шумарски факултет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shumarski-fakultet/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Apr 2022 11:13:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шумарски факултет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shumarski-fakultet/ 32 32 Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/eksperti-od-shumarski-fakultet-kje-rabotat-so-grad-skopje-za-zachuvuvanje-i-zgolemuvanje-na-zeleniloto/ Mon, 18 Apr 2022 11:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=489971

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, проф. др. Кирил Сотировски Скопје, потпишаа Меморандум за соработка за овозможување унапредување и развој во областа на шумарството, заштитата и унапредувањето на животната средина, вклучувајќи ги аспектите кои се однесуваат на урбано зеленило, теренската и научноистражувачката работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.

Системски пристапуваме кон заштитата на постојното зеленило во градот, кон планирањето и подигањето нови зелени површини, засадувањето нови дрвја и заштита на животната средина. Како резултат на оваа нашата соработка се формираат работни групи во кои учествуваат стручни лица од секторите за комунални работи и заштита на животната средина од Град Скопје, од ЈП Паркови и зеленило и Шумарскиот факултет кои ќе работат на проценка на дрвјата во градот. Со овој пристап нема да дозволиме да се отстрани ниту едно здраво дрво, а дополнително со соодветна поддршка во форма на трансфер на знаења од факултетот, ќе се обозможи новите дрвја да бидат квалитетно и успешно засадени, истакна градоначалничката Арсовска, на потпишувањето на овој значаен документ.

Според меморандумот, Градот Скопје и Факултетот ќе соработуваат при спроведување на проекти во областа на зеленилото и заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќи ги следните аспекти:

-урбано зеленило (урбана дендрофлора, проектирање и подигање на зелени површини,

-заштита и одгледување на урбано зеленило и цветни култури,

-проценка на здравствена состојба на растенија, фитопатолошка и ентомолошка заштита, педолошки анализи,

-производство на декоративни садници, парковски инфрастуктурни објекти и елементи),

-вонградско зеленило (планирање, пошумување и одгледување, здравствени аспекти на зеленилото, заштита на шумите и зеленилото, екологија и одржлив развој, заштита на земјиштето од ерозија, уредување на поројни водотеци и рекултивација на копови, депонии и јаловишта со акцент на биолошките аспекти, управување со опасности и ризици од некои природни непогоди, периурбана дендрофлора),

-машини и механизација,

-датабази за зеленилото,

-социоекономски аспекти на зеленилото,

-стратегиска оцена и оцена на влијание врз животната средина,

-теренска и научноистражувачка работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.

The post Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото appeared first on Република.

]]>

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и деканот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, проф. др. Кирил Сотировски Скопје, потпишаа Меморандум за соработка за овозможување унапредување и развој во областа на шумарството, заштитата и унапредувањето на животната средина, вклучувајќи ги аспектите кои се однесуваат на урбано зеленило, теренската и научноистражувачката работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.
Системски пристапуваме кон заштитата на постојното зеленило во градот, кон планирањето и подигањето нови зелени површини, засадувањето нови дрвја и заштита на животната средина. Како резултат на оваа нашата соработка се формираат работни групи во кои учествуваат стручни лица од секторите за комунални работи и заштита на животната средина од Град Скопје, од ЈП Паркови и зеленило и Шумарскиот факултет кои ќе работат на проценка на дрвјата во градот. Со овој пристап нема да дозволиме да се отстрани ниту едно здраво дрво, а дополнително со соодветна поддршка во форма на трансфер на знаења од факултетот, ќе се обозможи новите дрвја да бидат квалитетно и успешно засадени, истакна градоначалничката Арсовска, на потпишувањето на овој значаен документ.
Според меморандумот, Градот Скопје и Факултетот ќе соработуваат при спроведување на проекти во областа на зеленилото и заштита и унапредување на животната средина, вклучувајќи ги следните аспекти:
-урбано зеленило (урбана дендрофлора, проектирање и подигање на зелени површини, -заштита и одгледување на урбано зеленило и цветни култури, -проценка на здравствена состојба на растенија, фитопатолошка и ентомолошка заштита, педолошки анализи, -производство на декоративни садници, парковски инфрастуктурни објекти и елементи), -вонградско зеленило (планирање, пошумување и одгледување, здравствени аспекти на зеленилото, заштита на шумите и зеленилото, екологија и одржлив развој, заштита на земјиштето од ерозија, уредување на поројни водотеци и рекултивација на копови, депонии и јаловишта со акцент на биолошките аспекти, управување со опасности и ризици од некои природни непогоди, периурбана дендрофлора), -машини и механизација, -датабази за зеленилото, -социоекономски аспекти на зеленилото, -стратегиска оцена и оцена на влијание врз животната средина, -теренска и научноистражувачка работа, како и обуки за трансфер на знаења во наведените области.

The post Експерти од Шумарски факултет ќе работат со Град Скопје за зачувување и зголемување на зеленилото appeared first on Република.

]]>