шверц на мигранти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shverc-na-migranti/ За подобро да се разбереме Mon, 31 Oct 2022 09:57:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шверц на мигранти Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shverc-na-migranti/ 32 32 Шверцерите на мигранти функционираат како туристичка агенција: Имаат група на Телеграм, пренесувањето од Турција кон Србија чини 2500 евра, со едно спиење во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shvercerite-na-migranti-funkcioniraat-kako-turistichka-agencija-imaat-grupa-na-telegram-prenesuvanjeto-od-turcija-kon-srbija-chini-2500-evra-so-edno-spienje-vo-sofija/ Mon, 31 Oct 2022 09:57:30 +0000 https://republika.mk/?p=567697

Српски криминалци заедно со Босанците и Албанците за 2.500 евра шверцуваат луѓе од Турција во Србија, а потоа им овозможуваат да се преселат во Европската унија, пишува „Ало.рс“.

Патот Турција – Србија чини 2.500 евра! Шверцерите по балканската рута се поактивни! Се однесуваат арогантно како и секогаш! Контактот со шверцерите не е особено тежок. Имаат група на Телеграм која изгледа како да се туристичка агенција. Шверцерите лежерно им даваат на луѓето информации за рутите и цените. Патувањето од Турција до Србија чини 2.500 евра, со вклучено и ноќевање во главниот град на Бугарија, Софија. Патувањето трае од три до пет дена, мора да се пешачат 20 до 30 километри, а остатокот со превоз. Тие, исто така, не гарантираат успех со тоа што велат "Ова е шверц!" Се надевам дека Господ ќе ни олесни“. Бегалците пешачат низ Србија и БиХ кон границата со Хрватска. Ова често резултира со апсење на многу мигранти и шверцери -пишува весникот.

The post Шверцерите на мигранти функционираат како туристичка агенција: Имаат група на Телеграм, пренесувањето од Турција кон Србија чини 2500 евра, со едно спиење во Софија appeared first on Република.

]]>

Во Шпанија разбиена мрежа на шверцери на албански мигранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-shpanija-razbiena-mreza-na-shverceri-na-albanski-migranti/ Sat, 08 Oct 2022 17:47:45 +0000 https://republika.mk/?p=558869

Шпанската полиција денеска соопшти дека разбила голема мрежа на шверцери на албански мигранти, меѓу кои и малолетници, кои патувале кон Велика Британија во опасни услови, со траекти и трговски бродови.

Полицијата уапси седум лица, државјани на Албанија, осомничени дека припаѓаат на таа голема криминална организација, во соработка со британската Национална агенција за криминал и шпанската Цивилна гарда.

„За двајца од уапсените постои сомневање дека се водачи на групата и тие се уапсени во понеделникот додека се подготвувале да се качат на авион во Мадрид за Албанија“, се наведува во соопштението.

Мрежата, чии активности траат од 2014 година, барала од албанските мигранти од 3.000 до 15.000 евра за да ги прошверцуваат на фериботи или товарни бродови меѓу северот на Шпанија и Велика Британија, во „услови опасни по нивниот живот и физичка состојба“, се додава во соопштението.

The post Во Шпанија разбиена мрежа на шверцери на албански мигранти appeared first on Република.

]]>

Шпанската полиција денеска соопшти дека разбила голема мрежа на шверцери на албански мигранти, меѓу кои и малолетници, кои патувале кон Велика Британија во опасни услови, со траекти и трговски бродови. Полицијата уапси седум лица, државјани на Албанија, осомничени дека припаѓаат на таа голема криминална организација, во соработка со британската Национална агенција за криминал и шпанската Цивилна гарда.
„За двајца од уапсените постои сомневање дека се водачи на групата и тие се уапсени во понеделникот додека се подготвувале да се качат на авион во Мадрид за Албанија“, се наведува во соопштението.
Мрежата, чии активности траат од 2014 година, барала од албанските мигранти од 3.000 до 15.000 евра за да ги прошверцуваат на фериботи или товарни бродови меѓу северот на Шпанија и Велика Британија, во „услови опасни по нивниот живот и физичка состојба“, се додава во соопштението.

The post Во Шпанија разбиена мрежа на шверцери на албански мигранти appeared first on Република.

]]>
Македонски државјанин приведен во Бургас под сомнеж за шверц на мигранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/makedonski-drzavjanin-priveden-vo-burgas-pod-somnez-za-shverc-na-migranti/ Sun, 28 Aug 2022 13:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=544954

Полицијата во бугарскиот град Бургас денеска приведе македонски државјанин под сомнеж дека со камионот што го управувал превезувал повеќе од стотина илегални мигранти по потекло од Авганистан.

Како што јави БТА, портпаролката на Регионалната управа на полицијата во Бургас, Цветелина Рандева информира дека возачот на камионот е идентификуван како 60-годишен македонски државјанин.

Тој заедно со мигрантите бил приведен утрово во Бургас околу 06:45 часот по локално време (05:45 часот по македонско време).

Според Рандева, мигрантите, сите мажи, биле натоварени во камионот во реонот на Дебелт, од каде тој се упатил кон Бургас.

По пристигнувањето во Бургас камионот бил запрен од полициски службеници, кои ги откриле мигрантите во возилото.

Во врска со случајот бугарската полиција повела предистражна постапка. сп/

The post Македонски државјанин приведен во Бургас под сомнеж за шверц на мигранти appeared first on Република.

]]>

Полицијата во бугарскиот град Бургас денеска приведе македонски државјанин под сомнеж дека со камионот што го управувал превезувал повеќе од стотина илегални мигранти по потекло од Авганистан. Како што јави БТА, портпаролката на Регионалната управа на полицијата во Бургас, Цветелина Рандева информира дека возачот на камионот е идентификуван како 60-годишен македонски државјанин. Тој заедно со мигрантите бил приведен утрово во Бургас околу 06:45 часот по локално време (05:45 часот по македонско време). Според Рандева, мигрантите, сите мажи, биле натоварени во камионот во реонот на Дебелт, од каде тој се упатил кон Бургас. По пристигнувањето во Бургас камионот бил запрен од полициски службеници, кои ги откриле мигрантите во возилото. Во врска со случајот бугарската полиција повела предистражна постапка. сп/

The post Македонски државјанин приведен во Бургас под сомнеж за шверц на мигранти appeared first on Република.

]]>
Заработиле стотици милиони евра: Во Италија, Грција и Албанија уапсени 29 луѓе за криумчарење мигранти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zarabotile-stotici-milioni-evra-vo-italija-grcija-i-albanija-uapseni-29-lugje-za-kriumcharenje-migranti/ Wed, 19 Jan 2022 21:04:37 +0000 https://republika.mk/?p=446839

Во полициска акција изведена во Италија, Албанија и Грција се уапсени 29 лица под обвинение дека заработиле неколку стотици милиони евра криумчарејќи мигранти од Турција во Европската Унија, соопшти Европол. Се верува дека е уапсените се дел од синџир од најмалку 80 членови, кои организирале најмалку 30 шверцерски операции во кои над 1.000 луѓе биле пренесувани со бродови од Турција до брегот на Пуља во италија, а потоа и до други европски земји.

Во Италија се уапсени 11 лица како и ирачки и сириски државјани кои пружале логистичка поддршка - соопшти потполковник Џузепе Џулио Лео, шеф на италијанската финансиска полиција во Лече.

Тој појасни дека некои од нив биле уапсени порано во истрагата што била покрената пред повеќе од една година.

Осумнаесет луѓе се уапсени во Албанија, а еден во Грција, соопшти Европол.

Се верува дека организаторите на операциите се стационирани во Турција, па затоа обвинителите во Лече ги активираа дипломатските канали, надевајќи се дека ќе ги уапсат водачите на таа криминална банда - изјави Џулио Лео.

Европол соопшти дека шверцерите наплаќале од 6.000 до 10.000 евра за превоз од Турција до јужна Италија.

The post Заработиле стотици милиони евра: Во Италија, Грција и Албанија уапсени 29 луѓе за криумчарење мигранти appeared first on Република.

]]>

Во полициска акција изведена во Италија, Албанија и Грција се уапсени 29 лица под обвинение дека заработиле неколку стотици милиони евра криумчарејќи мигранти од Турција во Европската Унија, соопшти Европол. Се верува дека е уапсените се дел од синџир од најмалку 80 членови, кои организирале најмалку 30 шверцерски операции во кои над 1.000 луѓе биле пренесувани со бродови од Турција до брегот на Пуља во италија, а потоа и до други европски земји.
Во Италија се уапсени 11 лица како и ирачки и сириски државјани кои пружале логистичка поддршка - соопшти потполковник Џузепе Џулио Лео, шеф на италијанската финансиска полиција во Лече.
Тој појасни дека некои од нив биле уапсени порано во истрагата што била покрената пред повеќе од една година. Осумнаесет луѓе се уапсени во Албанија, а еден во Грција, соопшти Европол.