Си Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/si/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 08:05:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Си Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/si/ 32 32 Си и Путин се согласуваат за потребата од „политичко решение“ за конфликтот во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/si-i-putin-se-soglasuvaat-za-potrebata-od-politichko-reshenie-za-konfliktot-vo-ukraina/ Thu, 16 May 2024 08:05:08 +0000 https://republika.mk/?p=778623

Кинескиот лидер Си Џинпинг изјави денеска дека тој и рускиот колега Владимир Путин се согласиле за потребата од „политичко решение“ за војната во Украина, по разговорите меѓу двајцата претседатели во Пекинг.

„Двете страни се согласуваат дека политичкото решение за украинската криза е правилна насока“, изјави Си за медиумите заедно со Путин на заедничката прес-конференција што ја емитуваше Руската телевизија.

The post Си и Путин се согласуваат за потребата од „политичко решение“ за конфликтот во Украина appeared first on Република.

]]>

Кинескиот лидер Си Џинпинг изјави денеска дека тој и рускиот колега Владимир Путин се согласиле за потребата од „политичко решение“ за војната во Украина, по разговорите меѓу двајцата претседатели во Пекинг. „Двете страни се согласуваат дека политичкото решение за украинската криза е правилна насока“, изјави Си за медиумите заедно со Путин на заедничката прес-конференција што ја емитуваше Руската телевизија.

The post Си и Путин се согласуваат за потребата од „политичко решение“ за конфликтот во Украина appeared first on Република.

]]>
Бајден го нарече Си „диктатор“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-go-nareche-si-diktator/ Thu, 16 Nov 2023 09:19:10 +0000 https://republika.mk/?p=702065

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг „диктатор“ непосредно по нивната вчерашна средба во близина на Сан Франциско и само неколку дена откако тој наведе дека би сакал да ги подобри каналите за комуникација преку директна телефонска линија меѓу двајцата.

- Тој е диктатор во смисла дека раководи со земја, која е комунистичка и има сосема поинаква форма на владеење од нашата, наведе Бајден на прес-конференцијата по средбата со Си.

Кинеското Министерство за надворешни работи жестоко реагираше на денешниот коментар на Бајден за Си, нарекувајќи го крајно погрешна и неодговорна политичка манипулација.

- Секогаш ќе има злонамерни луѓе кои ќе се обидат да внесат клин во кинеско-американските односи, но нема да успеат, изјави на прес-конференција портпаролката на министерството Мао Нинг.

Бајден, исто така, во јуни го нарече Си „диктатор“, откако САД соборија наводен кинески шпионски балон неколку месеци претходно. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи тогаш го нарече говорот на Бајден „апсурден и неодговорен“

The post Бајден го нарече Си „диктатор“ appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече кинескиот претседател Си Џинпинг „диктатор“ непосредно по нивната вчерашна средба во близина на Сан Франциско и само неколку дена откако тој наведе дека би сакал да ги подобри каналите за комуникација преку директна телефонска линија меѓу двајцата. - Тој е диктатор во смисла дека раководи со земја, која е комунистичка и има сосема поинаква форма на владеење од нашата, наведе Бајден на прес-конференцијата по средбата со Си. Кинеското Министерство за надворешни работи жестоко реагираше на денешниот коментар на Бајден за Си, нарекувајќи го крајно погрешна и неодговорна политичка манипулација. - Секогаш ќе има злонамерни луѓе кои ќе се обидат да внесат клин во кинеско-американските односи, но нема да успеат, изјави на прес-конференција портпаролката на министерството Мао Нинг. Бајден, исто така, во јуни го нарече Си „диктатор“, откако САД соборија наводен кинески шпионски балон неколку месеци претходно. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи тогаш го нарече говорот на Бајден „апсурден и неодговорен“

The post Бајден го нарече Си „диктатор“ appeared first on Република.

]]>
Си и Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот во Сан Франциско https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/si-i-bajden-ke-razgovaraat-za-globalniot-mir-i-razvoj-na-samitot-vo-san-frantsisko/ Mon, 13 Nov 2023 08:50:49 +0000 https://republika.mk/?p=700914

Кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот оваа недела во Сан Франциско, соопшти денеска Пекинг.

„Двајцата шефови на држави ќе имаат длабинска комуникација за стратешки, општи и насочувачки прашања во врска со односите меѓу Кина и САД, како и за главните прашања во врска со глобалниот мир и развој“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг на редовниот брифинг.

Таа додаде дека Пекинг се противи на „дефинирање на односите меѓу Кина и САД во однос на конкуренцијата“.

The post Си и Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот во Сан Франциско appeared first on Република.

]]>

Кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Џо Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот оваа недела во Сан Франциско, соопшти денеска Пекинг. „Двајцата шефови на држави ќе имаат длабинска комуникација за стратешки, општи и насочувачки прашања во врска со односите меѓу Кина и САД, како и за главните прашања во врска со глобалниот мир и развој“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Мао Нинг на редовниот брифинг. Таа додаде дека Пекинг се противи на „дефинирање на односите меѓу Кина и САД во однос на конкуренцијата“.

The post Си и Бајден ќе разговараат за „глобалниот мир и развој“ на самитот во Сан Франциско appeared first on Република.

]]>
Си по средбата со Блинкен во Пекинг: Кина и САД остварија напредок и постигнаа договор за некои специфични теми https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/si-po-sredbata-so-blinken-vo-peking-kina-i-sad-ostvarija-napredok-i-postignaa-dogovor-za-nekoi-spetsifichni-temi/ Mon, 19 Jun 2023 10:09:58 +0000 https://republika.mk/?p=653047

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен во услови на зголемени тензии меѓу двете светски велесили, јави ДПА.

До средбата, што беше потврдена во последен момент, дојде на вториот ден од посетата на шефот на американската дипломатија на Кина.

Си ги опиша разговорите како „многу добри“ и рече дека „двете страни, исто така, постигнале напредок и постигнале договор за некои специфични теми“.

Односите меѓу државите секогаш треба да се темелат на меѓусебно почитување и искреност, рече Си, додавајќи дека се надева дека посетата на Блинкен ќе помогне во „стабилизирање на односите меѓу Кина и САД“.

Ова е првата посета на американскиот државен секретар на Кина од 2018 година.

Соопштувањето на веста дека Си ќе разговара со Блинкен се смета за посебен гест и знак дека Пекинг сака да ги изглади зголемените тензии меѓу ривалските сили.

Разговорот со Си доаѓа по два дена интензивна билатерална дипломатија.

ДПА потсетува дека Блинкен, претходно денеска, исто така, се сретна со највисокиот официјален претставник на надворешната политика на Пекинг, Ванг Ји, кој во хиерахијата на моќта во Кина се наоѓа над шефот на дипломатијата, Чин Ганг,.

Според кинеските државни медиуми, Ванг изјави дека посетата на Блинкен доаѓа во „критички момент за кинеско-американските односи“, кои се во „надолна линија“.

Блинкен, вчера, 7,5 часа разговараше и со министерот Чин – што беше многу подолго време од планираното.

The post Си по средбата со Блинкен во Пекинг: Кина и САД остварија напредок и постигнаа договор за некои специфични теми appeared first on Република.

]]>

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со американскиот државен секретар Антони Блинкен во услови на зголемени тензии меѓу двете светски велесили, јави ДПА. До средбата, што беше потврдена во последен момент, дојде на вториот ден од посетата на шефот на американската дипломатија на Кина. Си ги опиша разговорите како „многу добри“ и рече дека „двете страни, исто така, постигнале напредок и постигнале договор за некои специфични теми“.
Односите меѓу државите секогаш треба да се темелат на меѓусебно почитување и искреност, рече Си, додавајќи дека се надева дека посетата на Блинкен ќе помогне во „стабилизирање на односите меѓу Кина и САД“.
Ова е првата посета на американскиот државен секретар на Кина од 2018 година. Соопштувањето на веста дека Си ќе разговара со Блинкен се смета за посебен гест и знак дека Пекинг сака да ги изглади зголемените тензии меѓу ривалските сили. Разговорот со Си доаѓа по два дена интензивна билатерална дипломатија. ДПА потсетува дека Блинкен, претходно денеска, исто така, се сретна со највисокиот официјален претставник на надворешната политика на Пекинг, Ванг Ји, кој во хиерахијата на моќта во Кина се наоѓа над шефот на дипломатијата, Чин Ганг,. Според кинеските државни медиуми, Ванг изјави дека посетата на Блинкен доаѓа во „критички момент за кинеско-американските односи“, кои се во „надолна линија“. Блинкен, вчера, 7,5 часа разговараше и со министерот Чин – што беше многу подолго време од планираното.

The post Си по средбата со Блинкен во Пекинг: Кина и САД остварија напредок и постигнаа договор за некои специфични теми appeared first on Република.

]]>