шверц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shverc/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 15:05:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шверц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shverc/ 32 32 Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sprechen-shverts-na-tsigari-obleka-i-hardverski-delovi-kako-i-nelegalen-vlez-na-ilegalni-migranti-od-iran-i-siera-leone/ Tue, 26 Nov 2024 16:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=842000

о текот на изминатата недела мобилни тимови и царински службеници на граничните премини спречија обиди за криумчарење на поголема количина облека, цигари, нови екрани за мобилни телефони, но и употребувани хардверски делови. Спречен е и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне откриени при контрола на товарни моторни возила пријавени за увозно царинење.
Во продолжение детали:

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

  • Царински службеници на влез на граничен премин Табановце и на граничен премин Богородица во три случаи спречија обид за криумчарење на 442 парчиња облека. Во првиот случај  при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин, во патни торби и куфери сместени во багажникот и на задното седиште, пронајдени се 326 парчиња облека. При контрола на автобус кој сообраќал на релација Женева – Битола, управуван од македонски државјанин, во навлака за костум сместена на задните седишта пронајдени се 11 парчиња машка облека. Дополнително, при контрола на камион со косовски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, на влез во државата на граничен премин Богородица царински службеници открија непријавени 105 парчиња облека.
    Против сторителите ќе бидат поведени прекршочни постапки.
  • Разни производи меѓу кои женски чанти, паричници, тоалетни води, бижутерија со вкупна вредност од 193 илјади денари се откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус пријавен за влез во државата на  граничниот премин Богородица.  Непријавените производи, сопственост на водичот на автобусот, инаку македонски државјанин, биле пронајдени во кеси сместени во просторот за багаж над патничките седишта, пред предните седишта и до возачкото седиште.
  • Во четири случаи спречен обид за шверц на 67 штеки цигари и 5 штеки со патрони за електронски цигари.

    - 18 штеки цигари без акцизни маркички се откриени од страна на Службата за мобилни скенери, при контрола на цистерна со македонски регистарски таблички  управувана од македонски државјанин, пријавена за влез во државата на граничниот премин Богородица.  Цигарите се пронајдени во просторот за филтерот за воздух и во торба сместена на горниот кревет во кабината.

  • 12 штеки цигари и 32 килограми маџун без акцизни маркички се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Возилото било натоварено со стока со потекло од Турција наменета за македонски увозник. Непријавените производи се пронајдени во просторот под креветот за спиење и во фабричка празнина под тапацирот во горниот дел од кабината.

  • При контрола камион со чешки регистарски таблички управуван од чешки државјанин, помеѓу лични предмети и облека на горниот кревет и во фабрички прегради во горниот дел од кабината, пронајдени се 21 штека цигари и 5 штеки со патрони за електронски цигари.

  • 16 штеки цигари без акцизни маркички се откриени при контрола на автомобил со словенечки регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари се пронајдени во багажниот простор и под предните седишта на возилото.

  • 569 разни производи со проценета вредност од вкупно 594,5 илјади денари, кои не биле опфатени со царинските документи се откриени во два одвоени случаи од страна на мобилни царински тимови, при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струганаменета за две фирми од Струга. Во првиот случај биле откриени 365 разни употребувани производи меѓу коишто и таблети, конзоли за видео игрирам-мемории, рачни часовници како и 15 нови екрани за мобилни телефони. Во вториот случај биле откриени 189 разни употребувани производи меѓу кои хард дискови, машина за исфрлување тениски топчиња, гуми, бандажи, катализатори, фрижидери.

  • Царински службеници од царинска испостава Гевгелија во два случаи спречија нелегален влез на 8 илегални мигранти, државјани на Иран и Сиера Леоне при контрола на товарни моторни возила пријавени за увозно царинење. Четири илегални мигранти, државјани на Иран се откриени при контрола  на товарниот дел на камион со турски регистарски таблички управуван од турски државјанин. Во друго товарно моторно возило во просторот за палети на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, се пронајдени четири илегални мигранти, државјани на Сиера Леоне.

Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

The post Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне appeared first on Република.

]]>

о текот на изминатата недела мобилни тимови и царински службеници на граничните премини спречија обиди за криумчарење на поголема количина облека, цигари, нови екрани за мобилни телефони, но и употребувани хардверски делови. Спречен е и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне откриени при контрола на товарни моторни возила пријавени за увозно царинење. Во продолжение детали:

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

  • Царински службеници на влез на граничен премин Табановце и на граничен премин Богородица во три случаи спречија обид за криумчарење на 442 парчиња облека. Во првиот случај  при контрола на автомобил управуван од македонски државјанин, во патни торби и куфери сместени во багажникот и на задното седиште, пронајдени се 326 парчиња облека. При контрола на автобус кој сообраќал на релација Женева – Битола, управуван од македонски државјанин, во навлака за костум сместена на задните седишта пронајдени се 11 парчиња машка облека. Дополнително, при контрола на камион со косовски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, на влез во државата на граничен премин Богородица царински службеници открија непријавени 105 парчиња облека. Против сторителите ќе бидат поведени прекршочни постапки.
  • Разни производи меѓу кои женски чанти, паричници, тоалетни води, бижутерија со вкупна вредност од 193 илјади денари се откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автобус пријавен за влез во државата на  граничниот премин Богородица.  Непријавените производи, сопственост на водичот на автобусот, инаку македонски државјанин, биле пронајдени во кеси сместени во просторот за багаж над патничките седишта, пред предните седишта и до возачкото седиште.
  • Во четири случаи спречен обид за шверц на 67 штеки цигари и 5 штеки со патрони за електронски цигари. - 18 штеки цигари без акцизни маркички се откриени од страна на Службата за мобилни скенери, при контрола на цистерна со македонски регистарски таблички  управувана од македонски државјанин, пријавена за влез во државата на граничниот премин Богородица.  Цигарите се пронајдени во просторот за филтерот за воздух и во торба сместена на горниот кревет во кабината.

  • 12 штеки цигари и 32 килограми маџун без акцизни маркички се откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Возилото било натоварено со стока со потекло од Турција наменета за македонски увозник. Непријавените производи се пронајдени во просторот под креветот за спиење и во фабричка празнина под тапацирот во горниот дел од кабината.

  • При контрола камион со чешки регистарски таблички управуван од чешки државјанин, помеѓу лични предмети и облека на горниот кревет и во фабрички прегради во горниот дел од кабината, пронајдени се 21 штека цигари и 5 штеки со патрони за електронски цигари.

  • 16 штеки цигари без акцизни маркички се откриени при контрола на автомобил со словенечки регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари се пронајдени во багажниот простор и под предните седишта на возилото.

  • 569 разни производи со проценета вредност од вкупно 594,5 илјади денари, кои не биле опфатени со царинските документи се откриени во два одвоени случаи од страна на мобилни царински тимови, при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струганаменета за две фирми од Струга. Во првиот случај биле откриени 365 разни употребувани производи меѓу коишто и таблети, конзоли за видео игрирам-мемории, рачни часовници како и 15 нови екрани за мобилни телефони. Во вториот случај биле откриени 189 разни употребувани производи меѓу кои хард дискови, машина за исфрлување тениски топчиња, гуми, бандажи, катализатори, фрижидери.

  • Царински службеници од царинска испостава Гевгелија во два случаи спречија нелегален влез на 8 илегални мигранти, државјани на Иран и Сиера Леоне при контрола на товарни моторни возила пријавени за увозно царинење. Четири илегални мигранти, државјани на Иран се откриени при контрола  на товарниот дел на камион со турски регистарски таблички управуван од турски државјанин. Во друго товарно моторно возило во просторот за палети на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, се пронајдени четири илегални мигранти, државјани на Сиера Леоне.

Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

The post Спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне appeared first on Република.

]]>
Aлбанец фатен со 3622 монети со археолошка вредност кои сакал да ги изнесе од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/albanets-faten-so-3622-moneti-so-arheoloshka-vrednost-koi-sakal-da-gi-iznese-od-makedonija/ Tue, 19 Nov 2024 10:13:03 +0000 https://republika.mk/?p=839529

Вчеравечерво 20.50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.А.(32) од Република Албанија.

При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло, соопшти МВР.

Со лицето бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба монетите биле одземени за понатамошна постапка. В.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 265 од Кривичниот законик.

The post Aлбанец фатен со 3622 монети со археолошка вредност кои сакал да ги изнесе од Македонија appeared first on Република.

Поевтино е и поквалитетно: Повторно фатен шверц на македонско гориво за Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poevtino-e-i-pokvalitetno-povtorno-faten-shverts-na-makedonsko-gorivo-za-albanija/ Thu, 07 Nov 2024 18:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=835271

Полиција на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга, откри 1,8 тони нафта шверцувана од Македонија, соопшти Полицискиот комесаријат-Корча.

Уапсени се три лица на возраст од 27, 36 и 40 години, сите жители на Подградец, под обвинение „шверц на акцизна стока од Македонија“.

На влез на албанска од македонска територија, полициските службеници при контрола на секој од камионите што ги управувале овие лица, откриле дополнителна количина од по 600 литри дизел, кој бил скриен со намера да се внесе во Албанија, избегнувајќи го данокот на обврски. Како доказен материјал запленети се и трите возила, стои во полициското соопштение.

Ова не е прв случај на спречен обид на шверц на гориво од македонска на албанска територија. Тоа поради повисоката цена на горивата во Албанија, но и како што наведуваат медиумите, подобриот квалитет.

The post Поевтино е и поквалитетно: Повторно фатен шверц на македонско гориво за Албанија appeared first on Република.

]]>

Полиција на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско – македонската граница, кај Струга, откри 1,8 тони нафта шверцувана од Македонија, соопшти Полицискиот комесаријат-Корча. Уапсени се три лица на возраст од 27, 36 и 40 години, сите жители на Подградец, под обвинение „шверц на акцизна стока од Македонија“.
На влез на албанска од македонска територија, полициските службеници при контрола на секој од камионите што ги управувале овие лица, откриле дополнителна количина од по 600 литри дизел, кој бил скриен со намера да се внесе во Албанија, избегнувајќи го данокот на обврски. Како доказен материјал запленети се и трите возила, стои во полициското соопштение.
Ова не е прв случај на спречен обид на шверц на гориво од македонска на албанска територија. Тоа поради повисоката цена на горивата во Албанија, но и како што наведуваат медиумите, подобриот квалитет.

The post Поевтино е и поквалитетно: Повторно фатен шверц на македонско гориво за Албанија appeared first on Република.

]]>
Царината со полни раце работа- спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sprecheni-obidi-za-kriumcharene-na-stomatoloshki-instrumenti-implanti-za-gradi-tsigari-falsifikuvana-stoka-2/ Thu, 07 Nov 2024 15:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=835047

Царински службеници и мобилни тимови во текот на изминатите денови спречија обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока, кабли за електрична инсталација и друга стока, а до едно лице е поведена и прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило, информираат денеска од Царинската управа.

На меѓународниот аеродром Скопје се откриени 616 стоматолошки инструменти и четири килограми порцелански прав и основен порцелан за стоматологија, при контрола на куфери во сопственост на турски државјанин кој допатувал со лет од Измир. Откако при рентгенска контрола на куферите на патникот биле забележани неправилности, била извршена детална контрола при што биле пронајдени непријавените производи. Тие се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

Царински службеници на царинска испостава Меѓународен аеродром Скопје, спречиле шверц на девет кутии импланти за гради кои патник, државјанин на Австрија, сакал да ги внесе во државава без да ги пријави. При контрола на патникот, во багажот, во еден од куферите, се откриени непријавените импланти, за кои патникот не поседувал, ниту дозвола за увоз за таков вид на стока од надлежна институција. Против патникот е поднесена соодветна пријава, а имплантите се запленети.

Царинската управа спречила криумчарење на 96 штеки цигари што по воздушен сообраќај македонски државјанин сакал да ги внесе во Лондон. Царински службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферот во сопственост на патникот ја пронашле непријавената акцизна стока. Штеките цигари се запленети, а против патникот е поднесена соодветна пријава.

Триесет и три штеки цигари без акцизни маркички, се запленети и при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Штеките цигари се пронајдени во фрижидерот во кабината на камионот, во кеса сместена над резервоарот и во надворешна преграда на влекачот.

Во два случаи мобилни тимови при контрола на стока пријавена за увозно царинење наменета за увозници од Скопје откриле поголема количина играчки со ознаки на заштитени трговски марки (вкупно 246). Производите се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и истовремено е започната постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 759 илјади денари.

Мобилен тим на Царинската управа при контрола на камион пријавен како празен на граничен премин Блаце откриле 180 метри кабел за електрична инсталација. Непријавената стока била откриена во камион со косовски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. На влез на граничниот премин Блаце мобилен тим при контрола на автомобил открил и непријавени 114 кутии со термоси за вода. Термосите требало да завршат на македонскиот пазар.

За македонски државјанин е поведена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило.

Имено царински службеници при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево, откриле комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола. Возачот изјавил дека истите се од возило кое го расходувал во Бугарија, но, согласно евиденцијата за влез и излез на возила на Министерството за внатрешни работи, е констатирано дека возилото имало остварено влез во државата во 2019 година, а потоа не е евидентирано на излез од државата. Поради сомневање дека возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде оцаринето и платени увозни давачки, против сопственикот е поведена прекршочна постапка до надлежен суд.

Царинската управа запленила 2 комплети од рачен часовник и бижутерија обетки, прстен и синџирче, откако ниле откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Сплит – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени во ранец и две најлонски кеси сместени во просторот за багаж на автобусот. Против патникот е поведена соодветна постапка.

Царински службеници на граничен премин Дојран заплениле 4.320 парчиња реквизити за маскенбал поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 259 илјади денари. Започната постапка за утврдување на нивната оригиналност.

The post Царината со полни раце работа- спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока appeared first on Република.

]]>

Царински службеници и мобилни тимови во текот на изминатите денови спречија обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока, кабли за електрична инсталација и друга стока, а до едно лице е поведена и прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило, информираат денеска од Царинската управа. На меѓународниот аеродром Скопје се откриени 616 стоматолошки инструменти и четири килограми порцелански прав и основен порцелан за стоматологија, при контрола на куфери во сопственост на турски државјанин кој допатувал со лет од Измир. Откако при рентгенска контрола на куферите на патникот биле забележани неправилности, била извршена детална контрола при што биле пронајдени непријавените производи. Тие се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка. Царински службеници на царинска испостава Меѓународен аеродром Скопје, спречиле шверц на девет кутии импланти за гради кои патник, државјанин на Австрија, сакал да ги внесе во државава без да ги пријави. При контрола на патникот, во багажот, во еден од куферите, се откриени непријавените импланти, за кои патникот не поседувал, ниту дозвола за увоз за таков вид на стока од надлежна институција. Против патникот е поднесена соодветна пријава, а имплантите се запленети. Царинската управа спречила криумчарење на 96 штеки цигари што по воздушен сообраќај македонски државјанин сакал да ги внесе во Лондон. Царински службеници на царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферот во сопственост на патникот ја пронашле непријавената акцизна стока. Штеките цигари се запленети, а против патникот е поднесена соодветна пријава. Триесет и три штеки цигари без акцизни маркички, се запленети и при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Штеките цигари се пронајдени во фрижидерот во кабината на камионот, во кеса сместена над резервоарот и во надворешна преграда на влекачот. Во два случаи мобилни тимови при контрола на стока пријавена за увозно царинење наменета за увозници од Скопје откриле поголема количина играчки со ознаки на заштитени трговски марки (вкупно 246). Производите се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост и истовремено е започната постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 759 илјади денари. Мобилен тим на Царинската управа при контрола на камион пријавен како празен на граничен премин Блаце откриле 180 метри кабел за електрична инсталација. Непријавената стока била откриена во камион со косовски регистарски таблички управуван од македонски државјанин. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка. На влез на граничниот премин Блаце мобилен тим при контрола на автомобил открил и непријавени 114 кутии со термоси за вода. Термосите требало да завршат на македонскиот пазар. За македонски државјанин е поведена прекршочна постапка до надлежен суд заради прекршување на царинската регулатива и одбегнување на плаќање увозни давачки коишто се плаќаат при увоз на возило. Имено царински службеници при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Делчево, откриле комплет бугарски регистарски таблички и сообраќајна дозвола. Возачот изјавил дека истите се од возило кое го расходувал во Бугарија, но, согласно евиденцијата за влез и излез на возила на Министерството за внатрешни работи, е констатирано дека возилото имало остварено влез во државата во 2019 година, а потоа не е евидентирано на излез од државата. Поради сомневање дека возилото било пуштено во слободен промет без претходно да биде оцаринето и платени увозни давачки, против сопственикот е поведена прекршочна постапка до надлежен суд. Царинската управа запленила 2 комплети од рачен часовник и бижутерија обетки, прстен и синџирче, откако ниле откриени при контрола на автобус со македонски регистарски таблички кој сообраќал на редовната линија Сплит – Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени во ранец и две најлонски кеси сместени во просторот за багаж на автобусот. Против патникот е поведена соодветна постапка. Царински службеници на граничен премин Дојран заплениле 4.320 парчиња реквизити за маскенбал поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Вредноста на задржаните производи, доколку би се продавале како оригинални, е проценета на околу 259 илјади денари. Започната постапка за утврдување на нивната оригиналност.

The post Царината со полни раце работа- спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока appeared first on Република.

]]>
Знаеле ли патниците? Во автобус на туристичка агенција се шверцувала стока https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/znaele-li-patnitsite-vo-avtobus-na-turistichka-agentsija-se-shvertsuvala-stoka/ Tue, 22 Oct 2024 15:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=829949

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.М (27), Е.М.(27), двајцата од Батинци, скопско, и С.З.(43) од Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“.

На 29.03.2024 на автопатот Градско-Велес, полициски службеници извршиле контрола на автобус ,,мерцедес’’ со турски национални ознаки, сопственост на туристичка агенција, при што била пронајдена поголема количина на стока која подлежи на царинска контрола, а за која пријавените не поседувале никаква документација, соопшти МВР.

The post Знаеле ли патниците? Во автобус на туристичка агенција се шверцувала стока appeared first on Република.

Возачот којшто во ауди шверцувал марихуана се исплашил од полицијата, бегал, но го фатиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozachot-kojshto-vo-audi-shvertsuval-marihuana-se-isplashil-od-politsijata-begal-no-go-fatile/ Sat, 05 Oct 2024 12:58:03 +0000 https://republika.mk/?p=823106

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил „ауди” не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на возила и возачи. Со голема брзина се упатил кон крстосницата за Крушево, застанал на коловозот, излегол од возилото и започнал да изнесува наркотична дрога од возилото покрај патот. Полицајците го затекнале и од него одзеле околу 51 килограм наркотична дрога марихуана спакувана во повеќе пакувања“, соопшти Јавното обвинителство.

За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против скопјанец во чиј автомобил, на граничниот премин Блаце при влез во земјава, биле откриени околу 36,5 килограми издробени вршунки од канабис спакувани во четири големи куфери.

За двајцата осомничени надлежните јавни обвинители доставија предлози за определување мерка притвор.

The post Возачот којшто во ауди шверцувал марихуана се исплашил од полицијата, бегал, но го фатиле appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од струшко Калишта за кого постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
„Осомничениот, на 4 октомври, во близина на Сопотница, со автомобил „ауди” не застанал на даден знак – стоп од полициски службеници од Демир Хисар кои вршеле сообраќајна контрола на возила и возачи. Со голема брзина се упатил кон крстосницата за Крушево, застанал на коловозот, излегол од возилото и започнал да изнесува наркотична дрога од возилото покрај патот. Полицајците го затекнале и од него одзеле околу 51 килограм наркотична дрога марихуана спакувана во повеќе пакувања“, соопшти Јавното обвинителство.
За истото кривично дело, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против скопјанец во чиј автомобил, на граничниот премин Блаце при влез во земјава, биле откриени околу 36,5 килограми издробени вршунки од канабис спакувани во четири големи куфери. За двајцата осомничени надлежните јавни обвинители доставија предлози за определување мерка притвор.

The post Возачот којшто во ауди шверцувал марихуана се исплашил од полицијата, бегал, но го фатиле appeared first on Република.

]]>
40-годишен македонски државјанин предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/40-godishen-makedonski-drzhavjanin-predizvikal-soobrakajka-pri-obid-da-shvertsuva-stoka-od-kosovo/ Mon, 23 Sep 2024 07:48:40 +0000 https://republika.mk/?p=818857

Косовската полиција објави дека во саботата вечерта спречила шверц на стока – обувки и облека - од Косово во Македонија, во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце меѓу двете држави, при што уапсила македонски државјанин кој се судрил со возилото со кое ја превезувал стоката низ нелеган пат, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во вчерашното соопштение на полицијата се наведува дека прексиниќа околу 20 часот, во атарот на село Сеќиште кај Генерал Јанковиќ, е забележано сомнително возило како се обидува да ја премине граничната линија и веднаш се преземени дејствија за негово сопирање.

Возачот на возилото, со иницијали З.А., македонски државјанин од албанска националнот, на возраст од околу 40 години, откако увидел дека бил забележан од патроли на граничната полиција, при обид да побегне во правец на територијата на Република Македонија, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.

Полицијата го извлекла возилото со македонски регистарски таблички и при контрола на истото во него нашла 120 пара обувки (патики) и 260 парчиња облека (дуксери и тренерки).

Се сомнева дека намерата била стоката да се прокриумчари од територијата на Република Косово на територијата на Република Македонија преку планински патишта. Во врска со случајот преземени се сите дејствија во соработка со државен обвинител, при што по негова наредба на осомничениот му е одреден притвор во траење од 48 часа, додека шверцуваната стока и возилото се одземени и испратени на царински термин за понатамошна законска процедура, се наведува во соопштението на полицијата.

The post 40-годишен македонски државјанин предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово appeared first on Република.

]]>

Косовската полиција објави дека во саботата вечерта спречила шверц на стока – обувки и облека - од Косово во Македонија, во близина на граничниот премин Генерал Јанковиќ/Блаце меѓу двете држави, при што уапсила македонски државјанин кој се судрил со возилото со кое ја превезувал стоката низ нелеган пат, јави дописникот на МИА од Приштина. Во вчерашното соопштение на полицијата се наведува дека прексиниќа околу 20 часот, во атарот на село Сеќиште кај Генерал Јанковиќ, е забележано сомнително возило како се обидува да ја премине граничната линија и веднаш се преземени дејствија за негово сопирање. Возачот на возилото, со иницијали З.А., македонски државјанин од албанска националнот, на возраст од околу 40 години, откако увидел дека бил забележан од патроли на граничната полиција, при обид да побегне во правец на територијата на Република Македонија, предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета. Полицијата го извлекла возилото со македонски регистарски таблички и при контрола на истото во него нашла 120 пара обувки (патики) и 260 парчиња облека (дуксери и тренерки).
Се сомнева дека намерата била стоката да се прокриумчари од територијата на Република Косово на територијата на Република Македонија преку планински патишта. Во врска со случајот преземени се сите дејствија во соработка со државен обвинител, при што по негова наредба на осомничениот му е одреден притвор во траење од 48 часа, додека шверцуваната стока и возилото се одземени и испратени на царински термин за понатамошна законска процедура, се наведува во соопштението на полицијата.

The post 40-годишен македонски државјанин предизвикал сообраќајка при обид да шверцува стока од Косово appeared first on Република.

]]>
Спречен шверц на 500 литри нафта од македонска на албанска територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sprechen-shverts-na-500-litri-nafta-od-makedonska-na-albanska-teritorija/ Thu, 22 Aug 2024 12:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=809081

На граничниот премин Ќафасан, на македонско - албанската граница, кај Струга, албанската полиција спречила шверц на 500 литри нафта, која од македонска на албанска територија ја пренесувал жител на Елбасан.

По засилената работа на службите на Граничната полиција, во текот на летната сезона, со цел спречување и сузбивање на криминални активности, на граничниот премин Ќафасан на влез во Република Албанија, на втората линија за детални проверки, во камион откриени се пластични туби со 500 литри дизел, без соодветна документација. Уапсен е 49-годишен жител на Елбасан, стои во полициското соопштение.

Тој пред судот во Корча ќе одговара за кривично дело „криумчарење стока за која се наплатува акциза и избегнување царински давачки“.

Деновиве албанската полиција поднесе кривични пријави против тројца жители на општина Подградец, поради шверц на разна стока од македонска на албанска територија.

Кај нив полицијата открила прехрамбени производи, нафта и друга стока прошверцувани од македонска територија.

The post Спречен шверц на 500 литри нафта од македонска на албанска територија appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин Ќафасан, на македонско - албанската граница, кај Струга, албанската полиција спречила шверц на 500 литри нафта, која од македонска на албанска територија ја пренесувал жител на Елбасан. По засилената работа на службите на Граничната полиција, во текот на летната сезона, со цел спречување и сузбивање на криминални активности, на граничниот премин Ќафасан на влез во Република Албанија, на втората линија за детални проверки, во камион откриени се пластични туби со 500 литри дизел, без соодветна документација. Уапсен е 49-годишен жител на Елбасан, стои во полициското соопштение. Тој пред судот во Корча ќе одговара за кривично дело „криумчарење стока за која се наплатува акциза и избегнување царински давачки“. Деновиве албанската полиција поднесе кривични пријави против тројца жители на општина Подградец, поради шверц на разна стока од македонска на албанска територија. Кај нив полицијата открила прехрамбени производи, нафта и друга стока прошверцувани од македонска територија.

The post Спречен шверц на 500 литри нафта од македонска на албанска територија appeared first on Република.

]]>
Спречена нелегална трговија на фалсификувани брендирани производи, криумчарење на цигари и нелегален изнес на девизи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sprechena-nelegalna-trgovija-na-falsifikuvani-brendirani-proizvodi-kriumcharene-na-tsigari-i-nelegalen-iznes-na-devizi/ Thu, 22 Aug 2024 08:12:56 +0000 https://republika.mk/?p=808948

За време на изминатите денови и во текот на вчерашниот ден царинските инспектори и царинските службеници спречија неколку обиди за нелегална трговија и криумчарење и тоа:

Спречена нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови, при што во неколку контроли, запленети се вкупно 10.618 парчиња, меѓу коишто облека и чанти „Луи Витон“, „Армани“, „Гучи“ и часовници „Ролекс“. Производите се запленети, против сторителите се поднесени прекршочни пријави, а поведена е и постапка за повреда на право од интелектуална сопственост.

На граничен премин Богородица во четири контроли запленети се 37.200 парчиња цигари или 186 штеки цигари. На прашање од каде им се купени цигарите, лицата изјавија дека истите ги купиле на фри – шоп. Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање увозни давачки во износ од 319.177 денари.

Спречен обид за нелегален изнес на поголема сума на девизи или точно 18.450 евра и дополнителни седум илјади долари кои што македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Табановце. На лицето кое во себе носело вкупно 20.450 евра и седум илјади долари, согласно закон, му се вратени две илјади евра, а останатите се запленети. Против него е поднесена пријава за девизен прекршок.

The post Спречена нелегална трговија на фалсификувани брендирани производи, криумчарење на цигари и нелегален изнес на девизи appeared first on Република.

]]>

За време на изминатите денови и во текот на вчерашниот ден царинските инспектори и царинските службеници спречија неколку обиди за нелегална трговија и криумчарење и тоа: Спречена нелегална трговија со фалсификувани производи со потпис на познати модни брендови, при што во неколку контроли, запленети се вкупно 10.618 парчиња, меѓу коишто облека и чанти „Луи Витон“, „Армани“, „Гучи“ и часовници „Ролекс“. Производите се запленети, против сторителите се поднесени прекршочни пријави, а поведена е и постапка за повреда на право од интелектуална сопственост. На граничен премин Богородица во четири контроли запленети се 37.200 парчиња цигари или 186 штеки цигари. На прашање од каде им се купени цигарите, лицата изјавија дека истите ги купиле на фри – шоп. Со ова е спречен обид за пуштање во промет акцизна стока за која е избегнато плаќање увозни давачки во износ од 319.177 денари. Спречен обид за нелегален изнес на поголема сума на девизи или точно 18.450 евра и дополнителни седум илјади долари кои што македонски државјанин сакал без да ги пријави да ги изнесе од државата преку граничен премин Табановце. На лицето кое во себе носело вкупно 20.450 евра и седум илјади долари, согласно закон, му се вратени две илјади евра, а останатите се запленети. Против него е поднесена пријава за девизен прекршок.

The post Спречена нелегална трговија на фалсификувани брендирани производи, криумчарење на цигари и нелегален изнес на девизи appeared first on Република.

]]>
Кривични пријави за тројца од Подградец кои шверцувале производи од македонска територија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichni-prijavi-za-trojtsa-od-podgradets-koi-shvertsuvale-proizvodi-od-makedonska-teritorija/ Mon, 05 Aug 2024 21:05:15 +0000 https://republika.mk/?p=803692

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца жители на општина Подградец, поради шверц на разна стока од македонска на албанска територија.

Кривични пријави се поднесени против Ј.Д.(43), М.Ч. (38) и Е.Б.(28) кај кои полицијата  пронајде прехрамбени производи, нафта и друга стока  прошверцувани од Македонија, стои во полициското соопштение.

Според полицијата, кај лицето Ј.Д. жител на село Мемелишта, Поградец, при претрес во неговото возило и во перална за возила, која ја користел, пронајдени се прехранбени производи.

Кај останатите две лица жители на селото Удениш, Подградец, во возила, во нивна сопственост, била пронајдена поголема количина нафта и друга стока.

Шверцуваната стока е одземена како материјален доказ. 

The post Кривични пријави за тројца од Подградец кои шверцувале производи од македонска територија appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца жители на општина Подградец, поради шверц на разна стока од македонска на албанска територија.
Кривични пријави се поднесени против Ј.Д.(43), М.Ч. (38) и Е.Б.(28) кај кои полицијата  пронајде прехрамбени производи, нафта и друга стока  прошверцувани од Македонија, стои во полициското соопштение.
Според полицијата, кај лицето Ј.Д. жител на село Мемелишта, Поградец, при претрес во неговото возило и во перална за возила, која ја користел, пронајдени се прехранбени производи. Кај останатите две лица жители на селото Удениш, Подградец, во возила, во нивна сопственост, била пронајдена поголема количина нафта и друга стока. Шверцуваната стока е одземена како материјален доказ. 

The post Кривични пријави за тројца од Подградец кои шверцувале производи од македонска територија appeared first on Република.

]]>
Шверцери фатени со 1.320 кутии патики https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shvertseri-fateni-so-1-320-kutii-patiki/ Thu, 01 Aug 2024 10:48:57 +0000 https://republika.mk/?p=802250

Вчеравечер околу 22.20 часот на локален пат во с. Побожје кон место викано Рамно, од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки.

При извршен преглед на возилото, пронајдени се 110 пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики, различна величина и натписи од различни брендови за кои лицата немале соодветна документација. Исто така, при извршениот преглед на возилото пронајден е и пиштол.

Љ.И.(38) од с. Танушевци, скопско и Р.И.(63) од с. Визбегово, скопско се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и истите се спроведени во ПО Мирковци за понатамошна постапка, соопшти МВР.

The post Шверцери фатени со 1.320 кутии патики appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер околу 22.20 часот на локален пат во с. Побожје кон место викано Рамно, од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е товарно моторно возило „мерцедес спринтер“ со скопски регистарски ознаки. При извршен преглед на возилото, пронајдени се 110 пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики, различна величина и натписи од различни брендови за кои лицата немале соодветна документација. Исто така, при извршениот преглед на возилото пронајден е и пиштол.
Љ.И.(38) од с. Танушевци, скопско и Р.И.(63) од с. Визбегово, скопско се лишени од слобода, поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и истите се спроведени во ПО Мирковци за понатамошна постапка, соопшти МВР.

The post Шверцери фатени со 1.320 кутии патики appeared first on Република.

]]>
„Што имате да пријавите-немам ништо“ : Kaј Македонец од Австралија најдени часовници во вредност од 240.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shto-imate-da-prijavite-nemam-nishto-kaj-makedonets-od-avstralija-najdeni-chasovnitsi-vo-vrednost-od-240-000-evra/ Thu, 25 Jul 2024 08:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=800055

Царинските службеници на Меѓународниот Аеродром во Скопје, вчера заплениле осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862,00 денари. Часовниците се откриени кај македонски државјанин, кој слетал со лет од Австралија.

- Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник Rado и седум рачни часовници Elite, соопштија денеска од Царинската управа.

Против патникот поднесена е прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива

The post „Што имате да пријавите-немам ништо“ : Kaј Македонец од Австралија најдени часовници во вредност од 240.000 евра appeared first on Република.

АХВ И МВР спречија шверц со јагниња https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ahv-i-mvr-sprechija-shverts-so-jagnina/ Wed, 10 Jul 2024 19:44:30 +0000 https://republika.mk/?p=795340

Инспекциските служби на агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера, 09.07.2024 година, открија и спречија нелегален промет на јагниња, со намера истите да бидат илегално извезени во Република Албанија.

Во координирана акција со инспекторите МВР, возилото со кое се транспортирале јагнињата е стопирано од полициски службеници во Струга и по спроведена контрола од страна на инспектори од АХВ, утврдено е дека станува збор за 63 јагниња кои не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните, а транспортерот не поседувал и сертификати за здравствена состојба на животните.

Согласно дадената изјава на транспортерот животните се со потекло од населено место во Прилеп.

Согласно одредбите од Законот за инспекциски надзор, јагнињата се одземени од лицето кое ги транспортирало и се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот.

Против транспортерот ќе биде поднесена прекршочна санкција за движење на неидентификувани животни без документи за движење.

The post АХВ И МВР спречија шверц со јагниња appeared first on Република.

]]>

Инспекциските служби на агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера, 09.07.2024 година, открија и спречија нелегален промет на јагниња, со намера истите да бидат илегално извезени во Република Албанија. Во координирана акција со инспекторите МВР, возилото со кое се транспортирале јагнињата е стопирано од полициски службеници во Струга и по спроведена контрола од страна на инспектори од АХВ, утврдено е дека станува збор за 63 јагниња кои не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните, а транспортерот не поседувал и сертификати за здравствена состојба на животните. Согласно дадената изјава на транспортерот животните се со потекло од населено место во Прилеп. Согласно одредбите од Законот за инспекциски надзор, јагнињата се одземени од лицето кое ги транспортирало и се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Против транспортерот ќе биде поднесена прекршочна санкција за движење на неидентификувани животни без документи за движење.

The post АХВ И МВР спречија шверц со јагниња appeared first on Република.

]]>
Спречен шверц на производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/sprechen-shverts-na-proizvodi-za-shiroka-potroshuvachka-od-kosovo-kon-makedonija/ Thu, 30 May 2024 11:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=783170

Вчера во 08.00 часот кај место викано „Тракаљачко маало“ во атар на село Танушевци, скопско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, по претходно добиени сознанија и во соработка со косовската гранична полиција, спречија криумчарење на производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија.

Имено, полициските службеници затекнале две товарни возила, по што возачите го напуштиле местото. При преглед на товарното возило „фолксваген“ со шведски национални ознаки била пронајдена поголема количина производи за широка потрошувачка, додека за товарното возило „мерцедес“ без регистарски ознаки било констатирано дека е празно.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, за настанот бил известен јавен обвинител, а производите биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Танушевци за понатамошна постапка.

The post Спречен шверц на производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија appeared first on Република.

]]>

Вчера во 08.00 часот кај место викано „Тракаљачко маало“ во атар на село Танушевци, скопско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, по претходно добиени сознанија и во соработка со косовската гранична полиција, спречија криумчарење на производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија. Имено, полициските службеници затекнале две товарни возила, по што возачите го напуштиле местото. При преглед на товарното возило „фолксваген“ со шведски национални ознаки била пронајдена поголема количина производи за широка потрошувачка, додека за товарното возило „мерцедес“ без регистарски ознаки било констатирано дека е празно. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, за настанот бил известен јавен обвинител, а производите биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Танушевци за понатамошна постапка.

The post Спречен шверц на производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија appeared first on Република.

]]>
Спречен шверц на поголема количина производи од Косово кон Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sprechen-shverts-na-pogolema-kolichina-proizvodi-od-kosovo-kon-makedonija/ Thu, 30 May 2024 11:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=783173

На 29.05.2024 во 08.00 часот кај место викано „Тракаљачко маало“ во атар на село Танушевци, скопско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, по претходно добиени сознанија и во соработка со косовската гранична полиција, спречија криумчарење на производи за широка потрошувачка од Косово кон Република Македонија.

Имено, полициските службеници затекнале две товарни возила, по што возачите го напуштиле местото.

При преглед на товарното возило „фолксваген“ со шведски национални ознаки била пронајдена поголема количина производи за широка потрошувачка, додека за товарното возило „мерцедес“ без регистарски ознаки било констатирано дека е празно.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, за настанот бил известен јавен обвинител, а производите биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Танушевци за понатамошна постапка.

The post Спречен шверц на поголема количина производи од Косово кон Македонија appeared first on Република.

]]>

На 29.05.2024 во 08.00 часот кај место викано „Тракаљачко маало“ во атар на село Танушевци, скопско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, по претходно добиени сознанија и во соработка со косовската гранична полиција, спречија криумчарење на производи за широка потрошувачка од Косово кон Република Македонија. Имено, полициските службеници затекнале две товарни возила, по што возачите го напуштиле местото. При преглед на товарното возило „фолксваген“ со шведски национални ознаки била пронајдена поголема количина производи за широка потрошувачка, додека за товарното возило „мерцедес“ без регистарски ознаки било констатирано дека е празно. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, за настанот бил известен јавен обвинител, а производите биле однесени во Полициската станица за граничен надзор Танушевци за понатамошна постапка.

The post Спречен шверц на поголема количина производи од Косово кон Македонија appeared first on Република.

]]>
На граничниот премин Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-granichniot-premin-kafasan-sprechen-shverts-na-53-3-kilogrami-marihuana-chija-krajna-destinatsija-bila-makedonija/ Wed, 08 May 2024 08:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=775338

На граничниот премин Ќафасан, на албанско - македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија.

Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината на дрога, возилото и два мобилни телефона, стои во полициското соопштение.

Се додава дека продолжува истрагата и во соработка со македонските колеги, за целосно расветлување на случајот и фаќање на други лица за кои постои сомневање дека се вмешани.

Грабоцка, според полицијата, во 2020 година бил уапсен поради помагање на илегално преминување на границата, откако бил фатен како превезува мигранти во правец на Тирана.

The post На граничниот премин Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин Ќафасан, на албанско - македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија. Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината на дрога, возилото и два мобилни телефона, стои во полициското соопштение. Се додава дека продолжува истрагата и во соработка со македонските колеги, за целосно расветлување на случајот и фаќање на други лица за кои постои сомневање дека се вмешани. Грабоцка, според полицијата, во 2020 година бил уапсен поради помагање на илегално преминување на границата, откако бил фатен како превезува мигранти во правец на Тирана.

The post На граничниот премин Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Македонија appeared first on Република.

]]>
Уапсен албански државјанин кој шверцувал ситен добиток од Македонија во Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/uapsen-albanski-drzhavjanin-koj-shvertsuval-siten-dobitok-od-makedonija-vo-albanija/ Mon, 08 Apr 2024 13:19:40 +0000 https://republika.mk/?p=763847

Албанската полиција, уапсила 60-годишен жител на селото Белорта, кај Корча, поради шверц на ситен добиток од Македонија.

Финализирана е шифрираната полициска акција „повторувач“ за сузбивање на недозволената трговија со добиток. Кај селото Звезда во Малиќ уапсен е Д.Џ. (60) со претходно криминално досие од оваа област. Во возило пикап превезувал 28 глави ситен добиток (кози), без соодветната документација, што го прошверцувал од Македонија, со цел да го продаде во Албанија, стои во полициското соопштение.

Се додава дека врз основа на информациите добиени од полициското разузнавање дека албански државјанин ќе прошверцува ситен добиток од Македонија во Албанија, тој бил следен и запрен на патниот правец Горица-Звезда.

Како материјален доказ добитокот е одземен заедно со возилото, како и одредена сума на пари.

Истрага за вмешаност и на други лица освен на албанска, ќе биде спроведена и на македонска територија, со цел сузбивање на оваа негативна појава, која е зачестена во пограничните појаси долж албанско-македонската граница, поради повисоката цена на добитокот и на месото

The post Уапсен албански државјанин кој шверцувал ситен добиток од Македонија во Албанија appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција, уапсила 60-годишен жител на селото Белорта, кај Корча, поради шверц на ситен добиток од Македонија. Финализирана е шифрираната полициска акција „повторувач“ за сузбивање на недозволената трговија со добиток. Кај селото Звезда во Малиќ уапсен е Д.Џ. (60) со претходно криминално досие од оваа област. Во возило пикап превезувал 28 глави ситен добиток (кози), без соодветната документација, што го прошверцувал од Македонија, со цел да го продаде во Албанија, стои во полициското соопштение. Се додава дека врз основа на информациите добиени од полициското разузнавање дека албански државјанин ќе прошверцува ситен добиток од Македонија во Албанија, тој бил следен и запрен на патниот правец Горица-Звезда. Како материјален доказ добитокот е одземен заедно со возилото, како и одредена сума на пари. Истрага за вмешаност и на други лица освен на албанска, ќе биде спроведена и на македонска територија, со цел сузбивање на оваа негативна појава, која е зачестена во пограничните појаси долж албанско-македонската граница, поради повисоката цена на добитокот и на месото

The post Уапсен албански државјанин кој шверцувал ситен добиток од Македонија во Албанија appeared first on Република.

]]>
На ГП Табановце жена се обидела да прошверцува над 1.700 кутии цигари од Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-gp-tabanovtse-zhena-se-obidela-da-proshvertsuva-nad-1-700-kutii-tsigari-od-makedonija/ Mon, 18 Mar 2024 13:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=755951

Патничка се обидела да прошверцува над 1.700 кутии цигари во автобус од Македонија за Австрија на граничниот премин Прешево-Табановце, соопшти денеска Царинската управа на Србија.

Цариниците го откриле прекршокот на 16. март во соработка со полицијата. Патничката се обидела во нејзините чанти да прошверцува цигари вредни половина милион динари.

Случајот бил откриен кога автобус кој сообраќал од  Македонија кон Австрија бил издвоен за детален преглед на влез во Србија.

Иако возачите и патниците претходно изјавиле дека носат само личен багаж, при контролата во просторот за багаж биле пронајдени три големи торби полни само со цигари.

Во торбите, за кои една од патничките се пријавила дека е сопственик биле пронајдени 1.730 кутии цигари „Честерфилд“ со акцизни маркички од Македонија,.

Цигарите, чија вредност се проценува на речиси половина милион динари, со судска одлука се трајно одземени, додека за сторен прекршок на патничката и е изречена парична казна.

The post На ГП Табановце жена се обидела да прошверцува над 1.700 кутии цигари од Македонија appeared first on Република.

]]>

Патничка се обидела да прошверцува над 1.700 кутии цигари во автобус од Македонија за Австрија на граничниот премин Прешево-Табановце, соопшти денеска Царинската управа на Србија. Цариниците го откриле прекршокот на 16. март во соработка со полицијата. Патничката се обидела во нејзините чанти да прошверцува цигари вредни половина милион динари. Случајот бил откриен кога автобус кој сообраќал од  Македонија кон Австрија бил издвоен за детален преглед на влез во Србија. Иако возачите и патниците претходно изјавиле дека носат само личен багаж, при контролата во просторот за багаж биле пронајдени три големи торби полни само со цигари. Во торбите, за кои една од патничките се пријавила дека е сопственик биле пронајдени 1.730 кутии цигари „Честерфилд“ со акцизни маркички од Македонија,. Цигарите, чија вредност се проценува на речиси половина милион динари, со судска одлука се трајно одземени, додека за сторен прекршок на патничката и е изречена парична казна.

The post На ГП Табановце жена се обидела да прошверцува над 1.700 кутии цигари од Македонија appeared first on Република.

]]>
На Царина поминала пратка со два тона мобилни телефони, шверцот синоќа го откри и го спречи скопската полиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/na-tsarina-pominala-pratka-so-dva-tona-mobilni-telefoni-shvertsot-sinoka-go-otkri-i-go-sprechi-skopskata-politsija/ Tue, 12 Mar 2024 11:00:45 +0000 https://republika.mk/?p=753980

Скопската полиција синоќа спречила шверц на 2 тони мобилни телефони од Марките Iphone и Samsung.

Случајот, како што објави Курир, е пријавен кај мобилна Царина и кај надлежен Јавен обвинител.

На потег е Царината да истражи како оваа огромна пратка нелегално е помината преку граница.

The post На Царина поминала пратка со два тона мобилни телефони, шверцот синоќа го откри и го спречи скопската полиција appeared first on Република.

]]>

Скопската полиција синоќа спречила шверц на 2 тони мобилни телефони од Марките Iphone и Samsung. Случајот, како што објави Курир, е пријавен кај мобилна Царина и кај надлежен Јавен обвинител. На потег е Царината да истражи како оваа огромна пратка нелегално е помината преку граница.

The post На Царина поминала пратка со два тона мобилни телефони, шверцот синоќа го откри и го спречи скопската полиција appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Боро Марлборо од СДСМ бил главен на групата која тргувала со дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-boro-marlboro-od-sdsm-bil-glaven-na-grupata-koja-trguvala-so-droga/ Sun, 03 Mar 2024 08:45:25 +0000 https://republika.mk/?p=750661

Вчера во акција на МВР е приведен Боро Стојчев – Марлборо, поранешен градоначалник од редовите на СДС во Ново Село, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што потсетуваат тој веќе бил во затвор за шверц на цигари, бил осуден на 18 месеци затвор, а излегол за половина година поради намалување на казната.

СДС кои преку системот кој го контролираат го амнестираа Боро Марлборо за шверцот со цигари, сега е главен трговец со дрога. Имено според информациите кои излегоа во медиумите Боро Марлборо е под сомнение дека е главен на групата која тргувала со дрога.

Се поставува прашањето дали на Боро Марлборо му беше намалена казната за шверц на цигари за да излезе на слобода и да може да тргува со дрога? Дали Боро Марлборо работел под директива или заштита на некој од власта?

СДС е партија каде криминалот е силна страна на нејзините врвни функционери. Соработниците на Ковачевски се најголеми криминалци. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Боро Марлборо од СДСМ бил главен на групата која тргувала со дрога appeared first on Република.

]]>

Вчера во акција на МВР е приведен Боро Стојчев – Марлборо, поранешен градоначалник од редовите на СДС во Ново Село, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ. Како што потсетуваат тој веќе бил во затвор за шверц на цигари, бил осуден на 18 месеци затвор, а излегол за половина година поради намалување на казната. СДС кои преку системот кој го контролираат го амнестираа Боро Марлборо за шверцот со цигари, сега е главен трговец со дрога. Имено според информациите кои излегоа во медиумите Боро Марлборо е под сомнение дека е главен на групата која тргувала со дрога. Се поставува прашањето дали на Боро Марлборо му беше намалена казната за шверц на цигари за да излезе на слобода и да може да тргува со дрога? Дали Боро Марлборо работел под директива или заштита на некој од власта? СДС е партија каде криминалот е силна страна на нејзините врвни функционери. Соработниците на Ковачевски се најголеми криминалци. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Боро Марлборо од СДСМ бил главен на групата која тргувала со дрога appeared first on Република.

]]>