симболи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/simboli/ За подобро да се разбереме Sat, 06 Jul 2024 12:12:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png симболи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/simboli/ 32 32 Јаневска: Државата има свои симболи, за нив се учи во училиштата и сите треба да ги почитуваме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-drzhavata-ima-svoi-simboli-za-niv-se-uchi-vo-uchilishtata-i-site-treba-da-gi-pochituvame/ Sat, 06 Jul 2024 12:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=794026

Државата има свои симболи – химна, знаме, а јас би рекла и заеднички јазик кој треба да биде средство за комуникација и подобро разбирање. За жал, ни се случува деца да не можат да се разберат меѓу себе. А ако не се разбираат, тогаш не можат да споделуваат заеднички живот, заеднички радости, успеси, па и заедничка тага. Тоа не треба да биде така, одговори министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на прашањето дали е исправна одлуката на советот на општина Велес за наставата во училиштата од први септември да започнува со интонирање на македонската химна.

Македонија е држава на македонскиот народ и на сите други етникуми кои живеат тука. Интенцијата на Владата е сите да сме рамноправни и да ја чувствуваме како своја земја. Апелирам, наместо поединци да се занимаваат со работи кои можеби некого иритираат или повредуваат, да направиме консензус и заеднички да работиме за подобро образование, здравство, економија, туризам и така натаму - рече Јаневска.

Додаде дека деновиве ја потпишува исплатата на финансиската поддршка која ја вети претходната Влада, а од непознати причини не ја исплатила и дека е вчудовидена од тоа колку семејства со ниски приходи под просечната плата има во државата.

Да ги стимулираме децата да учат и да немаат потреба од ваква помош. Кога ќе пораснат, со својот труд и знаење да си обезбедат пристоен живот. Ова треба да ни биде вистинскиот фокус - додаде министерката.

The post Јаневска: Државата има свои симболи, за нив се учи во училиштата и сите треба да ги почитуваме appeared first on Република.

]]>