Шпанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shpanija/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 12:09:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шпанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shpanija/ 32 32 Шпанија обезбедува дополнителни 2,27 милијарди евра за погодените од поплавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-obezbeduva-dopolnitelni-2-27-milijardi-evra-za-pogodenite-od-poplavite/ Wed, 27 Nov 2024 12:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=842275

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави нов пакет помош од 2,27 милијарди евра за поддршка на погодените од катастрофалните поплави кои ги зафатија источните и јужните региони на земјата.

Санчез изјави дека со овој пакет ќе се забрза враќањето во нормала, со фокус на граѓаните и производниот сектор.

Со ова, вкупната помош на шпанската влада за погодените региони ќе достигне 16,5 милијарди евра.

The post Шпанија обезбедува дополнителни 2,27 милијарди евра за погодените од поплавите appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави нов пакет помош од 2,27 милијарди евра за поддршка на погодените од катастрофалните поплави кои ги зафатија источните и јужните региони на земјата. Санчез изјави дека со овој пакет ќе се забрза враќањето во нормала, со фокус на граѓаните и производниот сектор. Со ова, вкупната помош на шпанската влада за погодените региони ќе достигне 16,5 милијарди евра.

The post Шпанија обезбедува дополнителни 2,27 милијарди евра за погодените од поплавите appeared first on Република.

]]>
Шпанија: Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-najmalku-10-zaginati-vo-pozhar-vo-dom-za-stari-litsa/ Fri, 15 Nov 2024 09:02:01 +0000 https://republika.mk/?p=837982

Во пожар во дом за стари лица во шпанскиот град Вилафранка де Ебро, кој се случи во текот на ноќта,загинаа најмалку 10 лица, соопштија утрово локалните служби за итна помош преку објава на социјалната мрежа Икс.

Службите за итна помош во регионот Арагон не објавија дополнителни детали во нивната објава, но шпанските медиуми известуваат дека во домот се наоѓале 82 лица.

- Пожарот започна во резиденција за стари лица наречена „Жардинес де Вилафранка“ околу 5 часот по локално време и на пожарникарите им требаа неколку часа да го изгаснат, изјави портпаролот на регионалната влада.

Портпаролот не можеше да прецизира дали сите жртви се жители на пензионерскиот дом, каде што живееле 82 стари лица.
Едно лице e во критична состојба, додека неколку лица се хоспитализирани, главно поради вдишување чад.

Причината за пожарот се уште се истражува.

The post Шпанија: Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица appeared first on Република.

]]>

Во пожар во дом за стари лица во шпанскиот град Вилафранка де Ебро, кој се случи во текот на ноќта,загинаа најмалку 10 лица, соопштија утрово локалните служби за итна помош преку објава на социјалната мрежа Икс. Службите за итна помош во регионот Арагон не објавија дополнителни детали во нивната објава, но шпанските медиуми известуваат дека во домот се наоѓале 82 лица. - Пожарот започна во резиденција за стари лица наречена „Жардинес де Вилафранка“ околу 5 часот по локално време и на пожарникарите им требаа неколку часа да го изгаснат, изјави портпаролот на регионалната влада. Портпаролот не можеше да прецизира дали сите жртви се жители на пензионерскиот дом, каде што живееле 82 стари лица. Едно лице e во критична состојба, додека неколку лица се хоспитализирани, главно поради вдишување чад. Причината за пожарот се уште се истражува.

The post Шпанија: Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица appeared first on Република.

]]>
Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dramatichni-stseni-od-shpanija-malaga-e-pod-voda/ Wed, 13 Nov 2024 21:47:19 +0000 https://republika.mk/?p=837409

Само две недели по разорните поплави што ја парализираа Шпанија, поточно Валенсија, Малага сега е под црвена метеоролошка тревога, каде што веќе се евакуирани 3.000 жители.

На социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно ја покажуваат моменталната ситуација во Малага.

На една од снимките е прикажан поплавен аеродром, додека на друго видео се гледа огромно количество вода што блика меѓу станбените згради и паѓа на веќе поплавената улица.

Шпанската агенција за цивилна заштита вчера ги предупреди жителите на „екстремен ризик од поплави“.

Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да бидат најмногу погодени од новиот временски феномен познат како „Дана“.

Другите делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и брегот Тарагона, исто така се под црвено предупредување, додека Валенсија, Андалузија и Балеарските Острови се под портокалово предупредување.

Во Малага, училиштата се затворени, како и многу супермаркети.

 

The post Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода appeared first on Република.

]]>

Само две недели по разорните поплави што ја парализираа Шпанија, поточно Валенсија, Малага сега е под црвена метеоролошка тревога, каде што веќе се евакуирани 3.000 жители. На социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно ја покажуваат моменталната ситуација во Малага. На една од снимките е прикажан поплавен аеродром, додека на друго видео се гледа огромно количество вода што блика меѓу станбените згради и паѓа на веќе поплавената улица. Шпанската агенција за цивилна заштита вчера ги предупреди жителите на „екстремен ризик од поплави“. Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да бидат најмногу погодени од новиот временски феномен познат како „Дана“. Другите делови на Шпанија, вклучувајќи ги Каталонија и брегот Тарагона, исто така се под црвено предупредување, додека Валенсија, Андалузија и Балеарските Острови се под портокалово предупредување. Во Малага, училиштата се затворени, како и многу супермаркети.  

The post Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода appeared first on Република.

]]>
Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: Милиони евра скриени во ѕидовите на куќата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapsen-visok-politsiski-sluzhbenik-vo-shpanija-milioni-evra-skrieni-vo-zidovite-na-kukata/ Wed, 13 Nov 2024 12:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=837190

Шпанската полиција го уапси поранешниот висок полицаец Оскар Санчез Гил, откако во ѕидовите и таваните на неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра.

Полицијата ги пронашла парите при рација во неговата куќа во градот Алкала де Енарес, кој се наоѓа на 30 километри источно од Мадрид, објави Гардијан.

Исто така, во канцеларијата на Санчез Гил биле пронајдени милион евра, скриени во два заклучени плакари, во банкноти од 50 до 500 евра. Санчез Гил и неговата партнерка се обвинети за трговија со дрога, перење пари, корупција и членство во криминална организација.

По појавувањето на судот во Мадрид минатата недела, на двајцата им беше одреден притвор. Санчез Гил, кој до неодамна беше началник на одделот за борба против измами и перење пари на шпанската полиција во Мадрид, беше уапсен заедно со уште 15 лица, меѓу кои и неговата партнерка, која исто така е полицаец во Мадрид.

Истрагата е поврзана со заплената на 13 тони кокаин, кој беше запленет минатиот месец во пристаништето Алгесирас на југот на Шпанија.

Кокаинот, кој бил скриен во кутии со банани, пристигнал од Гвајакил, најголемиот град во Еквадор, кој е познат како центар на трговијата со дрога.

Според информациите од истрагата, Санчез Гил бил под сомнеж од неговите колеги, кои го прислушувале неговиот телефон.

Официјални извори наведуваат дека тој бил осомничен дека најмалку пет години работел за дилери на дрога и дека им давал информации за надзор на контејнерите во шпанските пристаништа, што им овозможило да ги избегнат контролите.

The post Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: Милиони евра скриени во ѕидовите на куќата appeared first on Република.

]]>

Шпанската полиција го уапси поранешниот висок полицаец Оскар Санчез Гил, откако во ѕидовите и таваните на неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра. Полицијата ги пронашла парите при рација во неговата куќа во градот Алкала де Енарес, кој се наоѓа на 30 километри источно од Мадрид, објави Гардијан. Исто така, во канцеларијата на Санчез Гил биле пронајдени милион евра, скриени во два заклучени плакари, во банкноти од 50 до 500 евра. Санчез Гил и неговата партнерка се обвинети за трговија со дрога, перење пари, корупција и членство во криминална организација. По појавувањето на судот во Мадрид минатата недела, на двајцата им беше одреден притвор. Санчез Гил, кој до неодамна беше началник на одделот за борба против измами и перење пари на шпанската полиција во Мадрид, беше уапсен заедно со уште 15 лица, меѓу кои и неговата партнерка, која исто така е полицаец во Мадрид. Истрагата е поврзана со заплената на 13 тони кокаин, кој беше запленет минатиот месец во пристаништето Алгесирас на југот на Шпанија. Кокаинот, кој бил скриен во кутии со банани, пристигнал од Гвајакил, најголемиот град во Еквадор, кој е познат како центар на трговијата со дрога. Според информациите од истрагата, Санчез Гил бил под сомнеж од неговите колеги, кои го прислушувале неговиот телефон. Официјални извори наведуваат дека тој бил осомничен дека најмалку пет години работел за дилери на дрога и дека им давал информации за надзор на контејнерите во шпанските пристаништа, што им овозможило да ги избегнат контролите.

The post Уапсен висок полициски службеник во Шпанија: Милиони евра скриени во ѕидовите на куќата appeared first on Република.

]]>
Веднаш напуштете ги домовите: Паника во Малага, издадени нови предупредувања поради поплава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vednash-napushtete-gi-domovite-panika-vo-malaga-izdadeni-novi-predupreduvana-poradi-poplava/ Wed, 13 Nov 2024 12:05:07 +0000 https://republika.mk/?p=837182

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во регионот Коста дел Сол на југот на Шпанија, откако беше прогласен црвен аларм поради екстремни врнежи и поплави.

Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување на телефоните во провинцијата Малага, предупредувајќи на „екстремен ризик од дожд“, пишува Би-би-си.

Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како „Дана“.

The post Веднаш напуштете ги домовите: Паника во Малага, издадени нови предупредувања поради поплава appeared first on Република.

]]>

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови во регионот Коста дел Сол на југот на Шпанија, откако беше прогласен црвен аларм поради екстремни врнежи и поплави. Шпанската агенција за цивилна заштита синоќа испрати масовно предупредување на телефоните во провинцијата Малага, предупредувајќи на „екстремен ризик од дожд“, пишува Би-би-си. Областа, вклучувајќи ги и популарните туристички одморалишта како Марбела, Велез и Естепона, се очекува да биде најмногу погодена од новиот временски феномен познат како „Дана“.

The post Веднаш напуштете ги домовите: Паника во Малага, издадени нови предупредувања поради поплава appeared first on Република.

]]>
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/portokalov-meteo-alarm-vo-shpanija-povtorno-se-ochekuvaat-obilni-dozhdovi/ Tue, 12 Nov 2024 18:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=836927

Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат нови катастрофи со доаѓање обилни врнежи и ниски температури.

Источниот и јужниот дел на Медитеранот повторно се најзагрозени, а шпанската метеоролошка агенција Аемет од денеска до четврток издаде портокалово предупредување за делови од регионите Валенсија, Каталонија и Андалузија, како и за Балеарските острови, јави Би-Би-Си.

Аемет предупредува на дождови и бури кои би можеле да бидат многу силни. 

 

The post Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови appeared first on Република.

]]>

Две недели по разорните поплави во источна Шпанија, метеоролошките служби ги предупредија граѓаните да бидат внимателни, бидејќи повторно се очекуваат нови катастрофи со доаѓање обилни врнежи и ниски температури.

Источниот и јужниот дел на Медитеранот повторно се најзагрозени, а шпанската метеоролошка агенција Аемет од денеска до четврток издаде портокалово предупредување за делови од регионите Валенсија, Каталонија и Андалузија, како и за Балеарските острови, јави Би-Би-Си.

Аемет предупредува на дождови и бури кои би можеле да бидат многу силни. 

 

The post Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови appeared first on Република.

]]>
Шпанија се соочува со нови врнежи додека се уште трае потрагата по 23 исчезнати луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-se-soochuva-so-novi-vrnezhi-dodeka-se-ushte-trae-potragata-po-23-ischeznati-luge/ Tue, 12 Nov 2024 13:54:54 +0000 https://republika.mk/?p=836833

Шпанската метеоролошка служба AEMET издаде обновени предупредувања за невреме во поголемиот дел од земјата од денеска до четврток, две недели откако дождовите и поплавите однесоа повеќе од 220 животи, повеќето од нив околу источниот град Валенсија.

Властите на Валенсија го намалија бројот на исчезнати на 23 од 32, откако продолжија со пребарувањата главно во морето и во крајбрежните мочуришта користејќи бродови, дронови и опрема за ехо.

Официјалниот број на загинати по невремето на 29 октомври сега изнесува 222. За неколку часа падна количина дожд колку за една година.

Метеоролошките предупредувања на третото највисоко и во некои случаи второ највисоко ниво беа издадени за делови од провинцијата Валенсија, за Балеарските острови во Средоземното Море и за делови од Галиција на крајниот северозапад, Каталонија на североисток и Андалузија на југ.

Провинцијата Алмерија во Андалузија вчера регистрира обилни врнежи и поплави. Нурија Родригез, градоначалничка на малиот крајбрежен град Баланегра, изрази загриженост. „Сите ние сè уште ги имаме сликите на Валенсија во нашите умови“, рече таа.

The post Шпанија се соочува со нови врнежи додека се уште трае потрагата по 23 исчезнати луѓе appeared first on Република.

]]>

Шпанската метеоролошка служба AEMET издаде обновени предупредувања за невреме во поголемиот дел од земјата од денеска до четврток, две недели откако дождовите и поплавите однесоа повеќе од 220 животи, повеќето од нив околу источниот град Валенсија. Властите на Валенсија го намалија бројот на исчезнати на 23 од 32, откако продолжија со пребарувањата главно во морето и во крајбрежните мочуришта користејќи бродови, дронови и опрема за ехо. Официјалниот број на загинати по невремето на 29 октомври сега изнесува 222. За неколку часа падна количина дожд колку за една година. Метеоролошките предупредувања на третото највисоко и во некои случаи второ највисоко ниво беа издадени за делови од провинцијата Валенсија, за Балеарските острови во Средоземното Море и за делови од Галиција на крајниот северозапад, Каталонија на североисток и Андалузија на југ. Провинцијата Алмерија во Андалузија вчера регистрира обилни врнежи и поплави. Нурија Родригез, градоначалничка на малиот крајбрежен град Баланегра, изрази загриженост. „Сите ние сè уште ги имаме сликите на Валенсија во нашите умови“, рече таа.

The post Шпанија се соочува со нови врнежи додека се уште трае потрагата по 23 исчезнати луѓе appeared first on Република.

]]>
Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskiot-kral-vo-vtornik-se-vraka-vo-valensija-na-mestoto-kade-beshe-napadnat-so-kal-i-navreduvan/ Sun, 10 Nov 2024 07:45:49 +0000 https://republika.mk/?p=835986

Шпанскиот крал Фелипе Шести во вторник повторно ќе ја посети областа Валенсија, која е тешко погодена од неодамнешните бури и поплави, објави кралската канцеларија.

Кралот ќе ги надгледува операциите за спасување и чистење во Валенсија, соопшти неговиот кабинет.

На неговата прва посета на регионот минатата недела, кралот го пречека разгневена толпа која фрлаше кал и го навредуваше него и кралското семејство.

На 29 октомври, за неколку часа, во некои шпански градови наврна дожд колку што вобичаено паѓа во текот на една година.

Според последните податоци на шпанската Влада, од обилните дождови, лизгањето на земјиштето и поплавите загинале најмалку 220 лица. Властите пронајдоа 212 тела само во провинцијата Валенсија.

Осум смртни случаи се регистрирани во соседните региони Кастилја и Андалузија.

Околу 8.500 припадници на шпанската војска и 10.000 службеници од националните полициски сили се распоредени во приближно 80 погодени општини.

Многу згради сè уште се делумно или целосно недостапни бидејќи уништените автомобили и предметите за домаќинството ги блокираат влезовите.

Илјадници демонстранти синоќа излегоа на улиците на шпанскиот град Валенсија, барајќи оставка од регионалниот лидер и обвинувајќи го за лоша реакција за време на поплавите.

„Мазон поднеси оставка“, пишуваше на транспарентот со кој демонстрантите дојдоа пред зградата на владата на провинцијата Валенсија.

Тие извикуваа „убијци, убијци“ откако пред единаесет дена пороите ја поплавија југоисточната провинција на брегот на Средоземното Море, предизвикувајќи страдање на голем број луѓе.

Протестот го повикаа левичарските организации и синдикатите.

Карлос Мазон, 50-годишен член на конзервативната Народна партија, е на чело на покраината од летото 2023 година. Во Шпанија се води дебата за тоа дали петте милиони жители на овој регион биле навреме известени со мобилен телефон за доаѓањето на смртоносното невреме.

The post Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван appeared first on Република.

]]>

Шпанскиот крал Фелипе Шести во вторник повторно ќе ја посети областа Валенсија, која е тешко погодена од неодамнешните бури и поплави, објави кралската канцеларија. Кралот ќе ги надгледува операциите за спасување и чистење во Валенсија, соопшти неговиот кабинет. На неговата прва посета на регионот минатата недела, кралот го пречека разгневена толпа која фрлаше кал и го навредуваше него и кралското семејство. На 29 октомври, за неколку часа, во некои шпански градови наврна дожд колку што вобичаено паѓа во текот на една година. Според последните податоци на шпанската Влада, од обилните дождови, лизгањето на земјиштето и поплавите загинале најмалку 220 лица. Властите пронајдоа 212 тела само во провинцијата Валенсија. Осум смртни случаи се регистрирани во соседните региони Кастилја и Андалузија. Околу 8.500 припадници на шпанската војска и 10.000 службеници од националните полициски сили се распоредени во приближно 80 погодени општини. Многу згради сè уште се делумно или целосно недостапни бидејќи уништените автомобили и предметите за домаќинството ги блокираат влезовите. Илјадници демонстранти синоќа излегоа на улиците на шпанскиот град Валенсија, барајќи оставка од регионалниот лидер и обвинувајќи го за лоша реакција за време на поплавите. „Мазон поднеси оставка“, пишуваше на транспарентот со кој демонстрантите дојдоа пред зградата на владата на провинцијата Валенсија. Тие извикуваа „убијци, убијци“ откако пред единаесет дена пороите ја поплавија југоисточната провинција на брегот на Средоземното Море, предизвикувајќи страдање на голем број луѓе. Протестот го повикаа левичарските организации и синдикатите. Карлос Мазон, 50-годишен член на конзервативната Народна партија, е на чело на покраината од летото 2023 година. Во Шпанија се води дебата за тоа дали петте милиони жители на овој регион биле навреме известени со мобилен телефон за доаѓањето на смртоносното невреме.

The post Шпанскиот крал во вторник се враќа во Валенсија, на местото каде беше нападнат со кал и навредуван appeared first on Република.

]]>
Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novi-poplavi-vo-shpanija-ovoj-pat-vo-zhirona/ Fri, 08 Nov 2024 09:56:41 +0000 https://republika.mk/?p=835426

Шпанија е погодена од нова катастрофа од поплави. Последна беше погодена провинцијата Жирона, а по улиците пловеа автомобили.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како беснее поројна вода и носи сè што е на патот, вклучително и повеќе од 30 возила, додека утринава го зафати центарот на каталонскиот град Кадакес.

Жителите се разбудија со нови сцени на пустош, при што властите открија дека вкупно 32 автомобили биле однесени од поплавите.


Последните поплави ја погодија Шпанија нешто повеќе од една недела откако повеќе од 200 луѓе загинаа во Валенсија.

Засега нема информации за жртви во денешните поплави.


Градоначалникот рано утринава потврди дека нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета.

Тој рече дека градските власти имале предупредување од Координативниот центар за операции на Каталонија, но луѓето и покрај тоа ги паркирале своите автомобили, а водата ги однела.

The post Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона appeared first on Република.

]]>

Шпанија е погодена од нова катастрофа од поплави. Последна беше погодена провинцијата Жирона, а по улиците пловеа автомобили. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како беснее поројна вода и носи сè што е на патот, вклучително и повеќе од 30 возила, додека утринава го зафати центарот на каталонскиот град Кадакес. Жителите се разбудија со нови сцени на пустош, при што властите открија дека вкупно 32 автомобили биле однесени од поплавите. Последните поплави ја погодија Шпанија нешто повеќе од една недела откако повеќе од 200 луѓе загинаа во Валенсија. Засега нема информации за жртви во денешните поплави. Градоначалникот рано утринава потврди дека нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета. Тој рече дека градските власти имале предупредување од Координативниот центар за операции на Каталонија, но луѓето и покрај тоа ги паркирале своите автомобили, а водата ги однела.

The post Нови поплави во Шпанија, овој пат во Жирона appeared first on Република.

]]>
Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-shpanija-zapleneti-rekordni-13-toni-kokain/ Wed, 06 Nov 2024 17:15:06 +0000 https://republika.mk/?p=834887

Шпанската полиција денеска откри и заплени 13 тони кокаин. Дрогата е откриена во пристаништето Алгесирас, а била скриена во контејнери со банани од Еквадор.

Во операцијата едно лице е приведено, а извршени се рации во домови и во канцеларии во Мадрид и во Аликанте. Полицијата распиша и потерница по два директори на компании за увоз.

Според шпанската полиција тоа е најголема заплена на кокаин во Шпанија, втора по големина во Европска Унија и трета најголема во светот.

The post Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин appeared first on Република.

]]>

Шпанската полиција денеска откри и заплени 13 тони кокаин. Дрогата е откриена во пристаништето Алгесирас, а била скриена во контејнери со банани од Еквадор. Во операцијата едно лице е приведено, а извршени се рации во домови и во канцеларии во Мадрид и во Аликанте. Полицијата распиша и потерница по два директори на компании за увоз. Според шпанската полиција тоа е најголема заплена на кокаин во Шпанија, втора по големина во Европска Унија и трета најголема во светот.

The post Во Шпанија запленети рекордни 13 тони кокаин appeared first on Република.

]]>
По Валенсија, сега Каталонија под закана од силно невреме – издадено е предупредување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-valensija-sega-katalonija-pod-zakana-od-silno-nevreme-izdadeno-e-predupreduvane/ Mon, 04 Nov 2024 12:14:08 +0000 https://republika.mk/?p=834004

Невреме од дожд ја напушти шпанската провинција Валенсија, откако загинаа најмалку 217 луѓе, и ја погоди Каталонија, каде метеоролошката служба повика на голема претпазливост.

Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“ каде што продолжува потрагата по исчезнатите.

Но, во исто време таа ги повика жителите на Каталонија, соседна провинција со 7,5 милиони жители, да бидат крајно внимателни поради обилните дождови.

Сообраќајот на приградските возови е прекинат во Каталонија поради неповолните временски услови и предупредувањата за обилни врнежи, објави операторот Rodalies de Catalunya на својата веб-страница. Возовите во сообраќајот сепак ќе стигнат до својата дестинација.

Во Барселона утрово на аеродромот Ел Прат падна 81 литар дожд на метар квадратен на час, поради што 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Министерот за транспорт Оскар Пуенте извести дека на аеродромот ќе биде формиран кризен штаб кој ќе ги следи ефектите од невремето врз воздушниот сообраќај таму.

The post По Валенсија, сега Каталонија под закана од силно невреме – издадено е предупредување appeared first on Република.

]]>

Невреме од дожд ја напушти шпанската провинција Валенсија, откако загинаа најмалку 217 луѓе, и ја погоди Каталонија, каде метеоролошката служба повика на голема претпазливост. Метеоролошката служба АЕМЕТ извести дека „метеоролошката криза заврши во провинцијата Валенсија“ каде што продолжува потрагата по исчезнатите. Но, во исто време таа ги повика жителите на Каталонија, соседна провинција со 7,5 милиони жители, да бидат крајно внимателни поради обилните дождови. Сообраќајот на приградските возови е прекинат во Каталонија поради неповолните временски услови и предупредувањата за обилни врнежи, објави операторот Rodalies de Catalunya на својата веб-страница. Возовите во сообраќајот сепак ќе стигнат до својата дестинација. Во Барселона утрово на аеродромот Ел Прат падна 81 литар дожд на метар квадратен на час, поради што 15 авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Министерот за транспорт Оскар Пуенте извести дека на аеродромот ќе биде формиран кризен штаб кој ќе ги следи ефектите од невремето врз воздушниот сообраќај таму.

The post По Валенсија, сега Каталонија под закана од силно невреме – издадено е предупредување appeared first on Република.

]]>
Гневни жители на поплавените градови во Шпанија го гаѓаа кралот Фелипе Шести со кал https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gnevni-zhiteli-na-poplavenite-gradovi-vo-shpanija-go-gagaa-kralot-felipe-shesti-so-kal/ Sun, 03 Nov 2024 17:59:23 +0000 https://republika.mk/?p=833815

Гневни жители кои ги преживеаја смртоносните поплави во Шпанија фрлала кал и извикувала навреди кон шпанскиот крал Фелипе Шести и владините претставници, кои денеска по првпат го посетија Паjпортa, еден од најтешко погодените градови.

Полицијата морала да интервенира со коњичка единица за да го спречи неколку десетици најжестоки демонстранти.

Владините претставници беа во придружба на монархот кој се обидел да разговара со некои од жителите, додека други викале на него во Пајпорта, предградие на Валенсија, кое беше разорено од поплавите.

Повеќе од 200 луѓе загинаа во поплавите во вторникот, а илјадници ги изгубија своите домови и имот.

The post Гневни жители на поплавените градови во Шпанија го гаѓаа кралот Фелипе Шести со кал appeared first on Република.

]]>

Гневни жители кои ги преживеаја смртоносните поплави во Шпанија фрлала кал и извикувала навреди кон шпанскиот крал Фелипе Шести и владините претставници, кои денеска по првпат го посетија Паjпортa, еден од најтешко погодените градови. Полицијата морала да интервенира со коњичка единица за да го спречи неколку десетици најжестоки демонстранти. Владините претставници беа во придружба на монархот кој се обидел да разговара со некои од жителите, додека други викале на него во Пајпорта, предградие на Валенсија, кое беше разорено од поплавите. Повеќе од 200 луѓе загинаа во поплавите во вторникот, а илјадници ги изгубија своите домови и имот.

The post Гневни жители на поплавените градови во Шпанија го гаѓаа кралот Фелипе Шести со кал appeared first on Република.

]]>
Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-shpanija-spasena-zhena-koja-tri-dena-bila-zaglavena-vo-avtomobil-odnesen-od-poplavite/ Sun, 03 Nov 2024 10:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=833676

Спасена е жена која три дена седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната поплава во Шпанија, соопшти спасувачката служба.

Автомобилот со преживеаната жена е откриен во поплавен тунел во Монкада, лоциран во југоисточната покраина Валенсија, заглавен со уништени автомобили. Спасувачите, вадејќи ги автомобилите, слушнале лелек на жена. Не можела да излезе бидејќи нејзиниот автомобил бил под други возила.

По спасувачката акција жената е префрлена во блиската болница и засега не е позната нејзината здравствена состојба. Локалните власти, исто така, им се заблагодарија на волонтерите кои дојдоа од цела Шпанија во поплавената Валенсија.

Шпанскиот премиер Педро Санчес претходно денеска соопшти дека бројот на жртвите во поплавите се искачи на 211. Додаде дека 208 од жртвите се од Валенсија. Санчес најави и дека уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите. Во погодените подрачја денеска се очекува да пристигне првиот контингент од 4.000 војници.

Во моментов е во тек потрагата по стотина исчезнати лица.

 

The post Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите appeared first on Република.

]]>

Спасена е жена која три дена седела заглавена во автомобил со мртвото тело на свој роднина откако ги погодила смртоносната поплава во Шпанија, соопшти спасувачката служба.

Автомобилот со преживеаната жена е откриен во поплавен тунел во Монкада, лоциран во југоисточната покраина Валенсија, заглавен со уништени автомобили. Спасувачите, вадејќи ги автомобилите, слушнале лелек на жена. Не можела да излезе бидејќи нејзиниот автомобил бил под други возила.

По спасувачката акција жената е префрлена во блиската болница и засега не е позната нејзината здравствена состојба. Локалните власти, исто така, им се заблагодарија на волонтерите кои дојдоа од цела Шпанија во поплавената Валенсија.

Шпанскиот премиер Педро Санчес претходно денеска соопшти дека бројот на жртвите во поплавите се искачи на 211. Додаде дека 208 од жртвите се од Валенсија. Санчес најави и дека уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите. Во погодените подрачја денеска се очекува да пристигне првиот контингент од 4.000 војници.

Во моментов е во тек потрагата по стотина исчезнати лица.

 

The post Во Шпанија спасена жена која три дена била заглавена во автомобил однесен од поплавите appeared first on Република.

]]>
Шпанија распоредува дополнителни 5.000 војници во областите погодени од поплавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-rasporeduva-dopolnitelni-5-000-vojnitsi-vo-oblastite-pogodeni-od-poplavite/ Sat, 02 Nov 2024 16:03:37 +0000 https://republika.mk/?p=833528

Драматичните поплави што се случија во текот на ноќта меѓу вторникот и средата на југоистокот на Шпанија предизвикаа најмалку 211 жртви, се вели во најновиот извештај што го објави премиерот Педро Санчез.

Тој, исто така најави дека уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите. Првиот контингент од 4.000 војници се очекува денеска да пристигне во погодените области, објави „Ел Паис“. Тоа претставува најголемо воено распоредување во Шпанија во мирнодопски услови, со повеќе од 4.500 спасувачки операции и помош за повеќе од 30.000 луѓе.

Санчез истакна дека Шпанија се соочува со „најлошите поплави на овој век“ и апелираше на единство за да се надминат тешките последици.

Во вторник најверојатно ќе се формира комисија за обнова и економско закрепнување.

Шпанскиот премиер укажа и на инфраструктурните работи, вклучително и обновувањето на брзите железнички линии и поправките на железничките тунели.

Тој потврди дека шпанската влада е целосно посветена на поддршката на локалните власти и семејствата погодени од поплавите.

Во меѓувреме, илјадници доброволци се собраа во Валенсија, од каде ќе бидат испратени во најпогодените градови.

Според последните податоци, во поплавите на југоистокот на Шпанија загинаа 211 лица, но голем дел се уште се водат како исчезнати.

The post Шпанија распоредува дополнителни 5.000 војници во областите погодени од поплавите appeared first on Република.

]]>

Драматичните поплави што се случија во текот на ноќта меѓу вторникот и средата на југоистокот на Шпанија предизвикаа најмалку 211 жртви, се вели во најновиот извештај што го објави премиерот Педро Санчез. Тој, исто така најави дека уште 5.000 војници ќе бидат испратени во областите погодени од поплавите. Првиот контингент од 4.000 војници се очекува денеска да пристигне во погодените области, објави „Ел Паис“. Тоа претставува најголемо воено распоредување во Шпанија во мирнодопски услови, со повеќе од 4.500 спасувачки операции и помош за повеќе од 30.000 луѓе. Санчез истакна дека Шпанија се соочува со „најлошите поплави на овој век“ и апелираше на единство за да се надминат тешките последици. Во вторник најверојатно ќе се формира комисија за обнова и економско закрепнување. Шпанскиот премиер укажа и на инфраструктурните работи, вклучително и обновувањето на брзите железнички линии и поправките на железничките тунели. Тој потврди дека шпанската влада е целосно посветена на поддршката на локалните власти и семејствата погодени од поплавите. Во меѓувреме, илјадници доброволци се собраа во Валенсија, од каде ќе бидат испратени во најпогодените градови. Според последните податоци, во поплавите на југоистокот на Шпанија загинаа 211 лица, но голем дел се уште се водат како исчезнати.

The post Шпанија распоредува дополнителни 5.000 војници во областите погодени од поплавите appeared first on Република.

]]>
Над 200 загинати досега во поплавите во Шпанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nad-200-zaginati-dosega-vo-poplavite-vo-shpanija/ Fri, 01 Nov 2024 14:55:13 +0000 https://republika.mk/?p=833111

Бројот на загинати во поплавите што ја зафатија источна и јужна Шпанија се искачи над 200 луѓе.

Спасувачките служби соопштија дека во поплавите загинале најмалку 205 луѓе, од кои 202 се во источната автономна област Валенсија.

Сè уште е непознато колку луѓе се водат како исчезнати.

Спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани и тела во погодените области три дена по поројните дождови кои предизвикаа поплави.

The post Над 200 загинати досега во поплавите во Шпанија appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати во поплавите што ја зафатија источна и јужна Шпанија се искачи над 200 луѓе. Спасувачките служби соопштија дека во поплавите загинале најмалку 205 луѓе, од кои 202 се во источната автономна област Валенсија. Сè уште е непознато колку луѓе се водат како исчезнати. Спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани и тела во погодените области три дена по поројните дождови кои предизвикаа поплави.

The post Над 200 загинати досега во поплавите во Шпанија appeared first on Република.

]]>
Бројот на жртви од поплавите во Шпанија достигна 158, потрагата по исчезнатите продолжува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zhrtvi-od-poplavite-vo-shpanija-dostigna-158-potragata-po-ischeznatite-prodolzhuva/ Fri, 01 Nov 2024 11:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=833064

Најмалку 158 лица загинаа во катастрофалните поплави во Шпанија, предизвикани од обилни дождови на 28 октомври.

Бројот на загинати изнесува 158, а треба да се додадат и десетици исчезнати лица, изјави на прес-конференција Анхел Виктор Торес, министер задолжен за соработка со шпанските региони.

Се очекува бројот на жртви да се зголеми, бидејќи спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнатите.

Војската е повикана да им помогне на областите погодени од поплавите во Валенсија од денеска наутро, според регионалниот претседател.

Само што побарав вклучување на армијата и расположливите копнени, морски и воздушни сили за зајакнување на логистичките задачи и дистрибуција на помош до населението, соопшти синоќа преку објава на Икс.

Воената единица за итни случаи ме информира дека утре во 8 часот ќе започнат со работа првите екипи, додаде тој.

Повеќе од 1.000 војници од шпанските единици за спасување за итни случаи веќе им се придружија на регионалните и локалните работници за итни случаи вчера во потрагата по тела и преживеани. Министерот за одбрана рече дека само војниците до синоќа извлекле 22 тела и спасиле 110 лица.

Според извештаите, на 29 октомври делови од Валенсија за осум часа примиле количина дожд која е еднаква на просечната годишна количина за тој регион.
Најголемиот дел од вкупниот број на жртви - 155 се во Валенсија, додека две лица се загинати во Кастиља-Ла Манча на запад од покраината, и едно лице, британски државјанин, загина во Андалузија, наведува Би-Би-Си..

Вчера, спасувачките тимови, и покрај силниот дожд, ги пронајдоа телата на осум лица, меѓу кои и локален полицаец, кои биле заглавени во гаража на периферијата на градот Валенсија, изјави градоначалничката Марија Хозе Катала за медиумите.

The post Бројот на жртви од поплавите во Шпанија достигна 158, потрагата по исчезнатите продолжува appeared first on Република.

]]>

Најмалку 158 лица загинаа во катастрофалните поплави во Шпанија, предизвикани од обилни дождови на 28 октомври. Бројот на загинати изнесува 158, а треба да се додадат и десетици исчезнати лица, изјави на прес-конференција Анхел Виктор Торес, министер задолжен за соработка со шпанските региони. Се очекува бројот на жртви да се зголеми, бидејќи спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнатите. Војската е повикана да им помогне на областите погодени од поплавите во Валенсија од денеска наутро, според регионалниот претседател. Само што побарав вклучување на армијата и расположливите копнени, морски и воздушни сили за зајакнување на логистичките задачи и дистрибуција на помош до населението, соопшти синоќа преку објава на Икс. Воената единица за итни случаи ме информира дека утре во 8 часот ќе започнат со работа првите екипи, додаде тој. Повеќе од 1.000 војници од шпанските единици за спасување за итни случаи веќе им се придружија на регионалните и локалните работници за итни случаи вчера во потрагата по тела и преживеани. Министерот за одбрана рече дека само војниците до синоќа извлекле 22 тела и спасиле 110 лица. Според извештаите, на 29 октомври делови од Валенсија за осум часа примиле количина дожд која е еднаква на просечната годишна количина за тој регион. Најголемиот дел од вкупниот број на жртви - 155 се во Валенсија, додека две лица се загинати во Кастиља-Ла Манча на запад од покраината, и едно лице, британски државјанин, загина во Андалузија, наведува Би-Би-Си.. Вчера, спасувачките тимови, и покрај силниот дожд, ги пронајдоа телата на осум лица, меѓу кои и локален полицаец, кои биле заглавени во гаража на периферијата на градот Валенсија, изјави градоначалничката Марија Хозе Катала за медиумите.

The post Бројот на жртви од поплавите во Шпанија достигна 158, потрагата по исчезнатите продолжува appeared first on Република.

]]>
Шпанската метеоролошка служба издаде предупредувања за нови врнежи во Валенсија и Кастелон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskata-meteoroloshka-sluzhba-izdade-predupreduvana-za-novi-vrnezhi-vo-valensija-i-kastelon/ Fri, 01 Nov 2024 11:00:06 +0000 https://republika.mk/?p=833056

Шпанската метеоролошка служба издаде предупредувања за нови врнежи во Валенсија и Кастелон – области погодени од разорни поплави во последните неколку дена во кои загинаа најмалку 161 лице.

Иако не се очекува да биде толку силен како оној што падна претходно оваа недела, најавениот дожд претставува нов проблем за жителите зашто натамошните врнежи може да предизвикаат дополнителни поплави.

Надлежните апелираат до граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно.

Во разорните поплави што погодија региони во источна Шпанија, досега, според последниот биланс, загинаа најмалку 161 лице. Спасувачките екипи сè уште трагаат по исчезнатите, а во потрагата од денеска се вклучуваат уште 500 припадници на шпанската армија.

The post Шпанската метеоролошка служба издаде предупредувања за нови врнежи во Валенсија и Кастелон appeared first on Република.

]]>

Шпанската метеоролошка служба издаде предупредувања за нови врнежи во Валенсија и Кастелон – области погодени од разорни поплави во последните неколку дена во кои загинаа најмалку 161 лице.

Иако не се очекува да биде толку силен како оној што падна претходно оваа недела, најавениот дожд претставува нов проблем за жителите зашто натамошните врнежи може да предизвикаат дополнителни поплави.

Надлежните апелираат до граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не е неопходно.

Во разорните поплави што погодија региони во источна Шпанија, досега, според последниот биланс, загинаа најмалку 161 лице. Спасувачките екипи сè уште трагаат по исчезнатите, а во потрагата од денеска се вклучуваат уште 500 припадници на шпанската армија.

The post Шпанската метеоролошка служба издаде предупредувања за нови врнежи во Валенсија и Кастелон appeared first on Република.

]]>
Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zhrtvite-od-poplavite-vo-shpanija-se-iskachi-na-158/ Thu, 31 Oct 2024 18:01:47 +0000 https://republika.mk/?p=832893

Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158, соопштија спасувачките служби.

Претходно шпанските медиуми јавија за најмалку 140 загинати како последица на природната катастрофа предизвикана од поројните дождови во источна Шпанија.

Најсмртоносните поројни поплави во Шпанија во модерната историја го зафатија источниот шпански регион Валенсија по поројните дождови во вторникот и вчера, оставајќи ги патиштата и градовите под вода.

The post Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158 appeared first on Република.

]]>

Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158, соопштија спасувачките служби. Претходно шпанските медиуми јавија за најмалку 140 загинати како последица на природната катастрофа предизвикана од поројните дождови во источна Шпанија. Најсмртоносните поројни поплави во Шпанија во модерната историја го зафатија источниот шпански регион Валенсија по поројните дождови во вторникот и вчера, оставајќи ги патиштата и градовите под вода.

The post Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158 appeared first on Република.

]]>
Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија надмина 70 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brojot-na-zhrtvite-od-poplavite-vo-shpanija-nadmina-70/ Wed, 30 Oct 2024 17:24:13 +0000 https://republika.mk/?p=832536

Бројот на загинати од силните поплави во Шпанија попладнево се зголеми на најмалку 72, соопштија локалните власти, откако бурите оставија големи делови од земјата под вода, јави ДПА.

Премиерот Педро Санчез вети брза помош за погодените од катастрофата, нудејќи ги „сите расположливи средства“.

Нема да ве оставиме, рече Санчез, додавајќи дека „цела Шпанија плаче со вас“, пренесе германската агенција.

Регионалната влада потврди дека најмалку 70 луѓе загинаа само во најтешко погодениот источен регион Валенсија.

Уште две тела беа пронајдени во соседниот регион Кастиља-Ла Манча, а десетици луѓе се уште се водат за исчезнати.

Метеоролошката служба АЕМЕТ соопшти дека ситуацијата во Шпанија нема целосно да се олесни до утре.

Поради поплавените или блокирани патишта, пренесува ДПА, спасувачите водат тешка борба да стигнат до областите погодени од катастрофата.

Од тие причини, во Валенсија, голем дел од хуманитарната работа се изведува со хеликоптер, изјави Хозе Мигел Басет од противпожарната бригада на Валенсија.

Многу луѓе се заробени во куќи, канцеларии или трговски центри и упатија итни повици на социјалните мрежи. Многумина се јавуваат и во медиумите бидејќи не можат да контактираат со пријатели и роднините.

 

The post Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија надмина 70 appeared first on Република.

]]>

Бројот на загинати од силните поплави во Шпанија попладнево се зголеми на најмалку 72, соопштија локалните власти, откако бурите оставија големи делови од земјата под вода, јави ДПА.

Премиерот Педро Санчез вети брза помош за погодените од катастрофата, нудејќи ги „сите расположливи средства“.

Нема да ве оставиме, рече Санчез, додавајќи дека „цела Шпанија плаче со вас“, пренесе германската агенција.

Регионалната влада потврди дека најмалку 70 луѓе загинаа само во најтешко погодениот источен регион Валенсија.

Уште две тела беа пронајдени во соседниот регион Кастиља-Ла Манча, а десетици луѓе се уште се водат за исчезнати.

Метеоролошката служба АЕМЕТ соопшти дека ситуацијата во Шпанија нема целосно да се олесни до утре.

Поради поплавените или блокирани патишта, пренесува ДПА, спасувачите водат тешка борба да стигнат до областите погодени од катастрофата.

Од тие причини, во Валенсија, голем дел од хуманитарната работа се изведува со хеликоптер, изјави Хозе Мигел Басет од противпожарната бригада на Валенсија.

Многу луѓе се заробени во куќи, канцеларии или трговски центри и упатија итни повици на социјалните мрежи. Многумина се јавуваат и во медиумите бидејќи не можат да контактираат со пријатели и роднините.

 

The post Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија надмина 70 appeared first on Република.

]]>
Шпанската влада прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanskata-vlada-proglasi-tridnevna-natsionalna-zhalost-za-zhrtvite-od-poplavite/ Wed, 30 Oct 2024 15:10:59 +0000 https://republika.mk/?p=832497

Шпанската влада денеска прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите во јужните и источните делови на земјата, кои веќе достигнаа 64 лица, пренесоа француските медиуми.

Тридневната жалост ќе започне утре, 31 октомври и ќе трае до сабота, 2 ноември, изјави за новинарите министерот за територијална политика Анхел Виктор Торес, додавајќи дека премиерот Педро Санчез утре ќе ги посети погодените области.

 

The post Шпанската влада прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите appeared first on Република.

]]>

Шпанската влада денеска прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите во јужните и источните делови на земјата, кои веќе достигнаа 64 лица, пренесоа француските медиуми.

Тридневната жалост ќе започне утре, 31 октомври и ќе трае до сабота, 2 ноември, изјави за новинарите министерот за територијална политика Анхел Виктор Торес, додавајќи дека премиерот Педро Санчез утре ќе ги посети погодените области.

 

The post Шпанската влада прогласи тридневна национална жалост за жртвите од поплавите appeared first on Република.

]]>