Шведска и Финска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shvedska-i-finska/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 08:28:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шведска и Финска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shvedska-i-finska/ 32 32 Финска нема да ја чека Шведска за влезот во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/finska-nema-da-ja-cheka-shvedska-za-vlezot-vo-nato/ Tue, 28 Feb 2023 08:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=614026

Во Парламентот на Финска денеска ќе се одржи завршната расправа за приклучување во НАТО и однапред ќе се гласа со цел што побрзо земјата да влезе во таа воена алијанса, одлучувајќи дека нема чека на претходна потврда на Турција и Унгарија, ниту на изборите во својата земја на почетокот на април.

Владата на премиерката Сана Марин се соочува со избори на 2 април, а Хелсинки сака да избегне каков било политички вакум за да се качи на возот за НАТО штом Анкара и Будимпешта ќе го ратификуваат нивното барање за членство во матичните парламенти.

Тоа значи дека можеби нема да ја чека соседна Шведска, исто така кандидат за НАТО, но која во моментов се соочува со вето од Турција.

Двесте пратеници во финскиот Парламент денеска ќе одржат финална расправа за предлог-законот за влез во НАТО, а гласањето ќе се одржи најдоцна до утре.

Нивната дискусија се совпаѓа со пристигнувањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Финска. Тој ќе се сретне со лидерите на таа нордиска земја со 5,5 милиони жители.

Усвојувањето на законот за приклучување во НАТО не значи дека Хелсинки, по ратификацијата на Турција и Унгарија, автоматски ќе влезе во НАТО, но ќе има јасен календар: по усвојувањето на законот, претседателот Саули Ниинисто има најмногу три месеци да го потпише. Тој веќе најави дека ќе го стори тоа веднаш штом законот биде усвоен.

Мнозинството од 53 проценти од Финците сакаат да влезат во НАТО не чекајќи на Шведска.

The post Финска нема да ја чека Шведска за влезот во НАТО appeared first on Република.

]]>

Во Парламентот на Финска денеска ќе се одржи завршната расправа за приклучување во НАТО и однапред ќе се гласа со цел што побрзо земјата да влезе во таа воена алијанса, одлучувајќи дека нема чека на претходна потврда на Турција и Унгарија, ниту на изборите во својата земја на почетокот на април. Владата на премиерката Сана Марин се соочува со избори на 2 април, а Хелсинки сака да избегне каков било политички вакум за да се качи на возот за НАТО штом Анкара и Будимпешта ќе го ратификуваат нивното барање за членство во матичните парламенти. Тоа значи дека можеби нема да ја чека соседна Шведска, исто така кандидат за НАТО, но која во моментов се соочува со вето од Турција. Двесте пратеници во финскиот Парламент денеска ќе одржат финална расправа за предлог-законот за влез во НАТО, а гласањето ќе се одржи најдоцна до утре. Нивната дискусија се совпаѓа со пристигнувањето на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Финска. Тој ќе се сретне со лидерите на таа нордиска земја со 5,5 милиони жители. Усвојувањето на законот за приклучување во НАТО не значи дека Хелсинки, по ратификацијата на Турција и Унгарија, автоматски ќе влезе во НАТО, но ќе има јасен календар: по усвојувањето на законот, претседателот Саули Ниинисто има најмногу три месеци да го потпише. Тој веќе најави дека ќе го стори тоа веднаш штом законот биде усвоен. Мнозинството од 53 проценти од Финците сакаат да влезат во НАТО не чекајќи на Шведска.

The post Финска нема да ја чека Шведска за влезот во НАТО appeared first on Република.

]]>
Столтенберг во Анкара: Шведска и Финска веднаш треба да се интегрираат во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-vo-ankara-shvedska-i-finska-vednash-treba-da-se-integriraat-vo-nato/ Thu, 16 Feb 2023 12:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=609746

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Анкара упати апел „веднаш“ да се интегрираат Шведска и Финска во Северноатлантската алијансата.

Сега е време да се ратификува истовремениот прием на Финска и Шведска како членки на НАТО, истакна Столтенберг на прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Додека Чавушоглу посочи дека Турција може одделно да ги разгледа финските и шведските кандидатури.

Шефот на турската дипломатија посочи дека за прашањето за кандидатурите на Шведска и Финска ќе разговара со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој идната недела ќе ја посети Турција.

Тој исто така наведе дека со Блинкен ќе разговара и за билатералните односи и руската инвазија врз Украина.

Столтенберг најави и дека НАТО ќе гради привремени засолништа и планира да испрати десетици илјади шатори во Турција во наредните денови и недели.

Ова е најсмртоносната природна катастрофа на територија на НАТО од создавањето на Алијансата, посочи Столтенберг, додавајќи дека Алијансата ќе ги искористи своите стратешки способности за воздушен транспорт за транспорт на потребната помош.

Само во Турција, минатонеделните разорни земјотреси урнаа или сериозно оштетија повеќе од 50.000 згради во 10 окрузи во јужниот и југоисточниот дел на земјата. Според најновите податоци, во Турција загинале 36.187 лица.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган делумно се спротивставува на кандидатурата на Шведска, со образложение дека Стокхолм пружа засолниште на членови на Курдиската работничка партија (ПКК), која Турција, ЕУ и други држави ја сметаат за терористичка група.

Ердоган на почетокот на февруари истакна дека турскиот Парламент може да го ратификува влезот на Финска, но не и на Шведска.

The post Столтенберг во Анкара: Шведска и Финска веднаш треба да се интегрираат во НАТО appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Анкара упати апел „веднаш“ да се интегрираат Шведска и Финска во Северноатлантската алијансата.
Сега е време да се ратификува истовремениот прием на Финска и Шведска како членки на НАТО, истакна Столтенберг на прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Додека Чавушоглу посочи дека Турција може одделно да ги разгледа финските и шведските кандидатури. Шефот на турската дипломатија посочи дека за прашањето за кандидатурите на Шведска и Финска ќе разговара со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој идната недела ќе ја посети Турција. Тој исто така наведе дека со Блинкен ќе разговара и за билатералните односи и руската инвазија врз Украина. Столтенберг најави и дека НАТО ќе гради привремени засолништа и планира да испрати десетици илјади шатори во Турција во наредните денови и недели.
Ова е најсмртоносната природна катастрофа на територија на НАТО од создавањето на Алијансата, посочи Столтенберг, додавајќи дека Алијансата ќе ги искористи своите стратешки способности за воздушен транспорт за транспорт на потребната помош.
Само во Турција, минатонеделните разорни земјотреси урнаа или сериозно оштетија повеќе од 50.000 згради во 10 окрузи во јужниот и југоисточниот дел на земјата. Според најновите податоци, во Турција загинале 36.187 лица. Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган делумно се спротивставува на кандидатурата на Шведска, со образложение дека Стокхолм пружа засолниште на членови на Курдиската работничка партија (ПКК), која Турција, ЕУ и други држави ја сметаат за терористичка група. Ердоган на почетокот на февруари истакна дека турскиот Парламент може да го ратификува влезот на Финска, но не и на Шведска.

The post Столтенберг во Анкара: Шведска и Финска веднаш треба да се интегрираат во НАТО appeared first on Република.

]]>
Столтенберг не очекува Турција да ги блокира Шведска и Финска во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stoltenberg-ne-ochekuva-turtsija-da-gi-blokira-shvedska-i-finska-vo-nato/ Mon, 26 Dec 2022 12:44:47 +0000 https://republika.mk/?p=590104

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за германската агенција ДПА изјави дека очекува Шведска и Финска официјално да се приклучат на НАТО во 2023 година. Столтенберг не можеше точно да каже кога тоа ќе се случи. Сепак, тој посочи дека е „апсолутно убеден дека процесот на ратификација ќе биде завршен навреме“.

Столтенберг јасно стави до знаење дека не очекува Турција долго време да го блокира процесот на приклучување на Финска и Шведска во НАТО. Најисточната членка на одбранбената алијанса се уште ја нема ратификувано т.н протоколи за пристапување, за да се отвори патот на Финска и Шведска за влез во НАТО. Турското раководство ја оправдува својата позиција со наводната поддршка на двете земји на „терористичките организации“, мислејќи на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК).

Сепак, според некои шпекулации, улога во турската блокада играат и одлуките на одделни земји на НАТО кои ја прекинаа продажбата на оружје на Анкара. На пример, САД ја исклучија Турција од нејзината програма за производство на борбени авиони „Ф-35“ откако владата во Анкара купи противракетни системи „С-400“ од Русија, и покрај противењето на партнерите во НАТО поради безбедносни причини.

Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО во мај поради руската агресија во Украина. Турција сега вели дека тогашните договори сè уште не се исполнети, а особено во нивното реализирање доцни Шведска. Анкара, меѓу другото, бара екстрадиција на наводни терористи.

Минатата недела турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на прес-конференција со неговиот шведски колега Тобијас Билстром рече дека „не се ни на половина пат“ во спроведувањето на договорот.

Тој, меѓу другото, го критикуваше фактот што шведскиот Врховен суд неодамна ја запре екстрадицијата на новинарот Булент Кенес, што беше побарано од Турција.

Запрашан дали не би било подобро Алијансата да има можност за суспендирање на гласачкото право на земји како Турција, Столтенберг рече дека нема причина да се шпекулира каков би бил пристапот доколку денеска се преговара за основачкиот договор на НАТО.

Тој истакна дека има и разлики во мислењата кај сојузниците по прашања како што се демократијата и владеењето на правото, додавајќи дека НАТО е важен форум каде сојузниците можат да ја изразат својата загриженост

The post Столтенберг не очекува Турција да ги блокира Шведска и Финска во НАТО appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интервју за германската агенција ДПА изјави дека очекува Шведска и Финска официјално да се приклучат на НАТО во 2023 година. Столтенберг не можеше точно да каже кога тоа ќе се случи. Сепак, тој посочи дека е „апсолутно убеден дека процесот на ратификација ќе биде завршен навреме“. Столтенберг јасно стави до знаење дека не очекува Турција долго време да го блокира процесот на приклучување на Финска и Шведска во НАТО. Најисточната членка на одбранбената алијанса се уште ја нема ратификувано т.н протоколи за пристапување, за да се отвори патот на Финска и Шведска за влез во НАТО. Турското раководство ја оправдува својата позиција со наводната поддршка на двете земји на „терористичките организации“, мислејќи на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК). Сепак, според некои шпекулации, улога во турската блокада играат и одлуките на одделни земји на НАТО кои ја прекинаа продажбата на оружје на Анкара. На пример, САД ја исклучија Турција од нејзината програма за производство на борбени авиони „Ф-35“ откако владата во Анкара купи противракетни системи „С-400“ од Русија, и покрај противењето на партнерите во НАТО поради безбедносни причини. Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО во мај поради руската агресија во Украина. Турција сега вели дека тогашните договори сè уште не се исполнети, а особено во нивното реализирање доцни Шведска. Анкара, меѓу другото, бара екстрадиција на наводни терористи. Минатата недела турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на прес-конференција со неговиот шведски колега Тобијас Билстром рече дека „не се ни на половина пат“ во спроведувањето на договорот. Тој, меѓу другото, го критикуваше фактот што шведскиот Врховен суд неодамна ја запре екстрадицијата на новинарот Булент Кенес, што беше побарано од Турција. Запрашан дали не би било подобро Алијансата да има можност за суспендирање на гласачкото право на земји како Турција, Столтенберг рече дека нема причина да се шпекулира каков би бил пристапот доколку денеска се преговара за основачкиот договор на НАТО. Тој истакна дека има и разлики во мислењата кај сојузниците по прашања како што се демократијата и владеењето на правото, додавајќи дека НАТО е важен форум каде сојузниците можат да ја изразат својата загриженост

The post Столтенберг не очекува Турција да ги блокира Шведска и Финска во НАТО appeared first on Република.

]]>
Ердоган најави нов состанок за прием на Шведска и Финска во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/erdogan-najavi-nov-sostanok-za-priem-na-shvedska-i-finska-vo-nato/ Tue, 08 Nov 2022 19:21:55 +0000 https://republika.mk/?p=571586

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара, по средбата со новиот премиер на Шведска, Улф Кристерсон, кој дојде да се заложи за одобрување за прием на неговата земја во НАТО, изјави дека ќе има нова средба за ова во Стокхолм на крајот на ноември.

„Се надеваме на позитивен заклучок на заедничката средба што ќе се одржи во Стокхолм на крајот на месецот”, рече турскиот претседател, додавајќи дека „искрено се надева на пристапување на Шведска” во Алијансата.

Кристерсон вети дека Шведска ќе биде „безбедносен фактор за сите земји од Алијансата”.

Ердоган потсети дека Турција „го одобри процесот на пристапување на Шведска во НАТО” бидејќи, како што рече, „ја разбираме нејзината грижа за својата безбедност и сакаме Шведска да одговори на нашата загриженост”. Тој додаде дека „Турција сака поддршка од Шведска против тероризмот”.

Кристерсен рече дека Шведска се бори против тероризмот и дека во тоа нема сомнеж. Тој рече дека Стокхолм ја гледа Курдистанската работничка партија како терористичка организација и дека САД и Европската унија исто така ја сметаат.

„Ја разбираме чувствителноста на Турција на оваа тема”, рече шведскиот премиер и вети дека ќе одговори на сите очекувања на Турција како иден сојузник.

Кога Финска и Шведска одлучија да бараат прием во НАТО поради нападот на соседна Русија врз Украина, Турција беше единствената во Алијансата која експлицитно се спротивстави на тоа, а нејзиниот претседател Ердоган ги обвини властите во Хелсинки и Стокхолм дека ги штитат курдските борци кои нашле засолниште во двете северни земји затоа што Анкара ги прогонува.

Двете нордиски земји во јули постигнаа договор со Турција за нивниот прием во НАТО, но Турција наведува дека договорот сè уште не е целосно спроведен.

The post Ердоган најави нов состанок за прием на Шведска и Финска во НАТО appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Анкара, по средбата со новиот премиер на Шведска, Улф Кристерсон, кој дојде да се заложи за одобрување за прием на неговата земја во НАТО, изјави дека ќе има нова средба за ова во Стокхолм на крајот на ноември.
„Се надеваме на позитивен заклучок на заедничката средба што ќе се одржи во Стокхолм на крајот на месецот”, рече турскиот претседател, додавајќи дека „искрено се надева на пристапување на Шведска” во Алијансата.
Кристерсон вети дека Шведска ќе биде „безбедносен фактор за сите земји од Алијансата”. Ердоган потсети дека Турција „го одобри процесот на пристапување на Шведска во НАТО” бидејќи, како што рече, „ја разбираме нејзината грижа за својата безбедност и сакаме Шведска да одговори на нашата загриженост”. Тој додаде дека „Турција сака поддршка од Шведска против тероризмот”. Кристерсен рече дека Шведска се бори против тероризмот и дека во тоа нема сомнеж. Тој рече дека Стокхолм ја гледа Курдистанската работничка партија како терористичка организација и дека САД и Европската унија исто така ја сметаат.
„Ја разбираме чувствителноста на Турција на оваа тема”, рече шведскиот премиер и вети дека ќе одговори на сите очекувања на Турција како иден сојузник.
Кога Финска и Шведска одлучија да бараат прием во НАТО поради нападот на соседна Русија врз Украина, Турција беше единствената во Алијансата која експлицитно се спротивстави на тоа, а нејзиниот претседател Ердоган ги обвини властите во Хелсинки и Стокхолм дека ги штитат курдските борци кои нашле засолниште во двете северни земји затоа што Анкара ги прогонува. Двете нордиски земји во јули постигнаа договор со Турција за нивниот прием во НАТО, но Турција наведува дека договорот сè уште не е целосно спроведен.

The post Ердоган најави нов состанок за прием на Шведска и Финска во НАТО appeared first on Република.

]]>
Македонското Собрание го ратификуваше протоколот за прием на Шведска и Финска во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskoto-sobranie-go-ratifikuvashe-protokolot-za-priem-na-shvedska-i-finska-vo-nato/ Wed, 27 Jul 2022 11:30:34 +0000 https://republika.mk/?p=533800

Собранието денеска на 82. седница со 103 гласа „за“ и два „против“ ги ратификуваше протоколите за пристапување на Република Финска и на Кралството Шведска во НАТО. Македонскиот Парламент првпат ратификува протоколи на нови земји аспиранти за членство во Алијансата, откако земјава официјално стана членка на НАТО на 27 март 2022.

За ратифицикацијата на протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО гласаа пратеници од владејачкото мнозинство и од опозицијата.

На денешната седница во Собранието присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, други членови на Владата и претставници на дипломатскиот кор во земјава.

По Самитот на НАТО во Мадрид, што се одржа кон крајот на минатиот месец, на 5 јули 2022 претставниците на 30 држави членки на Алијансата во Брисел ги потпишаа протоколите кон Северноатлантскиот договор во врска со  пристапувањето на Шведска и на Финска во Пактот.

Шведска и Финска поднесоа барања за членство во Алијансата по почетокот на руската аграсија врз Украина. 

The post Македонското Собрание го ратификуваше протоколот за прием на Шведска и Финска во НАТО appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска на 82. седница со 103 гласа „за“ и два „против“ ги ратификуваше протоколите за пристапување на Република Финска и на Кралството Шведска во НАТО. Македонскиот Парламент првпат ратификува протоколи на нови земји аспиранти за членство во Алијансата, откако земјава официјално стана членка на НАТО на 27 март 2022. За ратифицикацијата на протоколите за влез на Финска и Шведска во НАТО гласаа пратеници од владејачкото мнозинство и од опозицијата. На денешната седница во Собранието присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, други членови на Владата и претставници на дипломатскиот кор во земјава. По Самитот на НАТО во Мадрид, што се одржа кон крајот на минатиот месец, на 5 јули 2022 претставниците на 30 држави членки на Алијансата во Брисел ги потпишаа протоколите кон Северноатлантскиот договор во врска со  пристапувањето на Шведска и на Финска во Пактот. Шведска и Финска поднесоа барања за членство во Алијансата по почетокот на руската аграсија врз Украина. 

The post Македонското Собрание го ратификуваше протоколот за прием на Шведска и Финска во НАТО appeared first on Република.

]]>
Почнува ратификацијата за приемот на Шведка и Финска во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-ratifikacijata-za-priemot-na-shvedka-i-finska-vo-nato/ Tue, 26 Jul 2022 06:16:29 +0000 https://republika.mk/?p=533211

Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и Предлогот на законот за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Република Финска, се на дневен ред на денешните седници на собраниската Комисија за надворешна политика и на Законодавно – правната комисија.

Владата на 17-ти овој месец ги пушти во собраниска процедура одделните Предлог-закони за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска, со цел да се создадат формални правни предуслови, по стапувањето во сила на Протоколите, двете земји да може да пристапат кон НАТО.

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и членовите на Владата отворено ја поддржаа иницијативата на Шведска и Финска за членство во НАТО и уште во мај беше дадена согласност за прием на двете држави во НАТО.

– Протоколите кон Северноатлантскиот Договор во врска со пристапувањето на Кралство Шведска и Република Финска се потпишани во Брисел на 5 јули 2022 година од овластени претставници на државите-членки на НАТО, наведе владината прес-служба во соопштението од 17 јули. 

The post Почнува ратификацијата за приемот на Шведка и Финска во НАТО appeared first on Република.

]]>

Предлогот на закон за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и Предлогот на законот за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Република Финска, се на дневен ред на денешните седници на собраниската Комисија за надворешна политика и на Законодавно – правната комисија. Владата на 17-ти овој месец ги пушти во собраниска процедура одделните Предлог-закони за ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор во врска со пристапувањето на Кралството Шведска и на Република Финска, со цел да се создадат формални правни предуслови, по стапувањето во сила на Протоколите, двете земји да може да пристапат кон НАТО. Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и членовите на Владата отворено ја поддржаа иницијативата на Шведска и Финска за членство во НАТО и уште во мај беше дадена согласност за прием на двете држави во НАТО. – Протоколите кон Северноатлантскиот Договор во врска со пристапувањето на Кралство Шведска и Република Финска се потпишани во Брисел на 5 јули 2022 година од овластени претставници на државите-членки на НАТО, наведе владината прес-служба во соопштението од 17 јули. 

The post Почнува ратификацијата за приемот на Шведка и Финска во НАТО appeared first on Република.

]]>
Ништо не е готово: Ердоган пак се закани со вето за Шведска и Финска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nishto-ne-e-gotovo-erdogan-pak-se-zakani-so-veto-za-shvedska-i-finska/ Mon, 18 Jul 2022 17:30:18 +0000 https://republika.mk/?p=530765

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган повторно се закани дела ќе го блокира пристапот на Шведска и Финска во НАТО, ако Стокхолм и Хелсинки не ги исполнат барањата на Анкара.

– Турција ќе го замрзне процесот за членство на Шведска и на Финска во НАТО, доколку тие две земји не го одржат ветувањето за антитерористички акции што го дадоа минатиот месец. Шведска досега не остава добар впечаток, истакна Ердоган.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО откако Русија ја нападна Украина, но Турција веднаш се спротивстави на идејата и ги обвини двете нордиски земји дека поддржуваат групите, кои Турција ги смета за терористички.

Потоа, трите земји потпишаа договор на Самитот на НАТО во Мадрид минатиот месец, по што Анкара го укина ветото за влезот на Шведска и Финска во Алијансата, но под услов двете земји да ги исполнат ветувањата поврзани со наводните терористички групи и извозот на оружје.

Турција тогаш најави дека „внимателно ќе го следи“ спроведувањето на договорот пред да го ратификува влезот на Шведска и Финска во НАТО

The post Ништо не е готово: Ердоган пак се закани со вето за Шведска и Финска appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган повторно се закани дела ќе го блокира пристапот на Шведска и Финска во НАТО, ако Стокхолм и Хелсинки не ги исполнат барањата на Анкара. – Турција ќе го замрзне процесот за членство на Шведска и на Финска во НАТО, доколку тие две земји не го одржат ветувањето за антитерористички акции што го дадоа минатиот месец. Шведска досега не остава добар впечаток, истакна Ердоган. Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО откако Русија ја нападна Украина, но Турција веднаш се спротивстави на идејата и ги обвини двете нордиски земји дека поддржуваат групите, кои Турција ги смета за терористички. Потоа, трите земји потпишаа договор на Самитот на НАТО во Мадрид минатиот месец, по што Анкара го укина ветото за влезот на Шведска и Финска во Алијансата, но под услов двете земји да ги исполнат ветувањата поврзани со наводните терористички групи и извозот на оружје. Турција тогаш најави дека „внимателно ќе го следи“ спроведувањето на договорот пред да го ратификува влезот на Шведска и Финска во НАТО

The post Ништо не е готово: Ердоган пак се закани со вето за Шведска и Финска appeared first on Република.

]]>
Шведска и на Финска чекор поблиску до НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedska-i-na-finska-chekor-poblisku-do-nato/ Tue, 05 Jul 2022 06:37:01 +0000 https://republika.mk/?p=523964

Земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за членството на Шведска и на Финска.

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хависто ќе учествуваат на церемонијата на потпишување заедно со претставници на сегашните 30 членки на НАТО.

Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, официјално да ги покани Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата, но процесот на ратификација може да потрае шест до осум месеци.

Потпишувањето на протоколите за покана беа пролонгирани поради спротивставувањето на Турција и обвинувањето на Стокхолм и на Хелсинки дека поддржуваат терористички групи. Недоразбирањата беа надминати откако Турција, Шведска и Финска се согласија да соработуваат во низа антитерористички операции, вклучително и договори за екстрадиција и ветувања за ставање крај на ембаргото за оружје.

The post Шведска и на Финска чекор поблиску до НАТО appeared first on Република.

]]>

Земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за членството на Шведска и на Финска. Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хависто ќе учествуваат на церемонијата на потпишување заедно со претставници на сегашните 30 членки на НАТО. Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, официјално да ги покани Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата, но процесот на ратификација може да потрае шест до осум месеци. Потпишувањето на протоколите за покана беа пролонгирани поради спротивставувањето на Турција и обвинувањето на Стокхолм и на Хелсинки дека поддржуваат терористички групи. Недоразбирањата беа надминати откако Турција, Шведска и Финска се согласија да соработуваат во низа антитерористички операции, вклучително и договори за екстрадиција и ветувања за ставање крај на ембаргото за оружје.

The post Шведска и на Финска чекор поблиску до НАТО appeared first on Република.

]]>
Земјите-членки на НАТО ќе ги потпишат пристапни протоколи за Шведска и Финска https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zemjite-chlenki-na-nato-kje-gi-potpishat-pristapni-protokoli-za-shvedska-i-finska/ Tue, 05 Jul 2022 06:18:52 +0000 https://republika.mk/?p=523955

Земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за членството на Шведска и на Финска.

Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хависто ќе учествуваат на церемонијата на потпишување заедно со претставници на сегашните 30 членки на НАТО.

Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, официјално да ги покани Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата, но процесот на ратификација може да потрае шест до осум месеци.

Потпишувањето на протоколите за покана беа пролонгирани поради спротивставувањето на Турција и обвинувањето на Стокхолм и на Хелсинки дека поддржуваат терористички групи. Недоразбирањата беа надминати откако Турција, Шведска и Финска се согласија да соработуваат во низа антитерористички операции, вклучително и договори за екстрадиција и ветувања за ставање крај на ембаргото за оружје.

The post Земјите-членки на НАТО ќе ги потпишат пристапни протоколи за Шведска и Финска appeared first on Република.

]]>

Земјите-членки на НАТО денеска во Брисел ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за членството на Шведска и на Финска. Шведската министерка за надворешни работи Ен Линде и нејзиниот фински колега Пека Хависто ќе учествуваат на церемонијата на потпишување заедно со претставници на сегашните 30 членки на НАТО. Протоколите му дозволуваат на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, официјално да ги покани Шведска и Финска да се приклучат на Алијансата, но процесот на ратификација може да потрае шест до осум месеци. Потпишувањето на протоколите за покана беа пролонгирани поради спротивставувањето на Турција и обвинувањето на Стокхолм и на Хелсинки дека поддржуваат терористички групи. Недоразбирањата беа надминати откако Турција, Шведска и Финска се согласија да соработуваат во низа антитерористички операции, вклучително и договори за екстрадиција и ветувања за ставање крај на ембаргото за оружје.

The post Земјите-членки на НАТО ќе ги потпишат пристапни протоколи за Шведска и Финска appeared first on Република.

]]>
Путин: Ќе одговориме на влезот на Финска и Шведска во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-kje-odgovorime-na-vlezot-na-finska-i-shvedska-vo-nato/ Thu, 30 Jun 2022 06:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=521350

Русија ќе одговори на влезот на Шведска и Финска во НАТО, кажа претседателот на државата, Владимир Путин.

Доколку НАТО воспостави своја инфраструктура во Финска и Шведска, откако државите ќе ѝ се приклучат на алијансата, Русија ќе одговори со иста мера.

Руските медиуми го цитираат Путин, кој кажа дека не може да се исклучат тензии во иднина меѓу Москва, Хелсинки и Стокхолм поради влезот во НАТО.

The post Путин: Ќе одговориме на влезот на Финска и Шведска во НАТО appeared first on Република.

]]>

Русија ќе одговори на влезот на Шведска и Финска во НАТО, кажа претседателот на државата, Владимир Путин. Доколку НАТО воспостави своја инфраструктура во Финска и Шведска, откако државите ќе ѝ се приклучат на алијансата, Русија ќе одговори со иста мера. Руските медиуми го цитираат Путин, кој кажа дека не може да се исклучат тензии во иднина меѓу Москва, Хелсинки и Стокхолм поради влезот во НАТО.

The post Путин: Ќе одговориме на влезот на Финска и Шведска во НАТО appeared first on Република.

]]>
Шведска и Финска ќе бидат на самитот на НАТО иако не се членки https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shvedska-i-finska-kje-bidat-na-samitot-na-nato-iako-ne-se-chlenki/ Wed, 25 May 2022 06:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=506544

Шведска и Финска, кои минатата недела ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО, ќе присуствуваат на самитот на Алијансата во Мадрид во јуни, изјави шпанскиот премиер на форумот во Давос.

-Двете нордиски земји секако ќе бидат во Мадрид, на самитот што ќе се одржи од 28 до 30 јуни, изјави Педро Санчез, кој за тоа беше прашан од претседателот на Светскиот економски форум (СЕФ) Борхе Бренде.

„Ова се две големи демократии  и верувам дека е многу важно да ги имаме како сојузници на НАТО“, продолжи Санчез.

-Атмосферата, актуелниот контекст и политичката желба на сојузниците е да се работи на прашањето на овие две земји, рече шпанскиот социјалистички лидер, пренесува Хина.

Тој нагласи дека Шпанија ќе го „забрза парламентарниот процес“ кога ќе биде ратификуван приемот на двете земји.

Како резултат на руската инвазија на Украина, Финска и Шведска официјално поднесоа барање за влез во НАТО минатата недела, но Турција се спротивстави на членството на двете земји во Алијансата.

Санчез рече дека главната цел на самитот во Мадрид ќе биде „единство на сојузниците“ и единство „меѓу НАТО и Европската унија

The post Шведска и Финска ќе бидат на самитот на НАТО иако не се членки appeared first on Република.

]]>

Шведска и Финска, кои минатата недела ги поднесоа своите официјални кандидатури за членство во НАТО, ќе присуствуваат на самитот на Алијансата во Мадрид во јуни, изјави шпанскиот премиер на форумот во Давос. -Двете нордиски земји секако ќе бидат во Мадрид, на самитот што ќе се одржи од 28 до 30 јуни, изјави Педро Санчез, кој за тоа беше прашан од претседателот на Светскиот економски форум (СЕФ) Борхе Бренде. „Ова се две големи демократии  и верувам дека е многу важно да ги имаме како сојузници на НАТО“, продолжи Санчез.
-Атмосферата, актуелниот контекст и политичката желба на сојузниците е да се работи на прашањето на овие две земји, рече шпанскиот социјалистички лидер, пренесува Хина.
Тој нагласи дека Шпанија ќе го „забрза парламентарниот процес“ кога ќе биде ратификуван приемот на двете земји. Како резултат на руската инвазија на Украина, Финска и Шведска официјално поднесоа барање за влез во НАТО минатата недела, но Турција се спротивстави на членството на двете земји во Алијансата. Санчез рече дека главната цел на самитот во Мадрид ќе биде „единство на сојузниците“ и единство „меѓу НАТО и Европската унија

The post Шведска и Финска ќе бидат на самитот на НАТО иако не се членки appeared first on Република.

]]>