Си Џипинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/si-dhiping/ За подобро да се разбереме Wed, 03 Jul 2024 16:58:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Си Џипинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/si-dhiping/ 32 32 Путин се сретна со Џипинг и со Ердоган https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-se-sretna-so-dhiping-i-so-erdogan/ Wed, 03 Jul 2024 17:20:31 +0000 https://republika.mk/?p=793170

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска во Астана, главниот град на Казахстан, на маргините на 24-от Самит на шефови на држави на Организацијата за соработка во Шангај се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Шангајската организација за соработка денес е еден од клучните столбови на праведниот светски поредок, посочи Путин по средбата со Си Џипинг.

Тој додаде дека Русија и Кина не формираат никакви блокови, оти соработката помеѓу двете земји не е насочена против други, туку Москва и Пекинг дејствуваат во интерес на своите народи.

Како што јавуваат турските медиуми, Ердоган и Путин зборувале за билатерални и глобални прашања.

Со Русија разговараме и за нуклеарната централа во Синоп. Верувам дека ќе преземеме сериозни чекори во овој поглед, рече Ердоган, мислејќи на планираната изградба на централа во црноморскиот регион Туркије.

Тоа ќе биде втора нуклеарна централа во Турција, заедно со Акуја во Мерсин во јужна Турција, и втора изградена во партнерство со Москва.

Нашата цел е да постигнеме обем на трговска соработка во износ од 100 милијарди долари меѓу Турција и Русија, веќе имаме потенцијал за тоа, рече турскиот претседател.

Путин на средбата со Ердоган рече дека и покрај сите тешкотии во светот, односите меѓу Русија и Турција напредуваат чекор по чекор.

Тој го истакна напредокот во нивните „стратешки проекти“ и рекордните бројки во туризмот, со 6,7 милиони руски туристи што ја посетиле Турција минатата година.

На средбата во Астана, Ердоган го покани Путин да ја посети Турција, а рускиот претседател изјави дека посета на Анкара секако ќе има.

The post Путин се сретна со Џипинг и со Ердоган appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска во Астана, главниот град на Казахстан, на маргините на 24-от Самит на шефови на држави на Организацијата за соработка во Шангај се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Шангајската организација за соработка денес е еден од клучните столбови на праведниот светски поредок, посочи Путин по средбата со Си Џипинг.
Тој додаде дека Русија и Кина не формираат никакви блокови, оти соработката помеѓу двете земји не е насочена против други, туку Москва и Пекинг дејствуваат во интерес на своите народи. Како што јавуваат турските медиуми, Ердоган и Путин зборувале за билатерални и глобални прашања.
Со Русија разговараме и за нуклеарната централа во Синоп. Верувам дека ќе преземеме сериозни чекори во овој поглед, рече Ердоган, мислејќи на планираната изградба на централа во црноморскиот регион Туркије.
Тоа ќе биде втора нуклеарна централа во Турција, заедно со Акуја во Мерсин во јужна Турција, и втора изградена во партнерство со Москва.
Нашата цел е да постигнеме обем на трговска соработка во износ од 100 милијарди долари меѓу Турција и Русија, веќе имаме потенцијал за тоа, рече турскиот претседател.
Путин на средбата со Ердоган рече дека и покрај сите тешкотии во светот, односите меѓу Русија и Турција напредуваат чекор по чекор. Тој го истакна напредокот во нивните „стратешки проекти“ и рекордните бројки во туризмот, со 6,7 милиони руски туристи што ја посетиле Турција минатата година. На средбата во Астана, Ердоган го покани Путин да ја посети Турција, а рускиот претседател изјави дека посета на Анкара секако ќе има.

The post Путин се сретна со Џипинг и со Ердоган appeared first on Република.

]]>
Си Џинпинг по трет пат реизбран за претседател на Кина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/si-dhinping-po-tret-pat-reizbran-za-pretsedatel-na-kina/ Fri, 10 Mar 2023 07:32:04 +0000 https://republika.mk/?p=617951

Кинескиот претседател Си Џинпинг обезбеди трет петгодишен претседателски мандат.

Претседателската кандидатура на Си, која беше и единствената предложена, ја поддржаа речиси 3 000 членови на кинескиот парламент.

Ваквата одлука, која е историски преседан во земјата, ќе му овозможи на 69-годишникот да стане шеф на државата со најдолг стаж во модерна Кина, и ќе значи дека тој ќе владее до своите седумдесетти години.

На внимателно изведената церемонија во Националниот народен конгрес во Пекинг, Си ја кренал десната тупаница и ја ставил левата рака на црвена кожна копија од кинескиот устав.

Во заклетвата – емитувана во живо на државната телевизија низ целата нација – тој вети дека „ќе изгради просперитетна, силна, демократска, цивилизирана, хармонична и голема модерна социјалистичка земја“.

Назначувањето на претседателската функција од страна на кинескиот парламент доаѓа откако во октомври лани на Џинпинг му беа доделени уште пет години како шеф на кинеската комунистичка партија и на војската – двете позначајни лидерски позиции во кинеската политика.

Но, почетокот на неговиот трет претседателски мандат доаѓа кога Кина, втората по големина економија во светот, се соочува со големи предизвици – од човековите права, закрепнување од политиката за нулта-ковид, слабата глобална побарувачка, кревката доверба меѓу потрошувачите и бизнисите, па се до затегнатите односи со Вашингтон и Западот поради Тајван, како и поддршката на Пекинг за Русија.

The post Си Џинпинг по трет пат реизбран за претседател на Кина appeared first on Република.

]]>

Кинескиот претседател Си Џинпинг обезбеди трет петгодишен претседателски мандат. Претседателската кандидатура на Си, која беше и единствената предложена, ја поддржаа речиси 3 000 членови на кинескиот парламент.
Ваквата одлука, која е историски преседан во земјата, ќе му овозможи на 69-годишникот да стане шеф на државата со најдолг стаж во модерна Кина, и ќе значи дека тој ќе владее до своите седумдесетти години. На внимателно изведената церемонија во Националниот народен конгрес во Пекинг, Си ја кренал десната тупаница и ја ставил левата рака на црвена кожна копија од кинескиот устав. Во заклетвата – емитувана во живо на државната телевизија низ целата нација – тој вети дека „ќе изгради просперитетна, силна, демократска, цивилизирана, хармонична и голема модерна социјалистичка земја“. Назначувањето на претседателската функција од страна на кинескиот парламент доаѓа откако во октомври лани на Џинпинг му беа доделени уште пет години како шеф на кинеската комунистичка партија и на војската – двете позначајни лидерски позиции во кинеската политика. Но, почетокот на неговиот трет претседателски мандат доаѓа кога Кина, втората по големина економија во светот, се соочува со големи предизвици – од човековите права, закрепнување од политиката за нулта-ковид, слабата глобална побарувачка, кревката доверба меѓу потрошувачите и бизнисите, па се до затегнатите односи со Вашингтон и Западот поради Тајван, како и поддршката на Пекинг за Русија.

The post Си Џинпинг по трет пат реизбран за претседател на Кина appeared first on Република.

]]>