шурување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shuruvane/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Mar 2023 22:26:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шурување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shuruvane/ 32 32 Стоилковски: Молкот од Оливер Спасовски е потврда за шурувањето со криминалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-molkot-od-oliver-spasovski-e-potvrda-za-shuruvaneto-so-kriminaltsi/ Thu, 23 Mar 2023 13:23:48 +0000 https://republika.mk/?p=622883

Меѓународни извештаи потврдуваат дека нема јасна линија помеѓу криминалот и институциите што треба да се борат со криминалот, што потврдува дека институциите во Македонија шуруваат со криминалот, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека Оливер Спасовски две недели се крие зад флоскули и не одговара на едноставни прашања коишто го потврдуваат ова шурување:

Дали и кога е направен претрес и дали е одземено автоматското оружје во куќа во Ласкарци близу Скопје, кај близок на Сашо Тасевски директор на БЈБ, за што е објавено и видео од пукање?

Дали и зошто комисија составена од Оливер Спасовски водена од негов пулен Музафер Каришиќ, издала дозвола за оружје на лице наведено во првите пет за полициска проверка и претрес од листата Безбеден град?

Дали и зошто на листата составена од имиња безбедносен ризик во Скопје се лица од криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, а нема членови на криминалните групи Беланоца, Кондово, Барон?

Дали и зошто на листата за проверка нема повратници доброволци од војните во Сирија и Ирак?, прашува Стоилковски.

Тој додава дека јасни се прашањата, уште појасен е молкот од Оливер Спасовски. Молкот од Оливер Спасовски е потврда за шурувањето со криминалци. Се додека со полицијата управуваат Оливер Спасовски и партиската хиерархија на СДС, Македонија ќе се дави во нерешен насилен криминал, МВР ќе биде испостава за мафијата од издавање пасоши до издавање дозволи за оружје, а меѓународните институции ќе посочуваат на владино – спонзорирани криминал и корупција!

The post Стоилковски: Молкот од Оливер Спасовски е потврда за шурувањето со криминалци appeared first on Република.

]]>

Меѓународни извештаи потврдуваат дека нема јасна линија помеѓу криминалот и институциите што треба да се борат со криминалот, што потврдува дека институциите во Македонија шуруваат со криминалот, изјави Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека Оливер Спасовски две недели се крие зад флоскули и не одговара на едноставни прашања коишто го потврдуваат ова шурување:
Дали и кога е направен претрес и дали е одземено автоматското оружје во куќа во Ласкарци близу Скопје, кај близок на Сашо Тасевски директор на БЈБ, за што е објавено и видео од пукање?   Дали и зошто комисија составена од Оливер Спасовски водена од негов пулен Музафер Каришиќ, издала дозвола за оружје на лице наведено во првите пет за полициска проверка и претрес од листата Безбеден град?   Дали и зошто на листата составена од имиња безбедносен ризик во Скопје се лица од криминалните групи Дуќанџик, Грчец и Бундес, а нема членови на криминалните групи Беланоца, Кондово, Барон?   Дали и зошто на листата за проверка нема повратници доброволци од војните во Сирија и Ирак?, прашува Стоилковски.