штрајкувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtrajkuvachi/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Apr 2022 18:07:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png штрајкувачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtrajkuvachi/ 32 32 Неделков: Почнаа жестоките напади, ако мислите дека ќе се прекине штрајкот, страшно се лажете https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-pochnaa-zestokite-napadi-ako-mislite-deka-kje-se-prekine-shtrajkot-strashno-se-lazete/ Mon, 18 Apr 2022 18:07:14 +0000 https://republika.mk/?p=490201

„Шести ден од штрајкот на СОНК и веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК. Обид за лична и колективна дискредитација на раководството на СОНК“, напиша попладнево на Фејсбук првиот човек на синдикатот, Јаким Неделков.

Тој вели дека „со нарачани текстови по одредени портали се прави обид за стекнување на недоверба кон раководството и обид за прекин на штрајкот“.

Значи, ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете. Единството е како никогаш досега, оправданоста на барањата, исто така. Значи, џабе ви е, пишува Неделков.

„Колективната дискредитација е во правец на обидот од владини функционери да претстават во јавноста дека раководството на СОНК заради лични интереси не ги прифаќа понудените 10 %?! Без ниеден аргумент многу лесно обвинуваат и навредуваат, иако многу јасно неколку пати во текот на преговорите им беше кажано дека сите одлуки што ги носи раководството на СОНК (Советот на СОНК), се носат по претходно изјаснување на членовите на СОНК. Така беше и овој пат, што е спорно тука? Според владините претставници требало Советот да донесе „разумна“ одлука, игнорирајќи го 95% изјаснување на членството да се каже дека „понудата не важи“. Не, благодариме!“, вели претседателот на СОНК.

И конечно, одредени медиуми и владини претставници, вршат обид за пласирање на тезата дека единствено СОНК е виновникот за штрајкот и прекинот на наставата. И самите не веруваат во тоа, а не па јавноста. Кажуваат дека СОНК уценувал а не кажуваат дека впрочем, тие уценуваат. Барањето на Владате е прво да го прекинеме штрајкот па потоа да преговараме. Ова не е класична уцена?, прашува тој.

„Почитувани, Ве замолувам да прекинете со притисоците што ги вршите врз нашите но и ваши партиски членови. Овојпат разберете ја пораката што ви ја праќаат со непослушност. Овојпат се работи за сопствена егзистенција и враќање на достоинството на професијата што ја застапуваат.

И да, зад штрајкот на СОНК стојат 25 000 членови, но и нечленови на СОНК, кои без разлика на синдикална, партиска, верска, национална и било каква припадност, рамо до рамо, заеднички штрајкуваат за социјални и законски права, верувајќи му на раководството на СОНК, додава Неделков во објавата на Фејсбук.

The post Неделков: Почнаа жестоките напади, ако мислите дека ќе се прекине штрајкот, страшно се лажете appeared first on Република.

]]>

„Шести ден од штрајкот на СОНК и веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК. Обид за лична и колективна дискредитација на раководството на СОНК“, напиша попладнево на Фејсбук првиот човек на синдикатот, Јаким Неделков. Тој вели дека „со нарачани текстови по одредени портали се прави обид за стекнување на недоверба кон раководството и обид за прекин на штрајкот“.
Значи, ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете. Единството е како никогаш досега, оправданоста на барањата, исто така. Значи, џабе ви е, пишува Неделков.
„Колективната дискредитација е во правец на обидот од владини функционери да претстават во јавноста дека раководството на СОНК заради лични интереси не ги прифаќа понудените 10 %?! Без ниеден аргумент многу лесно обвинуваат и навредуваат, иако многу јасно неколку пати во текот на преговорите им беше кажано дека сите одлуки што ги носи раководството на СОНК (Советот на СОНК), се носат по претходно изјаснување на членовите на СОНК. Така беше и овој пат, што е спорно тука? Според владините претставници требало Советот да донесе „разумна“ одлука, игнорирајќи го 95% изјаснување на членството да се каже дека „понудата не важи“. Не, благодариме!“, вели претседателот на СОНК.
И конечно, одредени медиуми и владини претставници, вршат обид за пласирање на тезата дека единствено СОНК е виновникот за штрајкот и прекинот на наставата. И самите не веруваат во тоа, а не па јавноста. Кажуваат дека СОНК уценувал а не кажуваат дека впрочем, тие уценуваат. Барањето на Владате е прво да го прекинеме штрајкот па потоа да преговараме. Ова не е класична уцена?, прашува тој.
„Почитувани, Ве замолувам да прекинете со притисоците што ги вршите врз нашите но и ваши партиски членови. Овојпат разберете ја пораката што ви ја праќаат со непослушност. Овојпат се работи за сопствена егзистенција и враќање на достоинството на професијата што ја застапуваат.
И да, зад штрајкот на СОНК стојат 25 000 членови, но и нечленови на СОНК, кои без разлика на синдикална, партиска, верска, национална и било каква припадност, рамо до рамо, заеднички штрајкуваат за социјални и законски права, верувајќи му на раководството на СОНК, додава Неделков во објавата на Фејсбук.
 
The post Неделков: Почнаа жестоките напади, ако мислите дека ќе се прекине штрајкот, страшно се лажете appeared first on Република.

]]>
Неделков до штрајкувачите: На крајот ќе бидете горди и со исправена глава ќе можете да кажете дека придонесовте за враќање на достоинството на професијата! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-do-shtrajkuvachite-na-krajot-kje-bidete-gordi-i-so-ispravena-glava-kje-mozete-da-kazete-deka-pridonesovte-za-vrakjanje-na-dostoinstvoto-na-profesijata/ Fri, 15 Apr 2022 08:41:41 +0000 https://republika.mk/?p=488805

Штрајкот во образованието продолжува, вчера министерот за образование Јетон Шаќири ги повика наставниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на настава. Приоритет е враќањето на учениците во школските клупи, додава Шаќири, истовремено ветувајќи покачување на платите, но не без да прецизира за колку.

Утрово на својот Фејсбук профил повторно се огласи претседателот на СОНК, Јаким Неделков, упатуваќи порака до штрајкувачите:

Петти ден од штрајкот на СОНК. Последен работен ден во неделата.Честитки за сите штрајкувачи кои имаат верба и самодоверба во себе и во СОНК. Овојпат правите нешто посебно за себе, за семејството, за дејноста. На крајот ќе бидете горди и со исправена глава ќе можете да кажете дека – ,,Да, јас дадов придонес за враќање на достоинството на професијата”.Успехот е неизбежен!“

The post Неделков до штрајкувачите: На крајот ќе бидете горди и со исправена глава ќе можете да кажете дека придонесовте за враќање на достоинството на професијата! appeared first on Република.

]]>

Штрајкот во образованието продолжува, вчера министерот за образование Јетон Шаќири ги повика наставниците да го прекинат штрајкот и да се вратат на настава. Приоритет е враќањето на учениците во школските клупи, додава Шаќири, истовремено ветувајќи покачување на платите, но не без да прецизира за колку. Утрово на својот Фејсбук профил повторно се огласи претседателот на СОНК, Јаким Неделков, упатуваќи порака до штрајкувачите: