Силјановска Давкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/siljanovska-davkova/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 12:12:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Силјановска Давкова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/siljanovska-davkova/ 32 32 Сиљановска Давкова утре во Бугарија, предвидена е средба со Румен Радев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-utre-vo-bugarija-predvidena-e-sredba-so-rumen-radev/ Thu, 12 Sep 2024 12:12:13 +0000 https://republika.mk/?p=815732

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре ќе престојува во посета на Република Бугарија, соопшти прес службата на Претседателката.

Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди.

Во рамки на 52. Мајски оперски вечери претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на Софиската опера и балет во Скопје, при што ја потенцираше важноста и моќта на културната дипломатија, како нераскинлив дел од меѓународната дејност.

The post Сиљановска Давкова утре во Бугарија, предвидена е средба со Румен Радев appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова утре ќе престојува во посета на Република Бугарија, соопшти прес службата на Претседателката.
Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска Давкова во Софија ќе оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и ќе присуствува на настапот на македонската национална опера и балет, што во Софиската опера и балет ќе ја изведе операта „Набуко“ од Џузепе Верди. Во рамки на 52. Мајски оперски вечери претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на настапот на Софиската опера и балет во Скопје, при што ја потенцираше важноста и моќта на културната дипломатија, како нераскинлив дел од меѓународната дејност.

The post Сиљановска Давкова утре во Бугарија, предвидена е средба со Румен Радев appeared first on Република.

]]>
Вучиќ и ги претставил на Сиљановска Давкова заедничките можности за лозарство и туризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-i-gi-pretstavil-na-silanovska-davkova-zaednichkite-mozhnosti-za-lozarstvo-i-turizam/ Fri, 02 Aug 2024 14:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=802831

За време на посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Србија, таа со домаќинот претседателот Александар Вучиќ ја посети Винаријата Алексиќ во Врање, каде водеше разговари за заедничките можности во лозарството и туризмот,  јави дописникот на МИА од Белград.

Претседателот Вучиќ на неговиот Инсаграм профил напиша дека „со нескриена гордост на претседателката Сиљановска Давкова и ги претставил одличните вина што Србија може да ги понуди. Ручекот во автентичната атмосфера на винаријата Алексиќ, оцени тој, беше можност за неформални разговори и дегустација на врвни вина од оваа визба.

-Со драгиот гостин и домаќините разговарав за заедничките можности во лозарството и туризмот. Убеден сум дека Србија и Македонија можат да понудат многу за секого во тие области, потенцираше меѓу другото Вучиќ на неговиот Инстаграм профил.

The post Вучиќ и ги претставил на Сиљановска Давкова заедничките можности за лозарство и туризам appeared first on Република.

]]>

За време на посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Србија, таа со домаќинот претседателот Александар Вучиќ ја посети Винаријата Алексиќ во Врање, каде водеше разговари за заедничките можности во лозарството и туризмот,  јави дописникот на МИА од Белград. Претседателот Вучиќ на неговиот Инсаграм профил напиша дека „со нескриена гордост на претседателката Сиљановска Давкова и ги претставил одличните вина што Србија може да ги понуди. Ручекот во автентичната атмосфера на винаријата Алексиќ, оцени тој, беше можност за неформални разговори и дегустација на врвни вина од оваа визба. -Со драгиот гостин и домаќините разговарав за заедничките можности во лозарството и туризмот. Убеден сум дека Србија и Македонија можат да понудат многу за секого во тие области, потенцираше меѓу другото Вучиќ на неговиот Инстаграм профил.

The post Вучиќ и ги претставил на Сиљановска Давкова заедничките можности за лозарство и туризам appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста https://arhiva3.republika.mk/zivot/pretsedatelkata-silanovska-davkova-na-papata-frantsisk-mu-podari-golema-rezba-so-motiv-od-ptitsata-feniks-kojshto-pretstavuva-simbol-na-vechnosta/ Thu, 23 May 2024 10:51:52 +0000 https://republika.mk/?p=781125

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во рамки на посетата на Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, денеска во Апостолската палата имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за упатените честитки од Папата Франциск по повод нејзиниот избор за Претседател и истакна дека ѝ претставува особена чест во годината кога се одбележува 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, да ја предводи државно-црковната делегација на овој значаен настан.

Таа истакна дека историската посета на Папата Франциск на нашата земја остави силна трага во билатералните односи и го потврди високиот степен на доверба и пријателство меѓу двете држави.

Претседателката изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат нашата држава уште поинтензивно ќе се залага за продлабочување на севкупните односи со Светиот Престол, со цел јакнење на партнерството и негување на меѓусебното почитување базирано на заедничките историски, културни и верски традиции.

Претседателката Сиљановска Давкова и Папата Франциск ги разгледаа можностите за унапредување на институционалната соработка во областа на образованието, науката и културата и разменија мислење за тековните предизвици со кои се соочува католичката заедница во нашата држава.

Посочувајќи дека во нашата земја постои традицијата на почит кон различностите и висока свест за позитивната улога на религијата во развојот на општеството, претседателката го потенцираше значењето и придонесот на католичката црква и ја изрази нејзината подготвеност за продолжување на соработката со католичката заедница.

На средбата беа традиционално разменети подароци, при што, претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста.

По аудиенцијата кај Папата Франциск во изјава за медиумите претседателката Сиљановска Давкова истакна дека на долгата средба со Папата најпрво се усогласиле околу актуелните проблеми, околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската Унија, поддршката на Ватикан на Западен Балкан. Претседателката во изјавата посочи дека изразила разбирање за склучување на Конкордат со Ватикан, затоа што системски треба да се пристапи кон решавањето на прашањата врзани особено за статусот на католичката црква и христијаните од католичката религија кај нас и рече дека изразила желба да се отвори Нунцијат кај нас бидејќи така ќе може навистина да биде директна соработката. Претседателката Сиљановска Давкова, посочувајќи ја соработката во многу области во сферата на високото образование, библиотекарството, конзервирањето итн., рече дека изразила спремност да продолжи таа соработка.

Претседателката Сиљановска Давкова денеска оствари средба и со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин, на којашто беше изразена цврста подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во духот на меѓусебното разбирање и заедничките вредности.

The post Претседателката Сиљановска Давкова на Папата Франциск му подари голема резбa со мотив од птицата феникс којшто претставува симбол на вечноста appeared first on Република.

Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-vo-poseta-na-italijanskata-republika-i-svetiot-prestol-po-povod-manifestatsijata-makedonija-vo-chest-na-sv-kiril/ Wed, 22 May 2024 08:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=780715

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова од денеска престојува и ја предводи државно-црковната делегација во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.

На 23 мај, четврток, во Апостолската палата, претседателката Сиљановска Давкова ќе има аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, монсињор Пјетро Паролин.

На 24 мај, петок, претседателката Сиљановска Давкова во базиликата „Сан Клементе“ ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил. Претседателката Сиљановска Давкова ќе ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, кадешто ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј.

На 24 мај, петок, претседателката Сиљановска Давкова ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, по што е предвидена пленарна средба на делегациите на двете земји.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска Давкова во Рим ќе присуствува на концертот на Националната установа „Камерен оркестар од Битола“, настан во организација на Министерството за култура.

Во состав на државно-црковната делегација, што ја предводи претседателката Сиљановска Давкова се заменик министерот за култура, Онур Али, амбасадорот во Италијанската Република, Весел Мемеди,  амбасадорката при Светиот Престол, Марија Ефремова, директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Европски, г. Пимен.

The post Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Италијанската Република и Светиот Престол по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ appeared first on Република.

Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на претседателката Силјановска Давкова, Момировски е негов заменик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorgi-bozhinov-imenuvan-za-generalen-sekretar-na-kabinetot-na-pretsedatelkata-siljanovska-davkova-momirovski-e-negov-zamenik/ Sat, 18 May 2024 12:14:34 +0000 https://republika.mk/?p=779530

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во Министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски.

Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател Стево Пендаровски.

Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската унија во овие области. Тој во кабинетот доаѓа од раководна позиција во Министерството за земјоделие.

Момировски, пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година.

Освен првите луѓе во кабиентот, претседателката во наредниот период треба да именува и свои советници од областа на безбедноста, меѓународните односи, комуникациите. Имиња не се споменуваат, но се највува дека овие позиции ќе ги заземе дел од академската фела блиска до Сиљановска.

The post Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на претседателката Силјановска Давкова, Момировски е негов заменик appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за генерален секретар на својот кабинет го именувала Ѓорѓи Божинов, правник кој работел во Министерството за земјоделство, а за негов заменик новинарот Горан Момировски. Од функциите се разрешени генералниот секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и Тоше Зафиров, кои беа ангажирани во мандатот на доскорешниот претседател Стево Пендаровски. Божинов е дипломиран правник со речиси тридецениско искуство во областа на правото во земјоделскиот сектор, јавни набавки, програмите за финансиска поддршка и легислативата на Европската унија во овие области. Тој во кабинетот доаѓа од раководна позиција во Министерството за земјоделие. Момировски, пак, е долгогодишен новинар, соработник на Сиљановска во нејзината претседателскa кампањa за изборите во 2019 година. Освен првите луѓе во кабиентот, претседателката во наредниот период треба да именува и свои советници од областа на безбедноста, меѓународните односи, комуникациите. Имиња не се споменуваат, но се највува дека овие позиции ќе ги заземе дел од академската фела блиска до Сиљановска.

The post Ѓорѓи Божинов именуван за генерален секретар на Кабинетот на претседателката Силјановска Давкова, Момировски е негов заменик appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова со претставници на меѓународната конференција „ГРЕДИТ 2024“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-pretstavnitsi-na-megunarodnata-konferentsija-gredit-2024/ Thu, 16 May 2024 11:11:01 +0000 https://republika.mk/?p=778775

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими претставниците на петтата меѓународна конференција за зелен развој, зелена инфраструктура и зелени технологии „ГРЕДИТ 2024“ којашто од 16 до 18 мај се одржува во организација на Машинскиот факултет и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во рамки на БЕНА – Балканската асоцијација за животна средина.

На средбата се разговараше за значењето на зелената агенда за регионот и пошироко како приоритет за зачувување на животната средина и здравјето на граѓаните.

Соговорниците ѝ се заблагодарија на претседателката Сиљановска Давкова за можноста да ѝ ги пренесат своите размислувања и погледи во однос на состојбите и начините за остварување на одржлив развој на мултидисциплинарен начин.

Во таа насока, беше истакнато дека е значајна соработката меѓу сите чинители, носители на одлуки, експерти и активисти за придонес кон зелениот развој за позелена и поздрава иднина за сите.

Претседателката Сиљановска Давкова им посака успешна конференција и плодна работа изразувајќи уверување дека со своите трудови и идеи ќе придонесат за зелениот развој, зелената инфраструктура и зелената технологија во регионот и севкупно во светот.

The post Претседателката Сиљановска Давкова со претставници на меѓународната конференција „ГРЕДИТ 2024“ appeared first on Република.

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите на верските заедници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-ke-gi-primi-poglavarite-na-verskite-zaednitsi/ Thu, 16 May 2024 08:18:16 +0000 https://republika.mk/?p=778648

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска16 мај 2024 година, четврток, ќе ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот: поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, претседателот на Црковното претставништво на Евангелско – методистичката црква, Емил Заев, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски. 

The post Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите на верските заедници appeared first on Република.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-za-hristijanite-nema-pogolem-praznik-od-veligden/ Sun, 05 May 2024 10:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=774497

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

– Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос.

Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна – навистина воскресе“.

The post Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден appeared first on Република.

]]>

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.
  – Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос.   Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа. Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна – навистина воскресе“.  

The post Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден appeared first on Република.

]]>
Силјановска Давкова: Не сум вулканолог, но предвидувам политички вулкан на 8 мај, ќе го предизвикаат граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-ne-sum-vulkanolog-no-predviduvam-politichki-vulkan-na-8-maj-ke-go-predizvikaat-graganite/ Tue, 30 Apr 2024 20:59:19 +0000 https://republika.mk/?p=772848

Кандидатката за претседател, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во претседателската дебата на ТВ21 порача дека не е вулканолог, но предвидува политички вулкан на 8 мај.

Според Силјановска Давкова, тој вулкан ќе го предизвикаат граѓаните.

Се разбира, оние кои што ќе го предизвикаат се граѓаните со своите гласови. Тоа е прекрасен ден, на 9 мај е Денот против фашизмот, денот на победата над фашизмот, Денот на Европа и јас мислам дека граѓаните, како што покажаа во првиот круг, така и во вториот круг ќе го искористат својот гласот по свое“, порача Силјановска Давкова.

https://www.youtube.com/watch?v=aosYT-3CWEs&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmk.tv21.tv%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Силјановска Давкова: Не сум вулканолог, но предвидувам политички вулкан на 8 мај, ќе го предизвикаат граѓаните appeared first on Република.

]]>

Кандидатката за претседател, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во претседателската дебата на ТВ21 порача дека не е вулканолог, но предвидува политички вулкан на 8 мај. Според Силјановска Давкова, тој вулкан ќе го предизвикаат граѓаните.
Се разбира, оние кои што ќе го предизвикаат се граѓаните со своите гласови. Тоа е прекрасен ден, на 9 мај е Денот против фашизмот, денот на победата над фашизмот, Денот на Европа и јас мислам дека граѓаните, како што покажаа во првиот круг, така и во вториот круг ќе го искористат својот гласот по свое“, порача Силјановска Давкова.
https://www.youtube.com/watch?v=aosYT-3CWEs&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fmk.tv21.tv%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Силјановска Давкова: Не сум вулканолог, но предвидувам политички вулкан на 8 мај, ќе го предизвикаат граѓаните appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: На Македонија не и треба претседател како Пендаровски измеќар на Али Ахмети, туку достоен претседател како професорката Гордана Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-makedonija-ne-i-treba-pretsedatel-kako-pendarovski-izmekar-na-ali-ahmeti-tuku-dostoen-pretsedatel-kako-profesorkata-gordana-siljanovska-davkova/ Wed, 17 Apr 2024 18:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=767303

Македонија повторно горда подразбира Македонија повторно твоја, ваша, Македонија која нема да биде ограбена, која нема да биде засрамена, која ќе биде на народот ,а не на неколкумина политички моќници. Македонија каде народот ќе го има последниот збор. За жал денес во Македонија според Фридом хаус владее еден цикличен хибриден режим, кој го претставуваат двете владејачки партии ДУИ на Али Ахмети и нивните измеќари СДС, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Свети Николе.

СДС Без идеја, без план, без стратегија, а единствено нешто кое како папагали повторуваат шест и половина години додека ја ограбуваат Македонија е ЕУ, ЕУ, а од ЕУ тоа што го знаат е евробанкнотата која ја земаат и ставаат во џеб како резултат на мито и арач од граѓаните преку наместените тендери, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека кога СДС е на власт секогаш има стратешки грешки и удари врз Македонија, народот и идентитетот како што се транзицијата, менување на знамето, новата територијална поделба на Македонија кога се зададе силен удар врз унитарниот карактер на државата, промената на уставното име, бугарскиот диктат, односно т.н. француски предлог.

– Зоран Заев кажа дека заедно со Ковачевски и Стево Пендаровски го правел тој предлог ова и тука се поставува суштинското прашање дали Стево Пендаровски мисли дека бугарскиот фашистички окупатор или бил администратор? Пендаровски исто така должи објаснување дали онаа изјава дадена на интервју дека Гоце Делчев бил Бугарин, дали мисли така? Суштината е дека секогаш кога има влада на СДС, Македонија стратешки губи. Македонија ги губи своите позиции во однос на своите соседи, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека секогаш кога има влада на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија се гради има повеќе за сите, а кога има влада на СДС, Македонија се ограбува, се понижува и се нанесуваат стратешки удари врз македонскиот идентитет, а за возврат скапо не чини и Македонија се празни.

– Затоа многу е важно пораката на обединување, единство и мобилизација да се рашири насекаде и да излеземе масовно на 24 април да се поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова и да ја направиме Македонија повторно горда, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски посочи дека многу е важно масовно да излеземе на 24 април и 8 мај и да не дозволиме повеќе ДУИ и Али Ахмети да ни кажуваат дека ќе владејат по принципот „како до сега“.

– Овие од ДУИ кога им ги објавувам криминалите и кога им велам дека ќе одговараат после 8 мај ми велат дека сум бил анти Албанец. Не сум анти Албанец, јас сум анти криминалците, криминалците немаат етничка припадност. 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, а околу 80.000 со само 60 денари, најголема инфлација, најнизок стандард. На дното сме на Балканот,а нели живот носеа, а во суштина себе си си донесоа милиони евра ограбувајќи го народот, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на овие избори од една страна го имате Стево Пендаровски кој во еден град рече „ако не ме гласате очи не сакам да ви видам, не ви идам во втор круг“, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова која изминативе 4 години во македонскиот парламент покажа како се брани и аргументира македонскиот идентитет.

– На Македонија не и треба претседател измеќар на Али Ахмети, на Македонија и треба достоен претседател како што професорката Гордана Силјановска Давкова. Ве повикувам да го пренесеме гласот на победата, на промените, на горда и твоја Македонија. Да испишеме историја на 24 април со огромна предност за професорката Гордана Силјановска Давкова, а потоа уште пожестоко да излеземе на 8 мај и да донесеме промени, да избереме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: На Македонија не и треба претседател како Пендаровски измеќар на Али Ахмети, туку достоен претседател како професорката Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Македонија повторно горда подразбира Македонија повторно твоја, ваша, Македонија која нема да биде ограбена, која нема да биде засрамена, која ќе биде на народот ,а не на неколкумина политички моќници. Македонија каде народот ќе го има последниот збор. За жал денес во Македонија според Фридом хаус владее еден цикличен хибриден режим, кој го претставуваат двете владејачки партии ДУИ на Али Ахмети и нивните измеќари СДС, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Свети Николе. СДС Без идеја, без план, без стратегија, а единствено нешто кое како папагали повторуваат шест и половина години додека ја ограбуваат Македонија е ЕУ, ЕУ, а од ЕУ тоа што го знаат е евробанкнотата која ја земаат и ставаат во џеб како резултат на мито и арач од граѓаните преку наместените тендери, рече Мицкоски. Мицкоски истакна дека кога СДС е на власт секогаш има стратешки грешки и удари врз Македонија, народот и идентитетот како што се транзицијата, менување на знамето, новата територијална поделба на Македонија кога се зададе силен удар врз унитарниот карактер на државата, промената на уставното име, бугарскиот диктат, односно т.н. француски предлог. – Зоран Заев кажа дека заедно со Ковачевски и Стево Пендаровски го правел тој предлог ова и тука се поставува суштинското прашање дали Стево Пендаровски мисли дека бугарскиот фашистички окупатор или бил администратор? Пендаровски исто така должи објаснување дали онаа изјава дадена на интервју дека Гоце Делчев бил Бугарин, дали мисли така? Суштината е дека секогаш кога има влада на СДС, Македонија стратешки губи. Македонија ги губи своите позиции во однос на своите соседи, нагласи Мицкоски. Мицкоски додаде дека секогаш кога има влада на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија се гради има повеќе за сите, а кога има влада на СДС, Македонија се ограбува, се понижува и се нанесуваат стратешки удари врз македонскиот идентитет, а за возврат скапо не чини и Македонија се празни. – Затоа многу е важно пораката на обединување, единство и мобилизација да се рашири насекаде и да излеземе масовно на 24 април да се поддржи професорката Гордана Силјановска Давкова и да ја направиме Македонија повторно горда, потенцираше Мицкоски. Мицкоски посочи дека многу е важно масовно да излеземе на 24 април и 8 мај и да не дозволиме повеќе ДУИ и Али Ахмети да ни кажуваат дека ќе владејат по принципот „како до сега“. – Овие од ДУИ кога им ги објавувам криминалите и кога им велам дека ќе одговараат после 8 мај ми велат дека сум бил анти Албанец. Не сум анти Албанец, јас сум анти криминалците, криминалците немаат етничка припадност. 600.000 наши сограѓани живеат со само 150 денари на ден, а околу 80.000 со само 60 денари, најголема инфлација, најнизок стандард. На дното сме на Балканот,а нели живот носеа, а во суштина себе си си донесоа милиони евра ограбувајќи го народот, рече Мицкоски. Мицкоски посочи дека на овие избори од една страна го имате Стево Пендаровски кој во еден град рече „ако не ме гласате очи не сакам да ви видам, не ви идам во втор круг“, а од друга страна е Гордана Силјановска Давкова која изминативе 4 години во македонскиот парламент покажа како се брани и аргументира македонскиот идентитет. – На Македонија не и треба претседател измеќар на Али Ахмети, на Македонија и треба достоен претседател како што професорката Гордана Силјановска Давкова. Ве повикувам да го пренесеме гласот на победата, на промените, на горда и твоја Македонија. Да испишеме историја на 24 април со огромна предност за професорката Гордана Силјановска Давкова, а потоа уште пожестоко да излеземе на 8 мај и да донесеме промени, да избереме влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: На Македонија не и треба претседател како Пендаровски измеќар на Али Ахмети, туку достоен претседател како професорката Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

]]>