Силно и одлучно кон иднината Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/silno-i-odluchno-kon-idninata/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Dec 2022 08:42:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Силно и одлучно кон иднината Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/silno-i-odluchno-kon-idninata/ 32 32 СДСМ: Благодарност до граѓаните за поддршката, време е за обединување околу европскиот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-blagodarnost-do-gragjanite-za-poddrshkata-vreme-e-za-obedinuvanje-okolu-evropskiot-pat/ Sun, 18 Dec 2022 08:42:20 +0000 https://republika.mk/?p=587101

СДСМ искрено им благодари на сите граѓани, членови, активниски, спимпатизери, на сите поддржувачи на прогресивните политики што носат напредок и европска иднина.

Масовноста на големата национална трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината” во Скопје и позитивната енергија говори за големата поддршка, солидарност, за бескомпромисната посветеност и преданост на нашата визија за европска, економски силна и напредна држава за сите граѓаните.

Европска Македонија е единствена и сплотена, силна и одлучна. Време е за обединување околу европскиот пат.

Сега кога конечно тргнавме напред кон европската иднина, да се обединиме, за да продолжиме многу побрзо, со стабилност, извесност и чувство за национална гордост и важност.

Заедно да покажеме дека европската интеграција ни е приоритет, затоа што значи ред и поредок, економски стандард, безбедност и подобар и побогат живот.

Да покажеме дека македонското име, македонскиот јазик се конечно обезбедени и никој повеќе нема и не смее да ги оспорува.

Да покажеме дека со многу работа, врвна чесност и максимална одговорност ќе направиме подобра, европска иднина за граѓаните.

Ова е време, шанса конечно да ја средиме државата, време е за целосен општествен консензус за европскиот пат и европската иднина.

СДСМ како најголема, најсилна и државотворна партија е гарант на европската иднина, на економски силна и просперитетна држава.

The post СДСМ: Благодарност до граѓаните за поддршката, време е за обединување околу европскиот пат appeared first on Република.

]]>

СДСМ искрено им благодари на сите граѓани, членови, активниски, спимпатизери, на сите поддржувачи на прогресивните политики што носат напредок и европска иднина. Масовноста на големата национална трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината” во Скопје и позитивната енергија говори за големата поддршка, солидарност, за бескомпромисната посветеност и преданост на нашата визија за европска, економски силна и напредна држава за сите граѓаните. Европска Македонија е единствена и сплотена, силна и одлучна. Време е за обединување околу европскиот пат. Сега кога конечно тргнавме напред кон европската иднина, да се обединиме, за да продолжиме многу побрзо, со стабилност, извесност и чувство за национална гордост и важност. Заедно да покажеме дека европската интеграција ни е приоритет, затоа што значи ред и поредок, економски стандард, безбедност и подобар и побогат живот. Да покажеме дека македонското име, македонскиот јазик се конечно обезбедени и никој повеќе нема и не смее да ги оспорува. Да покажеме дека со многу работа, врвна чесност и максимална одговорност ќе направиме подобра, европска иднина за граѓаните. Ова е време, шанса конечно да ја средиме државата, време е за целосен општествен консензус за европскиот пат и европската иднина. СДСМ како најголема, најсилна и државотворна партија е гарант на европската иднина, на економски силна и просперитетна држава.

The post СДСМ: Благодарност до граѓаните за поддршката, време е за обединување околу европскиот пат appeared first on Република.

]]>
Мува не може да прелета околу СРЦ „Борис Трајковски“: МВР ја обезбедува салата за партиската трибина на СДСМ утре https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/muva-ne-moze-da-preleta-okolu-src-boris-trajkovski-mvr-ja-obezbeduva-salata-za-partiskata-tribina-na-sdsm-utre/ Fri, 16 Dec 2022 22:00:56 +0000 https://republika.mk/?p=586720

Сите шест влезови на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“ вечерва се затворени од полицијата откако денеска имаше дојави за поставени бомби во салата во која утре СДСМ треба да одржи трибина.

Објектот е под целосна полициска опсада, најверојатно поради безбедносна проценка на МВР, а со цел, ако утре има дојава, да не мора присутните да се вадат надвор од трибината, објави порталот А1он, кој објави и видеа и сведоиштва од граѓани кои сакале денеска да ја користат салата, а не смееле.

Дојави за бомби има веќе два месеци и се главно се насочени кон училиштата. Деца се трауматизираат и се евакуираат секој ден, но досега не се случило МВР да обезбедува објект а да не се засегнати политичари.

Повеќе ТУКА

The post Мува не може да прелета околу СРЦ „Борис Трајковски“: МВР ја обезбедува салата за партиската трибина на СДСМ утре appeared first on Република.

]]>

Сите шест влезови на паркингот на спортската сала „Борис Трајковски“ вечерва се затворени од полицијата откако денеска имаше дојави за поставени бомби во салата во која утре СДСМ треба да одржи трибина. Објектот е под целосна полициска опсада, најверојатно поради безбедносна проценка на МВР, а со цел, ако утре има дојава, да не мора присутните да се вадат надвор од трибината, објави порталот А1он, кој објави и видеа и сведоиштва од граѓани кои сакале денеска да ја користат салата, а не смееле. Дојави за бомби има веќе два месеци и се главно се насочени кон училиштата. Деца се трауматизираат и се евакуираат секој ден, но досега не се случило МВР да обезбедува објект а да не се засегнати политичари.
Повеќе ТУКА

The post Мува не може да прелета околу СРЦ „Борис Трајковски“: МВР ја обезбедува салата за партиската трибина на СДСМ утре appeared first on Република.

]]>
Зечевиќ: Целосна интеграција во ЕУ за вградување на македонскиот идентитет во европскиот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zechevikj-celosna-integracija-vo-eu-za-vgraduvanje-na-makedonskiot-identitet-vo-evropskiot/ Sun, 11 Dec 2022 21:03:31 +0000 https://republika.mk/?p=584423

Со државнички одлуки, со мудрост и знаење, успеавме да направиме исчекор во европските интеграции после 17 години, сега е потребно сплотување за целосна интеграција во Европската унија, за подобар живот и вградување на македонскиот идентитет во европскиот, порача вечерва од Петровец, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Наша обврска како социјалдемократи, како носители на концептот за Европска Македонија е да работиме за сплотување на нацијата. Колку сме посплотени, толку побрзо ќе го вградиме нашиот македонски идентитет во европскиот. Така, не само што за век ќе го заштитиме туку и посилно ќе ги промовираме нашите суштински обележја: јазикот, историјата, културата во времето што доаѓа. Во европскиот идентитет, каде се интегрираат нациите, државите членки не губат ништо од својата специфичност, посебност и различност, ниту пак од својата национална слобода и гордост. Во оваа смисла го гледаме и европкиот стремеж на македонскиот граѓанин. Рамноправни со државотоврните европски народи Македонците да бидат горди на тоа што се и на она што биле, порача генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ вечерва во Петровец

The post Зечевиќ: Целосна интеграција во ЕУ за вградување на македонскиот идентитет во европскиот appeared first on Република.

Костадинов од Илинден: Во време на криза СДСМ покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinov-od-ilinden-vo-vreme-na-kriza-sdsm-pokazuva-shto-znachi-vistinska-griza-za-site-gragjani/ Fri, 02 Dec 2022 19:15:11 +0000 https://republika.mk/?p=581095

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, денеска се обрати пред граѓаните на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Илинден.

Со пакетот антикризни мерки ја спасивме македонската економија. Имаме план за конечно надминување на последиците од економската криза, постепено враќање на предкризните стапки на економски раст и заживув, истакна Костадинов, додавајќи дека СДСМ со своите мерки и политики покажува што значи вистинска грижа за граѓаните и компаниите.

Реализиравме два пакети за помош на граѓаните и поддршка на компаниите за справување со последиците од кризата во вредност од 760 милиони евра, само во изминатите десет месеци, субвенционираме 80% од сметките за електричната енергија за домаќинствата и за 72.000 мали компании, производителите на прехранбени производи добиваат фиксна гарантирана цена за струјата, што доведе до намалување на цените основните прехранбени производи. Очекувам во наредниот период да се намалат цените на основните производи најмалку за 10%, нагласи Костадинов.

Потпретседателот на СДСМ нагласи дека со СДСМ пензионерите добиваат највисоки пензии, а минималната плата е покачена од 9 илјади на 18.000 денари и најави дека со Буџетот за 2023 година се предвидуваат средства за нов раст на минималната плата и пензиите, но и 800 милиони евра за капитални проекти.

Во ек на криза резултатот од социјалдемократките економски политики се 1.700 нови работни места само во изминативе неколку месеци. Само в о првите десет месеци од годинава во компаниите во технолошко индустриските развојни зони, се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени во нив, за првпат се искачи над 16.000, рече потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов на партиската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ вечерва во Илинден.

The post Костадинов од Илинден: Во време на криза СДСМ покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов, денеска се обрати пред граѓаните на трибината под мотото „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Илинден.
Со пакетот антикризни мерки ја спасивме македонската економија. Имаме план за конечно надминување на последиците од економската криза, постепено враќање на предкризните стапки на економски раст и заживув, истакна Костадинов, додавајќи дека СДСМ со своите мерки и политики покажува што значи вистинска грижа за граѓаните и компаниите. Реализиравме два пакети за помош на граѓаните и поддршка на компаниите за справување со последиците од кризата во вредност од 760 милиони евра, само во изминатите десет месеци, субвенционираме 80% од сметките за електричната енергија за домаќинствата и за 72.000 мали компании, производителите на прехранбени производи добиваат фиксна гарантирана цена за струјата, што доведе до намалување на цените основните прехранбени производи. Очекувам во наредниот период да се намалат цените на основните производи најмалку за 10%, нагласи Костадинов.
Потпретседателот на СДСМ нагласи дека со СДСМ пензионерите добиваат највисоки пензии, а минималната плата е покачена од 9 илјади на 18.000 денари и најави дека со Буџетот за 2023 година се предвидуваат средства за нов раст на минималната плата и пензиите, но и 800 милиони евра за капитални проекти.
Во ек на криза резултатот од социјалдемократките економски политики се 1.700 нови работни места само во изминативе неколку месеци. Само в о првите десет месеци од годинава во компаниите во технолошко индустриските развојни зони, се отворени над 2.000 нови работни места, а бројот на вработени во нив, за првпат се искачи над 16.000, рече потпретседателот на СДСМ, Перо Костадинов на партиската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ вечерва во Илинден.

The post Костадинов од Илинден: Во време на криза СДСМ покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани appeared first on Република.

]]>
Битиќи од СДСМ: Ветивме и носиме подобар живот за сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bitikji-od-sdsm-vetivme-i-nosime-podobar-zivot-za-site/ Fri, 18 Nov 2022 18:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=575602

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи се обрати на трибината организирана во Пласница, дел од караванот „Силно и одлучно“.

На почетокот на трибината се осврна на кризата низ која поминуваме и справувањето со истата.

Работиме на раст на стандардот, затоа ја качивме минималната плата на 18.000 денари. Која во март ќе има ново покачување, кое ќе го следи растот на стандардот и цените за живот. И за тоа беше борбата, за подобар живот за сите. Продолживме да ја зголемуваме и просечната плата дури и во сулови на криза, во септември таа изнесува 31.812 денари. Донесовме и одлука за нова методологија за пресметка на пензиите, која донесе рекордно зголемување на пензиите во висина од 10 процени оваа година. 330.000 пензионери во нашата земја добиваат поголеми месечни примања за достоинствен живот во златните години. А во март следната година ќе добијат и ново зголемување од околу 6%. И ќе добиваат зголемување секоја година, за тоа ние се осигуравме“, истакна Битиќи

Битиќи, пред присутните се осврна и на субвенционирањето на струјата за сите граѓани.

Ја субвенционираме струјата. Струја и енергенси ќе има доволно. Државата ќе продолжи да ја субвенционира со 80 отсто сметката за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании“, рече Битиќи

The post Битиќи од СДСМ: Ветивме и носиме подобар живот за сите appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи се обрати на трибината организирана во Пласница, дел од караванот „Силно и одлучно“. На почетокот на трибината се осврна на кризата низ која поминуваме и справувањето со истата.
Работиме на раст на стандардот, затоа ја качивме минималната плата на 18.000 денари. Која во март ќе има ново покачување, кое ќе го следи растот на стандардот и цените за живот. И за тоа беше борбата, за подобар живот за сите. Продолживме да ја зголемуваме и просечната плата дури и во сулови на криза, во септември таа изнесува 31.812 денари. Донесовме и одлука за нова методологија за пресметка на пензиите, која донесе рекордно зголемување на пензиите во висина од 10 процени оваа година. 330.000 пензионери во нашата земја добиваат поголеми месечни примања за достоинствен живот во златните години. А во март следната година ќе добијат и ново зголемување од околу 6%. И ќе добиваат зголемување секоја година, за тоа ние се осигуравме“, истакна Битиќи
Битиќи, пред присутните се осврна и на субвенционирањето на струјата за сите граѓани.
Ја субвенционираме струјата. Струја и енергенси ќе има доволно. Државата ќе продолжи да ја субвенционира со 80 отсто сметката за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании“, рече Битиќи

The post Битиќи од СДСМ: Ветивме и носиме подобар живот за сите appeared first on Република.

]]>
Денот ќе го минам во убавата Струмица со еден од најуспешите градоначалници, напиша премиерот на Фејсбук https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/denot-kje-go-minam-vo-ubavata-strumica-so-eden-od-najuspeshite-gradonachalnici-napisha-premierot-na-fejsbuk/ Wed, 09 Nov 2022 13:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=571947

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски денеска ќе ги извршува своите партиски должности во Струмица, за што информира на Фејсбук.

Денеска целиот ден ќе го поминам во убавата Струмица. По кратката средба со еден од најуспешните градоначалници во земјата Kostadin Kostadinov, продолжуваме заедно со посета на многу важни проекти за градот и за струмичани, напиша Ковачевски споделувајќи фотографија со Костадинов.

Денеска 09.11.2022 (среда) СДСМ продолжува со граѓанските трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.

Граѓански трибини со почеток во 18.00 часот ќе се одржат во целиот регион, односно во:

– Конче, говорник: Бисера Костадиновска Стојчевска, потпретседателка на СДСМ
– Босилово, говорник: Перо Костадинов, потпретседател на СДСМ
– Ново Село, говорник: Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка на СДСМ
– Радовиш, говорник: Јована Тренчевска, претседателка на Форумот на жени на СДСМ
– Василево, говорник: Вангел Андрески, организациски секретар на СДСМ

Централната граѓанска трибина „Силно и одлучно кон иднината“ каде говорник е претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, ќе се одржи во Струмица во сала „Парк“ во 20.00 часот.

The post Денот ќе го минам во убавата Струмица со еден од најуспешите градоначалници, напиша премиерот на Фејсбук appeared first on Република.

]]>

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски денеска ќе ги извршува своите партиски должности во Струмица, за што информира на Фејсбук.
Денеска целиот ден ќе го поминам во убавата Струмица. По кратката средба со еден од најуспешните градоначалници во земјата Kostadin Kostadinov, продолжуваме заедно со посета на многу важни проекти за градот и за струмичани, напиша Ковачевски споделувајќи фотографија со Костадинов.
Денеска 09.11.2022 (среда) СДСМ продолжува со граѓанските трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава. Граѓански трибини со почеток во 18.00 часот ќе се одржат во целиот регион, односно во: – Конче, говорник: Бисера Костадиновска Стојчевска, потпретседателка на СДСМ – Босилово, говорник: Перо Костадинов, потпретседател на СДСМ – Ново Село, говорник: Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка на СДСМ – Радовиш, говорник: Јована Тренчевска, претседателка на Форумот на жени на СДСМ – Василево, говорник: Вангел Андрески, организациски секретар на СДСМ Централната граѓанска трибина „Силно и одлучно кон иднината“ каде говорник е претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, ќе се одржи во Струмица во сала „Парк“ во 20.00 часот.

The post Денот ќе го минам во убавата Струмица со еден од најуспешите градоначалници, напиша премиерот на Фејсбук appeared first on Република.

]]>
Петровска: Партиските трибини не се подготовка за предвремени избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-partiskite-tribini-ne-se-podgotovka-za-predvremeni-izbori/ Tue, 01 Nov 2022 07:23:09 +0000 https://republika.mk/?p=568070

Партиските трибини не се подготовка за предвремени парламентарни избори. Ако лично се прашувам, во оваа ситуација во која се наоѓа не само Република Македонија, туку регионот, Европа, па и светот, предвремени парламентарни избори ни се повеќе луксуз отколку потреба.

Ова го изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во Топ тема на Телма, додавајќи дека партиските трибини се еден од инструментите што секоја  политичка партија ги применува за да биде блиску не само со членството, туку и со граѓаните. Дополнително, нагласи, како партија на власт имаме обврска да бидеме отчетни пред граѓаните.

Од безбедносен аспект, потенцира министерката за одбрана Петровска, нема дилеми дека граѓаните може „мирно да спијат“, дел сме од колективниот систем на одбрана што е постојано буден и тука сме, рече, да одговориме на сите предизвици.

Прашана кои се анализите во однос на ситуацијата во Украина и за можното најцрно сценарио, таа истакна дека сите анализи или информациии кои доаѓаат до нив по различни канали ги следат со  внимание.

Апсолутно 24 февруари оваа година покажа дека мирот не е загарантиран и не е даден еднаш засекогаш. Така што, ништо не исклучуваме, меѓутоа не би кревале дополнително  тензија во општеството. Но, мислам дека задачата на секоја институција, вклучително и на МО и на Армијата е да бидат подготвени. Работиме на сите планови, ги споделуваме навреме информациите, стигаат до нас навреме информациите. Она што не можам да го прифатам е она што се случува  во Украина, нападите на цивилните цели, нападите на нивната критична инфраструктура и се разбира тоа е со единствена цел Укарина да се предаде. Изминатиот период покажа дека тоа е лошо сценарио и нешто што тешко се остварува. Украинскиот народ покажа прилично голема храброст и отпорност кон тоа што им се случува, рече меѓу другото Петровска.

Во однос на воената соработка со Бугарија, министерката Петровска нагласи дека имаме одлична соработка во областа на одбраната во различни сфери, се разменуваат информации, наши кадри се школуваат таму, а имаме и други заеднички активности.

Тоа е пример што треба да го следат и другите сегменти од општеството, порача министерката за одбрана.

The post Петровска: Партиските трибини не се подготовка за предвремени избори appeared first on Република.

]]>

Партиските трибини не се подготовка за предвремени парламентарни избори. Ако лично се прашувам, во оваа ситуација во која се наоѓа не само Република Македонија, туку регионот, Европа, па и светот, предвремени парламентарни избори ни се повеќе луксуз отколку потреба. Ова го изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во Топ тема на Телма, додавајќи дека партиските трибини се еден од инструментите што секоја  политичка партија ги применува за да биде блиску не само со членството, туку и со граѓаните. Дополнително, нагласи, како партија на власт имаме обврска да бидеме отчетни пред граѓаните. Од безбедносен аспект, потенцира министерката за одбрана Петровска, нема дилеми дека граѓаните може „мирно да спијат“, дел сме од колективниот систем на одбрана што е постојано буден и тука сме, рече, да одговориме на сите предизвици. Прашана кои се анализите во однос на ситуацијата во Украина и за можното најцрно сценарио, таа истакна дека сите анализи или информациии кои доаѓаат до нив по различни канали ги следат со  внимание.
Апсолутно 24 февруари оваа година покажа дека мирот не е загарантиран и не е даден еднаш засекогаш. Така што, ништо не исклучуваме, меѓутоа не би кревале дополнително  тензија во општеството. Но, мислам дека задачата на секоја институција, вклучително и на МО и на Армијата е да бидат подготвени. Работиме на сите планови, ги споделуваме навреме информациите, стигаат до нас навреме информациите. Она што не можам да го прифатам е она што се случува  во Украина, нападите на цивилните цели, нападите на нивната критична инфраструктура и се разбира тоа е со единствена цел Укарина да се предаде. Изминатиот период покажа дека тоа е лошо сценарио и нешто што тешко се остварува. Украинскиот народ покажа прилично голема храброст и отпорност кон тоа што им се случува, рече меѓу другото Петровска.
Во однос на воената соработка со Бугарија, министерката Петровска нагласи дека имаме одлична соработка во областа на одбраната во различни сфери, се разменуваат информации, наши кадри се школуваат таму, а имаме и други заеднички активности.
Тоа е пример што треба да го следат и другите сегменти од општеството, порача министерката за одбрана.

The post Петровска: Партиските трибини не се подготовка за предвремени избори appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Го исполнивме аманетот на Конески, македонски јазик е во ЕУ потврден од сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-go-ispolnivme-amanetot-na-koneski-makedonski-jazik-e-vo-eu-potvrden-od-site/ Fri, 28 Oct 2022 20:34:07 +0000 https://republika.mk/?p=567024

Го исполнивме аманетот на Блаже Конески и македонскиот јазик е потврден во Европската унија, порача премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски од вечерашната партиска трибина во Прилеп.

Успеавме да се избориме за нашиот македонски јазик, за нашата единствена татковина, како што вели Конески. Македонскиот јазик е на исто рамниште со сите јазици во Унијата. Македонскиот јазик во ЕУ, признат и потврден, еднаш, засекогаш. Направивме историски исчекор, го потпишавме првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки, рече пред прилепчани Ковачевски.

Говорејќи на трибината „Силно и одлучно кон иднината“, Ковачевски потенцира дека првпат имаме договор кој што е одобрен од сите 27 членки и каде што сме ставиле потпис на договор на кој што стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги Грција и Бугарија.

Премиерот и претседател на СДСМ нагласи дека патот до членството на Унијата нема да биде лесен, но додаде дека тоа е единствената иднина за граѓаните од кои ја бара поддршката.

Тој пат нема да биде лесен. И мене не ми беше лесно кога преговарав со сите членки на ЕУ. Но кога иднината, подобриот живот на идните генерации зависи од вас, тогаш мора да ја донесете одлуката. Затоа, да се обединиме околу европскиот концепт, силно и одлучно да продолжиме кон иднината, рече Ковачевски.

Ковачевски се осврна на континуитет на македонскиот јазик низ вековите притоа потенцирајќи ги делата и умотворбите на Марко Цепенков, граматиката на Круме Кепески, па се до трајната оставштина на кодификаторот, великанот од Небрегово, Блаже Конески.

 Благодарни сме на нивниот придонес, на сите наши македонски преродбеници, но и задоволни што во градот под Марковите кули доаѓаме гордо, достоинствено и со крената глава, рече Ковачевски на трибината во Прилеп

Претседателот на СДСМ упати и порака кон опозициските  ВМРО-ДПМНЕ и Левица и за нивното, како што рече, деструктивно однесување.

Потонаа во вода сите лаги, сите манипулации кои ВМРО-ДПМНЕ и Левица на ниво на хистерија ги пласираа. Секој ден зборуваа за наводна асимилација и бугаризација, организираа насилни протести пред Владата и Собранието. Лажеа дека ако го прифатиме „францускиот предлог“ и почнеме преговори, македонскиот јазик ќе биде дијалект, со фусноти, дека нема да биде признаен во ЕУ. Со вувузели свиреа во Собранието, ги навредуваа пратениците, ги клеветеа, ги прогласуваа за предавници и на крајот избегаа од собраниската сала. Воопшто и не гласаа. Тоа се истите оние од ВМРО-ДПМНЕ, кои великанот Блаже Конески го нарекуваа џуџето од Небрегово, рече Ковачевски, додавајќи дека два дена по потпишувањето на договорот со Фронтекс, ВМРО-ДПМНЕ никаде ги нема и немаат доблест ниту да се извинат.

The post Ковачевски: Го исполнивме аманетот на Конески, македонски јазик е во ЕУ потврден од сите appeared first on Република.

]]>

Го исполнивме аманетот на Блаже Конески и македонскиот јазик е потврден во Европската унија, порача премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски од вечерашната партиска трибина во Прилеп.
Успеавме да се избориме за нашиот македонски јазик, за нашата единствена татковина, како што вели Конески. Македонскиот јазик е на исто рамниште со сите јазици во Унијата. Македонскиот јазик во ЕУ, признат и потврден, еднаш, засекогаш. Направивме историски исчекор, го потпишавме првиот документ со Европската унија на официјален македонски јазик, чист, без фусноти, без ѕвездички и додавки, рече пред прилепчани Ковачевски.
Говорејќи на трибината „Силно и одлучно кон иднината“, Ковачевски потенцира дека првпат имаме договор кој што е одобрен од сите 27 членки и каде што сме ставиле потпис на договор на кој што стојат имињата и јазиците на сите земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги Грција и Бугарија. Премиерот и претседател на СДСМ нагласи дека патот до членството на Унијата нема да биде лесен, но додаде дека тоа е единствената иднина за граѓаните од кои ја бара поддршката.
Тој пат нема да биде лесен. И мене не ми беше лесно кога преговарав со сите членки на ЕУ. Но кога иднината, подобриот живот на идните генерации зависи од вас, тогаш мора да ја донесете одлуката. Затоа, да се обединиме околу европскиот концепт, силно и одлучно да продолжиме кон иднината, рече Ковачевски.
Ковачевски се осврна на континуитет на македонскиот јазик низ вековите притоа потенцирајќи ги делата и умотворбите на Марко Цепенков, граматиката на Круме Кепески, па се до трајната оставштина на кодификаторот, великанот од Небрегово, Блаже Конески.
 Благодарни сме на нивниот придонес, на сите наши македонски преродбеници, но и задоволни што во градот под Марковите кули доаѓаме гордо, достоинствено и со крената глава, рече Ковачевски на трибината во Прилеп
Претседателот на СДСМ упати и порака кон опозициските  ВМРО-ДПМНЕ и Левица и за нивното, како што рече, деструктивно однесување.
Потонаа во вода сите лаги, сите манипулации кои ВМРО-ДПМНЕ и Левица на ниво на хистерија ги пласираа. Секој ден зборуваа за наводна асимилација и бугаризација, организираа насилни протести пред Владата и Собранието. Лажеа дека ако го прифатиме „францускиот предлог“ и почнеме преговори, македонскиот јазик ќе биде дијалект, со фусноти, дека нема да биде признаен во ЕУ. Со вувузели свиреа во Собранието, ги навредуваа пратениците, ги клеветеа, ги прогласуваа за предавници и на крајот избегаа од собраниската сала. Воопшто и не гласаа. Тоа се истите оние од ВМРО-ДПМНЕ, кои великанот Блаже Конески го нарекуваа џуџето од Небрегово, рече Ковачевски, додавајќи дека два дена по потпишувањето на договорот со Фронтекс, ВМРО-ДПМНЕ никаде ги нема и немаат доблест ниту да се извинат.

The post Ковачевски: Го исполнивме аманетот на Конески, македонски јазик е во ЕУ потврден од сите appeared first on Република.

]]>
УМС „свечено“ го пречека Ковачевски во Прилеп: Дали Таче ова ќе го пренесе на вечерашната партиска трибина? НЕ! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ums-svecheno-go-precheka-kovachevski-vo-prilep-dali-tache-ova-kje-go-prenese-na-vecherashnata-partiska-tribina-ne/ Fri, 28 Oct 2022 20:30:36 +0000 https://republika.mk/?p=567003

Го повикуваме Димитар Ковачевски да излезе настрана од партиските собири и да се соочи со македонскиот народ!, повикаа од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, каде на партиска трибина вечерва е лидерот на СДСМ и премиер.

Поскапена струја ✅

Поскапена нафта ✅
Бугаризација ✅
Учебници ❌
Патишта ❌
Идентитет ❌
Дали Таче ова ќе го пренесе на вечерашната партиска трибина? Не, затоа ние се погриживме тоа да им го пренесеме на нашите граѓани!

The post УМС „свечено“ го пречека Ковачевски во Прилеп: Дали Таче ова ќе го пренесе на вечерашната партиска трибина? НЕ! appeared first on Република.

]]>

Го повикуваме Димитар Ковачевски да излезе настрана од партиските собири и да се соочи со македонскиот народ!, повикаа од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, каде на партиска трибина вечерва е лидерот на СДСМ и премиер.
Поскапена струја ✅ Поскапена нафта ✅ Бугаризација ✅ Учебници ❌ Патишта ❌ Идентитет ❌ Дали Таче ова ќе го пренесе на вечерашната партиска трибина? Не, затоа ние се погриживме тоа да им го пренесеме на нашите граѓани!

The post УМС „свечено“ го пречека Ковачевски во Прилеп: Дали Таче ова ќе го пренесе на вечерашната партиска трибина? НЕ! appeared first on Република.

]]>
Ковачевски од Прилеп: Со новите мерки цените на основните производи ќе се намалат за најмалку 10% https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-od-prilep-so-novite-merki-cenite-na-osnovnite-proizvodi-kje-se-namalat-za-najmalku-10/ Fri, 28 Oct 2022 20:07:30 +0000 https://republika.mk/?p=566994

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Прилеп рече дека власта не бега од предизвиците туку е посветена на нивно решавање, за, како што вели, да не страда народот и да не трпат компаниите.

Последната мерка на Владата која наскоро започнува со реализација е мерката за субвенционирање на цената на струјата за прехранбената индустрија. Со оваа мерка компаниите кои произведуваат масло, млеко и млечни производи, житарки и леб од сега ќе плаќаат пониски сметки за струја, но ќе мора да ги намалат и цените на финалните производи. Според првичните проценки очекуваме намалување на цените на основните производи и до 10%, рече Ковачевски.

Тој информира дека е максимилизирано производството на струја и веќе неколку денови ЕСМ произведува 100% од потребите домашни за струја.

Бидете спокојни, струја ќе има доволно и постојано за целиот период од кризата, но треба и секој од нас да покаже рационалност и да штеди. Уште во првите денови од мојот мандат ја покачивме минималната плата на 18.000 денари. Тоа е двојно повеќе отколку минималната плата која во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше под 9.000 денари. По новата методологија пензиите за 6 месеци ги зголемивме за рекордни 10 отсто. Следното зголемување кое се очекува да изнесува повторно околу 6 отсто ќе се случи во март 2023 со што за една година ќе имаме вкупно покачување на пензиите за 16 отсто, рече тој.

Ковачевски кажа дека во овие четири месеци пред нас финансиски ќе бидат помогнати над 200.000 граѓани.

Пензионерите со пензии до 14.000 денари, самохраните родители, примателите на гарантирана минимална помош, стечајните работници, ќе добиваат помеѓу 1.500 и 3.000 денари во следните четири месеци како помош да се справат со кризата. Сосема различен пристап од антидржавниот и деструктивен однос на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кој гласи: кочење, блокади и фабрикување лаги и невистини, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски од Прилеп: Со новите мерки цените на основните производи ќе се намалат за најмалку 10% appeared first on Република.

СДСМ започнува граѓански трибини, „Силно и одлучно кон иднината“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-zapochnuva-gragjanski-tribini-silno-i-odluchno-kon-idninata/ Mon, 24 Oct 2022 19:07:21 +0000 https://republika.mk/?p=565082

Социјалдемократскиот sојуз на Македонија од утре започнува со серија граѓански трибини на кои е планирано да се разговара за мерките и политиките на СДСМ и визијата на партијата за „нашата македонска држава“.

Првата серија ќе се одржи во битолскиот крај: Демир Хисар, Могила, Новаци, Ресен, а во градот Битола на трибината ќе учествува и претседателот на партијата Димитар Ковачевски.

Заедно со вас чекориме силно и одлучно кон иднината 🇲🇰🇪🇺
#СДСМ од утре започнува со серија граѓански трибини каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.
Нашата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, до 2030 година, со заштитен македонски јазик и идентитет.
Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ.

Утре, 25.10.2022 година, заедно со граѓаните во пет градови.
✅ Во 18.30 ч, централна граѓанска трибина во Битола со претседателот Димитар Ковачевски.
✅Во 17.00 ч граѓанска трибина во Ресен, со заменик претседателката Сања Лукаревска.
✅ Во 17.00 ч граѓанска трибина во Новаци со потпретседателот Стефан Богоев.
✅ Во 17.00 ч граѓанска трибина во Могила со потпретседателката Бисера Костадиновска.
✅ Во 17.00 ч граѓанска трибина во Демир Хисар со организацискиот секретар Вангел Андрески, објави партијата на Фејсбук.

The post СДСМ започнува граѓански трибини, „Силно и одлучно кон иднината“ appeared first on Република.

]]>

Социјалдемократскиот sојуз на Македонија од утре започнува со серија граѓански трибини на кои е планирано да се разговара за мерките и политиките на СДСМ и визијата на партијата за „нашата македонска држава“. Првата серија ќе се одржи во битолскиот крај: Демир Хисар, Могила, Новаци, Ресен, а во градот Битола на трибината ќе учествува и претседателот на партијата Димитар Ковачевски.
Заедно со вас чекориме силно и одлучно кон иднината 🇲🇰🇪🇺 #СДСМ од утре започнува со серија граѓански трибини каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава. Нашата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, до 2030 година, со заштитен македонски јазик и идентитет. Се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза. Но гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ. Утре, 25.10.2022 година, заедно со граѓаните во пет градови. ✅ Во 18.30 ч, централна граѓанска трибина во Битола со претседателот Димитар Ковачевски. ✅Во 17.00 ч граѓанска трибина во Ресен, со заменик претседателката Сања Лукаревска. ✅ Во 17.00 ч граѓанска трибина во Новаци со потпретседателот Стефан Богоев. ✅ Во 17.00 ч граѓанска трибина во Могила со потпретседателката Бисера Костадиновска. ✅ Во 17.00 ч граѓанска трибина во Демир Хисар со организацискиот секретар Вангел Андрески, објави партијата на Фејсбук.

The post СДСМ започнува граѓански трибини, „Силно и одлучно кон иднината“ appeared first on Република.

]]>