Сијарто Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sijarto/ За подобро да се разбереме Fri, 06 Sep 2024 20:02:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сијарто Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sijarto/ 32 32 Муцунски-Сијарто: Поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-sijarto-poddrshka-na-postojnite-i-pottiknuvane-novi-investitsii/ Fri, 06 Sep 2024 20:02:28 +0000 https://republika.mk/?p=813972

Поддршка на постојните и поттикнување на нови инвестиции биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.

Како што информираат од МНРТ, ова е прва посета на министерот Муцунски на Унгарија.

- На средбата беше нагласена важноста на пријателството меѓу двете земји изградено врз основа на меѓусебна доверба и поддршка, како во мултилатералните односи, така и во економската соработка, која ќе продолжи да се развива и продлабочува во иднина, со посебен акцент на поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции, стои во соопштението од МНР.

Оттаму дополнуваат дека министерот Муцунски на средбата се заблагодарил за целокупната поддршка од Унгарија, вклучително и неодамнешниот заем за нашата држава, како и големата помош при справување со пожарите. Притоа, тој го информирал својот унгарски колега за новите надлежности на министерството, структурирано слично на унгарското министерството со кое тој раководи.

Од страна на унгарскиот министер Сијарто била изразена недвосмислена поддршка за нашите евроинтеграции, истакнувајќи дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан ќе донесе нова енергија во Унијата. Тој нагласил дека Унгарија ќе продолжи да го поддржува нашето забрзано интегрирање, особено за време на унгарското претседавање со ЕУ, но и во иднина.

Во рамки на посетата на Унгарија, Министерот Муцунски остварил одвоена средба и со Иштван Јакаб, заменик претседател на Националното собрание на Унгарија и претседател на Групата за пријателство на Унгарија со земјите од Југоисточна Европа.

Во фокусот на средбата биле можностите за продлабочување на соработката во образованието, земјоделството и туризмот.

Министерот Муцунски изразил благодарност за континуираната поддршка од Унгарија во процесот на пристапување во Европската унија и партнерството во НАТО, истовремено нагласувајќи ја посветеноста на новата влада за спроведување европски реформи.

Заменик-претседателот Јакаб го поздравил долгогодишното пријателство меѓу двете држави и народи, изразувајќи уверување дека Унгарија ќе остане силен поддржувач за нашето полноправно членство во Европската Унија, особено во периодот на унгарското претседателство со Советот на Европа.

За време на посетата, државниот секретар во МНРНТ Елена Кузмановска остварила одвоена средба со државниот секретар за јавна администрација во МНРТ, Естер Ѓармати, чиј фокус на разговорите била реорганизацијата на МНРНТ, односно трансформацијата на Министерството за надворешни работи кое сега го вклучува и секторот на надворешна трговија во портфолиото на своите главни активности.

The post Муцунски-Сијарто: Поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции appeared first on Република.

]]>

Поддршка на постојните и поттикнување на нови инвестиции биле во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто. Како што информираат од МНРТ, ова е прва посета на министерот Муцунски на Унгарија. - На средбата беше нагласена важноста на пријателството меѓу двете земји изградено врз основа на меѓусебна доверба и поддршка, како во мултилатералните односи, така и во економската соработка, која ќе продолжи да се развива и продлабочува во иднина, со посебен акцент на поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции, стои во соопштението од МНР. Оттаму дополнуваат дека министерот Муцунски на средбата се заблагодарил за целокупната поддршка од Унгарија, вклучително и неодамнешниот заем за нашата држава, како и големата помош при справување со пожарите. Притоа, тој го информирал својот унгарски колега за новите надлежности на министерството, структурирано слично на унгарското министерството со кое тој раководи.
Од страна на унгарскиот министер Сијарто била изразена недвосмислена поддршка за нашите евроинтеграции, истакнувајќи дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан ќе донесе нова енергија во Унијата. Тој нагласил дека Унгарија ќе продолжи да го поддржува нашето забрзано интегрирање, особено за време на унгарското претседавање со ЕУ, но и во иднина. Во рамки на посетата на Унгарија, Министерот Муцунски остварил одвоена средба и со Иштван Јакаб, заменик претседател на Националното собрание на Унгарија и претседател на Групата за пријателство на Унгарија со земјите од Југоисточна Европа. Во фокусот на средбата биле можностите за продлабочување на соработката во образованието, земјоделството и туризмот. Министерот Муцунски изразил благодарност за континуираната поддршка од Унгарија во процесот на пристапување во Европската унија и партнерството во НАТО, истовремено нагласувајќи ја посветеноста на новата влада за спроведување европски реформи. Заменик-претседателот Јакаб го поздравил долгогодишното пријателство меѓу двете држави и народи, изразувајќи уверување дека Унгарија ќе остане силен поддржувач за нашето полноправно членство во Европската Унија, особено во периодот на унгарското претседателство со Советот на Европа. За време на посетата, државниот секретар во МНРНТ Елена Кузмановска остварила одвоена средба со државниот секретар за јавна администрација во МНРТ, Естер Ѓармати, чиј фокус на разговорите била реорганизацијата на МНРНТ, односно трансформацијата на Министерството за надворешни работи кое сега го вклучува и секторот на надворешна трговија во портфолиото на своите главни активности.

The post Муцунски-Сијарто: Поддршка на постојните и поттикнување нови инвестиции appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Унгарија нема да учестува во „лудата мисија“ на НАТО за помош на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-ungarija-nema-da-uchestuva-vo-ludata-misija-na-nato-za-pomosh-na-ukraina/ Thu, 09 May 2024 10:07:48 +0000 https://republika.mk/?p=776263

Унгарија нема да учествува во долгорочниот план на НАТО за помош на Украина, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, нарекувајќи го планот „луда мисија“, пренесува Хина.

Сојузниците на НАТО во април се согласија да започнат планови за долгорочна воена поддршка за Украина во борбата против руската инвазија преку формирање фонд вреден 100 милијарди евра.

Според плановите, НАТО ќе преземе дел од координацијата од коалицијата предводена од САД наречена Рамштајн група.

Шефот на унгарската дипломатија повтори дека унгарската Влада се противи на планот.

„Унгарија нема да се приклучи на лудата мисија на НАТО и покрај сите притисоци“, рече Сијарто на настан на Фејсбук во Лондон.

Владиниот портпарол Золтан Ковач, реагирајќи минатиот месец на иницијативата на НАТО, објави на платформата Х дека Унгарија нема да поддржи ниту еден предлог на НАТО што би можел „да ја доближи Алијансата до војна или да ја претвори од одбранбена во офанзивна коалиција“.

Односите меѓу Будимпешта и НАТО се затегнати поради доцнењето на Унгарија со ратификувањето на влезот на Шведска во Алијансата, што конечно го направи во март, и поради блиските односи на унгарскиот премиер Виктор Обран со Москва и покрај руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Американскиот амбасадор во Унгарија, Дејвид Пресман, претходно изјави дека сојузниците во НАТО ја предупредуваат Унгарија за опасностите од „блиските и се пошироки“ односите со Русија и дека, доколку тоа е политичкиот избор на Будимпешта, „ќе мора да одлучи како најдобро да ги заштити своите безбедносни интереси“.

The post Сијарто: Унгарија нема да учестува во „лудата мисија“ на НАТО за помош на Украина appeared first on Република.

]]>

Унгарија нема да учествува во долгорочниот план на НАТО за помош на Украина, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, нарекувајќи го планот „луда мисија“, пренесува Хина. Сојузниците на НАТО во април се согласија да започнат планови за долгорочна воена поддршка за Украина во борбата против руската инвазија преку формирање фонд вреден 100 милијарди евра. Според плановите, НАТО ќе преземе дел од координацијата од коалицијата предводена од САД наречена Рамштајн група. Шефот на унгарската дипломатија повтори дека унгарската Влада се противи на планот. „Унгарија нема да се приклучи на лудата мисија на НАТО и покрај сите притисоци“, рече Сијарто на настан на Фејсбук во Лондон. Владиниот портпарол Золтан Ковач, реагирајќи минатиот месец на иницијативата на НАТО, објави на платформата Х дека Унгарија нема да поддржи ниту еден предлог на НАТО што би можел „да ја доближи Алијансата до војна или да ја претвори од одбранбена во офанзивна коалиција“. Односите меѓу Будимпешта и НАТО се затегнати поради доцнењето на Унгарија со ратификувањето на влезот на Шведска во Алијансата, што конечно го направи во март, и поради блиските односи на унгарскиот премиер Виктор Обран со Москва и покрај руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Американскиот амбасадор во Унгарија, Дејвид Пресман, претходно изјави дека сојузниците во НАТО ја предупредуваат Унгарија за опасностите од „блиските и се пошироки“ односите со Русија и дека, доколку тоа е политичкиот избор на Будимпешта, „ќе мора да одлучи како најдобро да ги заштити своите безбедносни интереси“.

The post Сијарто: Унгарија нема да учестува во „лудата мисија“ на НАТО за помош на Украина appeared first on Република.

]]>
Средба Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ, поради неразумни билатерални пречки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sredba-mitskoski-sijarto-makedonija-e-predolgo-nadvor-od-eu-poradi-nerazumni-bilateralni-prechki/ Thu, 30 Nov 2023 09:34:34 +0000 https://republika.mk/?p=717856

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г.Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ г.Владо Мисајловски и г.Тимчо Муцунски оствари средба со министерот за надворешни работи на Унгарија г. Петер Сјарто.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека Македонија е предолго надвор од ЕУ, меѓудругото и поради неразумни билатерални пречки со што сериозно се разнишува и кредибилноста на самиот интегрирачки процес и со право се зголемува чувството за двојни аршини кога станува збор за стратешките евроинтегративни процеси.

Македонија со сите свои недостатоци во поглед на реформи и политики сепак споредено со други држави кои веќе се членки на Европската Унија, заслужува напредок кон остварување на оваа неспорна стратешка цел членство во Европската Унија, подвлече на средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.

Се разговараше и за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Македонија како што се економската криза, растечката сиромаштија, скапите цени и инфлацијата како и недостатокот на инвестиции и реформи.

Двајцата соговорници ги потврдија исклучително добрите односи кои ВМРО-ДПМНЕ ги има со унгарската Влада и Мицкоски се заблагодари на поддршката која Македонија ја има од пријателска Унгарија, соопштија од партијата.

The post Средба Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ, поради неразумни билатерални пречки appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г.Христијан Мицкоски денес, заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ г.Владо Мисајловски и г.Тимчо Муцунски оствари средба со министерот за надворешни работи на Унгарија г. Петер Сјарто. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека Македонија е предолго надвор од ЕУ, меѓудругото и поради неразумни билатерални пречки со што сериозно се разнишува и кредибилноста на самиот интегрирачки процес и со право се зголемува чувството за двојни аршини кога станува збор за стратешките евроинтегративни процеси. Македонија со сите свои недостатоци во поглед на реформи и политики сепак споредено со други држави кои веќе се членки на Европската Унија, заслужува напредок кон остварување на оваа неспорна стратешка цел членство во Европската Унија, подвлече на средбата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски.
Се разговараше и за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Македонија како што се економската криза, растечката сиромаштија, скапите цени и инфлацијата како и недостатокот на инвестиции и реформи. Двајцата соговорници ги потврдија исклучително добрите односи кои ВМРО-ДПМНЕ ги има со унгарската Влада и Мицкоски се заблагодари на поддршката која Македонија ја има од пријателска Унгарија, соопштија од партијата.

The post Средба Мицкоски – Сијарто: Македонија е предолго надвор од ЕУ, поради неразумни билатерални пречки appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Украина се уште не е погодна за членство во ЕУ, може да го вовлече блокот во војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-ukraina-se-ushte-ne-e-pogodna-za-chlenstvo-vo-eu-mozhe-da-go-vovleche-blokot-vo-vojna/ Thu, 09 Nov 2023 11:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=699866

Украина се уште не е погодна за членство во ЕУ и може да го вовлече блокот во војна, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Посебно е проблематичен начинот на кој Украина ги крши најфундаменталните права на ЕУ во однос на правата на националните малцинства“, напиша Сијарто на Фејсбук.

„И бидејќи, според оценката на ЕУ, Украина не ги исполнила условите за членство, ние не сметаме дека е време за било каков понатамошен напредок во однос на пристапните преговори со Украина“, додаде тој.

Сијарто, исто така, го критикуваше, како што рече, недостатокот на целосна слобода на печатот и слободата на говорот во Украина, како и недостатокот на фер избори.

Министерот за надворешни работи посочи дека влезот на Украина во ЕУ ќе му донесе војна на тој блок „која, очигледно, никој не ја сака“.

„Украина е во воена состојба, таму не се почитува ниту слободата на говорот, ниту слободата на изразување, а не се одржуваат ниту избори“, додаде Сијарто.

Претходно оваа недела, Балаш Орбан, политички директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан, рече дека Унгарија нема да дозволи отворање на преговорите за пристап на Украина во ЕУ се додека земјата го почитува контроверзниот јазичен закон во земјата.

The post Сијарто: Украина се уште не е погодна за членство во ЕУ, може да го вовлече блокот во војна appeared first on Република.

]]>

Украина се уште не е погодна за членство во ЕУ и може да го вовлече блокот во војна, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. „Посебно е проблематичен начинот на кој Украина ги крши најфундаменталните права на ЕУ во однос на правата на националните малцинства“, напиша Сијарто на Фејсбук. „И бидејќи, според оценката на ЕУ, Украина не ги исполнила условите за членство, ние не сметаме дека е време за било каков понатамошен напредок во однос на пристапните преговори со Украина“, додаде тој. Сијарто, исто така, го критикуваше, како што рече, недостатокот на целосна слобода на печатот и слободата на говорот во Украина, како и недостатокот на фер избори. Министерот за надворешни работи посочи дека влезот на Украина во ЕУ ќе му донесе војна на тој блок „која, очигледно, никој не ја сака“. „Украина е во воена состојба, таму не се почитува ниту слободата на говорот, ниту слободата на изразување, а не се одржуваат ниту избори“, додаде Сијарто. Претходно оваа недела, Балаш Орбан, политички директор на унгарскиот премиер Виктор Орбан, рече дека Унгарија нема да дозволи отворање на преговорите за пристап на Украина во ЕУ се додека земјата го почитува контроверзниот јазичен закон во земјата.

The post Сијарто: Украина се уште не е погодна за членство во ЕУ, може да го вовлече блокот во војна appeared first on Република.

]]>
Сијарто со црна прогноза за Европа: „Се ближи катастрофа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-so-tsrna-prognoza-za-evropa-se-blizhi-katastrofa/ Mon, 26 Jun 2023 09:14:38 +0000 https://republika.mk/?p=655196

Европа се приближува до катастрофа бидејќи не е подготвена да се откаже од воената психоза, изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

„Европа е се поблиску и поблиску до катастрофа - за жал, во секоја смисла. Сега е можно да се спречи уште поголема катастрофа и да се спасат илјадници животи, но за тоа е неопходно да се ослободиме од воената психоза. Но, јас (долго време) немам илузии дека тоа ќе се случи на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Од почетокот на руско-украинскиот конфликт, Унгарија е доследна да не испраќа оружје во Украина и постојано нагласува дека санкциите наметнати на Русија, пред се оние поврзани со нејзините производители на енергија, и штетат на Европа, а не на Руската Федерација.

Во март 2022 година, унгарскиот парламент донесе одлука со која се забранува испорака на оружје за Украина. Сијарто потоа истакна дека Будимпешта се обидува да ја обезбеди територијата на Закарпатија, каде што живеат Унгарци, а снабдувањето со оружје преку нејзината територија би ја направило легитимна воена цел на Руската Федерација.

The post Сијарто со црна прогноза за Европа: „Се ближи катастрофа“ appeared first on Република.

]]>

Европа се приближува до катастрофа бидејќи не е подготвена да се откаже од воената психоза, изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.
„Европа е се поблиску и поблиску до катастрофа - за жал, во секоја смисла. Сега е можно да се спречи уште поголема катастрофа и да се спасат илјадници животи, но за тоа е неопходно да се ослободиме од воената психоза. Но, јас (долго време) немам илузии дека тоа ќе се случи на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург“, напиша Сијарто на Фејсбук.
Од почетокот на руско-украинскиот конфликт, Унгарија е доследна да не испраќа оружје во Украина и постојано нагласува дека санкциите наметнати на Русија, пред се оние поврзани со нејзините производители на енергија, и штетат на Европа, а не на Руската Федерација. Во март 2022 година, унгарскиот парламент донесе одлука со која се забранува испорака на оружје за Украина. Сијарто потоа истакна дека Будимпешта се обидува да ја обезбеди територијата на Закарпатија, каде што живеат Унгарци, а снабдувањето со оружје преку нејзината територија би ја направило легитимна воена цел на Руската Федерација.

The post Сијарто со црна прогноза за Европа: „Се ближи катастрофа“ appeared first on Република.

]]>
Сијарто: Унгарија нема да испорачува оружје за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sijarto-ungarija-nema-da-isporachuva-oruzje-za-ukraina/ Tue, 19 Apr 2022 14:37:08 +0000 https://republika.mk/?p=490611

Унгарија нема да испорачува оружје за Украина бидејќи сака да избегне инциденти во близина на својата граница слични на оној во близина на Лавов кога руската армија уништи контингент странско оружје испратен за украинската армија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Најважна работа за нас е безбедноста на Унгарија и ќе направиме се што е можно да спречиме нашата земја да се вклучи во војната“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Мевлут Чауавушоглу во Анкара.

Тој повтори дека унгарската Влада одби да испорача оружје на Украина и не дозволи транспорт на оружје за украинската армија преку нејзина територија, а таа одлука ја оцени како добра, особено во светло на неодамнешниот настан во Лавов.

Не сакаме слични настани во областите во близина на унгарско-украинската граница населени со етнички Унгарци“, изјави министерот за надворешни работи.

Руското Министерство за одбрана на 18 април објави дека користејќи ракети со висока прецизност нападнале цели во близина на Лавов и го уништиле логистичкиот центар на украинската армија и големи пратки странско оружје што пристигнале во Украина неколку дена претходно од САД и европските земји.

The post Сијарто: Унгарија нема да испорачува оружје за Украина appeared first on Република.

]]>

Унгарија нема да испорачува оружје за Украина бидејќи сака да избегне инциденти во близина на својата граница слични на оној во близина на Лавов кога руската армија уништи контингент странско оружје испратен за украинската армија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Најважна работа за нас е безбедноста на Унгарија и ќе направиме се што е можно да спречиме нашата земја да се вклучи во војната“, рече Сијарто на заедничката прес-конференција со неговиот турски колега Мевлут Чауавушоглу во Анкара.
Тој повтори дека унгарската Влада одби да испорача оружје на Украина и не дозволи транспорт на оружје за украинската армија преку нејзина територија, а таа одлука ја оцени како добра, особено во светло на неодамнешниот настан во Лавов.
Не сакаме слични настани во областите во близина на унгарско-украинската граница населени со етнички Унгарци“, изјави министерот за надворешни работи.
Руското Министерство за одбрана на 18 април објави дека користејќи ракети со висока прецизност нападнале цели во близина на Лавов и го уништиле логистичкиот центар на украинската армија и големи пратки странско оружје што пристигнале во Украина неколку дена претходно од САД и европските земји.

The post Сијарто: Унгарија нема да испорачува оружје за Украина appeared first on Република.

]]>