шведски демократи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shvedski-demokrati/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Aug 2022 17:09:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шведски демократи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shvedski-demokrati/ 32 32 Евроскептичната и антиглобалистичка партија Шведски демократи со пораст на популарноста во пресрет на изборите на 11 септември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/evroskeptichnata-i-antiglobalistichka-partija-shvedski-demokrati-so-porast-na-popularnosta-vo-presret-na-izborite-na-11-septemvri/ Tue, 23 Aug 2022 18:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=543362

Крајно десничарската, евроскептичната партија Шведски демократи во спроведените анкети по популарност ја престигна водечката опозициска партија, само неколку недели пред парламентарните избори во Шведска, закажани на 11 септември.

Според најновото истражување на јавното мислење од страна на шведската телевизија СВТ и агенцијата Новус, Шведските демократи сега се главен противник на владејачката малцинска коалиција, предводена од Шведската социјалдемократска партија на премиерката Магдалена Андерсон.

Шведските демократи се поддржани од 21,5 отсто од анкетираните, во однос на 17,4 проценти гласачи наклонети кон опозициската либерално-конзервативна Умерена партија. Владејачките социјалдемократи имаат поддршка од 27,8 отсто од избирачите.

На прашањето за шансите да стане премиер, лидерот на Шведски демократи, Џими Акесон одговори дека не сака да зборува за тоа пред изборите.

Како што јавуваат локалните медиуми, на партијата Шведски демократи, формирана во 1988 година како наследничка на Шведската партија, ѝ се припишуваат екстремниот национализам, ксенофобија, антимигрантска политика и антиглобализам.

The post Евроскептичната и антиглобалистичка партија Шведски демократи со пораст на популарноста во пресрет на изборите на 11 септември appeared first on Република.

]]>

Крајно десничарската, евроскептичната партија Шведски демократи во спроведените анкети по популарност ја престигна водечката опозициска партија, само неколку недели пред парламентарните избори во Шведска, закажани на 11 септември. Според најновото истражување на јавното мислење од страна на шведската телевизија СВТ и агенцијата Новус, Шведските демократи сега се главен противник на владејачката малцинска коалиција, предводена од Шведската социјалдемократска партија на премиерката Магдалена Андерсон. Шведските демократи се поддржани од 21,5 отсто од анкетираните, во однос на 17,4 проценти гласачи наклонети кон опозициската либерално-конзервативна Умерена партија. Владејачките социјалдемократи имаат поддршка од 27,8 отсто од избирачите. На прашањето за шансите да стане премиер, лидерот на Шведски демократи, Џими Акесон одговори дека не сака да зборува за тоа пред изборите. Како што јавуваат локалните медиуми, на партијата Шведски демократи, формирана во 1988 година како наследничка на Шведската партија, ѝ се припишуваат екстремниот национализам, ксенофобија, антимигрантска политика и антиглобализам.

The post Евроскептичната и антиглобалистичка партија Шведски демократи со пораст на популарноста во пресрет на изборите на 11 септември appeared first on Република.

]]>