шверц на добиток Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shverts-na-dobitok/ За подобро да се разбереме Sun, 05 Nov 2023 16:55:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шверц на добиток Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shverts-na-dobitok/ 32 32 Албанската полиција спречи шверц на добиток од македонска на албанска територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/albanskata-politsija-sprechi-shverts-na-dobitok-od-makedonska-na-albanska-teritorija/ Sun, 05 Nov 2023 16:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=698503

Албанската гранична полиција спречила обид за шверц на добиток од македонска на албанска територија преку зелениот појас на границата кај Дебар.

Приведени се две лица, жители на селото Маќелари, кое е во близина на албанско-македонската граница, кај преминот Блато.

-Приведени се Ф.З.(55) и П.Х.(51) , двајцата жители на Маќелари, кои беа фатени од страна на граничната полиција додека превезувале неколку грла крупен добиток без соодветна документација, кој го прошверцувале преку зелената граница со Македонија, стои во полициското соопштение.

Двајцата ќе одговараат пред Обвинителството и судот во Пешкопеја.

Според албанските медиуми, во истрагата ќе соработуваат со македонските колеги со цел откривање на лицата вмешани во нелегалната трговија со добиток. Додаваат дека поради повисоката цена на месото во Албанија зачестени се обидите за шверц на добиток.

The post Албанската полиција спречи шверц на добиток од македонска на албанска територија appeared first on Република.

]]>

Албанската гранична полиција спречила обид за шверц на добиток од македонска на албанска територија преку зелениот појас на границата кај Дебар. Приведени се две лица, жители на селото Маќелари, кое е во близина на албанско-македонската граница, кај преминот Блато.
-Приведени се Ф.З.(55) и П.Х.(51) , двајцата жители на Маќелари, кои беа фатени од страна на граничната полиција додека превезувале неколку грла крупен добиток без соодветна документација, кој го прошверцувале преку зелената граница со Македонија, стои во полициското соопштение.
Двајцата ќе одговараат пред Обвинителството и судот во Пешкопеја. Според албанските медиуми, во истрагата ќе соработуваат со македонските колеги со цел откривање на лицата вмешани во нелегалната трговија со добиток. Додаваат дека поради повисоката цена на месото во Албанија зачестени се обидите за шверц на добиток.

The post Албанската полиција спречи шверц на добиток од македонска на албанска територија appeared first on Република.

]]>