штедење енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtedenje-energija/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Oct 2022 16:57:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png штедење енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtedenje-energija/ 32 32 Германците добија предупредување дека трошат повеќе енергија отколку што треба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germancite-dobija-predupreduvanje-deka-troshat-povekje-energija-otkolku-shto-treba/ Thu, 06 Oct 2022 16:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=558076

Германската мрежна агенција ги предупреди граѓаните за прекумерна потрошувачка на гас и укажа на можните последици за резервите на гас во текот на зимата.

Ситуацијата може да стане многу сериозна доколку значително не ја намалиме потрошувачката на гас - порача директорот на Федералната мрежна агенција, Клаус Милер.

Домаќинствата и претпријатијата минатата недела потрошиле вкупно 618 гигават часови енергија, што е за 10 отсто повеќе од просекот за тој период од годината.

Без значителни заштеди во приватниот, занаетчискиот и индустрискиот сектор, на ниво од најмалку 20 отсто, ќе биде тешко да се избегне недостигот на гас во текот на зимата - порача Милер.

Домаќинствата и занаетчискиот сектор трошат околу 40 отсто од гасот, а останатиот дел отпаѓа на индустријата.

Истовремено, министерот за економија и енергетика, Роберт Хабек, тврди дека до крајот на месецот, резервоарите за гас во Германија ќе се полнат со планираниот капацитет од 95 проценти.

Тој укажа и на забрзаната изградба на инфраструктура за увоз на течен гас и нови терминали кои се градат на Балтикот и Северното Море.

Сепак, и покрај тоа, министерот апелираше до граѓаните да штедат енергија.

Во споредба со минатата година, мораме да заштедиме 20 проценти од енергијата. Прерано е да се опуштиме - изјави Хабек.

Зголемената потрошувачка на енергија во Германија е поврзана и со невообичаено ниските температури на крајот на септември.

The post Германците добија предупредување дека трошат повеќе енергија отколку што треба appeared first on Република.

]]>

Германската мрежна агенција ги предупреди граѓаните за прекумерна потрошувачка на гас и укажа на можните последици за резервите на гас во текот на зимата.
Ситуацијата може да стане многу сериозна доколку значително не ја намалиме потрошувачката на гас - порача директорот на Федералната мрежна агенција, Клаус Милер.
Домаќинствата и претпријатијата минатата недела потрошиле вкупно 618 гигават часови енергија, што е за 10 отсто повеќе од просекот за тој период од годината.
Без значителни заштеди во приватниот, занаетчискиот и индустрискиот сектор, на ниво од најмалку 20 отсто, ќе биде тешко да се избегне недостигот на гас во текот на зимата - порача Милер.
Домаќинствата и занаетчискиот сектор трошат околу 40 отсто од гасот, а останатиот дел отпаѓа на индустријата. Истовремено, министерот за економија и енергетика, Роберт Хабек, тврди дека до крајот на месецот, резервоарите за гас во Германија ќе се полнат со планираниот капацитет од 95 проценти. Тој укажа и на забрзаната изградба на инфраструктура за увоз на течен гас и нови терминали кои се градат на Балтикот и Северното Море. Сепак, и покрај тоа, министерот апелираше до граѓаните да штедат енергија.
Во споредба со минатата година, мораме да заштедиме 20 проценти од енергијата. Прерано е да се опуштиме - изјави Хабек.
Зголемената потрошувачка на енергија во Германија е поврзана и со невообичаено ниските температури на крајот на септември.

The post Германците добија предупредување дека трошат повеќе енергија отколку што треба appeared first on Република.

]]>
Се прославуваат 200 празници, родендени, годишнини, а ние да се тушираме со тенок млаз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-proslavuvaat-200-praznici-rodendeni-godishnini-a-nie-da-se-tushirame-so-tenok-mlaz/ Fri, 19 Aug 2022 12:39:16 +0000 https://republika.mk/?p=542033

Владините препораки да се штеди наидоа на потсмев кај граѓаните. Тие доаѓаат во време кога државата организира разноазни прослави, годишнини и родендени.

Тенок млаз на вода, штедете, помалку, не знам што се бара од сиромав народ, а државата прославува 200 празници, родендени, годишнини и денови на институции, кои ниту работат, само арчат, а парадите нормално служат за шетање на партиска армија и перчење на функционерите.
Не сте во контакт со времето и реалноста, у некој јужноамерички филм на патриотизам сте, коментира Ивор Мицкоски.

Бојлерот вклучувајте го само по потреба, користете го сонцето колку може повеќе за затоплување на домот, а гралките користете ги разумно. Ова се дел од препораките за штедење на енергија од 15 отсто за домаќинствата. Владата ги објави мерките и препораките за штедење на струја.

Препораките и мерките за штедење на струја ќе важат од 1 септември годинава до 30 март следната година.

https://republika.mk/vesti/makedonija/preporaki-za-domakjinstvata-za-shtedenje-struja-boljerot-da-se-vkluchuva-samo-po-potreba-gotvete-vo-pomali-sadovi/

The post Се прославуваат 200 празници, родендени, годишнини, а ние да се тушираме со тенок млаз appeared first on Република.

]]>

Владините препораки да се штеди наидоа на потсмев кај граѓаните. Тие доаѓаат во време кога државата организира разноазни прослави, годишнини и родендени.
Тенок млаз на вода, штедете, помалку, не знам што се бара од сиромав народ, а државата прославува 200 празници, родендени, годишнини и денови на институции, кои ниту работат, само арчат, а парадите нормално служат за шетање на партиска армија и перчење на функционерите. Не сте во контакт со времето и реалноста, у некој јужноамерички филм на патриотизам сте, коментира Ивор Мицкоски.
Бојлерот вклучувајте го само по потреба, користете го сонцето колку може повеќе за затоплување на домот, а гралките користете ги разумно. Ова се дел од препораките за штедење на енергија од 15 отсто за домаќинствата. Владата ги објави мерките и препораките за штедење на струја. Препораките и мерките за штедење на струја ќе важат од 1 септември годинава до 30 март следната година. https://republika.mk/vesti/makedonija/preporaki-za-domakjinstvata-za-shtedenje-struja-boljerot-da-se-vkluchuva-samo-po-potreba-gotvete-vo-pomali-sadovi/

The post Се прославуваат 200 празници, родендени, годишнини, а ние да се тушираме со тенок млаз appeared first on Република.

]]>
Од вечерва ќе се гаси секоја втора светилка на уличното осветлување во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/od-vecherva-kje-se-gasi-sekoja-vtora-svetilka-na-ulichnoto-osvetluvanje-vo-centar/ Thu, 18 Aug 2022 12:05:58 +0000 https://republika.mk/?p=541685

💡 Општина Центар започна со спроведување на препораките за штедење на електрична енергија.

Од вечерва ќе се гаси секоја втора светилка на уличното осветлување, со што ќе се зголеми заштедата на електрична енергија, а ќе се води и сметка за тоа да не се наруши нормалното функционирање на граѓаните кои живеат или престојуваат во Општина Центар, соопшти градоначалникот на Центар Горан Герасимовски преку социјалните мрежи.

Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и мораме одговорно да се однесуваме кон потрошувачката на електрична енергија, потсетува тој.

Во наредните денови општината ќе ги соопшти и останатите мерки со кои ќе ја намали на потрошувачката на струја.

The post Од вечерва ќе се гаси секоја втора светилка на уличното осветлување во Центар appeared first on Република.

]]>

💡 Општина Центар започна со спроведување на препораките за штедење на електрична енергија.
Од вечерва ќе се гаси секоја втора светилка на уличното осветлување, со што ќе се зголеми заштедата на електрична енергија, а ќе се води и сметка за тоа да не се наруши нормалното функционирање на граѓаните кои живеат или престојуваат во Општина Центар, соопшти градоначалникот на Центар Горан Герасимовски преку социјалните мрежи.
Пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и мораме одговорно да се однесуваме кон потрошувачката на електрична енергија, потсетува тој. Во наредните денови општината ќе ги соопшти и останатите мерки со кои ќе ја намали на потрошувачката на струја.

The post Од вечерва ќе се гаси секоја втора светилка на уличното осветлување во Центар appeared first on Република.

]]>
Климите на не помалку од 27 и не повеќе од 19 степени: Шпанија воведува итни мерки за штедење енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/klimite-na-ne-pomlku-od-27-i-ne-povekje-od-19-stepeni-shpanija-voveduva-itni-merki-za-shtedenje-energija/ Tue, 02 Aug 2022 18:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=536146

Шпанската влада воведува „итни мерки“ за заштеда на енергија поради енергетската криза што ја надвладеа Европа по руската воена операција во Украина, пренесува „24.хр“.

Мерките предвидуваат, сите згради во јавниот сектор, трговските центри, кината, канцелариите, хотелите, станиците и аеродромите да не смеат во лето да ја спуштат температурата под 27 степени Целзиусови, додека во зима температурата нема да биде повисока од 19 степени Целзиусови.

Оваа одлука беше усвоена на состанокот на владата во Мадрид, а ја соопшти Тереза ​​Рибера, министерка за еколошка транзиција.

Рибера порача дека планираните мерки мора да се воведат по еднонеделен преоден рок по објавувањето во службен весник.

Рибера додаде дека тоа е почетен пакет кој е неопходен во „критична ситуација“.

На Европа и е потребна помош од Шпанија. Време е за солидарност - изјави таа.

Мерките, исто така, вклучуваат правила за продавниците и бизнисите да ги држат своите врати затворени со помош на автоматски систем што мора да се инсталира до 30 септември.

О владата велат дека целта на тоа е да се спречи топлиот или студениот воздух да излегува од веќе загреан или изладен простор.

Исто така, по 22 часот мора да се исклучи осветлувањето во неискористените канцеларии, излозите и спомениците, а во одредени згради ќе се почне со проверка на енергетската ефикасност.

Рибера апелираше до приватниот сектор да го зголеми уделот на работа од дома.

Шпанија ги презема овие и дополнителни мерки, кои треба да стапат на сила по летната пауза, за да ги исполни обврските преземени во европскиот план за итни случаи договорен минатата недела.

Земјата ќе се обиде да ја намали потрошувачката на гас за седум проценти.

Шпанија првично беше против планот на Европската комисија, но на крајот, откако доби отстапки, го одобри.

The post Климите на не помалку од 27 и не повеќе од 19 степени: Шпанија воведува итни мерки за штедење енергија appeared first on Република.

]]>

Шпанската влада воведува „итни мерки“ за заштеда на енергија поради енергетската криза што ја надвладеа Европа по руската воена операција во Украина, пренесува „24.хр“. Мерките предвидуваат, сите згради во јавниот сектор, трговските центри, кината, канцелариите, хотелите, станиците и аеродромите да не смеат во лето да ја спуштат температурата под 27 степени Целзиусови, додека во зима температурата нема да биде повисока од 19 степени Целзиусови. Оваа одлука беше усвоена на состанокот на владата во Мадрид, а ја соопшти Тереза ​​Рибера, министерка за еколошка транзиција. Рибера порача дека планираните мерки мора да се воведат по еднонеделен преоден рок по објавувањето во службен весник. Рибера додаде дека тоа е почетен пакет кој е неопходен во „критична ситуација“.
На Европа и е потребна помош од Шпанија. Време е за солидарност - изјави таа.
Мерките, исто така, вклучуваат правила за продавниците и бизнисите да ги држат своите врати затворени со помош на автоматски систем што мора да се инсталира до 30 септември. О владата велат дека целта на тоа е да се спречи топлиот или студениот воздух да излегува од веќе загреан или изладен простор. Исто така, по 22 часот мора да се исклучи осветлувањето во неискористените канцеларии, излозите и спомениците, а во одредени згради ќе се почне со проверка на енергетската ефикасност. Рибера апелираше до приватниот сектор да го зголеми уделот на работа од дома. Шпанија ги презема овие и дополнителни мерки, кои треба да стапат на сила по летната пауза, за да ги исполни обврските преземени во европскиот план за итни случаи договорен минатата недела. Земјата ќе се обиде да ја намали потрошувачката на гас за седум проценти. Шпанија првично беше против планот на Европската комисија, но на крајот, откако доби отстапки, го одобри.

The post Климите на не помалку од 27 и не повеќе од 19 степени: Шпанија воведува итни мерки за штедење енергија appeared first on Република.

]]>