штеди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtedi/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Mar 2023 09:44:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png штеди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtedi/ 32 32 ССМ: Владата се обидува да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира минималната плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-vladata-se-obiduva-da-zashtedi-so-toa-shto-eden-mesets-nema-da-ja-koregira-minimalnata-plata/ Fri, 17 Mar 2023 09:44:18 +0000 https://republika.mk/?p=620618

Сојузот на синдикатиите на Македонија бара Министерството за труд и социјална политика да ја корегира вчерашната објава во Службен весник во која е наведено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739 денари.

ССМ смета дека „Владата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници“.

Од Синдикатот во соопштението истакнуваат дека „се сериозно загрижени и изненадени од обидот на Владата преку Министерството за труд и социјална политика да ги манипулира најниско платените работници, тие кои всушност очекуваат грижа и заштита од државата која претендира да биде демократска, социјална и европски ориентирана“.

Во Службен весник бр 58 од 16.3.2023 година е објавено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739,00 денари. Оваа објава е спротивно на измената на член 4 од Законот за минимална плата направена со Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата службен весник бр. 41 од 24 февруари 2022 година со кој е уредено дека исплатата на ново утврдената висина на минималната плата ќе се врши со исплата на платата за месец март тековната година. На овој начин државата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници и граѓани што е преседан во однесувањето на демократските системи и влади, наведуваат од ССМ во соопштение.

Но, дополнуваат, „благодарение на будноста на ССМ сметаме дека неправдата ќе биде исправена, укажуваме на потребата од корекција на објавата од страна на Министерството за труд и социјална политика објавена во Службен весник и нејзино усогласување со законските измени“.

ССМ секогаш будно ќе следи и ќе биде коректор на лошите владини политики што прават штета на работниците, стои во соопштението.

The post ССМ: Владата се обидува да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира минималната плата appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатиите на Македонија бара Министерството за труд и социјална политика да ја корегира вчерашната објава во Службен весник во која е наведено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739 денари. ССМ смета дека „Владата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници“. Од Синдикатот во соопштението истакнуваат дека „се сериозно загрижени и изненадени од обидот на Владата преку Министерството за труд и социјална политика да ги манипулира најниско платените работници, тие кои всушност очекуваат грижа и заштита од државата која претендира да биде демократска, социјална и европски ориентирана“.
Во Службен весник бр 58 од 16.3.2023 година е објавено дека висината на минималната плата во бруто–износ во Република Македонија, започнувајќи од април 2023 година изнесува 29.739,00 денари. Оваа објава е спротивно на измената на член 4 од Законот за минимална плата направена со Закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата службен весник бр. 41 од 24 февруари 2022 година со кој е уредено дека исплатата на ново утврдената висина на минималната плата ќе се врши со исплата на платата за месец март тековната година. На овој начин државата прави обид да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира платата на најсиромашните работници и граѓани што е преседан во однесувањето на демократските системи и влади, наведуваат од ССМ во соопштение.
Но, дополнуваат, „благодарение на будноста на ССМ сметаме дека неправдата ќе биде исправена, укажуваме на потребата од корекција на објавата од страна на Министерството за труд и социјална политика објавена во Службен весник и нејзино усогласување со законските измени“.
ССМ секогаш будно ќе следи и ќе биде коректор на лошите владини политики што прават штета на работниците, стои во соопштението.
 
The post ССМ: Владата се обидува да заштеди со тоа што еден месец нема да ја корегира минималната плата appeared first on Република.

]]>
Бислимовски штеди во РКЕ, оди пеш по скали, наместо да користи лифт, сака и да ослабне https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-shtedi-vo-rke-odi-pesh-po-skali-namesto-da-koristi-lift-saka-i-da-oslabne/ Thu, 01 Sep 2022 13:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=546460

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски на денешната прес-конференција рече дека и во оваа државна институција се почитуваат владините мерки за штедење кои полнуваат од денеска, па тој во зградата на РКЕ до работното место наместо со лифт дошол по скали.

Како што гледате, јас денеска дојдов по скали на работа. Имам проблеми со тежината и планирам да ја намалам. Осветлувањето е ограничено, немаме пуштено ладење и сите мерки кои се за штедење ќе ги превземеме. Целата јавност треба посериозно да се однесува кон мерките за штедење бидејќи во услови на цени од 700-800 евра за мегават-час на слободен пазар – рече Бислимовски.

РКЕ ќе треба да ја намали сметката за септември за 15% во однос на сметката од лани за истиот период.

The post Бислимовски штеди во РКЕ, оди пеш по скали, наместо да користи лифт, сака и да ослабне appeared first on Република.

Во Карпош се штеди: Улично осветлување ќе има цела ноќ, ќе свети секоја втора светилка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-karposh-se-shtedi-ulichno-osvetluvanje-kje-ima-cela-nokj-kje-sveti-sekoja-vtora-svetilka/ Sun, 08 May 2022 11:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=499440

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, воведува нова мерка за штедење на електричната енергија за улично осветлување. Станува збор за исклучување на секоја втора светилка во периодот од 19:45 часот навечер до 4:30 часот, наместо исклучување на уличното осветлување од 1 часот по полноќ до 5 часот наутро, како што беше досега, а на што бурно реагираа карпошани.

Ова, како што информираат од Општина Карпош, било одлучено на средбата што ја имал градоначалникот Јакимовски со секретарите на урбаните заедници, на која му бил пренесен, разгледан и прифатен овој предлог на граѓаните.

Го разгледувавме предлогот на секретарите на урбаните заедници дали може да свети секоја втора светилка од уличното осветлување. Го повикав Одделението за енергетска ефикасност, како и фирмата која го одржува осветлувањето, да видиме дали постои таква техничка можност. Ме уверија дека постои техничка можност. Тоа значи дека веќе овој викенд ќе воведеме промена на мерката за штедење – изјави градоначалникот Јакимовски.

The post Во Карпош се штеди: Улично осветлување ќе има цела ноќ, ќе свети секоја втора светилка appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, воведува нова мерка за штедење на електричната енергија за улично осветлување. Станува збор за исклучување на секоја втора светилка во периодот од 19:45 часот навечер до 4:30 часот, наместо исклучување на уличното осветлување од 1 часот по полноќ до 5 часот наутро, како што беше досега, а на што бурно реагираа карпошани. Ова, како што информираат од Општина Карпош, било одлучено на средбата што ја имал градоначалникот Јакимовски со секретарите на урбаните заедници, на која му бил пренесен, разгледан и прифатен овој предлог на граѓаните.