шпицен градоначалник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shpicen-gradonachalnik/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Oct 2022 19:38:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шпицен градоначалник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shpicen-gradonachalnik/ 32 32 Силјановска: Тоа „шпицен градоначалник“ не значи ништо, треба да се размисли пред да се каже нешто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-toa-shpicen-gradonachalnik-ne-znachi-nishto-treba-da-se-razmisli-pred-da-se-kaze-neshto/ Thu, 20 Oct 2022 19:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=563739

Реакцијата во ЈСП е брза затоа што кризата е предлабока, поинаку реагираат луѓето кога има пристоен живот, а сега се работи за преживување, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, која е есперт од областа на локалната самоуправа, а која е и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Само интервју на телевизија Канал 5.

Имам разбирање и за оние кои протестираат, но и граѓаните кои живеат далеку од центарот. Не сум подлабоко упатена во проблемот само велам дека генезата на проблемот е од поодамна, но решенијата требало да бидат преземени посебно во ваква криза, рече Силјановска.

Коментирајќи го барањето на ВМРО-ДПМНЕ за оставка на градоначалничката Данела Арсовска, Силјановска вели „веројатно мислат на тоа дека главната одговорност е нејзина таа ја има главната одлука или последниот збор за поставување на лица на функциите“.

Коментирајќи за тоа дека Арсовска постојано го навредува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Силјановска вели „многу е бесмислено, да не речам многу глупаво да се користи шпицен градоначалник, шпицен значи за некој што е на врвот на листата“.

Кај претседателсаката и градоначалничката функција тоа се индивидуални функции, нема тука шпицен. Само градоначалничката може да биде шпицна сама на себе. Тоа шпицен градоначалник не значи ништо, нешто пред да се употреби треба добро да се размисли, вели Силјановска.

The post Силјановска: Тоа „шпицен градоначалник“ не значи ништо, треба да се размисли пред да се каже нешто appeared first on Република.

]]>

Реакцијата во ЈСП е брза затоа што кризата е предлабока, поинаку реагираат луѓето кога има пристоен живот, а сега се работи за преживување, рече професорката Гордана Силјановска Давкова, која е есперт од областа на локалната самоуправа, а која е и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Само интервју на телевизија Канал 5.
Имам разбирање и за оние кои протестираат, но и граѓаните кои живеат далеку од центарот. Не сум подлабоко упатена во проблемот само велам дека генезата на проблемот е од поодамна, но решенијата требало да бидат преземени посебно во ваква криза, рече Силјановска.
Коментирајќи го барањето на ВМРО-ДПМНЕ за оставка на градоначалничката Данела Арсовска, Силјановска вели „веројатно мислат на тоа дека главната одговорност е нејзина таа ја има главната одлука или последниот збор за поставување на лица на функциите“. Коментирајќи за тоа дека Арсовска постојано го навредува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Силјановска вели „многу е бесмислено, да не речам многу глупаво да се користи шпицен градоначалник, шпицен значи за некој што е на врвот на листата“.
Кај претседателсаката и градоначалничката функција тоа се индивидуални функции, нема тука шпицен. Само градоначалничката може да биде шпицна сама на себе. Тоа шпицен градоначалник не значи ништо, нешто пред да се употреби треба добро да се размисли, вели Силјановска.

The post Силјановска: Тоа „шпицен градоначалник“ не значи ништо, треба да се размисли пред да се каже нешто appeared first on Република.

]]>
Арсовска излезе од колосек: „Каде е шпицниот градоначалник“, „советниче ви се тресе рачето“, „Мицкоски да си поднесе оставка“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-izleze-od-kolosek-kade-e-shpicniot-gradonachalnik-sovetniche-vi-se-trese-racheto-mickoski-da-si-podnese-ostavka/ Thu, 15 Sep 2022 11:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=551041

Говорот на советникот од ВМРО-ДПМНЕ Луке Гелески не ѝ се допадна на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која со доцнење пристигна на седницата на Советот на Град Скопје и ја следеше од „магарешка клупа“.

https://republika.mk/vesti/skopje/luke-galevski-do-arsovska-dali-go-znaete-ovoj-lik/

Арсовска не штедеше зборови против ВМРО-ДПМНЕ, пред сè, партискиот лидер Христијан Мицкоски.

Советниче, кога лажете и мавтате со документи, ви се тресе рачето и ви трепери гласот. Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам тука? Кај се крие Мицкоски? Во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни, храбри луѓе. Мицкоски за жал не е еден од тие, му се обрати Арсовска на Гелески.

И таа го праша Галески како до вчера за нив била најдобар градоначалник на Скопје, но сега не е.

Како до вчера бев најдобар градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот сега од еднаш не чинам. На сите тие прашања ќе си дојдат одговорите. Но јас како што гледаш, не ми трепери гласот, и не ми се тресат рачињата кога ви се обраќам. За тој спорен тендер има кој да си одговори зошто не постапувал како треба. Јас ќе си продолжам по патот на правдата како што беше и до сега, како што и до вчера за вас бев најдобар градоначалник. Ама Мицкоски од тендер матрицата нема никогаш да излезе. Тоа верувам на сите тука ви е јасно. Како што ви е јасно зошто од денеска не чинам, а до вчера бев супер, рече таа.

Арсовска го прозва и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски барајќи од него да не се крие.

На шпицниот градоначалник да му кажам нешто: Мицкоски да не се крие, да се бореше со власта, да се бореше против спорните договори како што се бори овие 3-4 дена со мене ќе ја спасеше Македонија. Сите знаат дека е така, рече градоначалничката.

Своето обраќање таа го заврши и со барање за оставка од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Гледам што зборува шпицниот за оставките, ако сака да зборува за оставки, Мицкоски треба да си почне од себе, рече градоначалничката.

Додека таа зборуваше неколку пати и се исклучуваше микрофонот на говорницата, а претседателот на Советот, Трајко Славески, при крајот ја прекина велејќи дека ќе даде пауза за да се договорат за форматот на давањето одговори на советничките прашања.

Форматот на одговорите е немој да се закануваш Мицкоски, немој да се криеш, рече Арсовска.

По ова, Славески даде пауза, а Арсовска си замина од седницата.

Жалам што си замина и што јавноста имаше прилика да види една голема омраза, неконтролирано однесување кое скопјани не го заслужуваат. Не можам да бидам задоволен од одговорите бидејќи не добив одговор на ниту едно прашање, рече Галески по паузата.

Потоа следуваше уште една пауза за да се види дали градоначалничката ќе се врати. Во моментов, советничките прашања се во тек, но седницата тече со отсуство на Арсовска.

The post Арсовска излезе од колосек: „Каде е шпицниот градоначалник“, „советниче ви се тресе рачето“, „Мицкоски да си поднесе оставка“ appeared first on Република.

]]>

Говорот на советникот од ВМРО-ДПМНЕ Луке Гелески не ѝ се допадна на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која со доцнење пристигна на седницата на Советот на Град Скопје и ја следеше од „магарешка клупа“. https://republika.mk/vesti/skopje/luke-galevski-do-arsovska-dali-go-znaete-ovoj-lik/ Арсовска не штедеше зборови против ВМРО-ДПМНЕ, пред сè, партискиот лидер Христијан Мицкоски.