Штипски театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtipski-teatar/ За подобро да се разбереме Thu, 16 May 2024 08:26:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Штипски театар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtipski-teatar/ 32 32 Претставата „Роденден“ вечерва во Народниот Театар во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-rodenden-vecherva-vo-narodniot-teatar-vo-shtip/ Thu, 16 May 2024 08:26:50 +0000 https://republika.mk/?p=778663

Вечерва со почеток во 20:00 часот во Народниот Театар во Штип ќе биде изведена претставата „Роденден“ од Харолд Пинтер, а во режија на Васил Христов.

Харолд Пинтер, е великан на современиот театарски израз. Драматург, сценарист, актер, режисер, пацифист и непоколеблив борец за човекови права, тој остави неизбришлива трага во светот на театарот и литературата. Неговите книжевни придонеси направија револуција во театарскиот израз и продолжуваат да инспирираат генерации драмски автори. Неговиот богат творечки опус на Пинтер му ја донесе Нобеловата награда за литература во 2005 година.

Драмските дела на Пинтер се препознатливи по нивниот енигматичен дијалог, истражување на влијанието на силите на моќта врз индивидуата и отворена критика на општествените и политичките структури. Неговиот единствен стил на пишување во литературата е познат како „пинтеровски дијалог“. Дијалозите на Пинтер, исполнети со репетитивност и тишини, ја засилуваат атмосферата на несигурност која вибрира кај колективот. Тој ја опишува тишината, двосмисленоста и моќта на некажаното. Преку својот минималистички пристап, тој ја открива длабочината на човечките емоции и сложеноста на меѓучовечките односи.

Неговата прва целовечерна драма „Роденден“ (1957), и ден денес сè уште стои како доказ за неговата непоколеблива посветеност кон истражувањето и откривањето на скриените аспекти и двосмисленоста на човековата природа.

Претставата „Роденден“ е метафорично истражување на потрагата по личниот идентитет и губењето на автономијата на единката. Таа е приказна за поединецот кој е заробен во мрежата на угнетувачки надворешни сили. „Роденден“ е пример за Пинтеровата способност да ја разоткрие комплексноста на човековата природа и ерозијата на личноста. Драмата ги истакнува опасностите од конформизмот и дехуманизирачките последици од системскиот притисок врз личноста.

Во ова дело, Пинтеровиот уникатен стил на дијалог ја прикажува моќта на јазичната манипулација, и процесот на вербална лоботомија. Манипулацијата со зборови станува оружје, бидејќи јазикот се користи за контрола и доминација. На тој начин, Пинтер ги крши рамките на театарскиот традиционализам и ја прикажува кревкоста на човечката комуникација.

Хуманизмот, пацифизмот и правдољубието на Пинтер се очигледни во неговиот децениски незапирлив политички активизам и непоколеблива посветеност на разоткривањето на општествените неправди. Наследството на Харолд Пинтер како литературен титан и храбар активист останува трајна инспирација, потсетувајќи нè на моќта на уметноста да поттикне и предизвика подлабоки општествени промени.

Играат:
Милорад Ангелов – Стенли
Ефтим Трајчов Ѓаурски – Голдберг
Валентина Ѓоргиевска – Мег
Владимир Тулиев – Пит
Стефанија Митовска – Лулу
Даријан Петров – Меккен

Режија, адаптација и сценографија: Васил Христов
Драматург: Габриела Коцева – Тулиев
Костимограф: Проф. д-р Марија Ќертакова
Раководител на сцена / Тон мајстор: Ѓорги Чапов
Светло мајстор: Методи Саздов
Суфлер: Лидија Рогожарoва
Дизајн на плакат: Денко Матевски
Фотографија на плакат: Димитар Влахов
Фотографии: Александар Ефремов
Голема благодарност до Технолошко – техничкиот факултет при УГД – Штип
Гардеробер: Верица Давчева
Декоратери: Петре Иванов, Александар Талевски, Даниел Крстевски.

The post Претставата „Роденден“ вечерва во Народниот Театар во Штип appeared first on Република.

]]>

Вечерва со почеток во 20:00 часот во Народниот Театар во Штип ќе биде изведена претставата „Роденден“ од Харолд Пинтер, а во режија на Васил Христов. Харолд Пинтер, е великан на современиот театарски израз. Драматург, сценарист, актер, режисер, пацифист и непоколеблив борец за човекови права, тој остави неизбришлива трага во светот на театарот и литературата. Неговите книжевни придонеси направија револуција во театарскиот израз и продолжуваат да инспирираат генерации драмски автори. Неговиот богат творечки опус на Пинтер му ја донесе Нобеловата награда за литература во 2005 година.   Драмските дела на Пинтер се препознатливи по нивниот енигматичен дијалог, истражување на влијанието на силите на моќта врз индивидуата и отворена критика на општествените и политичките структури. Неговиот единствен стил на пишување во литературата е познат како „пинтеровски дијалог“. Дијалозите на Пинтер, исполнети со репетитивност и тишини, ја засилуваат атмосферата на несигурност која вибрира кај колективот. Тој ја опишува тишината, двосмисленоста и моќта на некажаното. Преку својот минималистички пристап, тој ја открива длабочината на човечките емоции и сложеноста на меѓучовечките односи. Неговата прва целовечерна драма „Роденден“ (1957), и ден денес сè уште стои како доказ за неговата непоколеблива посветеност кон истражувањето и откривањето на скриените аспекти и двосмисленоста на човековата природа.   Претставата „Роденден“ е метафорично истражување на потрагата по личниот идентитет и губењето на автономијата на единката. Таа е приказна за поединецот кој е заробен во мрежата на угнетувачки надворешни сили. „Роденден“ е пример за Пинтеровата способност да ја разоткрие комплексноста на човековата природа и ерозијата на личноста. Драмата ги истакнува опасностите од конформизмот и дехуманизирачките последици од системскиот притисок врз личноста. Во ова дело, Пинтеровиот уникатен стил на дијалог ја прикажува моќта на јазичната манипулација, и процесот на вербална лоботомија. Манипулацијата со зборови станува оружје, бидејќи јазикот се користи за контрола и доминација. На тој начин, Пинтер ги крши рамките на театарскиот традиционализам и ја прикажува кревкоста на човечката комуникација.   Хуманизмот, пацифизмот и правдољубието на Пинтер се очигледни во неговиот децениски незапирлив политички активизам и непоколеблива посветеност на разоткривањето на општествените неправди. Наследството на Харолд Пинтер како литературен титан и храбар активист останува трајна инспирација, потсетувајќи нè на моќта на уметноста да поттикне и предизвика подлабоки општествени промени. Играат: Милорад Ангелов – Стенли Ефтим Трајчов Ѓаурски – Голдберг Валентина Ѓоргиевска – Мег Владимир Тулиев – Пит Стефанија Митовска – Лулу Даријан Петров – Меккен Режија, адаптација и сценографија: Васил Христов Драматург: Габриела Коцева – Тулиев Костимограф: Проф. д-р Марија Ќертакова Раководител на сцена / Тон мајстор: Ѓорги Чапов Светло мајстор: Методи Саздов Суфлер: Лидија Рогожарoва Дизајн на плакат: Денко Матевски Фотографија на плакат: Димитар Влахов Фотографии: Александар Ефремов Голема благодарност до Технолошко – техничкиот факултет при УГД – Штип Гардеробер: Верица Давчева Декоратери: Петре Иванов, Александар Талевски, Даниел Крстевски.

The post Претставата „Роденден“ вечерва во Народниот Театар во Штип appeared first on Република.

]]>
Театарската комедија „Женидба“ вечерва на сцената на Народен Театар Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatarskata-komedija-zhenidba-vecherva-na-stsenata-na-naroden-teatar-shtip/ Thu, 25 Apr 2024 08:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=770819

Вечерва во Народниот Театар во Штип, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската комедија „Женидба“ од Н.В. Гогољ, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Драматург: Габриела Коцева Тулиев
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Андреј Ѓоргиевски – Папаз
Дизајн на плакат: Валентин Светозарев
Избор на музика: Љупчо Ѓоргиевски и Милорад Ангелов

Играат:
Агафја Тихоновна – Марија Минчева Андонов
Иван Кузмич Поткалјосин – Милорад Ангелов
Иван Фомич Кочкарјов – Ефтим Трајчов Ѓаурски
Фјокла Ивановна – Анѓелка Нашкова
Иван Павлович Кајгана – Миле Вратеовски
Балтазар Балтазарович Жевакин – Пеце Ристевски
Никифор Иванович Анучкин – Даријан Петров
Арина Пантелејмоновна – Валентина Ѓоргиевска
Степан – Миланчо Георгиев Роне
Дуњашка – Стефанија Митовска

Техничка екипа:
Суфлер: Лида Рогожарева
Светло: Методи Саздов
Тон: Горги Чапов
Реквизитер: Димитар Влахов
Гардеробер: Моника Гачева
Декоратери: Александар Талевски, Перо Иванов

Гогољ во „Женидба“ во прв план ги става, за да ги исмее, општествените аномалии од неговото време: лицемерието, желбата за статус по секоја цена, робувањето на нормите на граѓанското општество. Но, оваа драма е актуелна и денес токму поради нејзиниот психолошки слој, односно, маестрално изнијансираните ликови кои не се црно-бели, туку се многу живописни, но истовремено и подложни на осуди и сожалувања, кои поради сопствената безволност и нерасположеност на духот и стравот да излезат од сопствената комфорна зона не се во состојба да направат каков било чекор во своите животи. За да ги разбереме ликовите денес, се што треба да направиме е да се погледнеме во огледало.

Цена на влезница: 200 денари.

The post Театарската комедија „Женидба“ вечерва на сцената на Народен Театар Штип appeared first on Република.

]]>

Вечерва во Народниот Театар во Штип, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската комедија „Женидба“ од Н.В. Гогољ, а во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Драматург: Габриела Коцева Тулиев Сценограф: Валентин Светозарев Костимограф: Андреј Ѓоргиевски – Папаз Дизајн на плакат: Валентин Светозарев Избор на музика: Љупчо Ѓоргиевски и Милорад Ангелов   Играат: Агафја Тихоновна – Марија Минчева Андонов Иван Кузмич Поткалјосин – Милорад Ангелов Иван Фомич Кочкарјов – Ефтим Трајчов Ѓаурски Фјокла Ивановна – Анѓелка Нашкова Иван Павлович Кајгана – Миле Вратеовски Балтазар Балтазарович Жевакин – Пеце Ристевски Никифор Иванович Анучкин – Даријан Петров Арина Пантелејмоновна – Валентина Ѓоргиевска Степан – Миланчо Георгиев Роне Дуњашка – Стефанија Митовска Техничка екипа: Суфлер: Лида Рогожарева Светло: Методи Саздов Тон: Горги Чапов Реквизитер: Димитар Влахов Гардеробер: Моника Гачева Декоратери: Александар Талевски, Перо Иванов   Гогољ во „Женидба“ во прв план ги става, за да ги исмее, општествените аномалии од неговото време: лицемерието, желбата за статус по секоја цена, робувањето на нормите на граѓанското општество. Но, оваа драма е актуелна и денес токму поради нејзиниот психолошки слој, односно, маестрално изнијансираните ликови кои не се црно-бели, туку се многу живописни, но истовремено и подложни на осуди и сожалувања, кои поради сопствената безволност и нерасположеност на духот и стравот да излезат од сопствената комфорна зона не се во состојба да направат каков било чекор во своите животи. За да ги разбереме ликовите денес, се што треба да направиме е да се погледнеме во огледало. Цена на влезница: 200 денари.

The post Театарската комедија „Женидба“ вечерва на сцената на Народен Театар Штип appeared first on Република.

]]>
,,Лекција” нова премиера на Штипскиот театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lektsija-nova-premiera-na-shtipskiot-teatar/ Tue, 05 Sep 2023 14:06:49 +0000 https://republika.mk/?p=679042

Кореодрамата „Лекција“, во режија на Ѓорѓи Ризески, а под кореографската палка на штипјанецот Бојан Мицев утревечер премиерно ќе се одигра на сцената Народен театар Штип (НТШ).

Станува збор за претстава која е креирана по делото на реномираниот автор Ежен Јонеско, а е светол пример за трендовите што го обликуваат театарскиот пејзаж денес. Спојот на танцот, театарот, музиката, кој целиот тим го има подготвено на театарската сцена поттикнува иновативност и креативност, вели кореографот Мицев.

Ликот на професорот го игра Ефтим Трајчов Ѓаурски, ученичката ја игра Димитрина Мицкоска Трајкоска, а актерот Милорад Ангелов е во улогата на слугинката.

Премиерата на претставата е утревечер, а репризното издание е во четврток, и двете со почеток од 20:00 часот. Директорот Трајков посочи дека тимот работел вредно и напорно во текот на летниот период, па ја покани публиката да го види резултатот.

Јас сакам само да се заблагодарам на сите актери, на сите чинители во претставата, на техниката, кои работеа во летните периоди кога сите бевме на годишен одмор, но оваа група на актери одлучија да останат да работат заедно со техниката, што значи еден исчекор, се жртвуваа во процесот во текот на летниот период и го составија ова дело, рече директорот Трајков.

Од оваа претстава ќе следат повеќе репризни изданија, а штипскиот Театар започнува со подготовка на уште една премиера. Во моментов се подготвуваат за гостувањата на Фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица и Денови на комедијата во Куманово.

The post ,,Лекција” нова премиера на Штипскиот театар appeared first on Република.

]]>

Кореодрамата „Лекција“, во режија на Ѓорѓи Ризески, а под кореографската палка на штипјанецот Бојан Мицев утревечер премиерно ќе се одигра на сцената Народен театар Штип (НТШ).
Станува збор за претстава која е креирана по делото на реномираниот автор Ежен Јонеско, а е светол пример за трендовите што го обликуваат театарскиот пејзаж денес. Спојот на танцот, театарот, музиката, кој целиот тим го има подготвено на театарската сцена поттикнува иновативност и креативност, вели кореографот Мицев.
Ликот на професорот го игра Ефтим Трајчов Ѓаурски, ученичката ја игра Димитрина Мицкоска Трајкоска, а актерот Милорад Ангелов е во улогата на слугинката. Премиерата на претставата е утревечер, а репризното издание е во четврток, и двете со почеток од 20:00 часот. Директорот Трајков посочи дека тимот работел вредно и напорно во текот на летниот период, па ја покани публиката да го види резултатот.
Јас сакам само да се заблагодарам на сите актери, на сите чинители во претставата, на техниката, кои работеа во летните периоди кога сите бевме на годишен одмор, но оваа група на актери одлучија да останат да работат заедно со техниката, што значи еден исчекор, се жртвуваа во процесот во текот на летниот период и го составија ова дело, рече директорот Трајков.
Од оваа претстава ќе следат повеќе репризни изданија, а штипскиот Театар започнува со подготовка на уште една премиера. Во моментов се подготвуваат за гостувањата на Фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица и Денови на комедијата во Куманово.

The post ,,Лекција” нова премиера на Штипскиот театар appeared first on Република.

]]>
„Роденден“ нова премиера на штипскиот Народен театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rodenden-nova-premiera-na-shtipskiot-naroden-teatar/ Sat, 03 Jun 2023 12:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=647387

„Роденден“ e новата театарска претстава на штипскиот Народен театар чија премиера ќе се случи в сабота, во 20 часот. Претставата е во режија на Васил Христов, а по текст на Харолд Пинтер.

Режисерот, Христов на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за еден нов и необичен проект, во кој е карактеристична атмосферата, која го зачудува гледачот.

Претставата сама по себе е доста специфична заради тоа што, иако е на сцена, во театар, таа воведува еден нов филмски јазик на режија и на глума во театарот, којшто е доста зачуден и невообичаен за публиката. Се надеваме дека со тоа ќе предизвика доволно интерес кај публиката да ја следи, рече Христов.

Во претставата играат актерите: Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Валентина Ѓоргиевска, Владимир Тулиев, Стефанија Митовска и Даријан Петров, а костимите ги изработија студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.

Она што е интересно е што оваа претстава е еден нов почеток на соработка со УГД, за што упатуваме благодарност до професорката Марија Киркатова, која заедно со својот тим на студенти ги изработија костимите. Конечно се случи соработката помеѓу Универзитетот и Театарот, се надевам дека ова нема да биде последен проект и ќе биде само почеток на идни многу успешни проекти“, вели актерот Милорад Ангелов.

Според актерите, публиката од претставата останува збунета со несигурно чувство. Екипата на Театар Штип со својата игра го доловува и претставува токму тоа.

Конечно, штипски Театар по долго време, по период на само комедии, добива и сериозна претстава, актерска, театарска, филмски суптилна, модерен израз и нешто во што театарската публика сигурно ќе ужива“, додаде актерот Ефтим Трајчов-Ѓаурски.

Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ - Штип, Горан Трајков вели дека ова е трет театарски проект на штипскиот театар, а прв финансиран од Министерството за култура. До крајот на полусезоната ќе се работи и на уште еден, четврти проект.

По премиерата в сабота, ќе следат две репризни изданија на 6 и 8 јуни. Почетокот е во 20 часот.

Влезниците за премиерата се распродадени, а за репризните изданија чинат 200 денари.

The post „Роденден“ нова премиера на штипскиот Народен театар appeared first on Република.

]]>

„Роденден“ e новата театарска претстава на штипскиот Народен театар чија премиера ќе се случи в сабота, во 20 часот. Претставата е во режија на Васил Христов, а по текст на Харолд Пинтер. Режисерот, Христов на денешната прес-конференција истакна дека станува збор за еден нов и необичен проект, во кој е карактеристична атмосферата, која го зачудува гледачот.
Претставата сама по себе е доста специфична заради тоа што, иако е на сцена, во театар, таа воведува еден нов филмски јазик на режија и на глума во театарот, којшто е доста зачуден и невообичаен за публиката. Се надеваме дека со тоа ќе предизвика доволно интерес кај публиката да ја следи, рече Христов.
Во претставата играат актерите: Милорад Ангелов, Ефтим Трајчов-Ѓаурски, Валентина Ѓоргиевска, Владимир Тулиев, Стефанија Митовска и Даријан Петров, а костимите ги изработија студентите на Технолошко-техничкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип.
Она што е интересно е што оваа претстава е еден нов почеток на соработка со УГД, за што упатуваме благодарност до професорката Марија Киркатова, која заедно со својот тим на студенти ги изработија костимите. Конечно се случи соработката помеѓу Универзитетот и Театарот, се надевам дека ова нема да биде последен проект и ќе биде само почеток на идни многу успешни проекти“, вели актерот Милорад Ангелов.
Според актерите, публиката од претставата останува збунета со несигурно чувство. Екипата на Театар Штип со својата игра го доловува и претставува токму тоа.
Конечно, штипски Театар по долго време, по период на само комедии, добива и сериозна претстава, актерска, театарска, филмски суптилна, модерен израз и нешто во што театарската публика сигурно ќе ужива“, додаде актерот Ефтим Трајчов-Ѓаурски.
Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ - Штип, Горан Трајков вели дека ова е трет театарски проект на штипскиот театар, а прв финансиран од Министерството за култура. До крајот на полусезоната ќе се работи и на уште еден, четврти проект. По премиерата в сабота, ќе следат две репризни изданија на 6 и 8 јуни. Почетокот е во 20 часот. Влезниците за премиерата се распродадени, а за репризните изданија чинат 200 денари.  

The post „Роденден“ нова премиера на штипскиот Народен театар appeared first on Република.

]]>
„Националната драма, националниот театар“ тема на симпозиум во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/natsionalnata-drama-natsionalniot-teatar-tema-na-simpozium-vo-shtipskiot-tsentar-za-kultura-atso-shopov/ Thu, 18 May 2023 12:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=642324

Не постои национален театар, без национална драма ова е еден од заклучоците на денешниот симпозиум на тема „Националната драма и националниот театар“ во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. На симпозиумот учесници беа Мишел Павловски, Тодор Кузманов, Катерина Петровска Кузманова, Кристина Николовска и Христо Петрески.

Уметничкиот директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Трајче Кацаров вели дека ова е втор ваков симпозиум кој се организира од оваа национална установа.

-Имаме национална драма, но таа истата се става зад сцената, не се исценира, што значи дека ние сме во една ситуација, во којашто ни недостасува национален Театар. Замислите сега кога зборуваме за идентитетот, некои од елементите кои треба да го штитат дали ние не треба и театарот да го ставиме како елемент, којшто говори и работи за идентитетот, вели Кацаров.

Прашан зошто на сцена не се поставуваат македонските текстови, Кацаров вината ја наоѓа во македонските режисери.

-Има доволно драматурзи, но има режсери „енглези“. Секој којшто ќе заврши на Факултетот за драмска уметност или на некој начин ќе се стекне со статус режисер, тој станува „енглез“, тој станува странец. Јас не знам некој подобро да се справи со импортни конфликти, отколку со конфликтите на домашните автори. Но, ова е една ситуација, којашто од година се повторува, вели Кацаров.

Смета дека овој проблем може да се надмине преку Програмата на Министерството за култура, која дава поддршка на културните институции и театрите во земјава.

Проф. д-р Мишел Павловски од Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје вели дека има национални драми, но драмата оживува на сцена.

-Нашите театри се трудат да посветат внимание и на странските и на домашните автори. Мислам дека секогаш може повеќе, вели Павловски.

На денешниот симпозиум беше промовирана книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски, а промотор на книгата беше Јоана Шишкова.

The post „Националната драма, националниот театар“ тема на симпозиум во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ appeared first on Република.

]]>

Не постои национален театар, без национална драма ова е еден од заклучоците на денешниот симпозиум на тема „Националната драма и националниот театар“ во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. На симпозиумот учесници беа Мишел Павловски, Тодор Кузманов, Катерина Петровска Кузманова, Кристина Николовска и Христо Петрески. Уметничкиот директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Трајче Кацаров вели дека ова е втор ваков симпозиум кој се организира од оваа национална установа. -Имаме национална драма, но таа истата се става зад сцената, не се исценира, што значи дека ние сме во една ситуација, во којашто ни недостасува национален Театар. Замислите сега кога зборуваме за идентитетот, некои од елементите кои треба да го штитат дали ние не треба и театарот да го ставиме како елемент, којшто говори и работи за идентитетот, вели Кацаров. Прашан зошто на сцена не се поставуваат македонските текстови, Кацаров вината ја наоѓа во македонските режисери. -Има доволно драматурзи, но има режсери „енглези“. Секој којшто ќе заврши на Факултетот за драмска уметност или на некој начин ќе се стекне со статус режисер, тој станува „енглез“, тој станува странец. Јас не знам некој подобро да се справи со импортни конфликти, отколку со конфликтите на домашните автори. Но, ова е една ситуација, којашто од година се повторува, вели Кацаров. Смета дека овој проблем може да се надмине преку Програмата на Министерството за култура, која дава поддршка на културните институции и театрите во земјава. Проф. д-р Мишел Павловски од Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје вели дека има национални драми, но драмата оживува на сцена. -Нашите театри се трудат да посветат внимание и на странските и на домашните автори. Мислам дека секогаш може повеќе, вели Павловски. На денешниот симпозиум беше промовирана книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски, а промотор на книгата беше Јоана Шишкова.

The post „Националната драма, националниот театар“ тема на симпозиум во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Власт“ од Нушиќ на штипскиот Театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-vlast-od-nushikj-na-shtipskiot-teatar/ Tue, 14 Jun 2022 11:49:31 +0000 https://republika.mk/?p=515003

Текстот „Власт" на Бранислав Нушиќ вечер ќе се постави на штипската театарска сцена во рамки на проектот „Нушиќ – наш современик". Претставата по текстот на врвниот комедиограф Нушиќ во Штип ќе се гледа по речиси петнаесетина години откако претходно се играше неговата „Нажалена фамилија". Комедијата „Власт" е трета премиера годинава на Театарот во Штип, режисер е Ѓорѓи Ризески и играат осум актери.

Мило ми е што ја работиме оваа претстава, зашто делата на Нушиќ се апсолутно актуелни и ден. Тоа е последно дело на Нушиќ и, да речам, можеби е најзрело, бидејќи колку повеќе твори, толку повеќе се истакнува неговиот квалитет. Тоа е недовршено дело и ние не го буквално довршивме, но имавме една наша креација и мислам дека тоа ќе се почувстува во претставата, рече режисерот Ризески.

Според актерите, станува збор за актуелна приказна, а пренесува и голема порака и ги вклучува емоциите. Ги поканија штипјани да уживаат во претставата.

Не само што е актуелна приказната и не дека тоа е тоа што ќе ја движи претставата, туку се емоциите. Секој од нас кога ќе се најде во таква ситуација, кога негов близок се наоѓа на власт, сѐ се менува. И тоа толку боли, бидејќи знаеме дека има еден куп проблеми. Со ова може да го кажеме и нашиот став гласно и јасно“, рече актерот Ефтим Трајчов Ѓаурски.

Актерот Милорад Ангелов додаде дека е чест и задоволство да се учествува во вакво дело режирано од, како што рече, еден прекрасен млад режисер.

Гарантирам дека публиката ќе ужива во претставата, рече Ангелов.

Центарот за култура „Ацо Шопов"-Штип со претставата „Власт" ја завршува полусезоната. Во неа учествува голем тим, од кој дел се и невработени актери избрани на аудиција. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов" Горан Трајков е со став дека на ваков начин се подобрува квалитетот и се задоволува потребата од млади актери.

По вечерашната премиера, претставата „Власт" ќе има уште две репризи, на 20 и 28 јуни. Почетокот е во 20 часот, а влезницата чини 300 денари.

The post Премиера на „Власт“ од Нушиќ на штипскиот Театар appeared first on Република.

]]>

Текстот „Власт" на Бранислав Нушиќ вечер ќе се постави на штипската театарска сцена во рамки на проектот „Нушиќ – наш современик". Претставата по текстот на врвниот комедиограф Нушиќ во Штип ќе се гледа по речиси петнаесетина години откако претходно се играше неговата „Нажалена фамилија". Комедијата „Власт" е трета премиера годинава на Театарот во Штип, режисер е Ѓорѓи Ризески и играат осум актери.
Мило ми е што ја работиме оваа претстава, зашто делата на Нушиќ се апсолутно актуелни и ден. Тоа е последно дело на Нушиќ и, да речам, можеби е најзрело, бидејќи колку повеќе твори, толку повеќе се истакнува неговиот квалитет. Тоа е недовршено дело и ние не го буквално довршивме, но имавме една наша креација и мислам дека тоа ќе се почувстува во претставата, рече режисерот Ризески.
Според актерите, станува збор за актуелна приказна, а пренесува и голема порака и ги вклучува емоциите. Ги поканија штипјани да уживаат во претставата.
Не само што е актуелна приказната и не дека тоа е тоа што ќе ја движи претставата, туку се емоциите. Секој од нас кога ќе се најде во таква ситуација, кога негов близок се наоѓа на власт, сѐ се менува. И тоа толку боли, бидејќи знаеме дека има еден куп проблеми. Со ова може да го кажеме и нашиот став гласно и јасно“, рече актерот Ефтим Трајчов Ѓаурски.
Актерот Милорад Ангелов додаде дека е чест и задоволство да се учествува во вакво дело режирано од, како што рече, еден прекрасен млад режисер.
Гарантирам дека публиката ќе ужива во претставата, рече Ангелов.
Центарот за култура „Ацо Шопов"-Штип со претставата „Власт" ја завршува полусезоната. Во неа учествува голем тим, од кој дел се и невработени актери избрани на аудиција. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов" Горан Трајков е со став дека на ваков начин се подобрува квалитетот и се задоволува потребата од млади актери. По вечерашната премиера, претставата „Власт" ќе има уште две репризи, на 20 и 28 јуни. Почетокот е во 20 часот, а влезницата чини 300 денари.  

The post Премиера на „Власт“ од Нушиќ на штипскиот Театар appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Амбасадор“ во Народниот театар Штип во режија на Андреј Цветановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-ambasador-vo-narodniot-teatar-shtip-vo-rezija-na-andrej-cvetanovski/ Fri, 01 Apr 2022 07:03:02 +0000 https://republika.mk/?p=481701

Во Народниот театар - Штип вечерва во 20 часот ќе биде премиерно изведена театарската претстава „Амбасадор“, по текст на Славомир Мрожек, во режија на Андреј Цветановски, со пет лика и голема техничка екипа.

Режисерот Цветановски вели дека „Амбасадор“ зборува за дипломатски конфликт помеѓу две неименувани земји, конфликт помеѓу амбасадорот и претставник на Владата. Текстот пишуван за Студената војна, но со можност да се приспособи на кој било конфликт меѓу две земји, е само едно од уникатните парчиња на авторот Мрожек.

Дипломатски конфликт, од комедија во драма и трагедија, автентично за Мрожек, процес на кој се работело нешто повеќе од 40 дена. Како што потенцира актерот Милорад Ангелов, ова е приказна која секако пренесува порака. Според актерот Пеце Ристевски, кој го игра ликот на амбасадорот, станува збор за приказна на верата.

Направивме една претстава за верата, бидејќи е многу важно секој еден од нас да верува во нешто. Ние одлучивме да веруваме во својата чесност, праведност и одговорност, со други зборови, едноставно во чесност, вели Ристевски.

Актерите за претставата се избрани на аудиција, чија цел е, како што вели директорот Горан Трајков, да вклучи млади невработени актери. Истите да може да учествуваат во вакви проекти и да се истакнат, а дополнително, секој режисер да може да си ја избере својата екипа. Такво ново лице во штипскиот театар е актерот Григор Јовановски.

На моја голема среќа првпат, се надевам не и последен, сум во штипскиот театар. Имавме еден прекрасен процес. Мене ми е чест што работев со толку добра екипа, секој од актерите е оригинален на свој начин, што беше едно олеснување за креативниот процес којшто го имавме. Си поминавме навистина убаво, вели Јовановски.

Овој текст на Мрожек за првпат се поставува во земјата, а можноста да бидат дел од истиот се актерите Пеце Ристевски, во улога на амбасадорот, Ангелка Нашкова, во улога на сопругата на амбасадорот – Амели, Миле Вртеовски, во улога на човекот, Милорад Ангелов, во улога на Отело и Григор Јовановски, во улога на претставникот.

The post Премиера на „Амбасадор“ во Народниот театар Штип во режија на Андреј Цветановски appeared first on Република.

]]>

Во Народниот театар - Штип вечерва во 20 часот ќе биде премиерно изведена театарската претстава „Амбасадор“, по текст на Славомир Мрожек, во режија на Андреј Цветановски, со пет лика и голема техничка екипа. Режисерот Цветановски вели дека „Амбасадор“ зборува за дипломатски конфликт помеѓу две неименувани земји, конфликт помеѓу амбасадорот и претставник на Владата. Текстот пишуван за Студената војна, но со можност да се приспособи на кој било конфликт меѓу две земји, е само едно од уникатните парчиња на авторот Мрожек. Дипломатски конфликт, од комедија во драма и трагедија, автентично за Мрожек, процес на кој се работело нешто повеќе од 40 дена. Како што потенцира актерот Милорад Ангелов, ова е приказна која секако пренесува порака. Според актерот Пеце Ристевски, кој го игра ликот на амбасадорот, станува збор за приказна на верата.