Шпанија-Косово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shpanija-kosovo/ За подобро да се разбереме Sat, 22 Apr 2023 08:18:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шпанија-Косово Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shpanija-kosovo/ 32 32 Шпанија е единствената во ЕУ која нема да спроведе безвизен режим со Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/shpanija-e-edinstvenata-vo-eu-koja-nema-da-sprovede-bezvizen-rezhim-so-kosovo/ Sat, 22 Apr 2023 08:43:19 +0000 https://republika.mk/?p=632923

Шпанија е единствената земја од Шенген зоната во која граѓаните на Косово нема да можат да патуваат дури и по одлуката за либерализација на визниот режим со ЕУ, бидејќи таа земја, една од петте членки на ЕУ, не го признава Косово, не ги признава ниту косовските пасоши.

„Сите земји од Шенген зоната, освен Шпанија, ги признаваат патните исправи на Косово. Граѓаните на Косово ќе можат слободно да патуваат во сите земји од Шенген зоната, освен во една“, изјави портпаролот на Европската комисија Кристијан Виганд на денешната прес-конференција, додавајќи дека „признавањето на патните исправи е одговорност на земјите-членки“.

Како што пренесува шпанската агенција Ефе, Виганд прецизирал дека сите земји членки на ЕУ, вклучително и Шпанија, гласале за либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово, но Шпанија е единствената која не ги признава косовските патни исправи.

Европскиот парламент на 18 април ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година.

Новите правила ќе им овозможат на имателите на косовски пасоши да влезат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим како и ЕУ.

Шпанија е една од петте земји-членки на ЕУ кои не го признаваат Косово, но останатите четири, Словачка, Романија, Кипар и Грција, за разлика од Шпанија, ги признаваат документите на Косово.

The post Шпанија е единствената во ЕУ која нема да спроведе безвизен режим со Косово appeared first on Република.

]]>

Шпанија е единствената земја од Шенген зоната во која граѓаните на Косово нема да можат да патуваат дури и по одлуката за либерализација на визниот режим со ЕУ, бидејќи таа земја, една од петте членки на ЕУ, не го признава Косово, не ги признава ниту косовските пасоши. „Сите земји од Шенген зоната, освен Шпанија, ги признаваат патните исправи на Косово. Граѓаните на Косово ќе можат слободно да патуваат во сите земји од Шенген зоната, освен во една“, изјави портпаролот на Европската комисија Кристијан Виганд на денешната прес-конференција, додавајќи дека „признавањето на патните исправи е одговорност на земјите-членки“. Како што пренесува шпанската агенција Ефе, Виганд прецизирал дека сите земји членки на ЕУ, вклучително и Шпанија, гласале за либерализација на визниот режим за граѓаните на Косово, но Шпанија е единствената која не ги признава косовските патни исправи. Европскиот парламент на 18 април ја одобри либерализацијата на визниот режим со Косово најдоцна од 1 јануари 2024 година. Новите правила ќе им овозможат на имателите на косовски пасоши да влезат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим како и ЕУ. Шпанија е една од петте земји-членки на ЕУ кои не го признаваат Косово, но останатите четири, Словачка, Романија, Кипар и Грција, за разлика од Шпанија, ги признаваат документите на Косово.

The post Шпанија е единствената во ЕУ која нема да спроведе безвизен режим со Косово appeared first on Република.

]]>