шпионски софтвер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shpionski-softver/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Mar 2024 08:55:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шпионски софтвер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shpionski-softver/ 32 32 Македонска компанија под санкции од САД поради шпионски софтвер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonska-kompanija-pod-sanktsii-od-sad-poradi-shpionski-softver/ Wed, 06 Mar 2024 08:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=751758

Компанијата „Сајтрокс“ (Cytrox AD) со седиште во Македонија, заедно со уште четири други фирми и две физички лица е ставена под санкции од страна на Одделот за контрола на странски средства при Министерството за финансии на Соединетите Држави, поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор“.

Покрај „Сајтрокс“, под санкции се ставени и грчката компанија „Интелекса С. А“, компаниите „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ од Ирска и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“, пренесува Радио Слободна Европа.

Сите компании, според Министерството за финансии на САД, биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ во поглед на развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително владини службеници, експерти за политики и новинари.

Распространетоста и злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер претставуваат зголемени безбедносни ризици за САД. Странските актери злоупотребиле таков шпионски софтвер за да овозможат кршење на човековите права и да ги таргетираат дисидентите на глобално ниво за репресија и одмазда, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

„Сајтрокс“ АД беше додадена на списокот на ентитети на Одделот за трговија на 18 јули 2023 година, за трговија со сајберексплоатации, што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.

The post Македонска компанија под санкции од САД поради шпионски софтвер appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Сајтрокс“ (Cytrox AD) со седиште во Македонија, заедно со уште четири други фирми и две физички лица е ставена под санкции од страна на Одделот за контрола на странски средства при Министерството за финансии на Соединетите Држави, поради улога во развојот на шпионскиот софтвер „Предатор“. Покрај „Сајтрокс“, под санкции се ставени и грчката компанија „Интелекса С. А“, компаниите „Интелекса Лимитед“ и „Талестрис Лимитед“ од Ирска и унгарската компанија „Сајтрокс Холдинг“, пренесува Радио Слободна Европа. Сите компании, според Министерството за финансии на САД, биле поврзани со конзорциумот „Интелекса“ во поглед на развојот, работењето и дистрибуцијата на комерцијална технологија за шпионски софтвер што се користи за таргетирање Американци, вклучително владини службеници, експерти за политики и новинари.
Распространетоста и злоупотребата на комерцијален шпионски софтвер претставуваат зголемени безбедносни ризици за САД. Странските актери злоупотребиле таков шпионски софтвер за да овозможат кршење на човековите права и да ги таргетираат дисидентите на глобално ниво за репресија и одмазда, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.
„Сајтрокс“ АД беше додадена на списокот на ентитети на Одделот за трговија на 18 јули 2023 година, за трговија со сајберексплоатации, што се користат за да се добие пристап до информациски системи, загрозувајќи ја приватноста и безбедноста на поединци и организации ширум светот.

The post Македонска компанија под санкции од САД поради шпионски софтвер appeared first on Република.

]]>
СДСМ и ДУИ молчат каква е нивната поврзаност со фирмата што го изработила шпионскиот софтвер Предатор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-i-dui-molchat-kakva-e-nivnata-povrzanost-so-firmata-shto-go-izrabotila-shpionskiot-softver-predator/ Fri, 21 Jul 2023 07:48:04 +0000 https://republika.mk/?p=663776

СДСМ и ДУИ се должни да дадат одговор во јавноста за тоа каква е нивната поврзаност со израелско-македонската фирма која работела на шпионскиот софтвер Предатор, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа фирма САД ја стави на црната листа.  Станува збор за фирмата Сајтрокс, која во Скопје го развивала шпионскиот софтвер Предатор. За истиот канадската универзитетска организација Ситизен Лаб откри дека се користел за незаконско следење на граѓани. Причина фирмата да биде на црната листа како што наведуваат од САД е нарушување на сајбер-безбедноста. Според САД фирмата користела софтвер за да добие пристап до информациски системи, а со тоа ја нарушувала безбедноста на поединци и организации ширум светот.

Информација дека Македонија има купено софтвер за шпионажа Предатор објавија и грчки истражувачи.

Од Димитар Ковачевски немаше никаква реакција, потсетува ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука се појавуваат низа на дилеми и прашања.

Јавноста мора да добие одговори на следните прашања, прво зошто јавното обвинителство молли за овој скандал, второ, зошто Ковачевски молчи за шпионскиот софтвер, трето, дали  Ковачевски можеби дал зелено светло за овој софтвер користен за следење на граѓаните?

The post СДСМ и ДУИ молчат каква е нивната поврзаност со фирмата што го изработила шпионскиот софтвер Предатор appeared first on Република.

]]>

СДСМ и ДУИ се должни да дадат одговор во јавноста за тоа каква е нивната поврзаност со израелско-македонската фирма која работела на шпионскиот софтвер Предатор, бара ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа фирма САД ја стави на црната листа.  Станува збор за фирмата Сајтрокс, која во Скопје го развивала шпионскиот софтвер Предатор. За истиот канадската универзитетска организација Ситизен Лаб откри дека се користел за незаконско следење на граѓани. Причина фирмата да биде на црната листа како што наведуваат од САД е нарушување на сајбер-безбедноста. Според САД фирмата користела софтвер за да добие пристап до информациски системи, а со тоа ја нарушувала безбедноста на поединци и организации ширум светот.
Информација дека Македонија има купено софтвер за шпионажа Предатор објавија и грчки истражувачи. Од Димитар Ковачевски немаше никаква реакција, потсетува ВМРО-ДПМНЕ. Оттука се појавуваат низа на дилеми и прашања.
Јавноста мора да добие одговори на следните прашања, прво зошто јавното обвинителство молли за овој скандал, второ, зошто Ковачевски молчи за шпионскиот софтвер, трето, дали  Ковачевски можеби дал зелено светло за овој софтвер користен за следење на граѓаните?

The post СДСМ и ДУИ молчат каква е нивната поврзаност со фирмата што го изработила шпионскиот софтвер Предатор appeared first on Република.

]]>
Мобилните телефони на шпанскиот премиер и министерот за одбрана биле заразени со шпионски софтвер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/mobilnite-telefoni-na-shpanskiot-premier-i-ministerot-za-odbrana-bile-zarazeni-so-shpionski-softver/ Mon, 02 May 2022 18:40:07 +0000 https://republika.mk/?p=496399

Шпанските власти објавија дека мобилните телефони на премиерот Педро Санчез и министерката за одбрана Маргарита Роблс минатата година биле заразени со шпионскиот софтвер „Пегасус“, достапен само за владините агенции, објави АП.

Мобилниот телефон на Санчез двапати беше цел на шпионажа во мај 2021 година, а мобилниот телефон на министерот Роблес во јуни истата година - соопшти шефот на владиниот кабинет, Феликс Боланос на прес-конференција.

Тој додаде дека шпионажата резултирала со собирање значителен број на податоци и дека извештаите со детали за хакирањето биле проследени до шпанскиот национален суд за понатамошна истрага.

Нема сомнеж дека ова е незаконска, неовластена интервенција. Таа не доаѓа од нашата држава и немала овластување од судот - изјави Боланос.

Шпанската влада предводена од социјалистите е под притисок да објасни зошто мобилните телефони на десетици луѓе поврзани со сепаратистичкото движење во регионот на североисточна Каталонија биле заразени со „Пегасус“ меѓу 2017 и 2020 година, пишува АП.

Најмалку 65 лица се вклучени во приказната за шпионажа, вклучувајќи избрани функционери, активисти и адвокати. Софтверот за шпионски софтвер тивко се инфилтрира во телефони или други уреди за да собира податоци и потенцијално да ги шпионира нивните сопственици.

Каталонската регионална влада го обвини шпанскиот Национален разузнавачки центар за шпионирање на сепаратистите и порача дека односите со националните власти се „во мирување“ додека не се дадат целосни објаснувања и одговорните не бидат казнети.

The post Мобилните телефони на шпанскиот премиер и министерот за одбрана биле заразени со шпионски софтвер appeared first on Република.

]]>

Шпанските власти објавија дека мобилните телефони на премиерот Педро Санчез и министерката за одбрана Маргарита Роблс минатата година биле заразени со шпионскиот софтвер „Пегасус“, достапен само за владините агенции, објави АП.
Мобилниот телефон на Санчез двапати беше цел на шпионажа во мај 2021 година, а мобилниот телефон на министерот Роблес во јуни истата година - соопшти шефот на владиниот кабинет, Феликс Боланос на прес-конференција.
Тој додаде дека шпионажата резултирала со собирање значителен број на податоци и дека извештаите со детали за хакирањето биле проследени до шпанскиот национален суд за понатамошна истрага. Нема сомнеж дека ова е незаконска, неовластена интервенција. Таа не доаѓа од нашата држава и немала овластување од судот - изјави Боланос. Шпанската влада предводена од социјалистите е под притисок да објасни зошто мобилните телефони на десетици луѓе поврзани со сепаратистичкото движење во регионот на североисточна Каталонија биле заразени со „Пегасус“ меѓу 2017 и 2020 година, пишува АП. Најмалку 65 лица се вклучени во приказната за шпионажа, вклучувајќи избрани функционери, активисти и адвокати. Софтверот за шпионски софтвер тивко се инфилтрира во телефони или други уреди за да собира податоци и потенцијално да ги шпионира нивните сопственици. Каталонската регионална влада го обвини шпанскиот Национален разузнавачки центар за шпионирање на сепаратистите и порача дека односите со националните власти се „во мирување“ додека не се дадат целосни објаснувања и одговорните не бидат казнети.

The post Мобилните телефони на шпанскиот премиер и министерот за одбрана биле заразени со шпионски софтвер appeared first on Република.

]]>
„Гардијан“: Израел ја спречил Украина да го купи шпионскиот софтвер „Пегаз“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gardijan-izrael-ja-sprechil-ukraina-da-go-kupi-shpionskiot-softver-pegaz/ Wed, 23 Mar 2022 19:27:09 +0000 https://republika.mk/?p=477339

Израел ја спречил Украина да го купи шпионскиот софтвер „Пегаз“ од израелската компанија „НСО Груп“, поради страв дека продажбата на ваква софистицирана хакерска алатка би го предизвикала гневот на Русија, пишува лондонски, „Гардијан“.

Заедничкото истражување на британскиот весник и американскиот „Вашингтон пост“ го покажале тоа и дава нов увид во начинот на кој односите на Израел со Русија повремено се спротивставуваат на приоритетите на САД.

The post „Гардијан“: Израел ја спречил Украина да го купи шпионскиот софтвер „Пегаз“ appeared first on Република.

]]>

Израел ја спречил Украина да го купи шпионскиот софтвер „Пегаз“ од израелската компанија „НСО Груп“, поради страв дека продажбата на ваква софистицирана хакерска алатка би го предизвикала гневот на Русија, пишува лондонски, „Гардијан“. Заедничкото истражување на британскиот весник и американскиот „Вашингтон пост“ го покажале тоа и дава нов увид во начинот на кој односите на Израел со Русија повремено се спротивставуваат на приоритетите на САД.

The post „Гардијан“: Израел ја спречил Украина да го купи шпионскиот софтвер „Пегаз“ appeared first on Република.

]]>