шверц на цигари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shverc-na-cigari/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Sep 2023 08:32:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шверц на цигари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shverc-na-cigari/ 32 32 Гевгеличанец фатен со 387 штеки цигари и тутун https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gevgelichanets-faten-so-387-shteki-tsigari-i-tutun/ Thu, 14 Sep 2023 08:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=681784

На Граничниот премин Богородица ноќеска во 01.20 часот е лишен од слобода Н.М. од Гевгелија, поради криумчарење цигари и тутун.

При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

The post Гевгеличанец фатен со 387 штеки цигари и тутун appeared first on Република.

]]>

На Граничниот премин Богородица ноќеска во 01.20 часот е лишен од слобода Н.М. од Гевгелија, поради криумчарење цигари и тутун.
При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

The post Гевгеличанец фатен со 387 штеки цигари и тутун appeared first on Република.

]]>
Црногорската влада го смени шефот на Агенцијата за национална безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crnogorskata-vlada-go-smeni-shefot-na-agencijata-za-nacionalna-bezbednost/ Fri, 07 Oct 2022 18:42:00 +0000 https://republika.mk/?p=558548

Владата на Црна Гора денеска со мнозинство гласови го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Саво Кентера на предлог на премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ, објавија црногорските медиуми.

Во Црна Гора е актуелна аферата со шверц на цигари и протерување граѓани кои се осомничени дека работат за руски служби. И двата случаи ги води АНБ во соработка со Специјалното државно обвинителство. Кентера важи за човек близок до НАТО и САД.

Абазовиќ претходно денеска изјави дека има „одредени забелешки“ за работата на Агенцијата за национална безбедност во врска со шверцот со цигари.

Кентера беше назначен за в.д директор на АНБ на 5 мај, по разрешувањето на Дејан Вукшиќ, кој тогаш со поранешниот премиер ја основаше Демократската христијанска партија. И двајцата се блиски до Српската православна црква (СПЦ).

Поранешниот директор на Управата за приходи и царина на Црна Гора, Раде Милошевиќ, пред два дена поднесе оставка. Тој претходно беше сослушан за шверц на цигари и изјави дека не се плаши од апсење и дека бил жртва на обид да се собори Абазовиќ.

Во рамки на истрагата за исчезнувањето на камион полн со цигари наменети за уништување, приведени се повеќе службеници на Управата.

По акцијата на АНБ на 29 септември, во соработка со меѓународните партнери на Црна Гора, а по налог на Специјалното државно обвинителство, беше покрената истрага против неколку лица во Подгорица поради сомнение дека соработувале со руската тајна служба.

Потоа Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност го прекинаа престојот и забранија влез во Црна Гора на 28 странски државјани осомничени дека работат за странски служби. Меѓу нив е и поранешниот амбасадор на Србија, Владимир Божовиќ.

Официјална Подгорица на 29 септември го прекина престојот на шестмина руски дипломати од руската амбасада во Подгорица.

Москва го окарактеризира тој чин како непријателски и го затвори Конзуларното одделение во Подгорица.

The post Црногорската влада го смени шефот на Агенцијата за национална безбедност appeared first on Република.

]]>

Владата на Црна Гора денеска со мнозинство гласови го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Саво Кентера на предлог на премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ, објавија црногорските медиуми. Во Црна Гора е актуелна аферата со шверц на цигари и протерување граѓани кои се осомничени дека работат за руски служби. И двата случаи ги води АНБ во соработка со Специјалното државно обвинителство. Кентера важи за човек близок до НАТО и САД. Абазовиќ претходно денеска изјави дека има „одредени забелешки“ за работата на Агенцијата за национална безбедност во врска со шверцот со цигари. Кентера беше назначен за в.д директор на АНБ на 5 мај, по разрешувањето на Дејан Вукшиќ, кој тогаш со поранешниот премиер ја основаше Демократската христијанска партија. И двајцата се блиски до Српската православна црква (СПЦ). Поранешниот директор на Управата за приходи и царина на Црна Гора, Раде Милошевиќ, пред два дена поднесе оставка. Тој претходно беше сослушан за шверц на цигари и изјави дека не се плаши од апсење и дека бил жртва на обид да се собори Абазовиќ. Во рамки на истрагата за исчезнувањето на камион полн со цигари наменети за уништување, приведени се повеќе службеници на Управата. По акцијата на АНБ на 29 септември, во соработка со меѓународните партнери на Црна Гора, а по налог на Специјалното државно обвинителство, беше покрената истрага против неколку лица во Подгорица поради сомнение дека соработувале со руската тајна служба. Потоа Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност го прекинаа престојот и забранија влез во Црна Гора на 28 странски државјани осомничени дека работат за странски служби. Меѓу нив е и поранешниот амбасадор на Србија, Владимир Божовиќ. Официјална Подгорица на 29 септември го прекина престојот на шестмина руски дипломати од руската амбасада во Подгорица. Москва го окарактеризира тој чин како непријателски и го затвори Конзуларното одделение во Подгорица.

The post Црногорската влада го смени шефот на Агенцијата за национална безбедност appeared first on Република.

]]>
Синот на претседателката на Врховниот суд на Црна Гора шверцувал цигари, мајката уапсена https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sinot-na-pretsedatelkata-na-vrhovniot-sud-na-crna-gora-shvercuval-cigari-majkata-uapsena/ Mon, 18 Apr 2022 08:46:04 +0000 https://republika.mk/?p=489871

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, е уапсена доцна синоќа на аеродромот во Подгорица, јавија подгоричките медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Медиумите наведуваат дека Меденица е во просториите на Центарот за безбедност во Подгорица и дека во текот на денот ќе биде на распит во обвинителството.

Претходните денови подгоричкиот портал „Либертаспрес“ објави низа текстови во кои нејзиниот син Милош го поврзува со шверц на цигари и дрога. Порталот се повика на податоците кои Европол ги доставил до црногорската полиција и обвинителство.

Според објавените транскрипти од комуникацијата на апликацијата „Скај“ што ги објави подгоричкиот портал, Меденица наводно знаела за незаконските активности на нејзиниот син додека била претседател на Врховниот суд.

https://republika.mk/vesti/balkan/vesna-gi-znae-site-tajni-na-gjukanovikj-poradi-nego-ja-napushti-funkcijata/

Според истиот извор и објавените транскрипти, Милош Меденица напишал дека може да очекува заштита од мајка си, а во декември минатата година ја напуштил Црна Гора.

Меденица 17 години беше на чело на Врховниот суд, до декември 2020 година кога поднесе оставка на функцијата.

Полицијата и обвинителството засега не се огласија за апсење на Меденица

The post Синот на претседателката на Врховниот суд на Црна Гора шверцувал цигари, мајката уапсена appeared first on Република.

]]>

Поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, е уапсена доцна синоќа на аеродромот во Подгорица, јавија подгоричките медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Медиумите наведуваат дека Меденица е во просториите на Центарот за безбедност во Подгорица и дека во текот на денот ќе биде на распит во обвинителството. Претходните денови подгоричкиот портал „Либертаспрес“ објави низа текстови во кои нејзиниот син Милош го поврзува со шверц на цигари и дрога. Порталот се повика на податоците кои Европол ги доставил до црногорската полиција и обвинителство. Според објавените транскрипти од комуникацијата на апликацијата „Скај“ што ги објави подгоричкиот портал, Меденица наводно знаела за незаконските активности на нејзиниот син додека била претседател на Врховниот суд. https://republika.mk/vesti/balkan/vesna-gi-znae-site-tajni-na-gjukanovikj-poradi-nego-ja-napushti-funkcijata/ Според истиот извор и објавените транскрипти, Милош Меденица напишал дека може да очекува заштита од мајка си, а во декември минатата година ја напуштил Црна Гора. Меденица 17 години беше на чело на Врховниот суд, до декември 2020 година кога поднесе оставка на функцијата. Полицијата и обвинителството засега не се огласија за апсење на Меденица

The post Синот на претседателката на Врховниот суд на Црна Гора шверцувал цигари, мајката уапсена appeared first on Република.

]]>