штипска конфекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtipska-konfekcija/ За подобро да се разбереме Thu, 03 Mar 2022 15:52:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png штипска конфекција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtipska-konfekcija/ 32 32 Обвинение за газда на штипска конфекција, намерно предизвикал стечај https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-za-gazda-na-shtipska-konfekcija-namerno-predizvikal-stechaj/ Thu, 03 Mar 2022 15:51:37 +0000 https://republika.mk/?p=467228

Штипското јавно обвинителство покренува обвинение против управител на една штипска текстилна конфекција за намерно лажно предизвикување на стечај.

Претседателката на здружението „Гласен Текстилец”, Кристина Ампева, на денешната прес-конференција рече дека известувањето на Основното јавно обвинителство(ОЈО)-Штип го добиле денеска. Тоа доаѓа по вчерашната судска пресуда во корист на работничка од Делчево. Ампева забележува оти ова значи дека пресудата нема да биде изолиран случај.

-Драго ми е за денешното известување од Основното јавно обвинителство-Штип, каде што поднесовме обвинение против управител на една конфекција во Штип, ќе го почекаме исходот од постапката. Меѓутоа овде се разботи за намерно предизвикување на стечај, со самото тоа што ОЈО –Штип за првпат ни одговара позитивно во однос на еден член од Кривичниот законик нас ни влева доверба, а треба да им влева и доверба на работниците, вели Ампева.

Кривичните постапки треба за крајна цел да имаат намалување на злопотребите од страна на работодавачите на сметка на работниците.

-Време е веќе ова да започне да се практикува по Кривичен законик, а не како прекршување на Закон за работни односи. Нека има затворски казни, парични казни, нека се полни буџетот, од работодавачи кои сметаат дека треба да ги злоупотребуваат работниците, вели Ампева.

За кривично дело предизвикување на намерен лажен стечај е предвидена затворска казна од една до пет години.

The post Обвинение за газда на штипска конфекција, намерно предизвикал стечај appeared first on Република.

]]>

Штипското јавно обвинителство покренува обвинение против управител на една штипска текстилна конфекција за намерно лажно предизвикување на стечај. Претседателката на здружението „Гласен Текстилец”, Кристина Ампева, на денешната прес-конференција рече дека известувањето на Основното јавно обвинителство(ОЈО)-Штип го добиле денеска. Тоа доаѓа по вчерашната судска пресуда во корист на работничка од Делчево. Ампева забележува оти ова значи дека пресудата нема да биде изолиран случај.