шуга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shuga/ За подобро да се разбереме Mon, 22 Apr 2024 09:19:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шуга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shuga/ 32 32 Зголемен е бројот на заболени со овчи сипаници, пријавени се 825 случаи, има и шуга и заушки https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zgolemen-e-brojot-na-zaboleni-so-ovchi-sipanitsi-prijaveni-se-825-sluchai-ima-i-sluchai-na-shuga-i-zaushki/ Mon, 22 Apr 2024 09:12:02 +0000 https://republika.mk/?p=769189

Во текот на март пријавени сe вкупно 1.431 заболени од акутни заразни заболувања што е зголемување за 27 проценти во однос на февруари. Најчесто акутно заболување биле овчите сипаници, а регистрирани се и случаи на заушки и шуга, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Според извештајот, пријавени се два случаи на заразни заушки и тоа кај лице над 60 години, невакцинирано и кај дете во возрасна група од 5 до 9 години, вакцинирано.

Во текот на март регистрирани се и случаи на шуга кај странски државјанин од Турција и инфективна мононуклеоза кај странски државјанин од Косово.

Во текот на март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 825 пријавени лица. Тие во вкупниот број заболени во месецот учествуваат со 57,7 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 58,5 проценти. Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 24,8 отсто, додека во однос на месец март 2023, се регистрира намалување за 9,4 проценти, наведува ИЈЗ.

На второ место по бројот на пријавени заболени во март е големата кашлица.

Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, регистрирани се 19 заболени лица. Пријавени се девет случаи на сифилис, шест случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на вирусен хепатит Ц и еден случај на инфекција со хламидија.

Пријавени се четири случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА во текот на март. Од машки пол се пет лица и еден од женски пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 44 години.

Регистрирани се и шест случаи на вирусен хепатитис Б и три случаи на пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски, пишува во извештајот на ИЈЗ.

 

 

The post Зголемен е бројот на заболени со овчи сипаници, пријавени се 825 случаи, има и шуга и заушки appeared first on Република.

]]>

Во текот на март пријавени сe вкупно 1.431 заболени од акутни заразни заболувања што е зголемување за 27 проценти во однос на февруари. Најчесто акутно заболување биле овчите сипаници, а регистрирани се и случаи на заушки и шуга, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје. Според извештајот, пријавени се два случаи на заразни заушки и тоа кај лице над 60 години, невакцинирано и кај дете во возрасна група од 5 до 9 години, вакцинирано. Во текот на март регистрирани се и случаи на шуга кај странски државјанин од Турција и инфективна мононуклеоза кај странски државјанин од Косово.
Во текот на март, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 825 пријавени лица. Тие во вкупниот број заболени во месецот учествуваат со 57,7 отсто, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 58,5 проценти. Во однос на претходниот месец февруари, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 24,8 отсто, додека во однос на месец март 2023, се регистрира намалување за 9,4 проценти, наведува ИЈЗ.
На второ место по бројот на пријавени заболени во март е големата кашлица. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции – без ХИВ/СИДА, регистрирани се 19 заболени лица. Пријавени се девет случаи на сифилис, шест случаи на вирусен хепатитис Б, три случаи на вирусен хепатит Ц и еден случај на инфекција со хламидија. Пријавени се четири случаи потврдени на ХИВ и два на СИДА во текот на март. Од машки пол се пет лица и еден од женски пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 44 години.
Регистрирани се и шест случаи на вирусен хепатитис Б и три случаи на пневмококна инфекција со дијагноза на пневмококен менингитис, кои според возраста не подлежат на имунизација согласно Kалендарот за задолжителна имунизација и не се вакцинирани против овие болести. Дијагнозата е потврдена лабораториски, пишува во извештајот на ИЈЗ.
   

The post Зголемен е бројот на заболени со овчи сипаници, пријавени се 825 случаи, има и шуга и заушки appeared first on Република.

]]>
Се појави шуга во „Зара“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/moda-i-ubavina/se-pojavi-shuga-vo-zara/ Tue, 14 Mar 2023 14:44:08 +0000 https://republika.mk/?p=619513

Откако некои граѓани пријавиле дека добиле шуга откако носеле облека од продавницата Зара во Подгорица, во посочената продавница била испратена санитарна инспекција, потврди за подгоричка „Побједа“, Ана Вујошевиќ, директор на Управата за инспекциски работи на Црна Гора.

Муштериите се сомневаат дека добиле шуга од носење облека од продавницата на Зара, по што им се појавил осип на стомакот или грбот.

Кои се симптомите на шуга

Шуга е заразна болест на кожата. Се пренесува со директен контакт со кожата на пациентот, но и на други начини.Може да се пренесе и со споделување постелнина, лични предмети, долна облека и гардероба со заразено лице.

The post Се појави шуга во „Зара“ appeared first on Република.

]]>

Откако некои граѓани пријавиле дека добиле шуга откако носеле облека од продавницата Зара во Подгорица, во посочената продавница била испратена санитарна инспекција, потврди за подгоричка „Побједа“, Ана Вујошевиќ, директор на Управата за инспекциски работи на Црна Гора. Муштериите се сомневаат дека добиле шуга од носење облека од продавницата на Зара, по што им се појавил осип на стомакот или грбот. Кои се симптомите на шуга Шуга е заразна болест на кожата. Се пренесува со директен контакт со кожата на пациентот, но и на други начини.Може да се пренесе и со споделување постелнина, лични предмети, долна облека и гардероба со заразено лице.

The post Се појави шуга во „Зара“ appeared first on Република.

]]>