Штрпце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtrptse/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Oct 2023 12:58:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Штрпце Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtrptse/ 32 32 Косовскиот полицаец кој пукаше во српски деца на Бадник ќе се брани од слобода https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/kosovskiot-politsaets-koj-pukashe-vo-srpski-detsa-na-badnik-ke-se-brani-od-sloboda/ Wed, 18 Oct 2023 12:58:55 +0000 https://republika.mk/?p=692529

Азем Куртај од Косовските безбедносни сили, кој во јануари рани двајца млади Срби од Готовуша, со одлука на судот во Урошевац е ослободен од затвор.

Како што дознава Танјуг, неговиот предмет е во Апелациониот суд, каде дури се разгледува и отфрлање на обвинението.

Двајца млади Срби, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21), се ранети на Божик во Готовуша, кај Штрпце, кога Куртај пукал во нив од возило во движење.

Ги застрелал со пиштол додека го носеле Бадниковото дрво.

The post Косовскиот полицаец кој пукаше во српски деца на Бадник ќе се брани од слобода appeared first on Република.

]]>

Азем Куртај од Косовските безбедносни сили, кој во јануари рани двајца млади Срби од Готовуша, со одлука на судот во Урошевац е ослободен од затвор. Како што дознава Танјуг, неговиот предмет е во Апелациониот суд, каде дури се разгледува и отфрлање на обвинението. Двајца млади Срби, братучедите Стефан Стојановиќ (11) и Милош Стојановиќ (21), се ранети на Божик во Готовуша, кај Штрпце, кога Куртај пукал во нив од возило во движење. Ги застрелал со пиштол додека го носеле Бадниковото дрво.

The post Косовскиот полицаец кој пукаше во српски деца на Бадник ќе се брани од слобода appeared first on Република.

]]>
Притвор од месец дена за човекот кој пукаше во две српски момчиња на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pritvor-od-mesets-dena-za-chovekot-koj-pukashe-vo-dve-srpski-momchina-na-kosovo/ Sun, 08 Jan 2023 18:24:17 +0000 https://republika.mk/?p=594670

Основниот суд во Урошевац денеска му одреди едномесечен притвор на А.К., осомничениот кој на 6 јануари кај Штрпце пукаше и повреди две српски момчиња.

Осомничениот, како што јавуваат медиумите во регионот, се товари за тешко убиство во обид, употреба на опасно орудие или алат и предизвикување општа опасност.

Во судското соопштение се нагласува дека тој намерно се обидел да им го одземе животот на повредените М.С. и С.С.

Неговиот адвокат Наим Ферати изјави дека неговиот клиент патувал за Брезовица, кога неговиот автомобил бил опколен од толпа луѓе кои славеле. Тој вели дека неговиот автомобил бил нападнат со тешко оружје, а во обид да го избегне нападот „пукал со пиштолот на земја и во воздух“.

„На повредените во овој случај им посакуваме брзо закрепнување и изразуваме жалење за ненамерниот настан и моментот во кој се случил. Во петокот, додека мојот клиент и пријател патуваа за Брезовица на ручек, на пат беа запрени од толпа граѓани кои се забавуваа на улица и кои го блокираа автомобилот на мојот клиент и на тој начин неочекувано го нападнаа “, рече адвокатот на А.К., Наим Ферати, пренесува „Коха диторе“.

„Фатен во овие околности, чувствувајќи се загрозен од сериозен напад од толпа луѓе, со намера да побегне оттаму, го извадил револверот и држејќи го во ниска положба и не вперувајќи го кон никој, го испукал првиот истрел на земја, а потоа и во воздух“, додаде тој.

Ферати рече дека кога дознал дека има повредени, го известил семејството, но и косовската полиција.

„Од ова е јасно дека мојот клиент немал намера да пука или повреди некој граѓанин, туку целиот настан бил разработен во самоодбрана“, вели тој.

Во судското соопштение се наведува дека судијата на претходната постапка на Одделот за тешки кривични дела оценил дека постои сомнение дека во село Штрпце А.К. намерно се обидел да им ги одземе животите на жртвите М.С. и С.С.

„Додека се движел со својот автомобил и кога пристигнал на влезот во селото, забележал неколку граѓани на крајот од патот и за да ги оддалечи, свирел со колата, не можејќи да оди понатаму, го запрел автомобилот. По вербална расправија на лице место извадил револвер и пукал двапати, удирајќи ги повредените, а поради тоа повредениот се здобил со физички повреди и најпрвин бил препратен во Здравствениот дом во Штрпце, а потоа во болницата во Грачаница“, се вели во соопштението на Судот.

The post Притвор од месец дена за човекот кој пукаше во две српски момчиња на Косово appeared first on Република.

]]>

Основниот суд во Урошевац денеска му одреди едномесечен притвор на А.К., осомничениот кој на 6 јануари кај Штрпце пукаше и повреди две српски момчиња. Осомничениот, како што јавуваат медиумите во регионот, се товари за тешко убиство во обид, употреба на опасно орудие или алат и предизвикување општа опасност. Во судското соопштение се нагласува дека тој намерно се обидел да им го одземе животот на повредените М.С. и С.С. Неговиот адвокат Наим Ферати изјави дека неговиот клиент патувал за Брезовица, кога неговиот автомобил бил опколен од толпа луѓе кои славеле. Тој вели дека неговиот автомобил бил нападнат со тешко оружје, а во обид да го избегне нападот „пукал со пиштолот на земја и во воздух“.
„На повредените во овој случај им посакуваме брзо закрепнување и изразуваме жалење за ненамерниот настан и моментот во кој се случил. Во петокот, додека мојот клиент и пријател патуваа за Брезовица на ручек, на пат беа запрени од толпа граѓани кои се забавуваа на улица и кои го блокираа автомобилот на мојот клиент и на тој начин неочекувано го нападнаа “, рече адвокатот на А.К., Наим Ферати, пренесува „Коха диторе“.
„Фатен во овие околности, чувствувајќи се загрозен од сериозен напад од толпа луѓе, со намера да побегне оттаму, го извадил револверот и држејќи го во ниска положба и не вперувајќи го кон никој, го испукал првиот истрел на земја, а потоа и во воздух“, додаде тој.
Ферати рече дека кога дознал дека има повредени, го известил семејството, но и косовската полиција.
„Од ова е јасно дека мојот клиент немал намера да пука или повреди некој граѓанин, туку целиот настан бил разработен во самоодбрана“, вели тој.
Во судското соопштение се наведува дека судијата на претходната постапка на Одделот за тешки кривични дела оценил дека постои сомнение дека во село Штрпце А.К. намерно се обидел да им ги одземе животите на жртвите М.С. и С.С.
„Додека се движел со својот автомобил и кога пристигнал на влезот во селото, забележал неколку граѓани на крајот од патот и за да ги оддалечи, свирел со колата, не можејќи да оди понатаму, го запрел автомобилот. По вербална расправија на лице место извадил револвер и пукал двапати, удирајќи ги повредените, а поради тоа повредениот се здобил со физички повреди и најпрвин бил препратен во Здравствениот дом во Штрпце, а потоа во болницата во Грачаница“, се вели во соопштението на Судот.

The post Притвор од месец дена за човекот кој пукаше во две српски момчиња на Косово appeared first on Република.

]]>
Kрвав Бадик: Албанец пукал во две српски деца од возило во движење https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/krvav-badik-albanets-pukal-vo-dve-srpski-detsa-od-vozilo-vo-dvizhene/ Fri, 06 Jan 2023 15:50:28 +0000 https://republika.mk/?p=594217

Две српски момчиња се ранети денес во Готовуша кај Штрпце кога во нив без причина пукал локален Албанец од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово.

Како што се наведува во соопштението, роднините на С.С. (11) и М.С. (21) во моментот на нападот се движеле покрај патот и ја носеле елката кога напаѓачот отворил оган врз нив.За среќа не се во животна опасност.

The post Kрвав Бадик: Албанец пукал во две српски деца од возило во движење appeared first on Република.

]]>

Две српски момчиња се ранети денес во Готовуша кај Штрпце кога во нив без причина пукал локален Албанец од возило во движење, соопшти Канцеларијата за Косово. Како што се наведува во соопштението, роднините на С.С. (11) и М.С. (21) во моментот на нападот се движеле покрај патот и ја носеле елката кога напаѓачот отворил оган врз нив.За среќа не се во животна опасност.

The post Kрвав Бадик: Албанец пукал во две српски деца од возило во движење appeared first on Република.

]]>