Сида Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sida/ За подобро да се разбереме Tue, 15 Oct 2024 15:38:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сида Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sida/ 32 32 Во септември тројца мажи заболеле од ХИВ, а двајца од СИДА https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-septemvri-trojtsa-mazhi-zabolele-od-hiv-a-dvajtsa-od-sida/ Tue, 15 Oct 2024 15:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=827231

Минатиот месец пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во новиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, бројот на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 680. Од нив 131 лице починало, а 545 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Како што е наведено во билтенот, во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 13 новозаболени лица. Пријавени се 11 случаи на вирусен хепатитис Б, како и по еден случај на сифилис и инфекции со кламидија.

The post Во септември тројца мажи заболеле од ХИВ, а двајца од СИДА appeared first on Република.

]]>

Минатиот месец пријавени се три случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години, информираат во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во новиот билтен за движењето на акутните заразни заболувања. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи, бројот на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Р. Македонија, за периодот 1987–2024, изнесува 680. Од нив 131 лице починало, а 545 лица живеат со ХИВ/СИДА. Како што е наведено во билтенот, во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани 13 новозаболени лица. Пријавени се 11 случаи на вирусен хепатитис Б, како и по еден случај на сифилис и инфекции со кламидија.

The post Во септември тројца мажи заболеле од ХИВ, а двајца од СИДА appeared first on Република.

]]>
Во Куманово регистриран еден нов позитивен на ХИВ/СИДА https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vo-kumanovo-registriran-eden-nov-pozitiven-na-hiv-sida/ Fri, 01 Dec 2023 17:32:32 +0000 https://republika.mk/?p=718457

Едно лице е регистрирано како новопозитивен случај на ХИВ/СИДА во Куманово во тековната година, соопштија надлежните од епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје.

Лани и полани исто така беше евидентиран по само еден случај.

Сите кои имаат ризичен однос, оние кои инјектираат дрога, кои се сомневаат, можат да се тестираат анонимно, доверливо во нашето советувалиште. Тестирањето е доброволно и се препорачува за сите засегнати во одделот за микробиологија, вели епидемиологот Едита Рамизи од ЦЈЗ Куманово.

Во Куманово од почетокот од 1987 година регистрирани се 29 заболени, од кои пет е се починати.

Постојано обрнуваме внимание на младата популација преку едукација, одржување предавања во сите училишта на на двата јазика, и на македонски и на албански јазик. На овој начин влијаеме на подигање на свеста за вирусот и болеста, вели докторката.

Лицата кои се инфицирани живеат подолго со антивирусната терапија ако навремено се тестираат, особено при сомнителен контакт. Граѓански здруженија во соработка со кумановските лекари изминативе години вршеа теренски тестирања, особено меѓу зависниците од дрога.

Лекарите препорачуваат тестирање за сите оние кои не практикуваат безбедни сексуални односи. Со воведување на антиретровирусната терапија како и со прекспозиционата заштита, периодот на живеење со ХИВ инфекцијата е сè подолг.

ЦЈЗ Куманово располага со доволен број тестови и ги повика сите засгнати доброволно, анонимно да се тестираат.

The post Во Куманово регистриран еден нов позитивен на ХИВ/СИДА appeared first on Република.

]]>

Едно лице е регистрирано како новопозитивен случај на ХИВ/СИДА во Куманово во тековната година, соопштија надлежните од епидемиолошката служба од Центарот за јавно здравје. Лани и полани исто така беше евидентиран по само еден случај.
Сите кои имаат ризичен однос, оние кои инјектираат дрога, кои се сомневаат, можат да се тестираат анонимно, доверливо во нашето советувалиште. Тестирањето е доброволно и се препорачува за сите засегнати во одделот за микробиологија, вели епидемиологот Едита Рамизи од ЦЈЗ Куманово.
Во Куманово од почетокот од 1987 година регистрирани се 29 заболени, од кои пет е се починати.
Постојано обрнуваме внимание на младата популација преку едукација, одржување предавања во сите училишта на на двата јазика, и на македонски и на албански јазик. На овој начин влијаеме на подигање на свеста за вирусот и болеста, вели докторката.
Лицата кои се инфицирани живеат подолго со антивирусната терапија ако навремено се тестираат, особено при сомнителен контакт. Граѓански здруженија во соработка со кумановските лекари изминативе години вршеа теренски тестирања, особено меѓу зависниците од дрога. Лекарите препорачуваат тестирање за сите оние кои не практикуваат безбедни сексуални односи. Со воведување на антиретровирусната терапија како и со прекспозиционата заштита, периодот на живеење со ХИВ инфекцијата е сè подолг. ЦЈЗ Куманово располага со доволен број тестови и ги повика сите засгнати доброволно, анонимно да се тестираат.

The post Во Куманово регистриран еден нов позитивен на ХИВ/СИДА appeared first on Република.

]]>
Елтон Џон сака да ја искорени СИДА-та до 2030 година: „Ќе предизвикам некои од моите пријатели“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/elton-dhon-saka-da-ja-iskoreni-sida-ta-do-2030-godina-ke-predizvikam-nekoi-od-moite-prijateli/ Thu, 08 Jun 2023 09:23:19 +0000 https://republika.mk/?p=649131

Британскиот пејач Елтон Џон изјави дека е можно и изводливо да се искорени СИДА-та до 2030 година, а неговата хуманитарна организација покрена нова иницијатива. Организацијата на Елтон Џон за борба против СИДА денеска лансираше тригодишен фонд, вреден 125 милиони долари, за борба против зголемената стапка на ХИВ инфекција во ранливите заедници.

Зборувајќи за Ракетниот фонд на Добро утро Америка (GMA), Џон рече:

„Имаме уште работа, но затоа го започнувам ова, навистина сакаме да ставиме крај на ситуацијата со СИДА до 2030 година, мислиме дека тоа е можно и изводливо, па сакаме само да продолжиме понатаму“.

Фондот ќе поддржи пристап до превенција и третман на ХИВ за повеќе од 1 милион луѓе, вклучително овозможување пристап до тестирање, антиретровирусна терапија и профилакса на ХИВ пред-експозиција (PrEP). Џон ја започна и „Let Your Inner Elton Out“, која ги охрабрува луѓето да ја подигнат свеста за СИДА и ХИВ на социјалните мрежи со спомнување на 76-годишната мегаѕвезда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

„Пораката е, ајде, „Пушти го твојот внатрешен Елтон надвор“, ајде да собереме пари, да го завршиме ова“, рече тој. „Ќе предизвикам некои од моите пријатели... Ќе ги предизвикам Ем Џеј Родригез, Нил Патрик Харис и ЏоЏо Сива за да видам што ќе смислат“, рече тој.

Светски познатиот пејач и текстописец зборуваше и за неговата турнеја Farewell Yellow Brick Road. Џон рече:

„Ќе биде емотивно, но не размислувам за тоа. Јас сум само концентриран на следната најдобра изведба што можам“.

Следниот месец треба да го одржи последниот концерт во Стокхолм, Шведска. Тој додаде:

„Моите синови ќе бидат на последниот концерт. Тоа ќе биде одлична можност и кој знае какво че биде чувството?“.

Тој претходно потврди дека ова дефинитивно ќе биде неговата последна турнеја, истакнувајќи дека до крајот само на оваа турнеја ќе одржи речиси 350 концерти.

 

The post Елтон Џон сака да ја искорени СИДА-та до 2030 година: „Ќе предизвикам некои од моите пријатели“ appeared first on Република.

]]>

Британскиот пејач Елтон Џон изјави дека е можно и изводливо да се искорени СИДА-та до 2030 година, а неговата хуманитарна организација покрена нова иницијатива. Организацијата на Елтон Џон за борба против СИДА денеска лансираше тригодишен фонд, вреден 125 милиони долари, за борба против зголемената стапка на ХИВ инфекција во ранливите заедници. Зборувајќи за Ракетниот фонд на Добро утро Америка (GMA), Џон рече:
„Имаме уште работа, но затоа го започнувам ова, навистина сакаме да ставиме крај на ситуацијата со СИДА до 2030 година, мислиме дека тоа е можно и изводливо, па сакаме само да продолжиме понатаму“.
Фондот ќе поддржи пристап до превенција и третман на ХИВ за повеќе од 1 милион луѓе, вклучително овозможување пристап до тестирање, антиретровирусна терапија и профилакса на ХИВ пред-експозиција (PrEP). Џон ја започна и „Let Your Inner Elton Out“, која ги охрабрува луѓето да ја подигнат свеста за СИДА и ХИВ на социјалните мрежи со спомнување на 76-годишната мегаѕвезда.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Elton John (@eltonjohn)

„Пораката е, ајде, „Пушти го твојот внатрешен Елтон надвор“, ајде да собереме пари, да го завршиме ова“, рече тој. „Ќе предизвикам некои од моите пријатели... Ќе ги предизвикам Ем Џеј Родригез, Нил Патрик Харис и ЏоЏо Сива за да видам што ќе смислат“, рече тој.
Светски познатиот пејач и текстописец зборуваше и за неговата турнеја Farewell Yellow Brick Road. Џон рече:
„Ќе биде емотивно, но не размислувам за тоа. Јас сум само концентриран на следната најдобра изведба што можам“.
Следниот месец треба да го одржи последниот концерт во Стокхолм, Шведска. Тој додаде:
„Моите синови ќе бидат на последниот концерт. Тоа ќе биде одлична можност и кој знае какво че биде чувството?“.
Тој претходно потврди дека ова дефинитивно ќе биде неговата последна турнеја, истакнувајќи дека до крајот само на оваа турнеја ќе одржи речиси 350 концерти.  

The post Елтон Џон сака да ја искорени СИДА-та до 2030 година: „Ќе предизвикам некои од моите пријатели“ appeared first on Република.

]]>
Излекувана првата жена од СИДА со матични клетки од крв од папочна врвца https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/izlekuvana-prvata-zena-od-sida-so-matichni-kletki-od-krv-od-papochna-vrvca/ Wed, 16 Feb 2022 08:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=459113

Американските научници соопштија дека со трансплантација на коскена срцевина на донор кој имал природен имунитет на вирусот што ја предизвикува болеста, успешно ја излекувале првата жена од СИДА во САД, вкупно трето лице.

Случајот на средовечната пациентка од мешана раса беше претставен на научна конференција за ретровируси и инфекции во Денвер и таа е првата личност која се лекува со новата метода која вклучува матични клетки од крв од папочна врвца.

Откако добила крв од папочна врвца за третман на акутна миелоидна леукемија, форма на рак што се формира во клетките кои формираат крв во коскената срцевина, пациентката сега е во фаза на ремисија и е излекувана од вирусот по 14 месеци.

Двата досега случаи на излекувани од СИДА се однесуваа на мажи, еден бел и еден латиноамериканец, а тие се излекувани преку возрасни матични станици, кои вообичаено се користат при трансплантација на коскена срцевина.

Овој случај е дел од поголемо истражување кое третира 25 лица заразени со ХИВ, а кои ќе бидат подложени на трансплантација на коскена срцевина. Сите првично ќе подлежат на хемотерапија за да им се отстранат канцерогените клетки. Потоа ќе им биде пресадена коскена срцевина од луѓе со специфична генска мутација, кои немаат рецептори кои вирусот ги користи за инфицирање на клетките.

Научниците веруваат дека овие лица потоа ќе развијат имунолошки систем, отпорен на ХИВ.

The post Излекувана првата жена од СИДА со матични клетки од крв од папочна врвца appeared first on Република.

]]>

Американските научници соопштија дека со трансплантација на коскена срцевина на донор кој имал природен имунитет на вирусот што ја предизвикува болеста, успешно ја излекувале првата жена од СИДА во САД, вкупно трето лице. Случајот на средовечната пациентка од мешана раса беше претставен на научна конференција за ретровируси и инфекции во Денвер и таа е првата личност која се лекува со новата метода која вклучува матични клетки од крв од папочна врвца. Откако добила крв од папочна врвца за третман на акутна миелоидна леукемија, форма на рак што се формира во клетките кои формираат крв во коскената срцевина, пациентката сега е во фаза на ремисија и е излекувана од вирусот по 14 месеци. Двата досега случаи на излекувани од СИДА се однесуваа на мажи, еден бел и еден латиноамериканец, а тие се излекувани преку возрасни матични станици, кои вообичаено се користат при трансплантација на коскена срцевина. Овој случај е дел од поголемо истражување кое третира 25 лица заразени со ХИВ, а кои ќе бидат подложени на трансплантација на коскена срцевина. Сите првично ќе подлежат на хемотерапија за да им се отстранат канцерогените клетки. Потоа ќе им биде пресадена коскена срцевина од луѓе со специфична генска мутација, кои немаат рецептори кои вирусот ги користи за инфицирање на клетките. Научниците веруваат дека овие лица потоа ќе развијат имунолошки систем, отпорен на ХИВ.

The post Излекувана првата жена од СИДА со матични клетки од крв од папочна врвца appeared first on Република.

]]>