штета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shteta/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Nov 2024 06:41:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png штета Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shteta/ 32 32 Се санираат штетите од силниот ветер во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/se-saniraat-shtetite-od-silniot-veter-vo-bitola/ Fri, 22 Nov 2024 17:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=840926

 Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид на локации во Битола каде силниот ветер предизвика проблеми и вознемирување кај битолчани.

Со екипи на локалните јавни претпријатија и пожарникари од ТППЕ-Битола, Коњановски посочи јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, да извршат санација на местата каде е предизвикана штета.

Екипите дејствуваат координирано и ќе останат на терен се до расчистување на сите локации, соопштија од Општина Битола.

The post Се санираат штетите од силниот ветер во Битола appeared first on Република.

]]>

 Градоначалникот Тони Коњановски изврши увид на локации во Битола каде силниот ветер предизвика проблеми и вознемирување кај битолчани. Со екипи на локалните јавни претпријатија и пожарникари од ТППЕ-Битола, Коњановски посочи јавните претпријатија „Комуналец“, „Нискоградба“, „Водовод“ и ТППЕ Битола, да извршат санација на местата каде е предизвикана штета. Екипите дејствуваат координирано и ќе останат на терен се до расчистување на сите локации, соопштија од Општина Битола.

The post Се санираат штетите од силниот ветер во Битола appeared first on Република.

]]>
Штетата од конфликтот во Газа досега изнесува околу 20 милијарди долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shtetata-od-konfliktot-vo-gaza-dosega-iznesuva-okolu-20-milijardi-dolari/ Thu, 15 Feb 2024 16:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=744493

На Газа ќе и треба нов „Маршалов план“ за да се опорави од конфликтот меѓу Израел и Хамас, изјави денеска директорот на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) Ричард Козул-Рајт, додавајќи дека штетата од конфликтот досега изнесува на околу 20 милијарди долари.

Говорејќи на маргините на состанокот на ОН во Женева, Козул-Рајт рече дека штетата е веќе четири пати поголема од штетата во Газа за време на седумнеделната војна во 2014 година.

„Зборуваме за 20 милијарди долари ако (конфликтот) престане сега“, рече Козул-Рајт.

Тој додаде рече дека проценката се заснова на сателитски снимки и други информации и дека попрецизна проценка ќе бара од истражувачите да влезат во Газа.

Извор: МИА

The post Штетата од конфликтот во Газа досега изнесува околу 20 милијарди долари appeared first on Република.

]]>

На Газа ќе и треба нов „Маршалов план“ за да се опорави од конфликтот меѓу Израел и Хамас, изјави денеска директорот на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) Ричард Козул-Рајт, додавајќи дека штетата од конфликтот досега изнесува на околу 20 милијарди долари. Говорејќи на маргините на состанокот на ОН во Женева, Козул-Рајт рече дека штетата е веќе четири пати поголема од штетата во Газа за време на седумнеделната војна во 2014 година. „Зборуваме за 20 милијарди долари ако (конфликтот) престане сега“, рече Козул-Рајт. Тој додаде рече дека проценката се заснова на сателитски снимки и други информации и дека попрецизна проценка ќе бара од истражувачите да влезат во Газа. Извор: МИА

The post Штетата од конфликтот во Газа досега изнесува околу 20 милијарди долари appeared first on Република.

]]>
Штетата од поплавите во Словенија изнесува неколку милијарди евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shtetata-od-poplavite-vo-slovenija-iznesuva-nekolku-milijardi-evra/ Tue, 08 Aug 2023 07:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=669834

Премиерот на Словенија Роберт Голоб информирал дека штетите од катастрофалните поплави во неговата земја изнесуваат неколку милијарди евра.

Голоб посочил дека приоритет е да се воспостави основна инфраструктура, како струја и вода. Додал дека помошта за Словенија почнала да пристигнува од странство и дека во моментов најпотребна е тешка механизација, како и монтажни мостови, соопшти Радио-телевизија Словенија.

Веќе почна да пристигнува помош, не само од ЕУ, нагласил Голоб.

Словенечкиот премиер информирал дека дури и Украина испратила хеликоптер, што, како што рече, значи дека солидарноста навистина нема граници.

Премиерот рекол дека овие поплави се најголемата катастрофа во поновата историја на Словенија и дека Владата ќе направи се за да им помогне на настраданите од поплавите.

Словенечката Влада во понеделник одржа кризен состанок на кој се разговарало за штетите и мерките за отстранување на последиците од поплавите во кои најмногу беше оштетена инфраструктурата.

The post Штетата од поплавите во Словенија изнесува неколку милијарди евра appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Словенија Роберт Голоб информирал дека штетите од катастрофалните поплави во неговата земја изнесуваат неколку милијарди евра. Голоб посочил дека приоритет е да се воспостави основна инфраструктура, како струја и вода. Додал дека помошта за Словенија почнала да пристигнува од странство и дека во моментов најпотребна е тешка механизација, како и монтажни мостови, соопшти Радио-телевизија Словенија.
Веќе почна да пристигнува помош, не само од ЕУ, нагласил Голоб.
Словенечкиот премиер информирал дека дури и Украина испратила хеликоптер, што, како што рече, значи дека солидарноста навистина нема граници. Премиерот рекол дека овие поплави се најголемата катастрофа во поновата историја на Словенија и дека Владата ќе направи се за да им помогне на настраданите од поплавите. Словенечката Влада во понеделник одржа кризен состанок на кој се разговарало за штетите и мерките за отстранување на последиците од поплавите во кои најмногу беше оштетена инфраструктурата.

The post Штетата од поплавите во Словенија изнесува неколку милијарди евра appeared first on Република.

]]>
Јавен повик за пријавување штети од природна непогода од поплави и град во Делчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javen-povik-za-prijavuvane-shteti-od-prirodna-nepogoda-od-poplavi-i-grad-vo-delchevo/ Mon, 12 Jun 2023 10:38:29 +0000 https://republika.mk/?p=650424

Граѓаните на Општина Делчево кои имаат материјална штета предизвикана од невремето што ја зафати Општина Делчево од денеска можат да поднесуваат пријави до Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди од поплава и град.

Образецот на пријавата за штета,како што информираа од Општината, можат да го подигнат од Eдношалтерската канцеларија во Oпштинта или да го симнат од веб-страницата на Општина Делчево.

Кон пријавата во прилог потребно е да приложат копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од подносителот на барањето, копија од трансакциска сметка, пријава и изјави за штети која можат да ја преземат од (Архива или од веб-страницата delcevo.gov.mk), информираа од Општина Делчево.

Пријавувањето, како што додадоа, може да се врши во период од 10 дена.

Пријавувањето до 22.06.2023 година, секој работен ден од 7,30 ч до 15.30 ч. За дополнителни информации можат да се обратите кај лицето Кире Цоневски на телефонскиот број 078/705-513, додадоа од Општината.

Воедно, Општина Делчево отвори донаторска сметка за собирање средства во хуманитарни цели. Сметката е со број 7200140320785N3 и е објавена на општинската веб-страница, а средствата собрани на оваа сметка ќе бидат наменети за санација на штетите од природната непогода од поплави и град што го зафати Делчево на 8 јуни 2023 година во попладневните часови.

The post Јавен повик за пријавување штети од природна непогода од поплави и град во Делчево appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Општина Делчево кои имаат материјална штета предизвикана од невремето што ја зафати Општина Делчево од денеска можат да поднесуваат пријави до Комисија за проценка на штети од елементарни непогоди од поплава и град. Образецот на пријавата за штета,како што информираа од Општината, можат да го подигнат од Eдношалтерската канцеларија во Oпштинта или да го симнат од веб-страницата на Општина Делчево. Кон пријавата во прилог потребно е да приложат копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од подносителот на барањето, копија од трансакциска сметка, пријава и изјави за штети која можат да ја преземат од (Архива или од веб-страницата delcevo.gov.mk), информираа од Општина Делчево. Пријавувањето, како што додадоа, може да се врши во период од 10 дена. Пријавувањето до 22.06.2023 година, секој работен ден од 7,30 ч до 15.30 ч. За дополнителни информации можат да се обратите кај лицето Кире Цоневски на телефонскиот број 078/705-513, додадоа од Општината. Воедно, Општина Делчево отвори донаторска сметка за собирање средства во хуманитарни цели. Сметката е со број 7200140320785N3 и е објавена на општинската веб-страница, а средствата собрани на оваа сметка ќе бидат наменети за санација на штетите од природната непогода од поплави и град што го зафати Делчево на 8 јуни 2023 година во попладневните часови.

The post Јавен повик за пријавување штети од природна непогода од поплави и град во Делчево appeared first on Република.

]]>
Пет милиони евра обесштетување за непогодите од 2016-та до 2018 година, вклучувајќи ги и поплавите во Арачиново https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pet-milioni-evra-obesshtetuvanje-za-nepogodite-od-2016-ta-do-2018-godina-vkluchuvajkji-gi-i-poplavite-vo-arachinovo/ Fri, 26 Aug 2022 12:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=544467

За сите штети од 2016-та до 2018 година, вклучувајќи ги поплавите во Арачиново, како и земјоделците од Преспа, ќе бидат исплатени пет милиони евра, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Според Николовски, на последната владина седница, во вторникот, се усвои збирниот извештај кој опфаќа 29 општини и се утврдија 10 отсто за обесштетување.

Износот на штета што ќе биде исплатена е 300 милиони денари. На следната седница Министерството за финансии е задолжено да ги подготви одлуките за исплата и парите да бидат префрлени на оштините, а оттука и на апликантите кои имале штети. Во овој збирен извештај е опфатена и Општина Ресен. Верувам дека средствата ќе бидат исплатени во најбрз можен рок. Се што требаше, Владата направи, нагласи министерот.

Тој потсети дека за обесштетувањето требало да се сменат два закона за земјоделство и за заштита и спасување, по што била донесена нова методологија, а се формирала и нова државна комисија.

The post Пет милиони евра обесштетување за непогодите од 2016-та до 2018 година, вклучувајќи ги и поплавите во Арачиново appeared first on Република.

]]>

За сите штети од 2016-та до 2018 година, вклучувајќи ги поплавите во Арачиново, како и земјоделците од Преспа, ќе бидат исплатени пет милиони евра, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Според Николовски, на последната владина седница, во вторникот, се усвои збирниот извештај кој опфаќа 29 општини и се утврдија 10 отсто за обесштетување. Износот на штета што ќе биде исплатена е 300 милиони денари. На следната седница Министерството за финансии е задолжено да ги подготви одлуките за исплата и парите да бидат префрлени на оштините, а оттука и на апликантите кои имале штети. Во овој збирен извештај е опфатена и Општина Ресен. Верувам дека средствата ќе бидат исплатени во најбрз можен рок. Се што требаше, Владата направи, нагласи министерот. Тој потсети дека за обесштетувањето требало да се сменат два закона за земјоделство и за заштита и спасување, по што била донесена нова методологија, а се формирала и нова државна комисија.

The post Пет милиони евра обесштетување за непогодите од 2016-та до 2018 година, вклучувајќи ги и поплавите во Арачиново appeared first on Република.

]]>
Над 130 граѓани пријавиле штета поради поплавите и пожарот во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nad-130-gragjani-prijavile-shteta-poradi-poplavite-i-pozarot-vo-tetovo/ Fri, 03 Jun 2022 21:05:41 +0000 https://republika.mk/?p=510850

Кризниот штаб на Општина Тетово го одржа третиот состанок со цел да се донесат заклучоци и решенија за справување со последиците по поплавите и пожарот во градот.

Градоначалникот Биљал Касами информираше дека има над 130 пријавени случаи на штети направени и од пожарот и од поплавите.

Од тие 97 се поплавени куќи и подруми, а другите се оштетени јавна инфраструктура, институции и земјоделски парцели. Бидејќи немаме одговор дали ќе има владина комисија за штети, немаме таква информација, не чекаме од Владата и од понеделник ќе излезат на терен општинска комисија и ќе имаме информации колку се штетите - изјави Касами.

Исто така општината ќе почне со интензивна дезинфекција и чистење на укиците.

 Што се однесува на чистење и дезинфекција, информираме дека во рамки на Општина со свои капацитети е направено тоа.Чекавме но немаме одговор од Владата во кој дел тие ќе се вклучат. ЈКП и пожарната поинтензивно ќе го продолжат тој процес на чистење и дезинфекција. Ќе се справи Општина Тетово со сите последици од поплавите - информира Касами.

Тој изјави дека по наредба на јавен обвинител е направен увид на местото од пожарот и се чека информација за причини за опожарување на фабриката.

Фабриката е под надзор, материјалите не можат да се тргнат од таму се додека не се дознаат причините за пожарот. Владата е навремено информирана но нема одговор во кој дел Владата ќе излезе во пресрет. Ние очекуваме дека ќе помогне, и со заеднички сили да се справиме со ситуацијата - изјави Касами.

На состанокот ТППЕ Тетово известиле дека состојбата е стабилна, но во интервенцијата на пожарот претрпеле сериозна материјална штета, а голем дел од вработените се соочиле со здравствени проблеми.

Од Центарот за јавно здравје Тетово, најавија детални анализи на крвта на сите пожарникари за да се утврди нивната здравствена состојба. Од општинскиот инспекторат известија дека заедно со државниот инспекторат за животна средина излегле на терен и ги направиле потребните проверки поврзани со животната средина - велат од Кризниот штаб.

Од Секторот за комунални дејности известуваат дека поплавите предизвикале значителни проблеми во патната инфраструктура, но почнале интервенции за санирање на истите, како што се улица „146“ и патот од Шипковица до Бродец.

The post Над 130 граѓани пријавиле штета поради поплавите и пожарот во Тетово appeared first on Република.

]]>

Кризниот штаб на Општина Тетово го одржа третиот состанок со цел да се донесат заклучоци и решенија за справување со последиците по поплавите и пожарот во градот. Градоначалникот Биљал Касами информираше дека има над 130 пријавени случаи на штети направени и од пожарот и од поплавите.
Од тие 97 се поплавени куќи и подруми, а другите се оштетени јавна инфраструктура, институции и земјоделски парцели. Бидејќи немаме одговор дали ќе има владина комисија за штети, немаме таква информација, не чекаме од Владата и од понеделник ќе излезат на терен општинска комисија и ќе имаме информации колку се штетите - изјави Касами.
Исто така општината ќе почне со интензивна дезинфекција и чистење на укиците.
 Што се однесува на чистење и дезинфекција, информираме дека во рамки на Општина со свои капацитети е направено тоа.Чекавме но немаме одговор од Владата во кој дел тие ќе се вклучат. ЈКП и пожарната поинтензивно ќе го продолжат тој процес на чистење и дезинфекција. Ќе се справи Општина Тетово со сите последици од поплавите - информира Касами.
Тој изјави дека по наредба на јавен обвинител е направен увид на местото од пожарот и се чека информација за причини за опожарување на фабриката.
Фабриката е под надзор, материјалите не можат да се тргнат од таму се додека не се дознаат причините за пожарот. Владата е навремено информирана но нема одговор во кој дел Владата ќе излезе во пресрет. Ние очекуваме дека ќе помогне, и со заеднички сили да се справиме со ситуацијата - изјави Касами.
На состанокот ТППЕ Тетово известиле дека состојбата е стабилна, но во интервенцијата на пожарот претрпеле сериозна материјална штета, а голем дел од вработените се соочиле со здравствени проблеми.
Од Центарот за јавно здравје Тетово, најавија детални анализи на крвта на сите пожарникари за да се утврди нивната здравствена состојба. Од општинскиот инспекторат известија дека заедно со државниот инспекторат за животна средина излегле на терен и ги направиле потребните проверки поврзани со животната средина - велат од Кризниот штаб.
Од Секторот за комунални дејности известуваат дека поплавите предизвикале значителни проблеми во патната инфраструктура, но почнале интервенции за санирање на истите, како што се улица „146“ и патот од Шипковица до Бродец.

The post Над 130 граѓани пријавиле штета поради поплавите и пожарот во Тетово appeared first on Република.

]]>
Украина: Штетата од војната изнесува околу еден трилион долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukraina-shtetata-od-vojnata-iznesuva-okolu-eden-trilion-dolari/ Mon, 25 Apr 2022 08:41:27 +0000 https://republika.mk/?p=493265

Штетата и загубите за Украина како резултат на руската агресија во двата месеци од војната веќе изнесуваат околу еден трилион долари, изјави економскиот советник на украинскиот претседател Олег Устенко.

Оваа бројка ја вклучува не само уништената инфраструктура, домови и деловни објекти, туку и загубите што произлегуваат од негативните финансиски и економски процеси за украинскиот бизнис.

Околу цифрата од еден трилион долари Украина треба да ги насочи своите напори за добивање компензација од Руската Федерација веднаш по завршувањето на војната, рече Устенко.

The post Украина: Штетата од војната изнесува околу еден трилион долари appeared first on Република.

]]>

Штетата и загубите за Украина како резултат на руската агресија во двата месеци од војната веќе изнесуваат околу еден трилион долари, изјави економскиот советник на украинскиот претседател Олег Устенко. Оваа бројка ја вклучува не само уништената инфраструктура, домови и деловни објекти, туку и загубите што произлегуваат од негативните финансиски и економски процеси за украинскиот бизнис.
Околу цифрата од еден трилион долари Украина треба да ги насочи своите напори за добивање компензација од Руската Федерација веднаш по завршувањето на војната, рече Устенко.

The post Украина: Штетата од војната изнесува околу еден трилион долари appeared first on Република.

]]>
Силниот ветер денес направи штета во Карпош 4 https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/silniot-veter-denes-napravi-shteta-vo-karposh-4/ Sat, 02 Apr 2022 14:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=482363

Силниот ветер денес направи штета во Карпош 4.
Паднато дрво на улица Желево при што беа оштетени кабли и прекинат сообраќајот.
За среќа не е причинета друга несреќа.
Службите веднаш излегоа и го расчистија теренот, информираат од општината.

The post Силниот ветер денес направи штета во Карпош 4 appeared first on Република.

]]>

Силниот ветер денес направи штета во Карпош 4. Паднато дрво на улица Желево при што беа оштетени кабли и прекинат сообраќајот. За среќа не е причинета друга несреќа. Службите веднаш излегоа и го расчистија теренот, информираат од општината.

The post Силниот ветер денес направи штета во Карпош 4 appeared first on Република.

]]>
Николовски: Околу 550 илјади евра ќе се исплатат на земјоделците од Росоман за штетите од елементарните непогоди https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-okolu-550-iljadi-evra-kje-se-isplatat-na-zemjodelcite-od-rosoman-za-shtetite-od-elementarnite-nepogodi/ Thu, 24 Mar 2022 13:49:53 +0000 https://republika.mk/?p=477745

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во присусутво на градоначалникот на Општина Росоман, Стојан Николов, оствари средба со земјоделци производители на праски од овој регион.

Росоман е една од петте општини каде што земјоделците претрпеа штети од временски непогоди минатата година, а кои имаа доставенo комплетна документација. На денешната средба, која се одржа на отворено, на поле, министерот Николовски лично им соопшти на присутните земјоделци дека сите што имале штети врз земјоделското производство поради временските непогоди минатата година, ќе бидат обештетени.

Во време на светска криза, во време на затворени пазари целото Министерство е мобилизирано се повеќе пари да стигнат кај земјоделците, фармерите, производителите. Се повеќе мерки и политики да бидат воведени, но секако и да бараме алтернативни пазари во оваа состојба на војна во Европа. Затоа оваа одлука за плаќање на обештетувањето беше врвен приоритет на Министерството и на Владата и затоа 729 баратели – земјоделски производители од Росоман кои имаат штети од измрзнувањето во 2021 година, ќе добијат обештетување од околу 33 милиони денари односно 550 илјади евра“ изјави Николовски.

Владата на една од претходните седници, ја усвои информацијата за обешетување на земјоделците кои претпрпеа загуби од временските непогоди. Според елаборатот доставен од општинската комисија за проценка на штети, ниските температури нанеле штети на овошните насади кои беа во фаза на цветање и формирање на плод. Обешететувањето ќе биде во висина во 10 отсто од вкупно проценетата штета.

Освен Росоман, со одлуката на Владата ќе бидат обештетни и Карбинци, Богданци, Демир Капија и Ранковце.

Николовски од Росоман, посочи дека на денешната средба со земјоделците разговарано е и за алтернативни пазари за извоз на праски со оглед на воениот конфликт помеѓу Русија и Украина. Исто така, министерот информираше и за мерките од новата програма за интервентниот фонд и за новиот модел на авансно субвенционирање кој за прв пат старува од оваа година и тоа токму со овоштарите.

Николовски посочи дека Министерството за Финансии веќе работи на потребните документи за да се спроведе исплатата на средствата до граѓаните на Росоман, преку општината. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја префрли вкупната сума за обештетување до општината Росоман, и во најбрз рок од општината да им ги исплатат парите за обештетување согласно доставените пријави.

The post Николовски: Околу 550 илјади евра ќе се исплатат на земјоделците од Росоман за штетите од елементарните непогоди appeared first on Република.

Војната може да и нанесе поголема штета на европската економија отколку пандемијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vojnata-moze-da-i-nanese-pogolema-shteta-na-evropskata-ekonomija-otkolku-pandemijata/ Thu, 10 Mar 2022 11:30:55 +0000 https://republika.mk/?p=470597

Главниот извршен директор на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, Херберт Дис предупреди дека долготрајната војна во Украина може да биде „многу полоша“ за европската економија отколку пандемијата на коронавирусот, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Прекинот во глобалните синџири на снабдување „може да доведе до големи зголемувања на цените, недостиг на енергија и инфлација, изјави Дис за лондонскиот весник.

Тој, исто така, верува дека долготрајниот конфликт во Украина може да ја соочи Европа со огромна закана од висока инфлација, според „Фајненшл тајмс“.

Производителите на автомобили, вклучително Фолксваген, БМВ и Порше, имаат проблеми да набават кабли за автомобили, кои досега ги набавуваа во западна Украина. Овие погони сега се затворени поради руската инвазија, па производителите на автомобили се принудени да го намалат производството.

The post Војната може да и нанесе поголема штета на европската економија отколку пандемијата appeared first on Република.

]]>

Главниот извршен директор на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, Херберт Дис предупреди дека долготрајната војна во Украина може да биде „многу полоша“ за европската економија отколку пандемијата на коронавирусот, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Прекинот во глобалните синџири на снабдување „може да доведе до големи зголемувања на цените, недостиг на енергија и инфлација, изјави Дис за лондонскиот весник. Тој, исто така, верува дека долготрајниот конфликт во Украина може да ја соочи Европа со огромна закана од висока инфлација, според „Фајненшл тајмс“. Производителите на автомобили, вклучително Фолксваген, БМВ и Порше, имаат проблеми да набават кабли за автомобили, кои досега ги набавуваа во западна Украина. Овие погони сега се затворени поради руската инвазија, па производителите на автомобили се принудени да го намалат производството.

The post Војната може да и нанесе поголема штета на европската економија отколку пандемијата appeared first on Република.

]]>
Француската економија ќе биде погодена од војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/francuskata-ekonomija-kje-bide-pogodena-od-vojnata-vo-ukraina/ Thu, 03 Mar 2022 11:11:36 +0000 https://republika.mk/?p=466956

Франција, неизбежно ќе биде погодена како и другите европски земји од украинската криза, вели Жан-Филип Андре, претседател на Анија, главната организација за земјоделска храна, пренесува дописникот на МИА.

Војната во Украина, која предизвикува зголемување на цената на земјоделските суровини, „неизбежно“ ќе ја зголеми цената на прехранбените производи, увери во средата Жан-Филип Андре, претседател на Анија, главната агропрехранбена организација.

Француската влада веќе објави во средата зголемување на цената за околу 3 отсто по годишните преговори меѓу производителите и дистрибутерите на храна, кои завршија во вторникот вечерта.

Од своја страна, Анија побара зголемување од околу 6 отсто, поради инфлацијата која се одразува и на земјоделските суровини и индустриските трошоци (енергија, пакување, транспорт).

По инвазијата на Украина од страна на Русија во четвртокот, цените на одредени земјоделски производи пораснаа. Двете земји се всушност главни извозници на житарки и маслодајни семиња: тие заедно сочинуваат 30 отсто од светската трговија со пченица.

Постои многу силна зависност од сончоглед, житарки, од енергија…“, подвлече Жан-Филип Андре, кој тврди дека зголемувањето на овие суровини „ќе се пренесе и на цените“. „Неизбежно, ќе бидеме погодени како и другите европски земји од украинската криза - додаде тој.

Додека Министерството за економија на Франција во средата собра неколку претставници на индустриските сектори за да разговараат за последиците од војната во Украина, претседателот на Анија процени дека Франција повторно ќе мора да им помогне на компаниите.

Никој не е подготвен да се соочи со ситуација каква што моментално се развива - истакна тој.

Конфликтот во Украина ќе има последици врз продажбата на производителите на вино и алкохолни пијалоци, наменети за извоз во Русија. Во 2021 година Русија увезла речиси 198 милиони евра вредно вино од Франција.

Нарачките беа готови… но ќе останат да чекаат. „Има премногу ризици при испораката во Русија, не знаеме дали производите ќе пристигнат“, вели Серж Дер Сахагујан, Генералниот директор на СпиритФранс, еден од главните производители на Армањак и Калвадос.

На страната на лозарите реални се и последиците од оваа војна. Од скоро 200 милиони евра нарачки во 2021 година, првиот засегнат регион во однос на обемот е Шампањ. Повеќе од 1,7 милиони шишиња од најпознатите „пенливи“ вина се извезени во Русија во 2019 година, односно 13.500 хектолитри, или 1,5 отсто од вкупната продажба на шампањ.

Второто најпогодено винарство, Бургундија. Во 2021 година, приближно 7.200 хектолитри заминаа за Русија. „Тоа е 18-ти пазар по обем, 17-ти по вредност“, му објаснува здружението на винарите од регионот.

Во Бордо, Интерпрофесионалниот совет за вино, исто така, смета дека војната во Украина „нема да има многу значајни последици за извозот“. „Со 2.000 хектолитри годишно, Русија е 52-та дестинација по обем и 60-та дестинација по вредност за вината од Бордо“. За споредба, се извезуваат 240.000 хектолитри годишно во САД или 19.000 хектолитри во Данска, која е петнаесетта дестинација. Конечно, дури и Украина е пред Русија, на 40-та позиција по извоз со 4.000 хектолитри.

Извозниците сега се плашат дека виното кое веќе е испорачано нема да биде платено. А тоа што е останато, кој ќе биде подготвен да го купи по повисоки цени.

The post Француската економија ќе биде погодена од војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Франција, неизбежно ќе биде погодена како и другите европски земји од украинската криза, вели Жан-Филип Андре, претседател на Анија, главната организација за земјоделска храна, пренесува дописникот на МИА. Војната во Украина, која предизвикува зголемување на цената на земјоделските суровини, „неизбежно“ ќе ја зголеми цената на прехранбените производи, увери во средата Жан-Филип Андре, претседател на Анија, главната агропрехранбена организација. Француската влада веќе објави во средата зголемување на цената за околу 3 отсто по годишните преговори меѓу производителите и дистрибутерите на храна, кои завршија во вторникот вечерта. Од своја страна, Анија побара зголемување од околу 6 отсто, поради инфлацијата која се одразува и на земјоделските суровини и индустриските трошоци (енергија, пакување, транспорт). По инвазијата на Украина од страна на Русија во четвртокот, цените на одредени земјоделски производи пораснаа. Двете земји се всушност главни извозници на житарки и маслодајни семиња: тие заедно сочинуваат 30 отсто од светската трговија со пченица.
Постои многу силна зависност од сончоглед, житарки, од енергија…“, подвлече Жан-Филип Андре, кој тврди дека зголемувањето на овие суровини „ќе се пренесе и на цените“. „Неизбежно, ќе бидеме погодени како и другите европски земји од украинската криза - додаде тој.
Додека Министерството за економија на Франција во средата собра неколку претставници на индустриските сектори за да разговараат за последиците од војната во Украина, претседателот на Анија процени дека Франција повторно ќе мора да им помогне на компаниите.
Никој не е подготвен да се соочи со ситуација каква што моментално се развива - истакна тој.
Конфликтот во Украина ќе има последици врз продажбата на производителите на вино и алкохолни пијалоци, наменети за извоз во Русија. Во 2021 година Русија увезла речиси 198 милиони евра вредно вино од Франција. Нарачките беа готови… но ќе останат да чекаат. „Има премногу ризици при испораката во Русија, не знаеме дали производите ќе пристигнат“, вели Серж Дер Сахагујан, Генералниот директор на СпиритФранс, еден од главните производители на Армањак и Калвадос. На страната на лозарите реални се и последиците од оваа војна. Од скоро 200 милиони евра нарачки во 2021 година, првиот засегнат регион во однос на обемот е Шампањ. Повеќе од 1,7 милиони шишиња од најпознатите „пенливи“ вина се извезени во Русија во 2019 година, односно 13.500 хектолитри, или 1,5 отсто од вкупната продажба на шампањ. Второто најпогодено винарство, Бургундија. Во 2021 година, приближно 7.200 хектолитри заминаа за Русија. „Тоа е 18-ти пазар по обем, 17-ти по вредност“, му објаснува здружението на винарите од регионот. Во Бордо, Интерпрофесионалниот совет за вино, исто така, смета дека војната во Украина „нема да има многу значајни последици за извозот“. „Со 2.000 хектолитри годишно, Русија е 52-та дестинација по обем и 60-та дестинација по вредност за вината од Бордо“. За споредба, се извезуваат 240.000 хектолитри годишно во САД или 19.000 хектолитри во Данска, која е петнаесетта дестинација. Конечно, дури и Украина е пред Русија, на 40-та позиција по извоз со 4.000 хектолитри. Извозниците сега се плашат дека виното кое веќе е испорачано нема да биде платено. А тоа што е останато, кој ќе биде подготвен да го купи по повисоки цени.

The post Француската економија ќе биде погодена од војната во Украина appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски уште не станат премиер крши закони и го компромитира образованието https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kovachevski-ushte-ne-stanat-premier-krshi-zakoni-i-go-kompromitira-obrazovanieto/ Thu, 06 Jan 2022 08:40:56 +0000 https://republika.mk/?p=441239

Ковачевски уште не станат премиер крши закони и го компромитира образованието. Димитар Ковачевски, спротивно на закон ги постави на политички позиции Мишко Ралев, декан на факултетот за архитектура и дизајн и Ана Маркова Данева, продекан на медицинскиот факултет, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Ковачевски спротивно на закон ги поставил Ралев и Маркова Данева во ИО на СДСМ, а тие двајцата спротивно на закон прифатиле и со тоа се компромитирале и себе и факултетите кои ги претставуваат како нивни први лица.

Како челници на своите матични факултетите Ралев и Маркова Данева за да не ги компромитираат установите од кои што доаѓаат треба веднаш да си дадат оставки на позициите во образованието кои што ги држат, но и да си дадат оставки и во ИО. Ако Ралев и Маркова Данева ги почитуваа законите, тие или немаше да прифатат да членуваат во ИО на СДСМ, или ќе си дадеа оставки од деканските места уште пред да бидат именувани на позиции во СДСМ, се вели во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека со секој поминат ден на чело на факултетите, Ралев и Маркова Данева го деградираат образованието и го компромитираат, со што нанесуваат трајна штета.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски уште не станат премиер крши закони и го компромитира образованието appeared first on Република.

]]>

Ковачевски уште не станат премиер крши закони и го компромитира образованието. Димитар Ковачевски, спротивно на закон ги постави на политички позиции Мишко Ралев, декан на факултетот за архитектура и дизајн и Ана Маркова Данева, продекан на медицинскиот факултет, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека Ковачевски спротивно на закон ги поставил Ралев и Маркова Данева во ИО на СДСМ, а тие двајцата спротивно на закон прифатиле и со тоа се компромитирале и себе и факултетите кои ги претставуваат како нивни први лица.