сигнал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/signal/ За подобро да се разбереме Sun, 25 Aug 2024 14:16:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сигнал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/signal/ 32 32 Пронајден можен извор на сигналот „Вау“, „пораката од вонземјани“ што ги збунува астрономите скоро половина век https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pronajden-mozhen-izvor-na-signalot-vau-porakata-od-vonzemjani-shto-gi-zbunuva-astronomite-skoro-polovina-vek/ Sun, 25 Aug 2024 18:47:27 +0000 https://republika.mk/?p=810039

Група научници од Универзитетот на Порторико во градот Аресибо, се чини, се сѐ поблиску до решавање на мистеријата за сигналот „Вау“, регистриран пред 47 години. Овој феномен се сметаше за можна „порака“ од вонземјани.

Новата теорија е објавена на порталот за нерецензирани научни публикации „Арксив“, пренесува српскиот портал „Политика“.

На 15 август 1977 година, американскиот астроном Џери Ејман од Државниот универзитет во Охајо снимил мистериозен радиопренос од Вселената, на фреквенција од 1.420 мегахерци. Сигналот дошол од соѕвездието Стрелец во центарот на нашата галаксија Млечен Пат.

Воодушевен од откритието, истражувачот ја означил примената порака со извикот „Вау!“ (Wow!).

Тоа и останало како неофицијално име на тој необичен сигнал.

Најновото истражување посочува дека мистериозниот сигнал би можел да биде зрачење на супермоќен ласер. Тоа веројатно е поврзано со меѓуѕвездени облаци од ладен водород. Најсилниот излив на зрачење што минува низ водород го поттикнува тој гас да создаде моќен пулс на фреквенција од околу 1.420 мегахерци.

The post Пронајден можен извор на сигналот „Вау“, „пораката од вонземјани“ што ги збунува астрономите скоро половина век appeared first on Република.

]]>

Група научници од Универзитетот на Порторико во градот Аресибо, се чини, се сѐ поблиску до решавање на мистеријата за сигналот „Вау“, регистриран пред 47 години. Овој феномен се сметаше за можна „порака“ од вонземјани. Новата теорија е објавена на порталот за нерецензирани научни публикации „Арксив“, пренесува српскиот портал „Политика“. На 15 август 1977 година, американскиот астроном Џери Ејман од Државниот универзитет во Охајо снимил мистериозен радиопренос од Вселената, на фреквенција од 1.420 мегахерци. Сигналот дошол од соѕвездието Стрелец во центарот на нашата галаксија Млечен Пат. Воодушевен од откритието, истражувачот ја означил примената порака со извикот „Вау!“ (Wow!). Тоа и останало како неофицијално име на тој необичен сигнал. Најновото истражување посочува дека мистериозниот сигнал би можел да биде зрачење на супермоќен ласер. Тоа веројатно е поврзано со меѓуѕвездени облаци од ладен водород. Најсилниот излив на зрачење што минува низ водород го поттикнува тој гас да создаде моќен пулс на фреквенција од околу 1.420 мегахерци.

The post Пронајден можен извор на сигналот „Вау“, „пораката од вонземјани“ што ги збунува астрономите скоро половина век appeared first on Република.

]]>