штети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shteti/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 09:20:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png штети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shteti/ 32 32 Бандери, кровови, дрвја – какви сè штети се пријавени по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/banderi-krovovi-drvja-kakvi-se-shteti-se-prijaveni-po-silniot-veter-vo-bitola-shtip-i-ohrid/ Sat, 23 Nov 2024 09:27:51 +0000 https://republika.mk/?p=841032

Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата.

Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола во текот на денот имале голем број на интервенции што настанаа поради силното невреме (силен ветар над 60 км/ч) што го зафати Битолскиот регион во 14.30 часот.

Според повиците за настаните примени преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и во комуникација со командирот на ТППЕ Битола, Општина (ЕЛС) Битола во соработка со јавните претпријатија од Битола и ЕВН, вчера интервенира на следните локации:

– паднат кров од две згради на ул. „Нико Фундали“ кај „Жито маркет“ каде има настаната штета на неколку возила;
– паднато дрво кај црквата во с. Магарево при што има оштетен ел. вод и и има искрење;
– падната бандера на ул. „Прилепска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“;
– падната бандера на патот за с. Кравари;
– падната бандера на ул. „Мукос“ бр. 174;
– падната бандера кај црквата во с. Ниже Поле;
– падната бандера на ул. „Пожаревачка“;
– падната бандера на ул. „Стрчин“ бр. 21 а;
– паднати жици на ул. „Новосадска“;
– паднати жици и искрење на ул. „Крушево“ бр. 4;
– паднати жици и искрење на ул. „Ѓорѓи Наумов“ бр. 4;
– падната бандера на ул. „Димче Лахчански“ бр. 34;
– навалена бандера на ул. Булевар „1 Мај“ бр. 283;
– паднат кров од зграда на ул „Хераклеа“;
– паднат кров од куќа на ул . „Јанко Палигора“;
– паднат кров од куќа на ул. „Партизанска“
– паднат кров од зграда кај печатницата „Киро Дандаро“ и
– голем број на паднати дрвја на повеќе локации во градот.

Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 17.20 до 19.45 часот со 2 ПП возила и 6 пожарникари, интервенирале на откачен лимен кров поради силниот ветар на ул. „Карпош Војвода“ во Општина Охрид.

РЦУК Штип известува дека ТППЕ Виница во период од 13.45 до 14.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари, интервенирале на паднато дрво и бандера како последица на силниот ветар во с. Истибања.

Пожарникарите од ТППЕ Штип, во текот на денот повеќепати интервенирале во отстранување на паднати дрвја, откачена церада и на откорнати делови од покривни (кровни) конструкции на објекти како последица од силниот ветер на разни локации во градот Штип и неговата околина: Градски горбишта, градинка „Вера Цирвири-Трена“, м.в. Кланица, СОУ „Коле Нехтенин“, ул. Широк Дол, угостителски објект „Нецко“, м.в. „4-ти километар“, нас. „Насеље“, градски пазар, ул. „Васил Доганџиски“, бул. „ЈНА“, ул. „Солидарност“, ул. „Сремски фронт“, ул „Браќа Даневи3). Во сите интервенции е учествувано со 3 пожарникари и 1 ПП возило. Како последица на силниот ветер на повеќе места на подрачјето на градот Штип се забележани оштетувања на електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања.

РЦУК Тетово известува дека ТППЕ Гостивар, од 16.45 до 17.15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари, имале техничка интервенција на паднато дрво на ул. „Никола Парапунов“ во Гостивар.

Од Центарот за управување со кризи ги потсетуваат граѓаните дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

The post Бандери, кровови, дрвја – какви сè штети се пријавени по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид appeared first on Република.

]]>

Дел од Македонија во последното деноноќие беше зафатена со невреме проследено со силен ветер, што причини штети во неколку региони од државата. Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола во текот на денот имале голем број на интервенции што настанаа поради силното невреме (силен ветар над 60 км/ч) што го зафати Битолскиот регион во 14.30 часот. Според повиците за настаните примени преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 и во комуникација со командирот на ТППЕ Битола, Општина (ЕЛС) Битола во соработка со јавните претпријатија од Битола и ЕВН, вчера интервенира на следните локации: – паднат кров од две згради на ул. „Нико Фундали“ кај „Жито маркет“ каде има настаната штета на неколку возила; – паднато дрво кај црквата во с. Магарево при што има оштетен ел. вод и и има искрење; – падната бандера на ул. „Прилепска“ кај бензинската пумпа на „Макпетрол“; – падната бандера на патот за с. Кравари; – падната бандера на ул. „Мукос“ бр. 174; – падната бандера кај црквата во с. Ниже Поле; – падната бандера на ул. „Пожаревачка“; – падната бандера на ул. „Стрчин“ бр. 21 а; – паднати жици на ул. „Новосадска“; – паднати жици и искрење на ул. „Крушево“ бр. 4; – паднати жици и искрење на ул. „Ѓорѓи Наумов“ бр. 4; – падната бандера на ул. „Димче Лахчански“ бр. 34; – навалена бандера на ул. Булевар „1 Мај“ бр. 283; – паднат кров од зграда на ул „Хераклеа“; – паднат кров од куќа на ул . „Јанко Палигора“; – паднат кров од куќа на ул. „Партизанска“ – паднат кров од зграда кај печатницата „Киро Дандаро“ и – голем број на паднати дрвја на повеќе локации во градот. Регионалниот ЦУК Охрид известува дека пожарникарите од ТППЕ Охрид, во период од 17.20 до 19.45 часот со 2 ПП возила и 6 пожарникари, интервенирале на откачен лимен кров поради силниот ветар на ул. „Карпош Војвода“ во Општина Охрид. РЦУК Штип известува дека ТППЕ Виница во период од 13.45 до 14.30 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари, интервенирале на паднато дрво и бандера како последица на силниот ветар во с. Истибања. Пожарникарите од ТППЕ Штип, во текот на денот повеќепати интервенирале во отстранување на паднати дрвја, откачена церада и на откорнати делови од покривни (кровни) конструкции на објекти како последица од силниот ветер на разни локации во градот Штип и неговата околина: Градски горбишта, градинка „Вера Цирвири-Трена“, м.в. Кланица, СОУ „Коле Нехтенин“, ул. Широк Дол, угостителски објект „Нецко“, м.в. „4-ти километар“, нас. „Насеље“, градски пазар, ул. „Васил Доганџиски“, бул. „ЈНА“, ул. „Солидарност“, ул. „Сремски фронт“, ул „Браќа Даневи3). Во сите интервенции е учествувано со 3 пожарникари и 1 ПП возило. Како последица на силниот ветер на повеќе места на подрачјето на градот Штип се забележани оштетувања на електрични столбови, кровни конструкции на објекти, фасада од станбена зграда, олуци и автомобили. Појава на паднати дрвја како последица од вчерашниот силен ветер имаше и во селата Облешево и Истибања. РЦУК Тетово известува дека ТППЕ Гостивар, од 16.45 до 17.15 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари, имале техничка интервенција на паднато дрво на ул. „Никола Парапунов“ во Гостивар. Од Центарот за управување со кризи ги потсетуваат граѓаните дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

The post Бандери, кровови, дрвја – какви сè штети се пријавени по силниот ветер во Битола, Штип и Охрид appeared first on Република.

]]>
Општина Гевгелија: Граѓаните од утре можат да пријават штета од вчерашното невреме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/opshtina-gevgelija-graganite-od-utre-mozhat-da-prijavat-shteta-od-vcherashnoto-nevreme/ Wed, 03 Jul 2024 11:23:00 +0000 https://republika.mk/?p=793064

Општина Гевгелија ги известува граѓаните дека од утре можат да пријават штети од вчерашното невреме кое го зафати регионот.

Како што соопштија од локалната самоуправа, Општинската комисија за утврдување на висината штетите од елементарни непогоди и друго несреќи констатирала дека невремето проследено со пороен дожд, град и ветер предизвикало сериозни штети на посевите во селата Миравци, Милетково, Петрово, Габрово, Смоквица и Серменин.

Штетите се пријавуваат со барање за утврдување на висината на штетата, а за земјоделците со опис на културата, број на насад и година на садење. Во прилог на барањето потребно е да се достави имотен лист или договор за закуп на земјиште или објект, копија од лична карта и трансакциска сметка.

The post Општина Гевгелија: Граѓаните од утре можат да пријават штета од вчерашното невреме appeared first on Република.

]]>

Општина Гевгелија ги известува граѓаните дека од утре можат да пријават штети од вчерашното невреме кое го зафати регионот. Како што соопштија од локалната самоуправа, Општинската комисија за утврдување на висината штетите од елементарни непогоди и друго несреќи констатирала дека невремето проследено со пороен дожд, град и ветер предизвикало сериозни штети на посевите во селата Миравци, Милетково, Петрово, Габрово, Смоквица и Серменин. Штетите се пријавуваат со барање за утврдување на висината на штетата, а за земјоделците со опис на културата, број на насад и година на садење. Во прилог на барањето потребно е да се достави имотен лист или договор за закуп на земјиште или објект, копија од лична карта и трансакциска сметка.

The post Општина Гевгелија: Граѓаните од утре можат да пријават штета од вчерашното невреме appeared first on Република.

]]>
По вчерашното невреме, нови пријави за оштетени автомобили во Скопје, одрон кај село Дреново https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/po-vcherashnoto-nevreme-novi-prijavi-za-oshteteni-avtomobili-vo-skopje-odron-kaj-selo-drenovo/ Fri, 28 Jun 2024 07:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=791443

Центарот за управување со кризи утринава информира дека се уште пристигнуваат пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти од синоќешното невреме.

На Единствениот број за итни случаи 112 во 03:22 часот е добиена пријава за паднато дрво врз три возила и на коловоз на улицата „Разловечко востание“ бр.16  во општина Карпош, а утринава во 06:09 часот е добиена уште една пријава за оштетен автомобил на истата улица бр. 12.

Од Регионалниот ЦУК Скопје е информирано за интервенција до надлежните служби.

Добиена е и пријава за причинета материјална штета во погонот на компанијата „Ла пласт“.

Според пријавителот, најверојатно постои проблем со атмосферската канализација или пак е пукната цевка, при што водата тече по улица и се слева во неговите погони. Во моментот објектот се наоѓа поплавен до 50 сантиметри под вода. РЦУК Скопје ги извести надлежните служби за интервенирање според пријавениот итен случај, информираат од ЦУК.

До ЦУК е пристигната и информација за одрон на патот Прилеп кон Каварадци односно меѓу тунелот и селото Дреново. Одронот е на двете коловозни ленти. Известени се надлежните служби кои информирале дека итно ќе испратат екипа на терен.

The post По вчерашното невреме, нови пријави за оштетени автомобили во Скопје, одрон кај село Дреново appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи утринава информира дека се уште пристигнуваат пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти од синоќешното невреме. На Единствениот број за итни случаи 112 во 03:22 часот е добиена пријава за паднато дрво врз три возила и на коловоз на улицата „Разловечко востание“ бр.16  во општина Карпош, а утринава во 06:09 часот е добиена уште една пријава за оштетен автомобил на истата улица бр. 12. Од Регионалниот ЦУК Скопје е информирано за интервенција до надлежните служби. Добиена е и пријава за причинета материјална штета во погонот на компанијата „Ла пласт“.
Според пријавителот, најверојатно постои проблем со атмосферската канализација или пак е пукната цевка, при што водата тече по улица и се слева во неговите погони. Во моментот објектот се наоѓа поплавен до 50 сантиметри под вода. РЦУК Скопје ги извести надлежните служби за интервенирање според пријавениот итен случај, информираат од ЦУК.
До ЦУК е пристигната и информација за одрон на патот Прилеп кон Каварадци односно меѓу тунелот и селото Дреново. Одронот е на двете коловозни ленти. Известени се надлежните служби кои информирале дека итно ќе испратат екипа на терен.

The post По вчерашното невреме, нови пријави за оштетени автомобили во Скопје, одрон кај село Дреново appeared first on Република.

]]>
Многу штети предизвикани од поплавите пријавени вчера во ЦУК https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mnogu-shteti-predizvikani-od-poplavite-prijaveni-vchera-vo-tsuk/ Thu, 23 May 2024 07:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=780997

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 477 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 63,10%, а 36,90% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 52,24%, кон Итната медицинска помош 30,85%, а кон пожарникарите 0,50%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 578 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (16,42%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(36,90%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Во ЦУК, вчера, имаше повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а и од ветер, на објекти, куќи, земјоделски површини, на патишта и на автомобили во државата.

Регионалниот ЦУК Куманово, информираше дека поради обилните поројни врнежи од дожд и од град во Липковскиот регион на ден 21.05.2024 година, имаше зголемување на нивото на Липковска Река, заради што дојде до заматување на водата за пиење. Заради тоа во текот на вчерашниот ден 22.05.2024 година, беше прекината дистрибуцијата на водата до граѓаните, се до моментот на надминување на состојбата. Од страна на ЦУК вчера ано утрото, беше побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и да донесат соодветно решение за понатамошна постапка, а до тогаш пепорача превентивно водата од водововод превентивно да не се пие, што веднаш утрово беше пренесено брзо и ефинасно од медиумите. Инаку, вчера, после седницата што почна околу 12.00 часот на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, беа донесени следните заклучоци и препораки:

1. Главен проблем претставува заматување на вода во водоснабдувачкиот систем заради обилни дождови. Заради истото, водата која се доставува во водоводната мрежа во Куманово, исто така е заматена. Препорака до граѓаните, водата да се користи како техничка вода, или истата да не се користи без зовривање. Препораката останува се додека не се установи дека истата е безбедна за пиење.
2. Се задолжува Општинскиот Штаб за заштита и спасување да достави барање до надлежни институции (Агенција за храна и ветеринарство и Центар за јавно здравје) за добивање на решение за употреба на вода во водоводниот систем како техничка.

Во Општина Ранковце, заради врнежите од дожд на ден има зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во атарот на с.Опила. Од Општина Ранковце по увид на лице место, каде што е една нива и импровизирано игралиште се поплавени, е констатирано дека тоа е нерасчистеното корито од широко распространетата вегетација. Мерки за расчистување Општина Ранковце ќе преземе веднаш по смирување на водата во речното корито и повлекување на истата.
Во Општина Кратово, согласно и добиени информации од граѓани, дел од патот кај месноста „База“, пред мостот кон с.Куклица, Крива река поради зголемен водостој е излеана и е поплавен дел од патот. Висината на водата во тој дел од патоте околу 30 см, па сообраќајот се одвива отежнато.
Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 122 се добиени различни пријави заради обилните врнежи дожд и град и тоа:
- Во 13.41 часот, пријава за поплава на дел од земјоделско земјиште, како последица од излевање на Маркова Река, во близина на мостот на ул.„Горно Лисиче“ бб (Општина Аеродром);
- Во 13.41 часот, пријава дека каналот одводен на локација ул.„Финска“ во населбата „Ченто“ е затрупан и обраснат со дива вегетација. Како што посочува пријавителот на двапати околните куќи, нивните подрумски простории биле поплавувани (Општина Гази Баба);
- Во 15.00 часот, пријава за поплавени дворови и подрумски простории на ул.„Драчевска“ во Драчево поради запушени одводни шахти (Општина Кисела Вода);
- Во 17.50 часот, пријава за поплавени подрумски простории од станбена куќа на ул.„Ниџе Планина“ бр.19 во Драчево (Општина Кисела Вода).
- во Општина Чучер Сандево има пријави за неколку оштетени куќи и моторни возила во селата Блаце и Бродец како последица од поројните врнежи од дожд и град.
Сите овие пријави Регионалниот ЦУК Скопје, по комуникациската координација за помош во првиот момент на итните случаи, ги проследи до соодветните Единици за локална самоуправа - општините, за понатамошна постапка.
Регионалниот ЦУК Штип, известува дека во с.Уларци, Општина Чешиново - Облешво како последица од поројните врнежи, дошло до преполнување на каналите за наводнување. Атмосферската вода навлегла во веќе полните канали за наводнување што биле спремни за сеидба на ориз. Поплавени биле повеќе дворови и објекти. Комуналното претпријатие од Опшината Чешиново-Облешево работи на расчистување на тесните грла од каналите, при што на нивно барање најверојатно ќе добијат помош со градежна механизација од соседните општини.

The post Многу штети предизвикани од поплавите пријавени вчера во ЦУК appeared first on Република.

]]>

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 477 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 63,10%, а 36,90% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 52,24%, кон Итната медицинска помош 30,85%, а кон пожарникарите 0,50%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 578 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (16,42%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(36,90%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК). Во ЦУК, вчера, имаше повеќе дојави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а и од ветер, на објекти, куќи, земјоделски површини, на патишта и на автомобили во државата. Регионалниот ЦУК Куманово, информираше дека поради обилните поројни врнежи од дожд и од град во Липковскиот регион на ден 21.05.2024 година, имаше зголемување на нивото на Липковска Река, заради што дојде до заматување на водата за пиење. Заради тоа во текот на вчерашниот ден 22.05.2024 година, беше прекината дистрибуцијата на водата до граѓаните, се до моментот на надминување на состојбата. Од страна на ЦУК вчера ано утрото, беше побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и да донесат соодветно решение за понатамошна постапка, а до тогаш пепорача превентивно водата од водововод превентивно да не се пие, што веднаш утрово беше пренесено брзо и ефинасно од медиумите. Инаку, вчера, после седницата што почна околу 12.00 часот на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Куманово, беа донесени следните заклучоци и препораки: 1. Главен проблем претставува заматување на вода во водоснабдувачкиот систем заради обилни дождови. Заради истото, водата која се доставува во водоводната мрежа во Куманово, исто така е заматена. Препорака до граѓаните, водата да се користи како техничка вода, или истата да не се користи без зовривање. Препораката останува се додека не се установи дека истата е безбедна за пиење. 2. Се задолжува Општинскиот Штаб за заштита и спасување да достави барање до надлежни институции (Агенција за храна и ветеринарство и Центар за јавно здравје) за добивање на решение за употреба на вода во водоводниот систем како техничка. Во Општина Ранковце, заради врнежите од дожд на ден има зголемување на водостојот и излевање на Крива Река во атарот на с.Опила. Од Општина Ранковце по увид на лице место, каде што е една нива и импровизирано игралиште се поплавени, е констатирано дека тоа е нерасчистеното корито од широко распространетата вегетација. Мерки за расчистување Општина Ранковце ќе преземе веднаш по смирување на водата во речното корито и повлекување на истата. Во Општина Кратово, согласно и добиени информации од граѓани, дел од патот кај месноста „База“, пред мостот кон с.Куклица, Крива река поради зголемен водостој е излеана и е поплавен дел од патот. Висината на водата во тој дел од патоте околу 30 см, па сообраќајот се одвива отежнато. Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 122 се добиени различни пријави заради обилните врнежи дожд и град и тоа: - Во 13.41 часот, пријава за поплава на дел од земјоделско земјиште, како последица од излевање на Маркова Река, во близина на мостот на ул.„Горно Лисиче“ бб (Општина Аеродром); - Во 13.41 часот, пријава дека каналот одводен на локација ул.„Финска“ во населбата „Ченто“ е затрупан и обраснат со дива вегетација. Како што посочува пријавителот на двапати околните куќи, нивните подрумски простории биле поплавувани (Општина Гази Баба); - Во 15.00 часот, пријава за поплавени дворови и подрумски простории на ул.„Драчевска“ во Драчево поради запушени одводни шахти (Општина Кисела Вода); - Во 17.50 часот, пријава за поплавени подрумски простории од станбена куќа на ул.„Ниџе Планина“ бр.19 во Драчево (Општина Кисела Вода). - во Општина Чучер Сандево има пријави за неколку оштетени куќи и моторни возила во селата Блаце и Бродец како последица од поројните врнежи од дожд и град. Сите овие пријави Регионалниот ЦУК Скопје, по комуникациската координација за помош во првиот момент на итните случаи, ги проследи до соодветните Единици за локална самоуправа - општините, за понатамошна постапка. Регионалниот ЦУК Штип, известува дека во с.Уларци, Општина Чешиново - Облешво како последица од поројните врнежи, дошло до преполнување на каналите за наводнување. Атмосферската вода навлегла во веќе полните канали за наводнување што биле спремни за сеидба на ориз. Поплавени биле повеќе дворови и објекти. Комуналното претпријатие од Опшината Чешиново-Облешево работи на расчистување на тесните грла од каналите, при што на нивно барање најверојатно ќе добијат помош со градежна механизација од соседните општини.

The post Многу штети предизвикани од поплавите пријавени вчера во ЦУК appeared first on Република.

]]>
ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tsuk-poplaveni-podrumi-i-garazha-vo-ohridsko-od-porojniot-dozhd/ Sun, 19 May 2024 10:12:00 +0000 https://republika.mk/?p=779755

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Регионалниот ЦУК Охрид известил дека добиле пријави од граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна на Општина Охрид е контактирано со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Колекторски систем“ бидејќи колекторскиот систем не можел да ја прими во целост количината на вода поради обилните врнежи од дожд. За кратко време состојбата е санирана, соопшти ЦУК.

Во изминатото деноноќие, како што информираат од ЦУК, биле евидентирани три пожари на отворено.

Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.

Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.

Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1 491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.

Од ЦУК апелираат до граѓаните за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења. Граѓаните да не се престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја

The post ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд appeared first on Република.

]]>

Поројниот дожд во текот на изминатото деноноќие предизвикал поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“ во Охрид, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Регионалниот ЦУК Охрид известил дека добиле пријави од граѓани за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид. Од страна на Општина Охрид е контактирано со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Колекторски систем“ бидејќи колекторскиот систем не можел да ја прими во целост количината на вода поради обилните врнежи од дожд. За кратко време состојбата е санирана, соопшти ЦУК. Во изминатото деноноќие, како што информираат од ЦУК, биле евидентирани три пожари на отворено. Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај. Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино. Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1 491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112. Од ЦУК апелираат до граѓаните за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења. Граѓаните да не се престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја

The post ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд appeared first on Република.

]]>
Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bochvarski-vladata-ke-pomogne-za-sanatsija-na-shtetite-od-nevremeto-vo-delchevo/ Sat, 10 Jun 2023 13:28:57 +0000 https://republika.mk/?p=649901

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерката за животна средина Каја Шукова, директорот на ЈП за одржување регионални и магистрални патишта Костадин Ацевски и деканот на Градежен факултет, проф. д-р Горан Марковски, извршија увид на штетите предизвикани од силното невреме што го зафати Делчево.

При посетата на Општина Делчево се сретнаа со пратеничката Соња Михаилова и градоначалникот Горан Трајковски кој детално информираше околу настанатите штети и потенцираше дека потребна е силна поддршка од централната власт и поширока акција за овие штети да бидат санирани што е можно поскоро, а животот на граѓаните во Делчево и Делчевско да се врати во нормала.

Министерот Бочварски истакна дека Владата застанува целосно во поддршка на Општината.

Граѓаните да бидат уверени, заеднички ќе ги надминеме овие тешки моменти. Институциите се ангажирани, заедно со општината и градоначалникот Трајковски ги утврдуваме сите настанати штети, особено во делот на инфраструктурата. Најважно е неопходната инфраструктура да ја вратиме во една нормална состојба, екипи на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта веќе работат на најоштетените пристапни патишта до градот и уверувам дека се што е наша моќ ќе сториме за да го вратиме нормалното живеење во општината. Владата застанува комплетно во поддршка на Општината на градоначалникот и сите штети кои се настанати ќе ги решиме и финансиски и технички - истакна Бочварски.

Општина Делчево в понеделник ќе испрати комплетен извештај за настанатите штети до Владата по што на наредната седница на Владата се очекува финансиска и техничка поддршка за санација на штетите.

Во меѓувреме, ЈП за одржување магистрални и регионални патишта работи на санација на пропустот на магистралниот пат А3, а најавено е и ставање во функција на алтернативни патишта за Делчево.(МИА)

The post Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерката за животна средина Каја Шукова, директорот на ЈП за одржување регионални и магистрални патишта Костадин Ацевски и деканот на Градежен факултет, проф. д-р Горан Марковски, извршија увид на штетите предизвикани од силното невреме што го зафати Делчево. При посетата на Општина Делчево се сретнаа со пратеничката Соња Михаилова и градоначалникот Горан Трајковски кој детално информираше околу настанатите штети и потенцираше дека потребна е силна поддршка од централната власт и поширока акција за овие штети да бидат санирани што е можно поскоро, а животот на граѓаните во Делчево и Делчевско да се врати во нормала. Министерот Бочварски истакна дека Владата застанува целосно во поддршка на Општината.
Граѓаните да бидат уверени, заеднички ќе ги надминеме овие тешки моменти. Институциите се ангажирани, заедно со општината и градоначалникот Трајковски ги утврдуваме сите настанати штети, особено во делот на инфраструктурата. Најважно е неопходната инфраструктура да ја вратиме во една нормална состојба, екипи на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта веќе работат на најоштетените пристапни патишта до градот и уверувам дека се што е наша моќ ќе сториме за да го вратиме нормалното живеење во општината. Владата застанува комплетно во поддршка на Општината на градоначалникот и сите штети кои се настанати ќе ги решиме и финансиски и технички - истакна Бочварски.
Општина Делчево в понеделник ќе испрати комплетен извештај за настанатите штети до Владата по што на наредната седница на Владата се очекува финансиска и техничка поддршка за санација на штетите. Во меѓувреме, ЈП за одржување магистрални и регионални патишта работи на санација на пропустот на магистралниот пат А3, а најавено е и ставање во функција на алтернативни патишта за Делчево.(МИА)

The post Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево appeared first on Република.

]]>
Се санираат штетите, најдоцна до понеделник патот до Делчево ќе биде пуштен во употреба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-saniraat-shtetite-najdotsna-do-ponedelnik-patot-do-delchevo-ke-bide-pushten-vo-upotreba/ Sat, 10 Jun 2023 10:15:52 +0000 https://republika.mk/?p=649855

Во Делчево од утрово екипи на „Македонија пат“ ги санираат штетите на магистралата А3 кај месноста Црквенска Река.

На терен е директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски, кој информираше дека во текот на денешниот ден штетата ќе биде санирана, а најдоцна до понеделник патот ќе биде пуштен во употреба.

Сообраќајот кон Делчево се пренасочува преку патниот правец Берово – Смојмирово – Виница.

Информацијата ја соопштија од АМСМ, а ја потврдија од подружницата на „Македонија Пат“, од каде велат дека забраната за движење на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани е за сите возила.

The post Се санираат штетите, најдоцна до понеделник патот до Делчево ќе биде пуштен во употреба appeared first on Република.

]]>

Во Делчево од утрово екипи на „Македонија пат“ ги санираат штетите на магистралата А3 кај месноста Црквенска Река. На терен е директорот на „Македонија пат“ Костадин Ацевски, кој информираше дека во текот на денешниот ден штетата ќе биде санирана, а најдоцна до понеделник патот ќе биде пуштен во употреба. Сообраќајот кон Делчево се пренасочува преку патниот правец Берово – Смојмирово – Виница. Информацијата ја соопштија од АМСМ, а ја потврдија од подружницата на „Македонија Пат“, од каде велат дека забраната за движење на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани е за сите возила.

The post Се санираат штетите, најдоцна до понеделник патот до Делчево ќе биде пуштен во употреба appeared first on Република.

]]>
Можни штети кај расцветаните кајсии, сливи и бадеми од ниските утрински температури https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mozhni-shteti-kaj-rastsvetanite-kajsii-slivi-i-bademi-od-niskite-utrinski-temperaturi/ Mon, 20 Mar 2023 09:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=621472

Разладувањето на атмосферата минатата недела со пониски утрински температури, како и со врнежи од дожд и снег на повисоките места, го успори или одржа на исто ниво пролетното будење на овошките. Тоа, според агрометеоролозите, е добро во овој период од годината.

Во повисоките региони каде вегетацијата не е почната, добро е што овошките ќе се задржат подолго време во мирување кое, колку подолго се одржува, толку се поголеми шансите да има поуспешна реколта.

Ако ниските минимални утрински температури паднат под -5 степени, може да предизвикаат штети во регионите каде се веќе расцветани бадемот, сливата и раните сорти кајсии. Тие температуи се всушност пониски од издржливоста на овошките во оваа фаза. Појавата и јачината на мразот, пак, не е секаде еднаква, многу зависи од позицијата на теренот и конфигурацијата на земјиштето, објаснуваат агрометеоролозите.

The post Можни штети кај расцветаните кајсии, сливи и бадеми од ниските утрински температури appeared first on Република.

]]>

Разладувањето на атмосферата минатата недела со пониски утрински температури, како и со врнежи од дожд и снег на повисоките места, го успори или одржа на исто ниво пролетното будење на овошките. Тоа, според агрометеоролозите, е добро во овој период од годината. Во повисоките региони каде вегетацијата не е почната, добро е што овошките ќе се задржат подолго време во мирување кое, колку подолго се одржува, толку се поголеми шансите да има поуспешна реколта. Ако ниските минимални утрински температури паднат под -5 степени, може да предизвикаат штети во регионите каде се веќе расцветани бадемот, сливата и раните сорти кајсии. Тие температуи се всушност пониски од издржливоста на овошките во оваа фаза. Појавата и јачината на мразот, пак, не е секаде еднаква, многу зависи од позицијата на теренот и конфигурацијата на земјиштето, објаснуваат агрометеоролозите.

The post Можни штети кај расцветаните кајсии, сливи и бадеми од ниските утрински температури appeared first on Република.

]]>
Штетите од земјотресите во Турција достигнаа 103,6 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtetite-od-zemjotresite-vo-turtsija-dostignaa-103-6-milijardi-dolari/ Fri, 17 Mar 2023 14:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=620786

Штетите предизвикани од катастрофалните земјотреси во Турција на почетокот на февруари достигнаа 103,6 милијарди долари, што е околу девет отсто од проектираниот БДП за 2023 година, соопшти денеска Министерството за финансии во Анкара.

Таа сума е шест пати поголема од штетата предизвикана по земјотресот во Мармара во 1999 година.

Најголем дел од штетата, 54,9 отсто, е причинета на станбени згради во износ од 56,9 милијарди долари, објави порталот на турскиот канал „НТВ“.

Штетите на јавните инфраструктурни и комунални објекти изнесуваат 12,9 милијарди долари, додека во економскиот сектор штетата е 11,8 милијарди долари.

Во таа бројка се вклучени штетите направени во енергетиката, туризмот, здравството, образованието и други сектори.

Во земјотресите на 6 февруари во Турција загинаа околу 50.000 луѓе.

The post Штетите од земјотресите во Турција достигнаа 103,6 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

Штетите предизвикани од катастрофалните земјотреси во Турција на почетокот на февруари достигнаа 103,6 милијарди долари, што е околу девет отсто од проектираниот БДП за 2023 година, соопшти денеска Министерството за финансии во Анкара. Таа сума е шест пати поголема од штетата предизвикана по земјотресот во Мармара во 1999 година. Најголем дел од штетата, 54,9 отсто, е причинета на станбени згради во износ од 56,9 милијарди долари, објави порталот на турскиот канал „НТВ“. Штетите на јавните инфраструктурни и комунални објекти изнесуваат 12,9 милијарди долари, додека во економскиот сектор штетата е 11,8 милијарди долари. Во таа бројка се вклучени штетите направени во енергетиката, туризмот, здравството, образованието и други сектори. Во земјотресите на 6 февруари во Турција загинаа околу 50.000 луѓе.

The post Штетите од земјотресите во Турција достигнаа 103,6 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Откорнати олуци, покриви и оштетени фасади пријавени по невремето во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/otkornati-oluci-pokrivi-i-oshteteni-fasadi-prijaveni-po-nevremeto-vo-skopje/ Tue, 23 Aug 2022 08:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=543150

Откорнати олуци, откорнати лимени покриви и оштетени фасади пријавиле жителите на Скопје на линијата за итни повици – 112, по синоќешните врнежи што го зафатија скопскиот регион.

Како што информира денеска Центарот за управување со крзи (ЦУК), граѓаните во 12:10 часот пријавиле откорнати олуци од покрив на куќа на кеј „13 Ноември“ во Маџир Маало.

Во 15:10 часот била пријавена оштетена фасада на куќа на улица „Мајаковски“ бр. 41 во Дебар Маало, општина Центар.

Во 18.40 часот од невремето на 20 август 2022 година бил откорнат лимен покрив од нивната зграда, која е на 11 ката и воедно покривот виси, со што ги доведува жителите во опасност, соопшти ЦУК.

The post Откорнати олуци, покриви и оштетени фасади пријавени по невремето во Скопје appeared first on Република.

]]>

Откорнати олуци, откорнати лимени покриви и оштетени фасади пријавиле жителите на Скопје на линијата за итни повици – 112, по синоќешните врнежи што го зафатија скопскиот регион. Како што информира денеска Центарот за управување со крзи (ЦУК), граѓаните во 12:10 часот пријавиле откорнати олуци од покрив на куќа на кеј „13 Ноември“ во Маџир Маало. Во 15:10 часот била пријавена оштетена фасада на куќа на улица „Мајаковски“ бр. 41 во Дебар Маало, општина Центар. Во 18.40 часот од невремето на 20 август 2022 година бил откорнат лимен покрив од нивната зграда, која е на 11 ката и воедно покривот виси, со што ги доведува жителите во опасност, соопшти ЦУК.

The post Откорнати олуци, покриви и оштетени фасади пријавени по невремето во Скопје appeared first on Република.

]]>
Штетите од заевизмот во енергетиката, народот ги плаќа два пати, преку буџет и преку повисоки сметки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/shtetite-od-zaevizmot-vo-energetikata-narodot-gi-plakja-dva-pati-preku-budzet-i-preku-povisoki-smetki/ Fri, 21 Jan 2022 08:28:28 +0000 https://republika.mk/?p=447439

Поради неспособноста и неодговорноста на кадрите на заевизмот, каков што е пионот Ковачевски, граѓаните плаќаат 15% поскапо парно и струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку кадрите на заевизмот навреме ископуваа домашен јаглен и не ги исушија акумулациите, и ги користеа за производство на домашна струја, денес немаше народот да плаќа толку скапа струја. Наместо да произведуваат домашна електрична енергија која е 3-4 пати поевтина од увозната, тие беа фрлени на коруптивни зделки и криминални тендери. Својата неспособност во енергетиката ја покриваа со десетици милиони евра буџетски пари на граѓаните, за да на крај секое домаќинство втор пат да плати преку повисоки сметки кои достигаат по најмалку 1.500 денари повеќе.

Доколку кадрите на заевизмот навреме обезбедеа поевтин гас немаше да има потреба парното да поскапува и да се случува топлинска криза. Напротив тие тогаш се занимаваа со внатрепартиски и политички игри и сега повторно со пари од граѓаните преку буџетот ќе ја покриваат својата неспособност, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Очигледно дека заевизмот чиј носител сега е пионот Ковачевски продолжуваат со практиката, штетите што ги прават од лошите политики да ги покриваат со народни пари.

Стандардот на граѓаните тоне поради заевизмот и ликови како Ковачевски. Потребно е итно справување со заевизмот на предвремени парламентарни избори, како прва мерка со справувањето со кризите кои тој ги создаде, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Штетите од заевизмот во енергетиката, народот ги плаќа два пати, преку буџет и преку повисоки сметки appeared first on Република.

]]>

Поради неспособноста и неодговорноста на кадрите на заевизмот, каков што е пионот Ковачевски, граѓаните плаќаат 15% поскапо парно и струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку кадрите на заевизмот навреме ископуваа домашен јаглен и не ги исушија акумулациите, и ги користеа за производство на домашна струја, денес немаше народот да плаќа толку скапа струја. Наместо да произведуваат домашна електрична енергија која е 3-4 пати поевтина од увозната, тие беа фрлени на коруптивни зделки и криминални тендери. Својата неспособност во енергетиката ја покриваа со десетици милиони евра буџетски пари на граѓаните, за да на крај секое домаќинство втор пат да плати преку повисоки сметки кои достигаат по најмалку 1.500 денари повеќе. Доколку кадрите на заевизмот навреме обезбедеа поевтин гас немаше да има потреба парното да поскапува и да се случува топлинска криза. Напротив тие тогаш се занимаваа со внатрепартиски и политички игри и сега повторно со пари од граѓаните преку буџетот ќе ја покриваат својата неспособност, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Очигледно дека заевизмот чиј носител сега е пионот Ковачевски продолжуваат со практиката, штетите што ги прават од лошите политики да ги покриваат со народни пари.
Стандардот на граѓаните тоне поради заевизмот и ликови како Ковачевски. Потребно е итно справување со заевизмот на предвремени парламентарни избори, како прва мерка со справувањето со кризите кои тој ги создаде, велат од ВМРО ДПМНЕ.

The post Штетите од заевизмот во енергетиката, народот ги плаќа два пати, преку буџет и преку повисоки сметки appeared first on Република.

]]>