силен ветер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/silen-veter/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 09:20:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png силен ветер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/silen-veter/ 32 32 Бандери, кровови, дрвја – какви сè штети се пријавени по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/banderi-krovovi-drvja-kakvi-se-shteti-se-prijaveni-po-silniot-veter-vo-bitola-shtip-i-ohrid/ Sat, 23 Nov 2024 09:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=841032

Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата.

Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола во текот на денот имале голем број на интервенции што настанаа поради силното невреме (силен ветар над 60 км/ч) што го зафати Битолскиот регион во 14.30 часот.

Според повиците за настаните примени преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и во комуникација со командирот на ТППЕ Битола, Општина (ЕЛС) Битола во соработка со јавните претпријатија од Битола и ЕВН, вчера интервенира на следните локации:

– паднат кров од две згради на ул. „Нико Фундали“ кај „Жито маркет“ каде има настаната штета на неколку возила;
– паднато дрво кај црквата во с. Магарево при што има оштетен ел. вод и и има искрење;
– падната бандера на ул. „Прилепска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“;
– падната бандера на патот за с. Кравари;
– падната бандера на ул. „Мукос“ бр. 174;
– падната бандера кај црквата во с. Ниже Поле;
– падната бандера на ул. „Пожаревачка“;
– падната бандера на ул. „Стрчин“ бр. 21 а;
– паднати жици на ул. „Новосадска“;
– паднати жици и искрење на ул. „Крушево“ бр. 4;
– паднати жици и искрење на ул. „Ѓорѓи Наумов“ бр. 4;
– падната бандера на ул. „Димче Лахчански“ бр. 34;
– навалена бандера на ул. Булевар „1 Мај“ бр. 283;
– паднат кров од зграда на ул „Хераклеа“;
– паднат кров од куќа на ул . „Јанко Палигора“;
– паднат кров од куќа на ул. „Партизанска“
– паднат кров од зграда кај печатницата „Киро Дандаро“ и
– голем број на паднати дрвја на повеќе локации во градот.

Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 17.20 до 19.45 часот со 2 ПП возила и 6 пожарникари, интервенирале на откачен лимен кров поради силниот ветар на ул. „Карпош Војвода“ во Општина Охрид.

РЦУК Штип известува дека ТППЕ Виница во период од 13.45 до 14.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари, интервенирале на паднато дрво и бандера како последица на силниот ветар во с. Истибања.

Пожарникарите од ТППЕ Штип, во текот на денот повеќепати интервенирале во отстранување на паднати дрвја, откачена церада и на откорнати делови од покривни (кровни) конструкции на објекти како последица од силниот ветер на разни локации во градот Штип и неговата околина: Градски горбишта, градинка „Вера Цирвири-Трена“, м.в. Кланица, СОУ „Коле Нехтенин“, ул. Широк Дол, угостителски објект „Нецко“, м.в. „4-ти километар“, нас. „Насеље“, градски пазар, ул. „Васил Доганџиски“, бул. „ЈНА“, ул. „Солидарност“, ул. „Сремски фронт“, ул „Браќа Даневи3). Во сите интервенции е учествувано со 3 пожарникари и 1 ПП возило. Како последица на силниот ветер на повеќе места на подрачјето на градот Штип се забележани оштетувања на електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања.

РЦУК Тетово известува дека ТППЕ Гостивар, од 16.45 до 17.15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари, имале техничка интервенција на паднато дрво на ул. „Никола Парапунов“ во Гостивар.

Од Центарот за управување со кризи ги потсетуваат граѓаните дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

The post Бандери, кровови, дрвја – какви сè штети се пријавени по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид appeared first on Република.

]]>

Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата. Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола во текот на денот имале голем број на интервенции што настанаа поради силното невреме (силен ветар над 60 км/ч) што го зафати Битолскиот регион во 14.30 часот. Според повиците за настаните примени преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и во комуникација со командирот на ТППЕ Битола, Општина (ЕЛС) Битола во соработка со јавните претпријатија од Битола и ЕВН, вчера интервенира на следните локации: – паднат кров од две згради на ул. „Нико Фундали“ кај „Жито маркет“ каде има настаната штета на неколку возила; – паднато дрво кај црквата во с. Магарево при што има оштетен ел. вод и и има искрење; – падната бандера на ул. „Прилепска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“; – падната бандера на патот за с. Кравари; – падната бандера на ул. „Мукос“ бр. 174; – падната бандера кај црквата во с. Ниже Поле; – падната бандера на ул. „Пожаревачка“; – падната бандера на ул. „Стрчин“ бр. 21 а; – паднати жици на ул. „Новосадска“; – паднати жици и искрење на ул. „Крушево“ бр. 4; – паднати жици и искрење на ул. „Ѓорѓи Наумов“ бр. 4; – падната бандера на ул. „Димче Лахчански“ бр. 34; – навалена бандера на ул. Булевар „1 Мај“ бр. 283; – паднат кров од зграда на ул „Хераклеа“; – паднат кров од куќа на ул . „Јанко Палигора“; – паднат кров од куќа на ул. „Партизанска“ – паднат кров од зграда кај печатницата „Киро Дандаро“ и – голем број на паднати дрвја на повеќе локации во градот. Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 17.20 до 19.45 часот со 2 ПП возила и 6 пожарникари, интервенирале на откачен лимен кров поради силниот ветар на ул. „Карпош Војвода“ во Општина Охрид. РЦУК Штип известува дека ТППЕ Виница во период од 13.45 до 14.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари, интервенирале на паднато дрво и бандера како последица на силниот ветар во с. Истибања. Пожарникарите од ТППЕ Штип, во текот на денот повеќепати интервенирале во отстранување на паднати дрвја, откачена церада и на откорнати делови од покривни (кровни) конструкции на објекти како последица од силниот ветер на разни локации во градот Штип и неговата околина: Градски горбишта, градинка „Вера Цирвири-Трена“, м.в. Кланица, СОУ „Коле Нехтенин“, ул. Широк Дол, угостителски објект „Нецко“, м.в. „4-ти километар“, нас. „Насеље“, градски пазар, ул. „Васил Доганџиски“, бул. „ЈНА“, ул. „Солидарност“, ул. „Сремски фронт“, ул „Браќа Даневи3). Во сите интервенции е учествувано со 3 пожарникари и 1 ПП возило. Како последица на силниот ветер на повеќе места на подрачјето на градот Штип се забележани оштетувања на електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања. РЦУК Тетово известува дека ТППЕ Гостивар, од 16.45 до 17.15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари, имале техничка интервенција на паднато дрво на ул. „Никола Парапунов“ во Гостивар. Од Центарот за управување со кризи ги потсетуваат граѓаните дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

The post Бандери, кровови, дрвја – какви сè штети се пријавени по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид appeared first on Република.

]]>
Во Хрватска утринава е измерен ветер од над 140 километри на час, во сила е портокалово предупредување https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-hrvatska-utrinava-e-izmeren-veter-od-nad-140-kilometri-na-chas-vo-sila-e-portokalovo-predupreduvane/ Tue, 05 Sep 2023 09:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=678927

На автоматската мерна станица Призна кај Сењ утринава е измерен ветер од над 140 км/ч, така што во Хрватска сè уште е во сила највисокото предупредување, особено во областа под Велебит.

Портокалово предупредување е во сила за остатокот од брегот поради силна бура, каде што се очекуваат налети што би можеле да надминат 120 км/ч.

Државниот хидрометеоролошки завод ги предупреди граѓаните да бидат подготвени за прекини, оштетувања на објекти и ризик од повреди поради откорнати дрвја, скршени гранки и отпад.

Не ја исклучуваат можноста за прекин на сообраќајот и снабдување со електрична енергија.

The post Во Хрватска утринава е измерен ветер од над 140 километри на час, во сила е портокалово предупредување appeared first on Република.

]]>

На автоматската мерна станица Призна кај Сењ утринава е измерен ветер од над 140 км/ч, така што во Хрватска сè уште е во сила највисокото предупредување, особено во областа под Велебит. Портокалово предупредување е во сила за остатокот од брегот поради силна бура, каде што се очекуваат налети што би можеле да надминат 120 км/ч. Државниот хидрометеоролошки завод ги предупреди граѓаните да бидат подготвени за прекини, оштетувања на објекти и ризик од повреди поради откорнати дрвја, скршени гранки и отпад. Не ја исклучуваат можноста за прекин на сообраќајот и снабдување со електрична енергија.

The post Во Хрватска утринава е измерен ветер од над 140 километри на час, во сила е портокалово предупредување appeared first on Република.

]]>
Силниот ветер откорна бандери и дрвја во Кавадаречко https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/silniot-veter-otkorna-banderi-i-drvja-vo-kavadarechko/ Sun, 05 Feb 2023 18:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=605073

Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко, кој откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа.

Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, службите од „Мој општинар“ и Јавното претпријатие „Комуналец“. Нивни екипи интервенираа на местата каде што беше потребно. Всушност, имаше проблеми со паднати бандери од кои поголемиот дел се сопственост на ЕВН и „Телеком и искорнати дрвја по патот, предизвикани од силниот ветер на кавадаречка територија, соопштија од Општината.

[caption id="attachment_605075" align="aligncenter" width="1080"] (фото: МИА)[/caption]

Оттаму апелираа до кавадарчани доколку имаат каква било потреба од интервенција, да се јават на бесплатните телефонски броеви 13 300 и 193, за да добијат поддршка во надминувањето на евентуалните проблеми.

The post Силниот ветер откорна бандери и дрвја во Кавадаречко appeared first on Република.

]]>

Силен ветер денеска го зафати Кавадаречко, кој откорна бандери и повеќе дрвја, информираа вечерва од кавадаречката локална самоуправа.
Брза беше интервенцијата на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, службите од „Мој општинар“ и Јавното претпријатие „Комуналец“. Нивни екипи интервенираа на местата каде што беше потребно. Всушност, имаше проблеми со паднати бандери од кои поголемиот дел се сопственост на ЕВН и „Телеком и искорнати дрвја по патот, предизвикани од силниот ветер на кавадаречка територија, соопштија од Општината.
[caption id="attachment_605075" align="aligncenter" width="1080"] (фото: МИА)[/caption] Оттаму апелираа до кавадарчани доколку имаат каква било потреба од интервенција, да се јават на бесплатните телефонски броеви 13 300 и 193, за да добијат поддршка во надминувањето на евентуалните проблеми.

The post Силниот ветер откорна бандери и дрвја во Кавадаречко appeared first on Република.

]]>