шпанска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shpanska-vecher/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jul 2024 10:15:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шпанска вечер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shpanska-vecher/ 32 32 Магичниот глас на тенорот Мачидо одекна под сводовите на „Света Софија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/magichniot-glas-na-tenorot-machido-odekna-pod-svodovite-na-sveta-sofija/ Fri, 26 Jul 2024 10:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=800447

„Петте популарни песни“ создадени од композиторот Карлос Лопез Бучардо, „Петте популарни аргентински песни“ од Алберто Гинастера, како и „Триптихот од Кубанска поезија“ од Модеста Бар и „Есенските песни“ на Антонио Естевес прозвучија магично со прекрасниот глас на тенорот Акилес Мачадо кој вчеравечер настапи во црквата „Света Софија“ во пијано придружба на македонскиот пијанист Адреја Наунов.
Концертот се одржа во рамки на традиционалната Шпанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка на Амбасадата на Кралството Шпанија.
- Долги години работиме со фестивалот „Охридско лето“ и големо е задоволството да се има Шпанска вечер на еден ваков меѓународно-реномиран фестивал. Годинава преку програмата беше прикажана мешавина од латиноамериканска и шпанска култура, истакна заменик-амбасадорката во Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава, Ана Грациа Гајего.
Роден во Баркисимето (Венецуела), тенорот Мачадо започнува да учи музика на Конзерваториумот „Висенте Емилио Сохо“. Студирал во класата на професорот Вилиам Алварадо на Конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. Откако се сели во Шпанија, благодарение на стипендијата од Шпанската национална банка и Фондацијата „Моцартеум“ од Венецуала, Мачадо студира на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во класата на Алфредо Краус. Во 1996 дебитира на оперската сцена во Каракас со „Љубовен напиток“, а истата година го има и Европското деби во „Магбет“ во театарот на Канарските острови. Неговата кариера е во постојан подем со настапи во најпознатите оперски куќи.
Пијанистот Андреја Наунов кој го придружуваше тенорот Акилес Мачадо е добитниĸ на државни награди по ĸамерна музиĸа и пијано, а има остварено и бројни солистичĸи рецитали, настапи со Маĸедоснĸата Филхармонија и орĸестарот на Маĸедоснĸата Опера и Балет.Меѓу неговите позначајни настапи се и турнеите со пијанистот и негов професор Симон Трпчесĸи.

The post Магичниот глас на тенорот Мачидо одекна под сводовите на „Света Софија“ appeared first on Република.

]]>

„Петте популарни песни“ создадени од композиторот Карлос Лопез Бучардо, „Петте популарни аргентински песни“ од Алберто Гинастера, како и „Триптихот од Кубанска поезија“ од Модеста Бар и „Есенските песни“ на Антонио Естевес прозвучија магично со прекрасниот глас на тенорот Акилес Мачадо кој вчеравечер настапи во црквата „Света Софија“ во пијано придружба на македонскиот пијанист Адреја Наунов. Концертот се одржа во рамки на традиционалната Шпанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ што се организира со поддршка на Амбасадата на Кралството Шпанија. - Долги години работиме со фестивалот „Охридско лето“ и големо е задоволството да се има Шпанска вечер на еден ваков меѓународно-реномиран фестивал. Годинава преку програмата беше прикажана мешавина од латиноамериканска и шпанска култура, истакна заменик-амбасадорката во Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава, Ана Грациа Гајего. Роден во Баркисимето (Венецуела), тенорот Мачадо започнува да учи музика на Конзерваториумот „Висенте Емилио Сохо“. Студирал во класата на професорот Вилиам Алварадо на Конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. Откако се сели во Шпанија, благодарение на стипендијата од Шпанската национална банка и Фондацијата „Моцартеум“ од Венецуала, Мачадо студира на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во класата на Алфредо Краус. Во 1996 дебитира на оперската сцена во Каракас со „Љубовен напиток“, а истата година го има и Европското деби во „Магбет“ во театарот на Канарските острови. Неговата кариера е во постојан подем со настапи во најпознатите оперски куќи. Пијанистот Андреја Наунов кој го придружуваше тенорот Акилес Мачадо е добитниĸ на државни награди по ĸамерна музиĸа и пијано, а има остварено и бројни солистичĸи рецитали, настапи со Маĸедоснĸата Филхармонија и орĸестарот на Маĸедоснĸата Опера и Балет.Меѓу неговите позначајни настапи се и турнеите со пијанистот и негов професор Симон Трпчесĸи.

The post Магичниот глас на тенорот Мачидо одекна под сводовите на „Света Софија“ appeared first on Република.

]]>
Шпанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Акилес Мачадо https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/shpanska-vecher-na-ohridsko-leto-so-tenorot-akiles-machado/ Thu, 25 Jul 2024 08:59:01 +0000 https://republika.mk/?p=800097

Четиринаесеттиот ден од годинешното издание на „Охридско лето“ резервиран за Шпанската вечер, со ариите на тенорот Акилес Мачадо, во пијано придружба на нашиот Андреја Наунов.

На програмата се популарни песни на Карлос Лопез Бучардо, аргентински арии на Алберто Гинастера потоа Триптих од кубанска поезија на Модеста Бор, како и есенски песни на Антонио Естевез. За Шпанската вечер резервирана е сцената во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

Маестро Акилес Mачадо е роден во венецуеланскиот град Баркисимето, студент во класата на професорот Вилиам Алварадо на Конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. По преселувањето во Шпанија, благодарение на стипендијата од Шпанската национална банка и Фондацијата „Моцартеум“ од Венецуала, Мачадо студира на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во класата на Алфредо Краус. Во 1996 дебитира на оперската сцена во Каракас со „Љубовен напиток“, а истата година го има и Европското деби во „Магбет“ во театарот на Канарските острови. Неговата кариера е во постојан подем со настапи во најпознатите оперски куќи меѓу кои театарот „Колон“ во Лисабон, Арена ди Верона, Театарот „Сан Карло“ во Неапол, Театарот во Парма, Римската опера, оперите во Вашингтон и Лос Анџелес како и Театарот „Лисеу“ во Барселона, Театарот „Реал“ во Мадрид, Државната опера во Берлин, Германската опера во Берлин, Виенската „Штатсопера“, операта во Цирих, операта „Метрополитен“ во Њујорк како и „Ла Скала“ во Милано.

Пијанистот Андреја Наунов дипломец на Фаĸултетот за Музичĸа Уметност – Сĸопје на одделот пијано во ĸласата на доцент- проф. Симон Трпчесĸи, во чија ĸласа е и на постипломсĸи студии. Добитниĸ е на државни награди по ĸамерна музиĸа и пијано, а има и оставрено бројни солистичĸи рецитали, настапи со Маĸедонсĸата Филхармонија и орĸестарот на Маĸедонсĸата Опера и Балет. Еден од позначајните настапи се турнеите со неговиот професор Симон Трпчесĸи.

На програмата се популарни песни на Карлос Лопез Бучардо, аргентински арии на Алберто Гинастера потоа Триптих од кубанска поезија на Модеста Бор, како и есенски песни на Антонио Естевез. За Шпанската вечер резервиана е сцената во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

The post Шпанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Акилес Мачадо appeared first on Република.

]]>

Четиринаесеттиот ден од годинешното издание на „Охридско лето“ резервиран за Шпанската вечер, со ариите на тенорот Акилес Мачадо, во пијано придружба на нашиот Андреја Наунов. На програмата се популарни песни на Карлос Лопез Бучардо, аргентински арии на Алберто Гинастера потоа Триптих од кубанска поезија на Модеста Бор, како и есенски песни на Антонио Естевез. За Шпанската вечер резервирана е сцената во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот. Маестро Акилес Mачадо е роден во венецуеланскиот град Баркисимето, студент во класата на професорот Вилиам Алварадо на Конзерваториумот „Симон Боливар“ во Каракас. По преселувањето во Шпанија, благодарение на стипендијата од Шпанската национална банка и Фондацијата „Моцартеум“ од Венецуала, Мачадо студира на Високата школа за музика „Кралица Софија“ во класата на Алфредо Краус. Во 1996 дебитира на оперската сцена во Каракас со „Љубовен напиток“, а истата година го има и Европското деби во „Магбет“ во театарот на Канарските острови. Неговата кариера е во постојан подем со настапи во најпознатите оперски куќи меѓу кои театарот „Колон“ во Лисабон, Арена ди Верона, Театарот „Сан Карло“ во Неапол, Театарот во Парма, Римската опера, оперите во Вашингтон и Лос Анџелес како и Театарот „Лисеу“ во Барселона, Театарот „Реал“ во Мадрид, Државната опера во Берлин, Германската опера во Берлин, Виенската „Штатсопера“, операта во Цирих, операта „Метрополитен“ во Њујорк како и „Ла Скала“ во Милано. Пијанистот Андреја Наунов дипломец на Фаĸултетот за Музичĸа Уметност – Сĸопје на одделот пијано во ĸласата на доцент- проф. Симон Трпчесĸи, во чија ĸласа е и на постипломсĸи студии. Добитниĸ е на државни награди по ĸамерна музиĸа и пијано, а има и оставрено бројни солистичĸи рецитали, настапи со Маĸедонсĸата Филхармонија и орĸестарот на Маĸедонсĸата Опера и Балет. Еден од позначајните настапи се турнеите со неговиот професор Симон Трпчесĸи. На програмата се популарни песни на Карлос Лопез Бучардо, аргентински арии на Алберто Гинастера потоа Триптих од кубанска поезија на Модеста Бор, како и есенски песни на Антонио Естевез. За Шпанската вечер резервиана е сцената во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот.

The post Шпанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Акилес Мачадо appeared first on Република.

]]>