Штајнекер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtajneker/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Feb 2022 12:39:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Штајнекер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shtajneker/ 32 32 Штајнакер: Немам многу разбирање за блокадата што ја наметна Бугарија, треба без никакви условувања да се согласи да започнат преговорите за членство на Македонија во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shtajnaker-nemam-mnogu-razbiranje-za-blokadata-shto-ja-nametna-bugarija-treba-bez-nikakvi-uslovuvanja-da-se-soglasi-da-zapochnat-pregovorite-za-chlenstvo-na-makedonija-vo-eu/ Wed, 23 Feb 2022 12:39:58 +0000 https://republika.mk/?p=462468

Бугарија треба без никакви условувања да се согласи да започнат преговорите за членство на Македонија во ЕУ, вели Гудрун Штајнакер, долгогодишен германски дипломат и поранешна амбасадорка во Скопје и во Софија, во разговор за „Дојче веле“.

Таа смета дека споровите меѓу двете земји се трупале со векови и не можат лесно и брзо да се надминат.

На мислење сум дека Бугарија треба без никакви условувања да се согласи да започнат преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Затоа што во моментов зборуваме само за почеток на преговори, а не за влез на Македонија во ЕУ. Добро ни е познато дека таквите преговори можат да траат со години. Во оваа смисла немам многу разбирање за блокадата што ја наметна Бугарија, подвлекува Штајнакер.

Според неа, двете страни имаат различни ставови за многу прашања: малцинствата, јазикот, културата и, пред сè историјата, и вели дека овие спорови се реални и го трупале својот потенцијал низ текот на целата нова историја.

За Бугарија тие се вкоренети во 19 век, во случајот со Македонија датираат од пред 80 години, бидејќи пред тоа оваа земја не постоеше, вели Штајнакер.

Германската дипломатка посочува дека спорот меѓу Македонија и Бугарија не е уникатен во Европа и дава и други примери за слични конфликти кои се решиле мирно низ разговори.

За да се смират таквите тензии, акумулирани низ толку долги години, потребно е време додека не се најде разбирање. Или барем до заклучокот дека нема начин двете страни да се договорат за сите прашања. Ова не е некаков уникатен проблем, само меѓу Бугарија и Македонија. Слични конфликти постојат и на други места, на пример меѓу Словачка и Унгарија. Дури и во прекрасната Норвешка, каде што бев во тоа време, сè уште имаше несогласувања со Шведска на одредени теми, вели Штајнакер.

Таа оценува дека ваквите противречности секогаш можат да се решат на мирен и заемно прифатлив начин и оти е потребно само политичка волја, изразувајќи надеж дека новата влада во Софија брзо ќе ја прекине блокадата.

The post Штајнакер: Немам многу разбирање за блокадата што ја наметна Бугарија, треба без никакви условувања да се согласи да започнат преговорите за членство на Македонија во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Бугарија треба без никакви условувања да се согласи да започнат преговорите за членство на Македонија во ЕУ, вели Гудрун Штајнакер, долгогодишен германски дипломат и поранешна амбасадорка во Скопје и во Софија, во разговор за „Дојче веле“. Таа смета дека споровите меѓу двете земји се трупале со векови и не можат лесно и брзо да се надминат.