Шунтаро Таникава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shuntaro-tanikava/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Aug 2022 08:09:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шунтаро Таникава Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shuntaro-tanikava/ 32 32 Оливера Ќорвезировска: Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/olivera-kjorvezirovska-tanikava-i-anchevski-si-ja-rimuvaat-tishinata-kako-zaednichka-tatkovina-na-nivnite-zborovi/ Sat, 27 Aug 2022 08:09:57 +0000 https://republika.mk/?p=544632

Годинава, на 61. издание на „Струшките вечери на поезијата“, во една длабока, симболична и суштинска смисла се римуваат и наградите. Златниот венец за 2022 се римува со наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик помеѓу два фестивала. Се римуваат и Шунтаро Таникава и Зоран Анчевски со своите допрени и испреплетени јазици (како поет и препејувач) и со своите блиски поетики (како поет и поет). Симболичното римување на годинашните награди и наградоносци е еден вид заокружување на универзалните творечки концепти, охрабрувачки синхроницитет и апотеоза на поезијата. Македонските поети во своите песни ги римуваа просторите со љубените, Струшките вечери годинава ги римуваат наградите, а Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови. Ова вечерва го истакна писателката и книжевната критичарка Оливера Ќорвезировска на Портретот посветен на Зоран Анчевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година за неговата книга „Збунети компаси“ што се доделува за најдобро поетско остварување меѓу два фестивала.

Анчевски го добива ова признание вторпат. Претходно тој ја доби истата награда за стихозбирката „Небесна пантомима“ во 2018 година.

Сѐ е толку префинето и обмислено во „Збунети компаси“, што „стрелките“ се секогаш таму каде што треба да бидат. Збунетоста е само игра на слободата со која тие покажуваат на двата севера: северот на потрагата и северот на пронаоѓањето. „Збунети компаси“ е отстојана збирка во најубавата смисла на зборот. Раскошна лексика, прибирање на загубените зборови и чување во песна. Нема поубав начин од тоа за еден јазик. За едно пеење. Цибрини, боринки, ѓерѓефи, ибришими, синори, кандилки, коткања, забели, басри, ноќви, шикли... и едночудо други лексички длабења во слоевиот поетски јазик, истакна Ќорвезировска.

Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, беше претставен и Портрет на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Џерардо Мазучо, награда што „Струшките вечери на поезијата“ ја доделуваат за најдобра дебитантска поетска збирка од млад автор.

Стихозбирката „Дотука живеел човек“, веќе наградена во Италија со „Премио Камаиоре“ и „Премио Сан Доменикано“, донесува 64 лирски песни во кои младиот и сензибилен поет стои исправен пред тајната на животот, соочувајќи се со најразновидните искушенија, претставувајќи и преточувајќи во стихови фрагменти, делчиња или „фиокички живот“, чии клучеви останале затурени низ времето. Ова творештво, оценето како високо рефлексивно и филозофско, некои критичари, како Џована Розадини, на пример, го сместуваат во рамките на егзистенцијализмот, или попрецизно на пост-егзистенцијализмот, истакна Анастасија Ѓурчинова.

Маузочо, пак, истакна дека животот не би му имал смисла без литература.

Литературата за мене претставува кајче при бродолом. Па, сепак, ако тој пат за бегство е спас за бродоломникот на кого бродот му тоне под нозете, ако значи преживување и ако тој бродоломник му должи бескрајна благодарност, не треба да се мисли дека човек запловува во море со цел да заврши качен во некое кајче. Не, не можам да речам дека сум роден за литература, но можам со сигурност да тврдам дека литературата го направи возможен мојот живот, рече Мазучо.

Во рамките на програмата беше организирана и вечер на национална поезија посветена на хрватска женска поезија, како и претставување на книгата Антологија на поезија и музика.
Меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ беше отворена синоќа, со палење на фестивалскиот оган на терасата во хотел „Дрим“ и поетското читање „Меридијани“.
На „Струшките вечери на поезијата“ присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата, а годинашното издание се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“.

Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде в недела, на 28 август на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која „Струшките вечери на поезијата“ и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Оливера Ќорвезировска: Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови appeared first on Република.

]]>

Годинава, на 61. издание на „Струшките вечери на поезијата“, во една длабока, симболична и суштинска смисла се римуваат и наградите. Златниот венец за 2022 се римува со наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик помеѓу два фестивала. Се римуваат и Шунтаро Таникава и Зоран Анчевски со своите допрени и испреплетени јазици (како поет и препејувач) и со своите блиски поетики (како поет и поет). Симболичното римување на годинашните награди и наградоносци е еден вид заокружување на универзалните творечки концепти, охрабрувачки синхроницитет и апотеоза на поезијата. Македонските поети во своите песни ги римуваа просторите со љубените, Струшките вечери годинава ги римуваат наградите, а Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови. Ова вечерва го истакна писателката и книжевната критичарка Оливера Ќорвезировска на Портретот посветен на Зоран Анчевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година за неговата книга „Збунети компаси“ што се доделува за најдобро поетско остварување меѓу два фестивала. Анчевски го добива ова признание вторпат. Претходно тој ја доби истата награда за стихозбирката „Небесна пантомима“ во 2018 година.
Сѐ е толку префинето и обмислено во „Збунети компаси“, што „стрелките“ се секогаш таму каде што треба да бидат. Збунетоста е само игра на слободата со која тие покажуваат на двата севера: северот на потрагата и северот на пронаоѓањето. „Збунети компаси“ е отстојана збирка во најубавата смисла на зборот. Раскошна лексика, прибирање на загубените зборови и чување во песна. Нема поубав начин од тоа за еден јазик. За едно пеење. Цибрини, боринки, ѓерѓефи, ибришими, синори, кандилки, коткања, забели, басри, ноќви, шикли... и едночудо други лексички длабења во слоевиот поетски јазик, истакна Ќорвезировска.
Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, беше претставен и Портрет на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Џерардо Мазучо, награда што „Струшките вечери на поезијата“ ја доделуваат за најдобра дебитантска поетска збирка од млад автор.
Стихозбирката „Дотука живеел човек“, веќе наградена во Италија со „Премио Камаиоре“ и „Премио Сан Доменикано“, донесува 64 лирски песни во кои младиот и сензибилен поет стои исправен пред тајната на животот, соочувајќи се со најразновидните искушенија, претставувајќи и преточувајќи во стихови фрагменти, делчиња или „фиокички живот“, чии клучеви останале затурени низ времето. Ова творештво, оценето како високо рефлексивно и филозофско, некои критичари, како Џована Розадини, на пример, го сместуваат во рамките на егзистенцијализмот, или попрецизно на пост-егзистенцијализмот, истакна Анастасија Ѓурчинова.
Маузочо, пак, истакна дека животот не би му имал смисла без литература.
Литературата за мене претставува кајче при бродолом. Па, сепак, ако тој пат за бегство е спас за бродоломникот на кого бродот му тоне под нозете, ако значи преживување и ако тој бродоломник му должи бескрајна благодарност, не треба да се мисли дека човек запловува во море со цел да заврши качен во некое кајче. Не, не можам да речам дека сум роден за литература, но можам со сигурност да тврдам дека литературата го направи возможен мојот живот, рече Мазучо.
Во рамките на програмата беше организирана и вечер на национална поезија посветена на хрватска женска поезија, како и претставување на книгата Антологија на поезија и музика. Меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“ беше отворена синоќа, со палење на фестивалскиот оган на терасата во хотел „Дрим“ и поетското читање „Меридијани“. На „Струшките вечери на поезијата“ присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата, а годинашното издание се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“. Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде в недела, на 28 август на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која „Струшките вечери на поезијата“ и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

The post Оливера Ќорвезировска: Таникава и Анчевски си ја римуваат тишината како заедничка татковина на нивните зборови appeared first on Република.

]]>
Поезијата не произлегува од редот и поредокот, туку од вителот на нејаснотијата, рече лауреатот на „Златниот венец“, Шунтаро Таникава https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poezijata-ne-proizleguva-od-redot-i-poredokot-tuku-od-vitelot-na-nejasnotijata-reche-laureatot-na-zlatniot-venec-shuntaro-tanikava/ Thu, 25 Aug 2022 15:56:55 +0000 https://republika.mk/?p=544090

Иако не сум во можност да бидам со вас тука како физичко битие, за среќа можам да ве поздравам во моментов како зборовно битие. Многу сум горд што ја добив наградата која во минатото била доделувана на голем број сјајни поети со најразлични мајчини јазици, порача во аудопораката годинешниот лауреат на „Златниот венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава на денешната прес-конференција на „Струшките вечери на поезијата“.

Лауреатот Шунтаро Таникава, поради својата поодмината возраст (91 година) и поради здравствени ризици не присуствува на фестивалот.

Се присетувам дека сите ние, макар со одредена неверица, сепак веруваме дека поезијата постои дури и во оваа нејасна и несигурна епоха, исто како што постоела уште од античките времиња, и дека поезијата не произлегува од редот и поредокот, туку од вителот на нејаснотијата. Чувствувам блиско сродство и длабока почит за природата и историјата од кои оваа награда настанала. Не сум убеден дека зборовите што ги имам напишано навистина ја заслужуваат наградава, но не можам, а да не бидам исполнет со радост, радост која на мојава 90-годишна возраст одекнува со спонтана „joie de vivre“ или радоста на животот од моите детски денови. Ве молам простете што ви се обраќам само како глас, и прифатете ја мојата благодарност од дното на срцево - порача Таникава.

Своја благодарност за наградата изрази и синот на лауреатот, Кенсаку Таникава, а обраќање имаше и директорот на фестивалот.

Чувствувам голема благодарност што по две години вонредни околности, кои го погодија целиот свет, па и „Струшките вечери на поезијата“, оваа година имаме можност да го имаме со физичко присутство лауреатот од 2020 година, но и синот на Шунтаро Таникава. Се надевам дека годините со предизвици и глобални турбуленции се зад нас и дека ќе можеме да продложиме со вообичаените изданија на „Струшките вечери на поезијата“, изјави директорот Тодорче Тасевски.

Израелскиот поет Амир Ор, пак, истакна дека се надева дека се гледа крајот на пандемијата, којашто го спречи да присуствува на „Струшките вечери на поезија“ во 2020 година кога беше прогласен за лауреат.

Дозволете ми најпрвин да изразам благодарност за честа што ја добивам оваа преподобна награда за поезија, „Златниот венец“. Се чувствувам привилегиран и многу почестен што станав член на избрана група лауреати - претходници. Традицијава започна овде, во земја што ја сака и цени поезијата, во родниот град на браќата Миладиновци и на фестивалот каде започна оваа реномирана агора на поезијата. Ова несомнено е традиција што ја става Македонија на почесно столче во салата на културното значење и на Европа и на светот. Ништо слично не може да го надмине признанието кога во 2020 година бев прогласен за лауреат, признание дека моите дела се наградени преку ушите и срцата што ги заслужува поезијата. Згора на тоа, како Израелец, не можам да заборавам дека мојот народ, Евреите, дојдоа во земјава уште пред 1800 години и придонесоа за неа најдобро што можеа. Не можам да заборавам ниту дека нивната долга историја овде заврши во Втората светска војна, кога во 1943 година речиси сите Евреи од Скопје и Битола, мажи, жени и деца, беа депортирани во Треблинка и убиени во гасните комори. Сакам да го прогласам токму овој момент, посветен на просветлената страна на човечкиот живот, за уште една станица во обновата на нашата меѓусебна поврзаност - рече израелскиот поет.

Свеченото отворање на 61. издание на фестивалот ќе се случи вечерва со почеток во 20:30 часот. Поради најавите за дожд наместо на платото пред центарот за култура „Браќа Миладиновци“, свеченоста ќе се одржи на терасата во хотелот „Дрим“.

На „Струшките вечери на поезијата“ најавено е присуство на 24 поети од странство и 30-тина од државата.

Манифестацијата се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, со кое се потенцира исконската врска меѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската меѓу поезијата и музиката.

The post Поезијата не произлегува од редот и поредокот, туку од вителот на нејаснотијата, рече лауреатот на „Златниот венец“, Шунтаро Таникава appeared first on Република.

]]>

Иако не сум во можност да бидам со вас тука како физичко битие, за среќа можам да ве поздравам во моментов како зборовно битие. Многу сум горд што ја добив наградата која во минатото била доделувана на голем број сјајни поети со најразлични мајчини јазици, порача во аудопораката годинешниот лауреат на „Златниот венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава на денешната прес-конференција на „Струшките вечери на поезијата“. Лауреатот Шунтаро Таникава, поради својата поодмината возраст (91 година) и поради здравствени ризици не присуствува на фестивалот.
Се присетувам дека сите ние, макар со одредена неверица, сепак веруваме дека поезијата постои дури и во оваа нејасна и несигурна епоха, исто како што постоела уште од античките времиња, и дека поезијата не произлегува од редот и поредокот, туку од вителот на нејаснотијата. Чувствувам блиско сродство и длабока почит за природата и историјата од кои оваа награда настанала. Не сум убеден дека зборовите што ги имам напишано навистина ја заслужуваат наградава, но не можам, а да не бидам исполнет со радост, радост која на мојава 90-годишна возраст одекнува со спонтана „joie de vivre“ или радоста на животот од моите детски денови. Ве молам простете што ви се обраќам само како глас, и прифатете ја мојата благодарност од дното на срцево - порача Таникава.
Своја благодарност за наградата изрази и синот на лауреатот, Кенсаку Таникава, а обраќање имаше и директорот на фестивалот.
Чувствувам голема благодарност што по две години вонредни околности, кои го погодија целиот свет, па и „Струшките вечери на поезијата“, оваа година имаме можност да го имаме со физичко присутство лауреатот од 2020 година, но и синот на Шунтаро Таникава. Се надевам дека годините со предизвици и глобални турбуленции се зад нас и дека ќе можеме да продложиме со вообичаените изданија на „Струшките вечери на поезијата“, изјави директорот Тодорче Тасевски.
Израелскиот поет Амир Ор, пак, истакна дека се надева дека се гледа крајот на пандемијата, којашто го спречи да присуствува на „Струшките вечери на поезија“ во 2020 година кога беше прогласен за лауреат.
Дозволете ми најпрвин да изразам благодарност за честа што ја добивам оваа преподобна награда за поезија, „Златниот венец“. Се чувствувам привилегиран и многу почестен што станав член на избрана група лауреати - претходници. Традицијава започна овде, во земја што ја сака и цени поезијата, во родниот град на браќата Миладиновци и на фестивалот каде започна оваа реномирана агора на поезијата. Ова несомнено е традиција што ја става Македонија на почесно столче во салата на културното значење и на Европа и на светот. Ништо слично не може да го надмине признанието кога во 2020 година бев прогласен за лауреат, признание дека моите дела се наградени преку ушите и срцата што ги заслужува поезијата. Згора на тоа, како Израелец, не можам да заборавам дека мојот народ, Евреите, дојдоа во земјава уште пред 1800 години и придонесоа за неа најдобро што можеа. Не можам да заборавам ниту дека нивната долга историја овде заврши во Втората светска војна, кога во 1943 година речиси сите Евреи од Скопје и Битола, мажи, жени и деца, беа депортирани во Треблинка и убиени во гасните комори. Сакам да го прогласам токму овој момент, посветен на просветлената страна на човечкиот живот, за уште една станица во обновата на нашата меѓусебна поврзаност - рече израелскиот поет.
Свеченото отворање на 61. издание на фестивалот ќе се случи вечерва со почеток во 20:30 часот. Поради најавите за дожд наместо на платото пред центарот за култура „Браќа Миладиновци“, свеченоста ќе се одржи на терасата во хотелот „Дрим“. На „Струшките вечери на поезијата“ најавено е присуство на 24 поети од странство и 30-тина од државата. Манифестацијата се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, со кое се потенцира исконската врска меѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската меѓу поезијата и музиката.

The post Поезијата не произлегува од редот и поредокот, туку од вителот на нејаснотијата, рече лауреатот на „Златниот венец“, Шунтаро Таникава appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 25 странски поети ќе гостуваат во Струга, Јапонецот Таникава, лауреатот на СВП поради здравствени причини не може да присуствува https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/povekje-od-25-stranski-poeti-kje-gostuvaat-vo-struga-japonecot-tanikava-laureatot-na-svp-poradi-zdravstveni-prichini-ne-moze-da-prisustvuva/ Mon, 08 Aug 2022 08:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=537855

„Струшки вечери на поезијата“ како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали ќе се одржи и годинава, во вообичаениот термин, на крајот на август во своето автентично издание на препознатливите локации.

Свеченото отворање на фестивалот повторно ќе се одржи на вообичаената локација, платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ каде што ќе биде запален и фестивалскиот оган, а свеченото затворање ќе биде со традиционалното читање на Мостот на поезијата.

Годинешниот лауреат на СВП, истакнатиот јапонски поет Шунтаро Таникава, опишан како најзначајниот жив јапонски поет, поради својата поодмината возраст (91 година) и поради здравствени ризици нема да биде во можност физички да присутвува на фестивалот. Неговиот син, Кенсаку Таникава, истакнат јапонски композитор и пијанист, ќе го прими „Златниот венец“ во име на неговиот татко. Кенсаку Таникава во рамки на портретот на лауретот во „Св. Софија“ во Охрид, ќе има специјален музички настап инспириран од стиховите на Шунтаро Таникава.

Таникава е вториот јапонски лауреат во Струга, по Макото Оока во 1996.

„Таникава е еден од најпродуктивните, најчитани и највлијателни поети од Јапонија на сите времиња. Преведен е на многу јазици и освоил бројни награди во Јапонија и странство. Објавил повеќе од 80 поетски збирки, а пишувал и драмски текстови, филмски сценарија, есеи и литература за деца“, стои во образложението на Управниот одбор на СВП.

Во издание на СВП, во 2005 е преведена и објавена неговата книга „Дреболии“.

Специјален гостин на годинешното издание е лауреатот на СВП во 2020 година, израелскиот поет Амир Ор.

Програмата на фестивалот ќе се одвива во периодот од 25 до 29 август и ќе ги задржи препознатливите програмски содржини на фестивалот. Повеќе од 25 странски поети, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација, ќе учествуваат на фестивалот на главните поетски читања. Во состав на програмата е предвидено меморијално чествување на доајенот на македонската поезија, Радован Павловски, вечер на хрватска женска поезија и промоција на специјалниот тематски број на „Книжевно житие“, поетски портрет на Шунтаро Таникава, поетски омаж на лауреатот на СВП во 2020 година, Амир Ор, портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, како и повеќе поетски читања на домашни и странски поети.

Во рамки на програмата на СВП ќе биде организиран специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „ВЕРСОПОЛИС“, проект поддржан од Европската Комисија. СВП се дел од овој проект од 2014 година.

Срушките вечери на поезијата се одржуваат под мотото „РИТАМ НА СТИХОТ, РИТАМ НА ЖИВОТОТ“ со кое се потенцира исконската врска помеѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската помеѓу поезијата и музиката. Во рамки на програмата на фестивалот, ќе биде промовирана и Антологијата поезија и музика, тематски избор на песни од истакнати домашни и странски поети чијашто тема е музиката.

Свеченото отворање и свеченото затворање на СВП ќе се одвиваат на препознатливите локации, а во останатите денови, претпладневната програма е предвидена да се одвива во Конгресната сала на хотел „Дрим“, а вечерната програма на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

Програмата на фестивалот, почнувајќи од изданието во 2019 година,целосно се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП, така што ќе биде овозможено целосно следење од страна на поширокот аудиториум.

„Струшките вечери на поезијата“ го задржуваат континуитетот на одржување на фестивалот, кој почнувајќи од 1961 година ја покажува моќта на поезијата да го обедини светот.

 

The post Повеќе од 25 странски поети ќе гостуваат во Струга, Јапонецот Таникава, лауреатот на СВП поради здравствени причини не може да присуствува appeared first on Република.

]]>

„Струшки вечери на поезијата“ како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали ќе се одржи и годинава, во вообичаениот термин, на крајот на август во своето автентично издание на препознатливите локации. Свеченото отворање на фестивалот повторно ќе се одржи на вообичаената локација, платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ каде што ќе биде запален и фестивалскиот оган, а свеченото затворање ќе биде со традиционалното читање на Мостот на поезијата. Годинешниот лауреат на СВП, истакнатиот јапонски поет Шунтаро Таникава, опишан како најзначајниот жив јапонски поет, поради својата поодмината возраст (91 година) и поради здравствени ризици нема да биде во можност физички да присутвува на фестивалот. Неговиот син, Кенсаку Таникава, истакнат јапонски композитор и пијанист, ќе го прими „Златниот венец“ во име на неговиот татко. Кенсаку Таникава во рамки на портретот на лауретот во „Св. Софија“ во Охрид, ќе има специјален музички настап инспириран од стиховите на Шунтаро Таникава. Таникава е вториот јапонски лауреат во Струга, по Макото Оока во 1996. „Таникава е еден од најпродуктивните, најчитани и највлијателни поети од Јапонија на сите времиња. Преведен е на многу јазици и освоил бројни награди во Јапонија и странство. Објавил повеќе од 80 поетски збирки, а пишувал и драмски текстови, филмски сценарија, есеи и литература за деца“, стои во образложението на Управниот одбор на СВП. Во издание на СВП, во 2005 е преведена и објавена неговата книга „Дреболии“. Специјален гостин на годинешното издание е лауреатот на СВП во 2020 година, израелскиот поет Амир Ор. Програмата на фестивалот ќе се одвива во периодот од 25 до 29 август и ќе ги задржи препознатливите програмски содржини на фестивалот. Повеќе од 25 странски поети, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација, ќе учествуваат на фестивалот на главните поетски читања. Во состав на програмата е предвидено меморијално чествување на доајенот на македонската поезија, Радован Павловски, вечер на хрватска женска поезија и промоција на специјалниот тематски број на „Книжевно житие“, поетски портрет на Шунтаро Таникава, поетски омаж на лауреатот на СВП во 2020 година, Амир Ор, портрети на добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“ за 2022 година, како и повеќе поетски читања на домашни и странски поети. Во рамки на програмата на СВП ќе биде организиран специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „ВЕРСОПОЛИС“, проект поддржан од Европската Комисија. СВП се дел од овој проект од 2014 година. Срушките вечери на поезијата се одржуваат под мотото „РИТАМ НА СТИХОТ, РИТАМ НА ЖИВОТОТ“ со кое се потенцира исконската врска помеѓу ритмичките обрасци во поезијата како одраз на ритмичките обрасци во природата и севкупната стварност, но и врската помеѓу поезијата и музиката. Во рамки на програмата на фестивалот, ќе биде промовирана и Антологијата поезија и музика, тематски избор на песни од истакнати домашни и странски поети чијашто тема е музиката. Свеченото отворање и свеченото затворање на СВП ќе се одвиваат на препознатливите локации, а во останатите денови, претпладневната програма е предвидена да се одвива во Конгресната сала на хотел „Дрим“, а вечерната програма на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Програмата на фестивалот, почнувајќи од изданието во 2019 година,целосно се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП, така што ќе биде овозможено целосно следење од страна на поширокот аудиториум. „Струшките вечери на поезијата“ го задржуваат континуитетот на одржување на фестивалот, кој почнувајќи од 1961 година ја покажува моќта на поезијата да го обедини светот.  

The post Повеќе од 25 странски поети ќе гостуваат во Струга, Јапонецот Таникава, лауреатот на СВП поради здравствени причини не може да присуствува appeared first on Република.

]]>
Највлијателниот и најиновативен поет од Јапонија, Шунтаро Таникава е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/najvlijatelniot-i-najinovativen-poet-od-japonija-shuntaro-tanikava-e-dobitnik-na-zlaten-venec-na-strushkite-vecheri-na-poezijata-za-2022-godina/ Mon, 21 Mar 2022 11:56:40 +0000 https://republika.mk/?p=476068

Шунтаро Таникава, поет од Јапонија, е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година, а наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои италијанскиот поет Џерардо Мазучо.

Шунтаро Таникава е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува не само низ возбудливите води на јазикот, туку и во нивната креативна прпеобразба во музика, филм, слика или калиграфско писмо, се наведува во образложението на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.

Како што посочи претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при денешното прогласување на лауреатите во МАНУ, Таникава е најпродуктивниот, најчитаниот, највлијателниот, најпознатиот и најиновативен поет од Јапонија, но не само меѓу живите поети, туку и пошироко, чии што дела се преведени на многу јазици во светот.

Таникава е автор е на 80 поетски збирки, за кои има добиено бројни книжевни признанија не само во Јапонија, туку и во странство.

Неговите дела се појавуваат не само во угледни книжевни списанија, туку и во школските учебници по медиумите и пошироко. Шунтаро се јавува и како автор исто така на драмски текстови, на филмски сценарија, тој е плоден есеист, самиот е преведувач, но и автор на литература за деца. Добитник е на низа престижни награди.

Како неговите современици, така и Таникава верува дека традиционалната јапонска поезија е заробена во сенката на историската оспеднатост со минатото, дека традиционалната јапонска култура се разградува од вербата во сопствената моќ, но затоа и се насочил токму кон западната поезија и култура, додаде Шелева.

Во своето поздравно обраќање, Шунтаро се заблагодари за почитта кон поезијата, и верува дека таа ќе послужи како „гласник која ги пренесува гласовите скриени во остареното тело“.

Дали само јас чувствувам некаква самотија штом добијам награда или одликување? Невообичаено е чувството да се биде избран од мноштвото поети и заедно со радоста и гордоста кои ги чувствувам, бидејќи сум избран за добитник, се чувствувам и уважено меѓу моите колеги поети. Но, кога се присетувам на покојниот Макото Ока, мојот близок пријател и добитникот на оваа награда во 1996 година, самотијата ми исчезнува и неа ја заменува љубовта кон моите колеги поети и кон оние кои копнеат да постанат поети. Иако живееме во различни времиња, во различни околности и со различни мајчини јазици во ова немирно доба на нашата ранлива земја, оваа љубов постојано расте, се вели во обраќањето на Шунтаро.

Наградата „Мостови на Струга“ годинава ја доби италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Наградата е востановена во 2004 година, а годинава се доделува по 19-ти пат.

Мазучо е роден на југот од Италија, во 1991 година. Откако ги завршил класичните студии, се преселил во Милано во 2010 година, каде што дипломирал авторски права а потоа и издаваштво на Универзитетот во Бокони.

Во 2020 ја основал и издавачката куча „Утопија“, која е насочена кон книжевна фикција, поезија и белетристика.

-Мазаучо е длабоко упатен во тајните на поетската вокација, а тоа најдобро се гледа токму од неговата поезија, која е спој на несомнена дарба и префинета вештина. Се добива чувтсво дека во неговите песни секој стих е токму на вистинското место. Иако е млад поет, неговата поезија е веќе дел на антологии, списанија, посебни веб страници, некомерцијални памфлети, рече во своето обраќање членот на Управниот одбор на манифестацијата, Владимир Мартиновски.

Првата книга на Мазучо, за која ја и добива наградата „Мостови на Струга“ е стихозбирката „Еден човек живеел тука“ и е книга со која тој стекнува критички и комеријцален успех, не само на национално, туку и на меѓународно ниво.

The post Највлијателниот и најиновативен поет од Јапонија, Шунтаро Таникава е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Шунтаро Таникава, поет од Јапонија, е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година, а наградата „Мостови на Струга“ годинава ја освои италијанскиот поет Џерардо Мазучо.
Шунтаро Таникава е најзначајниот жив јапонски поет, чија поезија суверено патува не само низ возбудливите води на јазикот, туку и во нивната креативна прпеобразба во музика, филм, слика или калиграфско писмо, се наведува во образложението на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата.
Како што посочи претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при денешното прогласување на лауреатите во МАНУ, Таникава е најпродуктивниот, најчитаниот, највлијателниот, најпознатиот и најиновативен поет од Јапонија, но не само меѓу живите поети, туку и пошироко, чии што дела се преведени на многу јазици во светот. Таникава е автор е на 80 поетски збирки, за кои има добиено бројни книжевни признанија не само во Јапонија, туку и во странство. Неговите дела се појавуваат не само во угледни книжевни списанија, туку и во школските учебници по медиумите и пошироко. Шунтаро се јавува и како автор исто така на драмски текстови, на филмски сценарија, тој е плоден есеист, самиот е преведувач, но и автор на литература за деца. Добитник е на низа престижни награди.
Како неговите современици, така и Таникава верува дека традиционалната јапонска поезија е заробена во сенката на историската оспеднатост со минатото, дека традиционалната јапонска култура се разградува од вербата во сопствената моќ, но затоа и се насочил токму кон западната поезија и култура, додаде Шелева.
Во своето поздравно обраќање, Шунтаро се заблагодари за почитта кон поезијата, и верува дека таа ќе послужи како „гласник која ги пренесува гласовите скриени во остареното тело“.
Дали само јас чувствувам некаква самотија штом добијам награда или одликување? Невообичаено е чувството да се биде избран од мноштвото поети и заедно со радоста и гордоста кои ги чувствувам, бидејќи сум избран за добитник, се чувствувам и уважено меѓу моите колеги поети. Но, кога се присетувам на покојниот Макото Ока, мојот близок пријател и добитникот на оваа награда во 1996 година, самотијата ми исчезнува и неа ја заменува љубовта кон моите колеги поети и кон оние кои копнеат да постанат поети. Иако живееме во различни времиња, во различни околности и со различни мајчини јазици во ова немирно доба на нашата ранлива земја, оваа љубов постојано расте, се вели во обраќањето на Шунтаро.
Наградата „Мостови на Струга“ годинава ја доби италијанскиот поет Џерардо Мазучо. Наградата е востановена во 2004 година, а годинава се доделува по 19-ти пат. Мазучо е роден на југот од Италија, во 1991 година. Откако ги завршил класичните студии, се преселил во Милано во 2010 година, каде што дипломирал авторски права а потоа и издаваштво на Универзитетот во Бокони. Во 2020 ја основал и издавачката куча „Утопија“, која е насочена кон книжевна фикција, поезија и белетристика. -Мазаучо е длабоко упатен во тајните на поетската вокација, а тоа најдобро се гледа токму од неговата поезија, која е спој на несомнена дарба и префинета вештина. Се добива чувтсво дека во неговите песни секој стих е токму на вистинското место. Иако е млад поет, неговата поезија е веќе дел на антологии, списанија, посебни веб страници, некомерцијални памфлети, рече во своето обраќање членот на Управниот одбор на манифестацијата, Владимир Мартиновски. Првата книга на Мазучо, за која ја и добива наградата „Мостови на Струга“ е стихозбирката „Еден човек живеел тука“ и е книга со која тој стекнува критички и комеријцален успех, не само на национално, туку и на меѓународно ниво.

The post Највлијателниот и најиновативен поет од Јапонија, Шунтаро Таникава е добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2022 година appeared first on Република.

]]>