-vo-bitola-so-najmnogu-zeni-kinematograferki/ Wed, 17 Aug 2022 12:38:48 +0000 https://republika.mk/?p=541395

Годинава на ИФФК „Браќа Манаки“ учествуваат најмногу жени кинематограферки што ќе учествуваат во сите натпреварувачки програми, истакна директорот на фестивалот Мони Дамевски.

На прес-конференција во Битола Дамевски посочи дека ИФКК „Браќа Манаки“ годинава е пообемен и според бројот на филмови и според бројот на гости.

Минатата година имаше вкупно 20 филмови во конкуренција, годинава се 62 и тоа е тројно поголема конкуренција. Тимот со кој соработувам изврши извонредна работа и верувам дека годинава публиката ќе ужива затоа што има филмови кои што се поеднакво интересни приказни за гледање како содржина и визуелен израз. Годинава на ИФФК „Браќа Манаки“ имаме најмногу жени кинематограферки што ќе учествуваат во сите натпреварувачки програми. Но, ние имаме повеќе жени и во жири-комисиите за документарна и главна програма, истакна Дамевски.

За време на фестивалските денови организаторот подготви и богата придружна програма што ја креираше битолчанецот Тоше Ивановски.

Придружната програма ќе се реализира на Широк Сокак, ќе бидат презентирани изложби на раритети, музички настани и „живи слики“ од архивите на Манаки. На гостите од светот ќе им ја презентираме убавината на битолските дворови во кои ќе може да отседнат на кафе, посебно се гордееме што годинава наследникот на Наум Карабатак-УНИ, неговиот син Роберто Карабатак ќе издвои дел од сочуваното семејно наследство на познатиот Фото УНИ кој учел од Милтон Манаки, а во повеќе битолски кафулиња за гостите на фестивалот ќе има организирана забава од македонската музичка сцена, рече меѓудругото Ивановски.

The post Дамевски: Годинава ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола со најмногу жени кинематограферки appeared first on Република.

]]>

Годинава на ИФФК „Браќа Манаки“ учествуваат најмногу жени кинематограферки што ќе учествуваат во сите натпреварувачки програми, истакна директорот на фестивалот Мони Дамевски. На прес-конференција во Битола Дамевски посочи дека ИФКК „Браќа Манаки“ годинава е пообемен и според бројот на филмови и според бројот на гости.