Шукова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shukova/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Mar 2024 14:30:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шукова Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shukova/ 32 32 Битиќи и Шукова на средба со делегација на Зелениот климатски фонд: Нови можности за справување со климатските предизвици https://arhiva3.republika.mk/zivot/bitiki-i-shukova-na-sredba-so-delegatsija-na-zeleniot-klimatski-fond-novi-mozhnosti-za-spravuvane-so-klimatskite-predizvitsi/ Tue, 19 Mar 2024 14:29:58 +0000 https://republika.mk/?p=756371

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, денеска во Владата на Република Македонија остварија средба со делегација на Зелениот климатски фонд(ЗКФ), предводена од Нонханхла Зиндела, заменик директор во одделот за програмирање на фондот.

Средбата се одржа на маргините на  Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија, поддржан од ЗКФ, кој се одржува во Скопје од 18.03 до 22.03.2024 година.

На средбата стана збор за спроведување на тековните програми финaнсирани од ЗКФ и имплементирани од меѓународно акредитирани субјекти, за што заеднички беше изразена подготвеност за продлабочување на оваа соработка.  Во оваа насока, на средбата се зборуваше и за нови идеи поврзани со развој на климатски отпорната инфраструктура и за нови заеднички напори во борбата против климатските промени.

Истакнувајќи ја подготвеноста на Македонија да биде домаќин на регионалните канцеларии на ЗКФ, на состанокот се постави рамка за идните трансформациски и мултисекторски климатски иницијативи во Источна Европа, Централна Азија и пошироко. Оваа соработка помеѓу Македонија и ЗКФ ќе има за цел да отвори нови можности за справување со климатските предизвици и да промовира иновативни решенија за национална подготвеност.

Уште еднаш беше реафирмиран интересот на Владата да го номинира ФИТР за акредитација со која ќе се подобри пристапот до финансиски средства на ЗКФ и ќе се зајакнат напорите за решавање на приоритети поврзани со климатските промени во земјава.

The post Битиќи и Шукова на средба со делегација на Зелениот климатски фонд: Нови можности за справување со климатските предизвици appeared first on Република.

]]>

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Фестим Халили, денеска во Владата на Република Македонија остварија средба со делегација на Зелениот климатски фонд(ЗКФ), предводена од Нонханхла Зиндела, заменик директор во одделот за програмирање на фондот. Средбата се одржа на маргините на  Регионалниот програмски дијалог за земјите од Источна Европа и Централна Азија, поддржан од ЗКФ, кој се одржува во Скопје од 18.03 до 22.03.2024 година. На средбата стана збор за спроведување на тековните програми финaнсирани од ЗКФ и имплементирани од меѓународно акредитирани субјекти, за што заеднички беше изразена подготвеност за продлабочување на оваа соработка.  Во оваа насока, на средбата се зборуваше и за нови идеи поврзани со развој на климатски отпорната инфраструктура и за нови заеднички напори во борбата против климатските промени. Истакнувајќи ја подготвеноста на Македонија да биде домаќин на регионалните канцеларии на ЗКФ, на состанокот се постави рамка за идните трансформациски и мултисекторски климатски иницијативи во Источна Европа, Централна Азија и пошироко. Оваа соработка помеѓу Македонија и ЗКФ ќе има за цел да отвори нови можности за справување со климатските предизвици и да промовира иновативни решенија за национална подготвеност. Уште еднаш беше реафирмиран интересот на Владата да го номинира ФИТР за акредитација со која ќе се подобри пристапот до финансиски средства на ЗКФ и ќе се зајакнат напорите за решавање на приоритети поврзани со климатските промени во земјава.

The post Битиќи и Шукова на средба со делегација на Зелениот климатски фонд: Нови можности за справување со климатските предизвици appeared first on Република.

]]>
Шукова: Наскоро ќе има закон за декрабонизација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shukova-naskoro-ke-ima-zakon-za-dekrabonizatsija/ Mon, 25 Sep 2023 10:07:46 +0000 https://republika.mk/?p=684936

Намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид, декарбонизацијата ќе биде регулирано со закон, а стопанството е подготвено да го спроведува, ова го спомена министерката за екологија Каја Шукова на конференција на тема: „Одржливи енергетски вештини во градежништвото” - SEEtheSkills проект, која ја органзира Стопаната комора.

Министерката Шукова, оцени дека зелената агенда за Западен Балкан, е сериозна алатка кон која што треба да се стремиме, бидејќи како што кажа некои од нејзините принципи укажуваат колку е битна декарбонизацијата за Европа.

Ние географски како дел од Европа и утре како дел админситративно од ЕУ. треба да ги намалиме количините на отпад којшто финално ги депонираме, изјави Шукова.

За декарбонизацијата ќе ни биде потребно законодавството во делот на климатската акција која што се надевам дека во скоро време ќе го донесеме и наскоро ќе го поднесеме Собранието на РСМ. Меѓутоа и приватниот сектор којшто денеска во своите изјави покажа дека се спремни за климатската акција, се спремни за законот односно за тргување со емисиите, рече миснистерката за ќивотна средина и просторно планирање Каја Шукова.

Таа изрази надеж дека спроведувањето на зелената агенда од страна на државата, научниот сектор и стопанството ќе продолж и понатаму.

The post Шукова: Наскоро ќе има закон за декрабонизација appeared first on Република.

]]>

Намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид, декарбонизацијата ќе биде регулирано со закон, а стопанството е подготвено да го спроведува, ова го спомена министерката за екологија Каја Шукова на конференција на тема: „Одржливи енергетски вештини во градежништвото” - SEEtheSkills проект, која ја органзира Стопаната комора. Министерката Шукова, оцени дека зелената агенда за Западен Балкан, е сериозна алатка кон која што треба да се стремиме, бидејќи како што кажа некои од нејзините принципи укажуваат колку е битна декарбонизацијата за Европа.
Ние географски како дел од Европа и утре како дел админситративно од ЕУ. треба да ги намалиме количините на отпад којшто финално ги депонираме, изјави Шукова.
За декарбонизацијата ќе ни биде потребно законодавството во делот на климатската акција која што се надевам дека во скоро време ќе го донесеме и наскоро ќе го поднесеме Собранието на РСМ. Меѓутоа и приватниот сектор којшто денеска во своите изјави покажа дека се спремни за климатската акција, се спремни за законот односно за тргување со емисиите, рече миснистерката за ќивотна средина и просторно планирање Каја Шукова. Таа изрази надеж дека спроведувањето на зелената агенда од страна на државата, научниот сектор и стопанството ќе продолж и понатаму.

The post Шукова: Наскоро ќе има закон за декрабонизација appeared first on Република.

]]>