силвио берлускони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/silvio-berluskoni/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jun 2024 11:16:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png силвио берлускони Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/silvio-berluskoni/ 32 32 Султанот од Брунеи сака да ја купи славната вила на Берлускони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sultanot-od-brunei-saka-da-ja-kupi-slavnata-vila-na-berluskoni/ Sat, 29 Jun 2024 11:16:58 +0000 https://republika.mk/?p=791801

Султанот од Брунеи сака да ја купи вилата на Силвио Берлускони на италијанскиот остров Сардинија, објавија италијанските медиуми.

Имотот неодамна беше ставен на продажба по цена од 300-500 милиони евра од наследниците на Берлускони. Вилата Чертоза е огромна палата со градини со големина од 80 тениски игралишта, со поглед на морето и со амфитеатар.

Султанот од Брунеи, Болкија (77), чие богатство се проценува на околу 30 милијарди долари, бил заинтересиран за имотот во кој престојувале влијателни државници како Џорџ Буш, Тони Блер и Владимир Путин.

Интерес за вилата изразиле и милијардери од САД и арапските земји, како и хотелски групи кои сакаат да ја претворат во луксузен ресорт.

Султанот од Брунеи, пак, ја сака како подарок за едно од неговите 10 деца, за неговиот 32-годишен син Абдул Матин, кој неодамна се ожени. Неговата венчавка траела 10 дена на брод за крстарење кој патувал низ Медитеранот и застанал на островот Сардинија.

Берлускони почина во јуни минатата година.

The post Султанот од Брунеи сака да ја купи славната вила на Берлускони appeared first on Република.

]]>

Султанот од Брунеи сака да ја купи вилата на Силвио Берлускони на италијанскиот остров Сардинија, објавија италијанските медиуми. Имотот неодамна беше ставен на продажба по цена од 300-500 милиони евра од наследниците на Берлускони. Вилата Чертоза е огромна палата со градини со големина од 80 тениски игралишта, со поглед на морето и со амфитеатар. Султанот од Брунеи, Болкија (77), чие богатство се проценува на околу 30 милијарди долари, бил заинтересиран за имотот во кој престојувале влијателни државници како Џорџ Буш, Тони Блер и Владимир Путин. Интерес за вилата изразиле и милијардери од САД и арапските земји, како и хотелски групи кои сакаат да ја претворат во луксузен ресорт. Султанот од Брунеи, пак, ја сака како подарок за едно од неговите 10 деца, за неговиот 32-годишен син Абдул Матин, кој неодамна се ожени. Неговата венчавка траела 10 дена на брод за крстарење кој патувал низ Медитеранот и застанал на островот Сардинија. Берлускони почина во јуни минатата година.

The post Султанот од Брунеи сака да ја купи славната вила на Берлускони appeared first on Република.

]]>
Уметнички слики и статуи од голи жени и од Богородица: Наследниците на Берлускони ја продаваат неговата скапа колекција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/umetnichki-sliki-i-statui-od-goli-zheni-i-od-bogoroditsa-naslednitsite-na-berluskoni-ja-prodavaat-negovata-skapa-kolektsija/ Mon, 23 Oct 2023 17:30:41 +0000 https://republika.mk/?p=694285

Наследниците на поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, кој почина во јуни оваа година, планираат да се ослободат од неговата колекција слики за која сметаат дека е безвредна, а за која изнајмувањето на хангарот во кој се чуваат чини 800.000 евра годишно.

Исто така, проблемот го претставуваат и црвите кои се појавиле и уништуваат платна и рамки за слики, пренесува Италијанска „Република“.

Во големиот хангар има околу 25.000 слики и статуи купени на ноќни аукции, на кои Берлускони потрошил околу 20 милиони евра и на кои кои претежно се прикажани голи жени или, пак, Богородица.

Сепак, според експертите, вкупната вредност на сликите ја дава нивниот број, а не нивниот квалитет.

Од 25.000, можеби шест или седум се интересни“, оценуваат експертите за сликите.

Виторио Сгарби, уметнички критичар и близок пријател на Берлускони, вели дека принудата да се купуваат уметнички дела продадени преку ТВ аукции почнала сериозно во 2018 година како резултат на „непроспиени ноќи“.

https://republika.mk/vesti/svet/objaven-testamentot-na-berluskoni-eve-shto-im-ostavil-na-detsata-i-devojkata/

Берлускони зад себе остави империја која вклучуваше фудбалски клуб, имоти, јахти и неговиот главен имот - Медиасет, најголемата комерцијална мрежа во Италија, вредна повеќе од шест милијарди евра, главно за неговите деца, пишува „Гардијан“.

Тој оставил и 100 милиони евра на својата партнерка Марта Фасина, 100 милиони евра на неговиот брат Паоло и 30 милиони евра на Марчело Дел Утри, поранешен сенатор од неговата партија Форца Италија, кој отслужи затворска казна поради врски со мафијата.

Се верува дека семејството размислува да ја претвори во музеј вилата Сан Мартино, каде што Берлускони беше домаќин на деловни и политички состаноци, како и некои од неговите познати „бунга бунга“ забави.

The post Уметнички слики и статуи од голи жени и од Богородица: Наследниците на Берлускони ја продаваат неговата скапа колекција appeared first on Република.

]]>

Наследниците на поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, кој почина во јуни оваа година, планираат да се ослободат од неговата колекција слики за која сметаат дека е безвредна, а за која изнајмувањето на хангарот во кој се чуваат чини 800.000 евра годишно. Исто така, проблемот го претставуваат и црвите кои се појавиле и уништуваат платна и рамки за слики, пренесува Италијанска „Република“. Во големиот хангар има околу 25.000 слики и статуи купени на ноќни аукции, на кои Берлускони потрошил околу 20 милиони евра и на кои кои претежно се прикажани голи жени или, пак, Богородица. Сепак, според експертите, вкупната вредност на сликите ја дава нивниот број, а не нивниот квалитет.
Од 25.000, можеби шест или седум се интересни“, оценуваат експертите за сликите.
Виторио Сгарби, уметнички критичар и близок пријател на Берлускони, вели дека принудата да се купуваат уметнички дела продадени преку ТВ аукции почнала сериозно во 2018 година како резултат на „непроспиени ноќи“. https://republika.mk/vesti/svet/objaven-testamentot-na-berluskoni-eve-shto-im-ostavil-na-detsata-i-devojkata/ Берлускони зад себе остави империја која вклучуваше фудбалски клуб, имоти, јахти и неговиот главен имот - Медиасет, најголемата комерцијална мрежа во Италија, вредна повеќе од шест милијарди евра, главно за неговите деца, пишува „Гардијан“. Тој оставил и 100 милиони евра на својата партнерка Марта Фасина, 100 милиони евра на неговиот брат Паоло и 30 милиони евра на Марчело Дел Утри, поранешен сенатор од неговата партија Форца Италија, кој отслужи затворска казна поради врски со мафијата. Се верува дека семејството размислува да ја претвори во музеј вилата Сан Мартино, каде што Берлускони беше домаќин на деловни и политички состаноци, како и некои од неговите познати „бунга бунга“ забави.

The post Уметнички слики и статуи од голи жени и од Богородица: Наследниците на Берлускони ја продаваат неговата скапа колекција appeared first on Република.

]]>
Телото на Берлускони ќе биде кремирано, па пепелта ќе биде положена во семејниот мавзолеј https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/teloto-na-berluskoni-ke-bide-kremirano-pa-pepelta-ke-bide-polozhena-vo-semejniot-mavzolej/ Wed, 14 Jun 2023 20:02:06 +0000 https://republika.mk/?p=651486

Телото на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе биде кремирано, а неговата пепел ќе биде положена во семејниот мавзолеј лоциран во вилата во италијанскиот град Аркоре, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на извор близок до семејството.

По државниот погреб, ковчегот со телото на Берлускони ќе биде вратен во вилата Сан Мартино, во близина на Милано, а телото ќе биде кремирано во крематориумот „Валенсијано Панта Реј“.

Берлускони првично го изградил мавзолејот за себе, за членовите на неговото семејство и пријателите, но дури подоцна дознал дека законот дозволува телата да се погребуваат само на јавни гробишта. Сепак, пепелта може да се стави во мавзолеј.

Берлускони почина пред два дена во болница во Милано, на 87-годишна возраст.

The post Телото на Берлускони ќе биде кремирано, па пепелта ќе биде положена во семејниот мавзолеј appeared first on Република.

]]>

Телото на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ќе биде кремирано, а неговата пепел ќе биде положена во семејниот мавзолеј лоциран во вилата во италијанскиот град Аркоре, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на извор близок до семејството. По државниот погреб, ковчегот со телото на Берлускони ќе биде вратен во вилата Сан Мартино, во близина на Милано, а телото ќе биде кремирано во крематориумот „Валенсијано Панта Реј“. Берлускони првично го изградил мавзолејот за себе, за членовите на неговото семејство и пријателите, но дури подоцна дознал дека законот дозволува телата да се погребуваат само на јавни гробишта. Сепак, пепелта може да се стави во мавзолеј. Берлускони почина пред два дена во болница во Милано, на 87-годишна возраст.

The post Телото на Берлускони ќе биде кремирано, па пепелта ќе биде положена во семејниот мавзолеј appeared first on Република.

]]>
Путин се прости од Берлускони: „Збогум Силвио“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-se-prosti-od-berluskoni-zbogum-silvio/ Mon, 12 Jun 2023 16:02:55 +0000 https://republika.mk/?p=650571

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство за смртта на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, истакнувајќи дека тој ќе остане запаметен во Русија како доследен и принципиелен поддржувач на зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји.

Почитуван господине претседателе, ве молиме примете го нашето најдлабоко сочувство за смртта на истакнатиот италијански политичар Силвио Берлускони… Во Русија, Силвио Берлускони ќе остане запаметен како доследен и принципиелен поддржувач на зајакнувањето на пријателските односи меѓу нашите земји. Тој даде непроценлив личен придонес во развојот на заемно корисни руско-италијански партнерства, се вели во пораката што Путин ја испрати до неговиот италијански колега Серџо Матарела.

Освен тоа, Путин истакна дека Берлускони му бил драг човек и вистински пријател, додавајќи дека искрено се восхитува на неговата мудрост, способност да донесува далекувидни одлуки и дека, како што пренесува РИА, неговата смрт претставува непоправлива загуба.

 

The post Путин се прости од Берлускони: „Збогум Силвио“ appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство за смртта на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, истакнувајќи дека тој ќе остане запаметен во Русија како доследен и принципиелен поддржувач на зајакнувањето на пријателските односи меѓу двете земји.
Почитуван господине претседателе, ве молиме примете го нашето најдлабоко сочувство за смртта на истакнатиот италијански политичар Силвио Берлускони… Во Русија, Силвио Берлускони ќе остане запаметен како доследен и принципиелен поддржувач на зајакнувањето на пријателските односи меѓу нашите земји. Тој даде непроценлив личен придонес во развојот на заемно корисни руско-италијански партнерства, се вели во пораката што Путин ја испрати до неговиот италијански колега Серџо Матарела.
Освен тоа, Путин истакна дека Берлускони му бил драг човек и вистински пријател, додавајќи дека искрено се восхитува на неговата мудрост, способност да донесува далекувидни одлуки и дека, како што пренесува РИА, неговата смрт претставува непоправлива загуба.  

The post Путин се прости од Берлускони: „Збогум Силвио“ appeared first on Република.

]]>
Берлускони ќе биде погребан в среда со државни почести https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berluskoni-ke-bide-pogreban-v-sreda-so-drzhavni-pochesti/ Mon, 12 Jun 2023 13:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=650538

Поранешниот италијански премиер и милијардер Силвио Берлускони ќе биде погребан со државни почести во катедралата во Милано в среда, соопштија црковните власти во Милано, цитирани од италијанската новинска агенција АНСА.

На погребот се очекува да присуствува и италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Според изворите, посмртните останки на Берлускони денеска ќе бидат префрлени во неговата приватна резиденција – вилата Сан Мартино, во близина на градот Аркоре, недалеку од Милано. Утре ќе бидат положени во седиштето на медиумската империја на Берлускони Медиасет во Колоно Монзесе.

 

The post Берлускони ќе биде погребан в среда со државни почести appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер и милијардер Силвио Берлускони ќе биде погребан со државни почести во катедралата во Милано в среда, соопштија црковните власти во Милано, цитирани од италијанската новинска агенција АНСА. На погребот се очекува да присуствува и италијанскиот претседател Серџо Матарела. Според изворите, посмртните останки на Берлускони денеска ќе бидат префрлени во неговата приватна резиденција – вилата Сан Мартино, во близина на градот Аркоре, недалеку од Милано. Утре ќе бидат положени во седиштето на медиумската империја на Берлускони Медиасет во Колоно Монзесе.  

The post Берлускони ќе биде погребан в среда со државни почести appeared first on Република.

]]>
Малолетничка проституција и злоупотреба: Заради Берлускони цел свет слушна за „бунга бунга“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/maloletnichka-prostitutsija-i-zloupotreba-zaradi-berluskoni-tsel-svet-slushna-za-bunga-bunga/ Mon, 12 Jun 2023 12:49:07 +0000 https://republika.mk/?p=650516

Приватниот живот на Силвио Берлускони го одбележаа скандали, судски процеси, мноштво млади љубовници и сопруги, како и „бунга бунга“ забави кои станаа познати ширум светот, а подоцна беа спомнати само во контекст на обвинувањата за малолетничка проституција и злоупотреба.

„Бунга бунга“ е израз од непознато потекло кој потекнува од Австралија на крајот на 19 век, но денес се користи исклучиво за забавите кои ги организирал Берлускони додека бил италијански премиер.

Терминот тогаш често беше цитиран од италијанските и меѓународните медиуми пред истрагата во 2011 година, кога Берлускони беше обвинет за злоупотреба на малолетници. Така, „бунга бунга“ стана термин за оргии во кои учествуваат проститутки и моќни лидери.

Наводно Берлускони изразот „бунга бунга“ го научил од Гадафи, кој еднаш кажал расистичка шега за италијанските политичари во Либија.

Шегата, според книгата My Way на новинарот Алан Фридман, гласела: „Двајца италијански политичари отидоа во Либија како емисари на Берлускони на церемонијата за крунисување на Гадафи за крал. На патот, ги заробиле членови на безмилосно племе, ги врзале за бандера и почнале да играат околу нив и да скандираат ‘бунга, бунга, бунга, бунга…’. По завршувањето на танцот, од нив било побарано да изберат помеѓу бунга бунга и смртта. Првиот избрал бунга бунга и цело село го силувало. Другиот, откако го видел ова, ја избрал смртта. Поглаварот на племето рекол:’Во ред, може смрт. Но, ајде прво малку бунга бунга!“.

Најголемата афера што го дочека Берлускони беше Рубигејт, именувана по мароканската танчерка Карима Ел Махруг, попозната како Руби Рубакуори (Руби, крадецот на срцата). Берлускони е обвинет дека ѝ платил за секс во 2010 година, кога имала 17 години. Таа им кажа на истражителите дека забавите на премиерот, на кои присуствувала, биле како оргии и дека Берлускони и младите девојки голи изведувале ритуал во африкански стил, наречен „бунга бунга“.

The post Малолетничка проституција и злоупотреба: Заради Берлускони цел свет слушна за „бунга бунга“ appeared first on Република.

]]>

Приватниот живот на Силвио Берлускони го одбележаа скандали, судски процеси, мноштво млади љубовници и сопруги, како и „бунга бунга“ забави кои станаа познати ширум светот, а подоцна беа спомнати само во контекст на обвинувањата за малолетничка проституција и злоупотреба. „Бунга бунга“ е израз од непознато потекло кој потекнува од Австралија на крајот на 19 век, но денес се користи исклучиво за забавите кои ги организирал Берлускони додека бил италијански премиер. Терминот тогаш често беше цитиран од италијанските и меѓународните медиуми пред истрагата во 2011 година, кога Берлускони беше обвинет за злоупотреба на малолетници. Така, „бунга бунга“ стана термин за оргии во кои учествуваат проститутки и моќни лидери. Наводно Берлускони изразот „бунга бунга“ го научил од Гадафи, кој еднаш кажал расистичка шега за италијанските политичари во Либија. Шегата, според книгата My Way на новинарот Алан Фридман, гласела: „Двајца италијански политичари отидоа во Либија како емисари на Берлускони на церемонијата за крунисување на Гадафи за крал. На патот, ги заробиле членови на безмилосно племе, ги врзале за бандера и почнале да играат околу нив и да скандираат ‘бунга, бунга, бунга, бунга…’. По завршувањето на танцот, од нив било побарано да изберат помеѓу бунга бунга и смртта. Првиот избрал бунга бунга и цело село го силувало. Другиот, откако го видел ова, ја избрал смртта. Поглаварот на племето рекол:’Во ред, може смрт. Но, ајде прво малку бунга бунга!“. Најголемата афера што го дочека Берлускони беше Рубигејт, именувана по мароканската танчерка Карима Ел Махруг, попозната како Руби Рубакуори (Руби, крадецот на срцата). Берлускони е обвинет дека ѝ платил за секс во 2010 година, кога имала 17 години. Таа им кажа на истражителите дека забавите на премиерот, на кои присуствувала, биле како оргии и дека Берлускони и младите девојки голи изведувале ритуал во африкански стил, наречен „бунга бунга“.

The post Малолетничка проституција и злоупотреба: Заради Берлускони цел свет слушна за „бунга бунга“ appeared first on Република.

]]>
Почина Силвио Берлускони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pochina-silvio-berluskoni/ Mon, 12 Jun 2023 08:52:00 +0000 https://republika.mk/?p=650354

Во 86. година од животот почина Силвио Берлускони, поранешен италијански премиер.

Берлускони почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат светските медиуми.

Поранешниот премиер на Италија беше хоспитализиран минатиот петок, за да направи „планирани тестови“ поврзани со хроничната миеломоноцитна леукемија, од која боледува веќе извесно време.

 

The post Почина Силвио Берлускони appeared first on Република.

]]>

Во 86. година од животот почина Силвио Берлускони, поранешен италијански премиер. Берлускони почина во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат светските медиуми. Поранешниот премиер на Италија беше хоспитализиран минатиот петок, за да направи „планирани тестови“ поврзани со хроничната миеломоноцитна леукемија, од која боледува веќе извесно време.  

The post Почина Силвио Берлускони appeared first on Република.

]]>
Берлускони денеска ја напушта болницата во Милано по 44 дена хоспитализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berluskoni-deneska-ja-napushta-bolnitsata-vo-milano-po-44-dena-hospitalizatsija/ Fri, 19 May 2023 12:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=642673

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска ќе биде отпуштен од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат италијанските медиуми.

Лидерот на Форца Италија беше хоспитализиран на 5 април и ќе го напушти болничкиот оддел по 44 дена хоспитализација, пишува весникот „Месаџеро“.

Утрово новинарите почнаа да се собираат пред капијата на болницата за да го пречекаат Берлускони.

The post Берлускони денеска ја напушта болницата во Милано по 44 дена хоспитализација appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони денеска ќе биде отпуштен од болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, јавуваат италијанските медиуми. Лидерот на Форца Италија беше хоспитализиран на 5 април и ќе го напушти болничкиот оддел по 44 дена хоспитализација, пишува весникот „Месаџеро“. Утрово новинарите почнаа да се собираат пред капијата на болницата за да го пречекаат Берлускони.

The post Берлускони денеска ја напушта болницата во Милано по 44 дена хоспитализација appeared first on Република.

]]>
Ова е бизнис империјата на Берлускони: Еве колку вреди и кому од семејството што му припаѓа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-e-biznis-imperijata-na-berluskoni-eve-kolku-vredi-i-komu-od-semejstvoto-shto-mu-pripaga/ Tue, 11 Apr 2023 17:27:50 +0000 https://republika.mk/?p=629814

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) и неговото семејство имаат империја вредна седум милијарди долари, според „Форбс“.

Италијанска „Република“, пак, наведува дека неговото богатство е 3,5 милијарди евра и дава увид колку пари му носат одредени компании. Берлускони ја дели империјата со пет деца - Пјеро Силвио, Луиџи, Барбара, Марина и Елеонора.

Денес, Марина и Пјер Силвио го предводат инвестицискиот фонд „Фининвест“ и медиумската куќа „Медиасет“, а поделбата на имотот може да ги стави Барбара, Елеонора и Луиџи во сопственост на поголемиот дел од имотот.

Семејството Берлускони имаат удел во телевизија, фудбал, штедни влогови на Италијанци, сопствени тајкунски куќи и многу повеќе, вклучувајќи три авиони и еден хеликоптер.

Иако поминаа златните денови на телевизијата, кога само компанијата „Медиасет“ на берзата имаше капитал од повеќе од 18 милијарди евра во 1999 година, економската империја создадена од Берлускони останува првокласна деловна групација чии граници не е секогаш лесно да се одредат, истакнува италијанскиот весник.

„Фининвест“ холдинг од 1978 година е компанија која е во голема мера активна, а Берлускони секогаш ја ставал во фокусот на претприемачките и финансиските иницијативи. „Фининвест“ има контролен удел во три компании кои сите котираат на берзата со 2,8 милијарди евра.

Семејството Берлускони ја поседува и банката „Медиоланум“. „Фининвест“ контролира речиси 48 отсто и на берзата вреди 712 милиони евра.

Тука е издавачката куќа „Мондадори“, симбол на уште една фаза од сагата на Берлускони, која денес поседува 50 издавачи, меѓу кои и најпознатите Еинаути и Рицоли.

Тој холдинг го задржува апсолутното мнозинство од вкупната пазарна вредност од 273 милиони евра.

Петте деца на Берлускони веќе имаат директен удел во „Фининвест“, но тој, како основач, отсекогаш имал цврсто мнозинство, со удел од 61,2 отсто.

Најстарата ќерка Марина и братот Пјер Силвио поседуваат по 7,65 отсто од „Фининвест“, додека Барбара, Елеонора и Луиџи заедно имаат 21,42 отсто.

Дури и ако Силвио го резервира раководството на „Фининвест“ (и Мондадори) за Марина, а раководството на „Медиасет“ за Пјер Силвио, допрва треба да се утврдат идните контролни структури, додава „Република“.

Хипотетички, доколку Берлускони реши да ги подели своите 61,2 отсто подеднакво на своите пет деца, секое од нив ќе добие дополнителни 12,24 отсто.

Барбара, Елеонора и Луиџи тогаш би имале повеќе од 58 отсто од „Фининвест“, додека Марина и Пјер Силвио на крајот би имале по 19,9 отсто.

Доколку две третини од пакетот од 61,2 отсто би биле поделени на децата во еднакви делови, билансите значително би се промениле.

Барбара, Елеонора и Луиџи би застанале на околу 46 отсто, што е помалку од апсолутно мнозинство.

The post Ова е бизнис империјата на Берлускони: Еве колку вреди и кому од семејството што му припаѓа appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) и неговото семејство имаат империја вредна седум милијарди долари, според „Форбс“. Италијанска „Република“, пак, наведува дека неговото богатство е 3,5 милијарди евра и дава увид колку пари му носат одредени компании. Берлускони ја дели империјата со пет деца - Пјеро Силвио, Луиџи, Барбара, Марина и Елеонора. Денес, Марина и Пјер Силвио го предводат инвестицискиот фонд „Фининвест“ и медиумската куќа „Медиасет“, а поделбата на имотот може да ги стави Барбара, Елеонора и Луиџи во сопственост на поголемиот дел од имотот. Семејството Берлускони имаат удел во телевизија, фудбал, штедни влогови на Италијанци, сопствени тајкунски куќи и многу повеќе, вклучувајќи три авиони и еден хеликоптер.
Иако поминаа златните денови на телевизијата, кога само компанијата „Медиасет“ на берзата имаше капитал од повеќе од 18 милијарди евра во 1999 година, економската империја создадена од Берлускони останува првокласна деловна групација чии граници не е секогаш лесно да се одредат, истакнува италијанскиот весник.
„Фининвест“ холдинг од 1978 година е компанија која е во голема мера активна, а Берлускони секогаш ја ставал во фокусот на претприемачките и финансиските иницијативи. „Фининвест“ има контролен удел во три компании кои сите котираат на берзата со 2,8 милијарди евра. Семејството Берлускони ја поседува и банката „Медиоланум“. „Фининвест“ контролира речиси 48 отсто и на берзата вреди 712 милиони евра. Тука е издавачката куќа „Мондадори“, симбол на уште една фаза од сагата на Берлускони, која денес поседува 50 издавачи, меѓу кои и најпознатите Еинаути и Рицоли. Тој холдинг го задржува апсолутното мнозинство од вкупната пазарна вредност од 273 милиони евра. Петте деца на Берлускони веќе имаат директен удел во „Фининвест“, но тој, како основач, отсекогаш имал цврсто мнозинство, со удел од 61,2 отсто. Најстарата ќерка Марина и братот Пјер Силвио поседуваат по 7,65 отсто од „Фининвест“, додека Барбара, Елеонора и Луиџи заедно имаат 21,42 отсто.
Дури и ако Силвио го резервира раководството на „Фининвест“ (и Мондадори) за Марина, а раководството на „Медиасет“ за Пјер Силвио, допрва треба да се утврдат идните контролни структури, додава „Република“.
Хипотетички, доколку Берлускони реши да ги подели своите 61,2 отсто подеднакво на своите пет деца, секое од нив ќе добие дополнителни 12,24 отсто. Барбара, Елеонора и Луиџи тогаш би имале повеќе од 58 отсто од „Фининвест“, додека Марина и Пјер Силвио на крајот би имале по 19,9 отсто. Доколку две третини од пакетот од 61,2 отсто би биле поделени на децата во еднакви делови, билансите значително би се промениле. Барбара, Елеонора и Луиџи би застанале на околу 46 отсто, што е помалку од апсолутно мнозинство.

The post Ова е бизнис империјата на Берлускони: Еве колку вреди и кому од семејството што му припаѓа appeared first on Република.

]]>
Лекарот на Берлускони вели дека тој добро реагира на терапијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lekarot-na-berluskoni-veli-deka-toj-dobro-reagira-na-terapijata/ Sun, 09 Apr 2023 07:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=628858

Лекарот што го лекува Силвио Берлускони од инфекција на белите дробови изјави дека поранешниот италијански премиер добро реагира на терапијата во одделот за интензивна нега во болницата во Милано, јавија италијанските медиуми.

Докторот Алберто Зангрило, кој исто така ја води единицата за интензивна нега во болницата Сан Рафаеле, каде Берлускони беше примен во средата, рече дека поранешниот италијански премиер, и покрај „сериозната болест и навистина тешката ситуација, добро реагира на терапијата“, пренесе АНСА.

Зангрило на почетокот на неделава откри дека Берлускони (86) веќе некое време има хронична форма на леукемија.

Во посета на Берлускони вчера беше и долгогодишниот советник Џани Лета, кој рече дека го нашол „во подобра состојба отколку што очекувал“.

Претходно оваа недела, лекарите на Берлускони рекоа дека лекуваат белодробна инфекција. Берлускони исто така има историја на проблеми со срцето, а во 2020 година беше хоспитализиран поради инфекција со коронавирус и пневмонија.

The post Лекарот на Берлускони вели дека тој добро реагира на терапијата appeared first on Република.

]]>

Лекарот што го лекува Силвио Берлускони од инфекција на белите дробови изјави дека поранешниот италијански премиер добро реагира на терапијата во одделот за интензивна нега во болницата во Милано, јавија италијанските медиуми. Докторот Алберто Зангрило, кој исто така ја води единицата за интензивна нега во болницата Сан Рафаеле, каде Берлускони беше примен во средата, рече дека поранешниот италијански премиер, и покрај „сериозната болест и навистина тешката ситуација, добро реагира на терапијата“, пренесе АНСА. Зангрило на почетокот на неделава откри дека Берлускони (86) веќе некое време има хронична форма на леукемија. Во посета на Берлускони вчера беше и долгогодишниот советник Џани Лета, кој рече дека го нашол „во подобра состојба отколку што очекувал“. Претходно оваа недела, лекарите на Берлускони рекоа дека лекуваат белодробна инфекција. Берлускони исто така има историја на проблеми со срцето, а во 2020 година беше хоспитализиран поради инфекција со коронавирус и пневмонија.

The post Лекарот на Берлускони вели дека тој добро реагира на терапијата appeared first on Република.

]]>
Берлускони почна со хемотерапија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berluskoni-pochna-so-hemoterapija/ Thu, 06 Apr 2023 13:13:16 +0000 https://republika.mk/?p=628015

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86), кому му беше дијагностицирана леукемија, е во стабилна состојба и почнал со хемотерапија.

Ова денеска го изјави добро информиран извор и додаде дека почнал со интензивна терапија, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што се наведува, во текот на вчерашниот ден Берлускони го посетиле неговиот брат Паоло, помладиот син Луиџи и ќерката Марина.

 

The post Берлускони почна со хемотерапија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86), кому му беше дијагностицирана леукемија, е во стабилна состојба и почнал со хемотерапија. Ова денеска го изјави добро информиран извор и додаде дека почнал со интензивна терапија, пренесуваат италијанските медиуми. Како што се наведува, во текот на вчерашниот ден Берлускони го посетиле неговиот брат Паоло, помладиот син Луиџи и ќерката Марина.  

The post Берлускони почна со хемотерапија appeared first on Република.

]]>
На Берлускони му е дијагностицирана леукемија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-berluskoni-mu-e-dijagnostitsirana-leukemija/ Thu, 06 Apr 2023 06:53:50 +0000 https://republika.mk/?p=627743

На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) му е дијагностицирана леукемија, изјавил денеска добро информиран извор за „Ројтерс“.

Берлускони од средата се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата „Сан Рафаел“ во Милано, откако имаше проблеми со дишењето.

Милијардерот и медиумски тајкун, кој четири пати беше премиер на Италија, во неколку наврати беше во лоша здравствена состојба во последните години и само што беше пуштен од болница минатата недела, за повторно да биде хоспитализиран по неколку дена.

The post На Берлускони му е дијагностицирана леукемија appeared first on Република.

]]>

На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) му е дијагностицирана леукемија, изјавил денеска добро информиран извор за „Ројтерс“. Берлускони од средата се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата „Сан Рафаел“ во Милано, откако имаше проблеми со дишењето. Милијардерот и медиумски тајкун, кој четири пати беше премиер на Италија, во неколку наврати беше во лоша здравствена состојба во последните години и само што беше пуштен од болница минатата недела, за повторно да биде хоспитализиран по неколку дена.

The post На Берлускони му е дијагностицирана леукемија appeared first on Република.

]]>
Силвио Берлускони примен во болница во Милано https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/silvio-berluskoni-primen-vo-bolnitsa-vo-milano/ Wed, 29 Mar 2023 08:12:40 +0000 https://republika.mk/?p=624904

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) е хоспитализиран во понеделникот вечерта во Милано.

Поранешниот премиер на Италија и функционер на партијата Форца Италија е примен во болницата Сан Рафаеле поради силни болки.

Берлускони беше подложен на тестови и прегледи и се очекува наскоро да биде пуштен дома. Тој претходно беше примен во болницата Сан Рафаеле во јануари 2022 година.

Берлускони беше италијанскиот премиер со најдолг стаж меѓу 1994 и 2011 година, а се зарази со коронавирусот во септември 2020 година и успеа да се опорави по проблематичен период на лекување.

 

The post Силвио Берлускони примен во болница во Милано appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) е хоспитализиран во понеделникот вечерта во Милано. Поранешниот премиер на Италија и функционер на партијата Форца Италија е примен во болницата Сан Рафаеле поради силни болки. Берлускони беше подложен на тестови и прегледи и се очекува наскоро да биде пуштен дома. Тој претходно беше примен во болницата Сан Рафаеле во јануари 2022 година. Берлускони беше италијанскиот премиер со најдолг стаж меѓу 1994 и 2011 година, а се зарази со коронавирусот во септември 2020 година и успеа да се опорави по проблематичен период на лекување.  

The post Силвио Берлускони примен во болница во Милано appeared first on Република.

]]>
Берслускони сака да стане шампион и со Монца https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bersluskoni-saka-da-stane-shampion-i-so-montsa/ Sat, 04 Feb 2023 22:01:36 +0000 https://republika.mk/?p=604900

 Силвио Берлускони планира да го освои Скудетото со Монца.

- Сакаме да го освоиме Скудетото следната година или таа по неа. Со текот на годините Монца набави нови играчи, а сега го реновиравме стадионот, потрошивме 25 милиони евра за него. Се е променето. Сега повеќе од десет илјади луѓе доаѓаат да ја видат Монца. Перспективата е она за што ви кажав: ние сме едно, затоа што сите мора да бидеме едно. Кој верува во ова, се бори. Кој верува во ова ги надминува сите пречки. Кој верува во ова победува. Мора да веруваме во Монца, која мора да стане голем клуб, изјави претседателот на Монца.

Монца во моментов е 11. во Серија А со 25 бодови

The post Берслускони сака да стане шампион и со Монца appeared first on Република.

]]>

 Силвио Берлускони планира да го освои Скудетото со Монца.

- Сакаме да го освоиме Скудетото следната година или таа по неа. Со текот на годините Монца набави нови играчи, а сега го реновиравме стадионот, потрошивме 25 милиони евра за него. Се е променето. Сега повеќе од десет илјади луѓе доаѓаат да ја видат Монца. Перспективата е она за што ви кажав: ние сме едно, затоа што сите мора да бидеме едно. Кој верува во ова, се бори. Кој верува во ова ги надминува сите пречки. Кој верува во ова победува. Мора да веруваме во Монца, која мора да стане голем клуб, изјави претседателот на Монца.

Монца во моментов е 11. во Серија А со 25 бодови

The post Берслускони сака да стане шампион и со Монца appeared first on Република.

]]>
Газда Берлускони на фудбалерите на Монца им вети цел автобус проститутки ако го победат Јувентус-ветувањето ќе го исполни https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/gazda-berluskoni-na-fudbalerite-na-montsa-im-veti-tsel-avtobus-ako-go-pobedat-juventus-vetuvaneto-ke-go-ispolni/ Mon, 30 Jan 2023 13:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=602667

Силвио Берлускони (86), сопственикот на Монца, на божиќната вечера на клубот им даде контроверзно ветување на играчите.

Го зеде микрофонот и рече:

„Најдовме добар, пријателски настроен тренер способен да ги мотивира нашите момчиња. На играчите им дадов дополнителна мотивација со тоа што им кажав дека ако ги победиме Милан, Јувентус или некој од поголемите клубови, ќе им испратам автобус полн со „дами со лесен морал“.

Монца вчера во Торино го победи Јувентус со 2:0 во 20. коло од Серија А. Сега Монца е 11-та на табелата со 25 бода и има два повеќе од Јувентус, кој претходно беше казнет со одземање 15 бода поради финансиска измама.

Берлускони синоќа се потсети на ветувањето што го даде на крајот на минатата година.

Тоа го потврди и самиот во интервју за „Република“, признавајќи дека автобусот со „дами од лесен морал“ бил спомнат и тоа не само еднаш.

„Веќе добив 100 телефонски повици во кои се бараше да си го одржам зборот“, рече Берлускони

The post Газда Берлускони на фудбалерите на Монца им вети цел автобус проститутки ако го победат Јувентус-ветувањето ќе го исполни appeared first on Република.

]]>

Силвио Берлускони (86), сопственикот на Монца, на божиќната вечера на клубот им даде контроверзно ветување на играчите. Го зеде микрофонот и рече:
„Најдовме добар, пријателски настроен тренер способен да ги мотивира нашите момчиња. На играчите им дадов дополнителна мотивација со тоа што им кажав дека ако ги победиме Милан, Јувентус или некој од поголемите клубови, ќе им испратам автобус полн со „дами со лесен морал“.
Монца вчера во Торино го победи Јувентус со 2:0 во 20. коло од Серија А. Сега Монца е 11-та на табелата со 25 бода и има два повеќе од Јувентус, кој претходно беше казнет со одземање 15 бода поради финансиска измама. Берлускони синоќа се потсети на ветувањето што го даде на крајот на минатата година. Тоа го потврди и самиот во интервју за „Република“, признавајќи дека автобусот со „дами од лесен морал“ бил спомнат и тоа не само еднаш.
„Веќе добив 100 телефонски повици во кои се бараше да си го одржам зборот“, рече Берлускони

The post Газда Берлускони на фудбалерите на Монца им вети цел автобус проститутки ако го победат Јувентус-ветувањето ќе го исполни appeared first on Република.

]]>
Берлускони од здравствени причини нема да е дел од новата италијанска влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berluskoni-od-zdravstveni-prichini-nema-da-e-del-od-novata-italijanska-vlada/ Sat, 17 Dec 2022 16:42:53 +0000 https://republika.mk/?p=586937

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони нема да учествува во новата влада поради „тешка повреда”, им порача денеска на членовите на неговата партија Форца Италија.

„Не прифатив институционална улога во оваа влада иако ја заслужив“, рече Берлускони на партискиот состанок во Милано.

Тој изјавил дека паднал и дека лекарите рекле дека е чудо што се уште е жив. Тој додаде дека продолжил со кампањата пред изборите и покрај тоа што има болки од несреќата. Лекарите рекле дека болката на крајот ќе се намали.

„Но, без разлика дали седам или стојам, сепак размислувам рационално“, рече Берлускони, додека членовите на партијата аплаудираа.

Во изминатите месеци тој веќе беше хоспитализиран неколку пати откако се зарази со Ковид-19 во септември 2020 година.

Берлускони се врати во Сенатот кога конзервативната партија Форца Италија стана дел од новата владејачка коалиција во Италија од септемвриските избори. За него нема место во новата ултрадесничарска влада, а медиумите шпекулираа дека можеби ќе ја добие функцијата претседател на Сенатот.

Но, таа позиција, која е втора по важност по позицијата шеф на државата, му припадна на ултрадесничарот Игнацио Ла Руса, кој е член на радикалната ултрадесничарска партија Браќа на Италија на новата италијанска премиерка, Џорџа Мелони.

The post Берлускони од здравствени причини нема да е дел од новата италијанска влада appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони нема да учествува во новата влада поради „тешка повреда”, им порача денеска на членовите на неговата партија Форца Италија.
„Не прифатив институционална улога во оваа влада иако ја заслужив“, рече Берлускони на партискиот состанок во Милано.
Тој изјавил дека паднал и дека лекарите рекле дека е чудо што се уште е жив. Тој додаде дека продолжил со кампањата пред изборите и покрај тоа што има болки од несреќата. Лекарите рекле дека болката на крајот ќе се намали.
„Но, без разлика дали седам или стојам, сепак размислувам рационално“, рече Берлускони, додека членовите на партијата аплаудираа.
Во изминатите месеци тој веќе беше хоспитализиран неколку пати откако се зарази со Ковид-19 во септември 2020 година. Берлускони се врати во Сенатот кога конзервативната партија Форца Италија стана дел од новата владејачка коалиција во Италија од септемвриските избори. За него нема место во новата ултрадесничарска влада, а медиумите шпекулираа дека можеби ќе ја добие функцијата претседател на Сенатот. Но, таа позиција, која е втора по важност по позицијата шеф на државата, му припадна на ултрадесничарот Игнацио Ла Руса, кој е член на радикалната ултрадесничарска партија Браќа на Италија на новата италијанска премиерка, Џорџа Мелони.

The post Берлускони од здравствени причини нема да е дел од новата италијанска влада appeared first on Република.

]]>
Берлускони ги прекршил санкциите, примил 20 шишиња вотка, роденденски подарок од Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berluskoni-gi-prekrshil-sankciite-primil-20-shishinja-votka-rodendenski-podarok-od-putin/ Thu, 20 Oct 2022 11:00:21 +0000 https://republika.mk/?p=563536

Дваесет шишиња вотка испратени од рускиот претседател Владимир Путин до италијанскиот политичар Силвио Берлускони ги прекршуваат европските санкции воведени поради руската инвазија на Украина, објави Европската комисија.

Поранешниот премиер Берлускони, чија партија Форца Италија ќе биде членка на новата коалициска влада, предизвика контроверзии оваа недела со изјавата дека повторно е во контакт со Путин.

„За мојот роденден ми испрати дваесет шишиња вотка и многу убаво писмо“, им рече Берлускони, кој минатиот месец наполни 86 години, на своите пратеници, според аудио снимката што ја пренесе новинската агенција ЛаПрес.

Европските санкции воведени во април вклучуваат забрана за увоз на руски алкохол, вклучително и вотка, соопшти Комисијата, додавајќи дека нема исклучоци за подароци. Но, останува на земјите-членки да ги спроведат овие санкции, а не се знае дали италијанските власти ќе направат нешто во врска со тоа.

The post Берлускони ги прекршил санкциите, примил 20 шишиња вотка, роденденски подарок од Путин appeared first on Република.

]]>

Дваесет шишиња вотка испратени од рускиот претседател Владимир Путин до италијанскиот политичар Силвио Берлускони ги прекршуваат европските санкции воведени поради руската инвазија на Украина, објави Европската комисија. Поранешниот премиер Берлускони, чија партија Форца Италија ќе биде членка на новата коалициска влада, предизвика контроверзии оваа недела со изјавата дека повторно е во контакт со Путин.
„За мојот роденден ми испрати дваесет шишиња вотка и многу убаво писмо“, им рече Берлускони, кој минатиот месец наполни 86 години, на своите пратеници, според аудио снимката што ја пренесе новинската агенција ЛаПрес.
Европските санкции воведени во април вклучуваат забрана за увоз на руски алкохол, вклучително и вотка, соопшти Комисијата, додавајќи дека нема исклучоци за подароци. Но, останува на земјите-членки да ги спроведат овие санкции, а не се знае дали италијанските власти ќе направат нешто во врска со тоа.

The post Берлускони ги прекршил санкциите, примил 20 шишиња вотка, роденденски подарок од Путин appeared first on Република.

]]>
Берлускони да не се опушта многу со Путин, препорча ЕК https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/berluskoni-da-ne-se-opushta-mnogu-so-putin-preporcha-ek/ Wed, 19 Oct 2022 15:30:56 +0000 https://republika.mk/?p=563175

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, порача дека е “повторно во контакт“ со рускиот претседател и дека тие размениле подароци, Европската Комисија бара да се држи до официјалната линија на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Берлускони, чија партија е во преговори за учество во идната владина коалиција во Италија, изјавил дека е еден од “петте искрени пријатели на Путин“ и дека го “обновил“ неговото пријателство со рускиот претседател, пренесе италијанскиот медиум “Ла Пресе“ во аудио снимка. Силвио Берлускони рекол дека Путин му испратил “љубезно писмо“ и 20 шишиња руска водка. Водката е дел од санкциите на ЕУ. Од снимката се дознава и дека италијанскиот политичар му возвратил на Путин со италијанско пенливо вино за неговиот роденден.

Европската Комисија не беше во можност веднаш да одговори на прашањето дали е дозволено да се разменуваат подароци со руски функционери и политичари согласно санкциите против Русија. Но портпаролите на ЕК попладнево потсетија што се очекува од политичарите во ЕУ кога комуницираат со руски официјални лица, вклучително и рускиот претседател.

-Разни политичари сакаат да обноват контат, кога станува збор за земјите членки на ЕУ тие се слободни да имаат билатерални контакт, но очекуваме да ја почитуваат позицијата и политиките на ЕУ и да ги сведат контактите на минимум, изјави Набила Масрали, портпаролка за надворешна политика.

Таа додаде дека во комуникацијата со руските официјални лица, политичарите од ЕУ земјите да ги пренесуваат позициите на ЕУ за нелегитимната агресија врз Украина и да бараат од Русија веднаш да стави крај на војната.

Комисијата потврди дека нема став за размена на „љубезни писма“ со руски владини претставници или со Путин.

Европската Унија истото го очекува и од земјите кои не се членки на ЕУ. тм/сд/

The post Берлускони да не се опушта многу со Путин, препорча ЕК appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони, порача дека е “повторно во контакт“ со рускиот претседател и дека тие размениле подароци, Европската Комисија бара да се држи до официјалната линија на ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел. Берлускони, чија партија е во преговори за учество во идната владина коалиција во Италија, изјавил дека е еден од “петте искрени пријатели на Путин“ и дека го “обновил“ неговото пријателство со рускиот претседател, пренесе италијанскиот медиум “Ла Пресе“ во аудио снимка. Силвио Берлускони рекол дека Путин му испратил “љубезно писмо“ и 20 шишиња руска водка. Водката е дел од санкциите на ЕУ. Од снимката се дознава и дека италијанскиот политичар му возвратил на Путин со италијанско пенливо вино за неговиот роденден. Европската Комисија не беше во можност веднаш да одговори на прашањето дали е дозволено да се разменуваат подароци со руски функционери и политичари согласно санкциите против Русија. Но портпаролите на ЕК попладнево потсетија што се очекува од политичарите во ЕУ кога комуницираат со руски официјални лица, вклучително и рускиот претседател.
-Разни политичари сакаат да обноват контат, кога станува збор за земјите членки на ЕУ тие се слободни да имаат билатерални контакт, но очекуваме да ја почитуваат позицијата и политиките на ЕУ и да ги сведат контактите на минимум, изјави Набила Масрали, портпаролка за надворешна политика.
Таа додаде дека во комуникацијата со руските официјални лица, политичарите од ЕУ земјите да ги пренесуваат позициите на ЕУ за нелегитимната агресија врз Украина и да бараат од Русија веднаш да стави крај на војната. Комисијата потврди дека нема став за размена на „љубезни писма“ со руски владини претставници или со Путин. Европската Унија истото го очекува и од земјите кои не се членки на ЕУ. тм/сд/

The post Берлускони да не се опушта многу со Путин, препорча ЕК appeared first on Република.

]]>
Вистински пријатели: Берлускони од Путин за роденден добил 20 шишиња вотка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vistinski-prijateli-berluskoni-od-putin-za-rodenden-dobil-20-shishinja-votka/ Wed, 19 Oct 2022 06:30:25 +0000 https://republika.mk/?p=562749

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека повторно е во контакт со рускиот претседател Владимир Путин и дека неодамна разменил пријателски писма со него, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на аудио снимка што денеска ја објави италијанската агенција „La Presse“.

Берлускони во обраќањето пред пратениците на Долниот дом на италијанскиот парламент рече дека за роденден од Путин добил 20 шишиња вотка и честитка, а за возврат му испратил неколку шишиња вино и писмо.

Берускони (86), кој често се фалеше со своето пријателство со Путин до руската инвазија на Украина, минатиот месец изјави дека рускиот претседател бил турнат во таа војна.

Портпаролот на партијата Форца Италија на Берлускони негираше дека тој повторно бил во контакт со Путин, велејќи дека поранешниот премиер зборувал за епизода што се случила пред неколку години.

Недолго потоа Форца Италија објави дека ставот на Берлускони и ставот на партијата по прашањето за војната во Украина е идентичен со ставот на Европа и САД.

The post Вистински пријатели: Берлускони од Путин за роденден добил 20 шишиња вотка appeared first on Република.

]]>

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави дека повторно е во контакт со рускиот претседател Владимир Путин и дека неодамна разменил пријателски писма со него, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на аудио снимка што денеска ја објави италијанската агенција „La Presse“. Берлускони во обраќањето пред пратениците на Долниот дом на италијанскиот парламент рече дека за роденден од Путин добил 20 шишиња вотка и честитка, а за возврат му испратил неколку шишиња вино и писмо. Берускони (86), кој често се фалеше со своето пријателство со Путин до руската инвазија на Украина, минатиот месец изјави дека рускиот претседател бил турнат во таа војна. Портпаролот на партијата Форца Италија на Берлускони негираше дека тој повторно бил во контакт со Путин, велејќи дека поранешниот премиер зборувал за епизода што се случила пред неколку години. Недолго потоа Форца Италија објави дека ставот на Берлускони и ставот на партијата по прашањето за војната во Украина е идентичен со ставот на Европа и САД.

The post Вистински пријатели: Берлускони од Путин за роденден добил 20 шишиња вотка appeared first on Република.

]]>
86-годишниот Берлускони во горниот, а неговата 32-годишна девојка во долниот дом на парламентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/86-godishniot-berluskoni-vo-gorniot-a-negovata-32-godishna-devojka-vo-dolniot-dom-na-parlamentot/ Tue, 27 Sep 2022 08:36:30 +0000 https://republika.mk/?p=554697

Победата на десничарската коалиција на парламентарните избори значи и политички камбек на Силвио Берлускони, чија партија Напред Италија освои околу 8% гласови. Берлускони, кој в четврток ќе наполни 86 години, се враќа во парламентот по девет години пауза, откако оттаму беше избркан поради судската пресуда за даночна измама.

Берлускони, кој беше премиер во три наврати, освои повеќе од 50% гласови во изборната единица Монца, каде што поседува фудбалски клуб и вила.

„Ќе се обидам да играм како плејмејкер во следната влада“, кажа Берлускони со фудбалскиот речник.

Тој изрази желба да биде во првите политички редови, и покрај своите здравствени проблеми и возраст. Во 2016 имаше операција на срцето, а во 2020 лежеше во болница поради ковид-19.

Во парламентот влезе и неговата девојка, 32-годишната Марта Фашина, која освои место на Сицилија. Таа ќе биде пратеник во долниот, а Берлускони во горниот дом.

The post 86-годишниот Берлускони во горниот, а неговата 32-годишна девојка во долниот дом на парламентот appeared first on Република.

]]>

Победата на десничарската коалиција на парламентарните избори значи и политички камбек на Силвио Берлускони, чија партија Напред Италија освои околу 8% гласови. Берлускони, кој в четврток ќе наполни 86 години, се враќа во парламентот по девет години пауза, откако оттаму беше избркан поради судската пресуда за даночна измама. Берлускони, кој беше премиер во три наврати, освои повеќе од 50% гласови во изборната единица Монца, каде што поседува фудбалски клуб и вила.
„Ќе се обидам да играм како плејмејкер во следната влада“, кажа Берлускони со фудбалскиот речник.
Тој изрази желба да биде во првите политички редови, и покрај своите здравствени проблеми и возраст. Во 2016 имаше операција на срцето, а во 2020 лежеше во болница поради ковид-19. Во парламентот влезе и неговата девојка, 32-годишната Марта Фашина, која освои место на Сицилија. Таа ќе биде пратеник во долниот, а Берлускони во горниот дом.

The post 86-годишниот Берлускони во горниот, а неговата 32-годишна девојка во долниот дом на парламентот appeared first on Република.

]]>