сидриште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sidrishte/ За подобро да се разбереме Sat, 09 Mar 2024 11:56:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сидриште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sidrishte/ 32 32 По извршени консултации со Заводот за заштита на културно наследство, Министерството за животна средина и УНЕСКО, започнува реконструкцијата на Сидриштето во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-izvrsheni-konsultatsii-so-zavodot-za-zashtita-na-kulturno-nasledstvo-ministerstvoto-za-zhivotna-sredina-i-unesko-zapochnuva-rekonstruktsijata-na-sidrishteto-vo-ohrid/ Sat, 09 Mar 2024 14:01:35 +0000 https://republika.mk/?p=752989

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска го посети армискиот Центар за обука на вода во Охрид, каде следната недела продолжува реконструкцијата на старата и дотраена дрвена платформа, во делот кој се користи за паркирање на воени и цивилни пловни објекти и изградбата на потпорниот ѕид.

Министерката истакна дека по увидот на состојбата направен минатата година, констатирано  е дека Сидриштето се наоѓа во многу лоша состојба и дека неговата понатамошна употреба може да ги загрози животите на корисниците. Петровска појасни дека по отворената јавна набавка и изборот на фирма, заради укажувањето на граѓанска организација дека има можност за загрозување на животната средина, реконструкцијата е стопирана и побарани се мислења од надлежните институции и УНЕСКО.

„Се обративме на надлежните институции – Министерството за животна средина, Заводот за заштита на културното наследство и УНЕСКО и сите по увидот кој го направија во документацијата, вклучително и Елаборатот за заштита на животната средина констатираа дека нема никаква опасност по животната средина“, рече министерката.

Петровска рече дека активностите за реконструкција од страна на избраната компанија продолжуваат од понеделник и согласно договорот ќе траат 45 работни дена.

Реконструкцијата на платформата при која ќе се користат еколошки материјали се однесува на левата страна на Студенчишкиот канал и тоа во должина од 190 метри. Реконструкцијата се врши врз основа на истиот проект согласно кој е изведена реконструкцијата на десната страна на каналот.

The post По извршени консултации со Заводот за заштита на културно наследство, Министерството за животна средина и УНЕСКО, започнува реконструкцијата на Сидриштето во Охрид appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска го посети армискиот Центар за обука на вода во Охрид, каде следната недела продолжува реконструкцијата на старата и дотраена дрвена платформа, во делот кој се користи за паркирање на воени и цивилни пловни објекти и изградбата на потпорниот ѕид. Министерката истакна дека по увидот на состојбата направен минатата година, констатирано  е дека Сидриштето се наоѓа во многу лоша состојба и дека неговата понатамошна употреба може да ги загрози животите на корисниците. Петровска појасни дека по отворената јавна набавка и изборот на фирма, заради укажувањето на граѓанска организација дека има можност за загрозување на животната средина, реконструкцијата е стопирана и побарани се мислења од надлежните институции и УНЕСКО. „Се обративме на надлежните институции – Министерството за животна средина, Заводот за заштита на културното наследство и УНЕСКО и сите по увидот кој го направија во документацијата, вклучително и Елаборатот за заштита на животната средина констатираа дека нема никаква опасност по животната средина“, рече министерката. Петровска рече дека активностите за реконструкција од страна на избраната компанија продолжуваат од понеделник и согласно договорот ќе траат 45 работни дена. Реконструкцијата на платформата при која ќе се користат еколошки материјали се однесува на левата страна на Студенчишкиот канал и тоа во должина од 190 метри. Реконструкцијата се врши врз основа на истиот проект согласно кој е изведена реконструкцијата на десната страна на каналот.

The post По извршени консултации со Заводот за заштита на културно наследство, Министерството за животна средина и УНЕСКО, започнува реконструкцијата на Сидриштето во Охрид appeared first on Република.

]]>