штедење.шпанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtedenje-shpanija/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Jul 2022 17:23:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png штедење.шпанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtedenje-shpanija/ 32 32 Извадете ги вратоврските за да штедиме струја: Шпанскиот премиер со барање до функционерите и вработените во приватниот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izvadete-gi-vratovrskite-za-da-shtedime-struja-shpanskiot-premier-so-baranje-do-funkcionerite-i-vrabotenite-vo-privatniot-sektor/ Fri, 29 Jul 2022 17:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=534804

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, ги повика владините службеници и вработените во приватниот сектор во Шпанија да ја намалат потрошувачката на електрична енергија со тоа што нема да носат вратоврски.

Шпанскиот премиер на конференцијата дојде без вратоврска, во бела кошула и сино палто.

Би сакал да забележите дека не носам вратоврска. Тоа значи дека сите можеме да заштедиме струја - порача Санчез на прес-конференција, на која го презентираше извештајот за работата на владата.

Тој ги повика министрите и владините претставници „да не носат вратоврска, ако тоа не е потребно“, но не објасни како со тоа се заштедува струја. Медиумите нагаѓаат дека идејата веројатно е тоа што при топло време во затворен простор лицето се чувствува поудобно без вратоврска и чувствува помала потреба од употреба на клима уредите.

Повеќе од еден месец времето во Шпанија е многу топло. Во некои делови од земјата температурата на воздухот надминува 40 степени, а надлежните апелираат граѓаните да не користат климатизери повеќе од потребното, за да се намалат трошоците за снабдување со електрична енергија.

Минатиот месец, Шпанија одобри пакет економска помош во вредност од над девет милијарди евра. Пакетот вклучува и намалување на данокот на трошоците за користење струја и еднократна исплата од 200 евра за лицата со ниски примања.

The post Извадете ги вратоврските за да штедиме струја: Шпанскиот премиер со барање до функционерите и вработените во приватниот сектор appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, ги повика владините службеници и вработените во приватниот сектор во Шпанија да ја намалат потрошувачката на електрична енергија со тоа што нема да носат вратоврски. Шпанскиот премиер на конференцијата дојде без вратоврска, во бела кошула и сино палто.
Би сакал да забележите дека не носам вратоврска. Тоа значи дека сите можеме да заштедиме струја - порача Санчез на прес-конференција, на која го презентираше извештајот за работата на владата.
Тој ги повика министрите и владините претставници „да не носат вратоврска, ако тоа не е потребно“, но не објасни како со тоа се заштедува струја. Медиумите нагаѓаат дека идејата веројатно е тоа што при топло време во затворен простор лицето се чувствува поудобно без вратоврска и чувствува помала потреба од употреба на клима уредите. Повеќе од еден месец времето во Шпанија е многу топло. Во некои делови од земјата температурата на воздухот надминува 40 степени, а надлежните апелираат граѓаните да не користат климатизери повеќе од потребното, за да се намалат трошоците за снабдување со електрична енергија. Минатиот месец, Шпанија одобри пакет економска помош во вредност од над девет милијарди евра. Пакетот вклучува и намалување на данокот на трошоците за користење струја и еднократна исплата од 200 евра за лицата со ниски примања.

The post Извадете ги вратоврските за да штедиме струја: Шпанскиот премиер со барање до функционерите и вработените во приватниот сектор appeared first on Република.

]]>