Шолц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sholc/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 17:51:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шолц Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/sholc/ 32 32 Шолц: Украина не ја консултираше Германија за инвазијата на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-ukraina-ne-ja-konsultirashe-germanija-za-invazijata-na-rusija/ Wed, 21 Aug 2024 17:51:32 +0000 https://republika.mk/?p=808816

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Украина не го консултирала Берлин за инвазијата на Курската област во Русија на 6 август и дека очекува воената операција да биде ограничена временски и територијално.

„Украина тајно и без повратни информации ја подготви својата воена операција во регионот Курск. Ова е многу ограничена операција во однос на просторот, а веројатно и во однос на времето“, рече Шолц на прес-конференција по разговорите со молдавската претседателка Маја Санда во Кишињев, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека Берлин внимателно ги следи понатамошните случувања околу упадот на Украина на руска територија.

The post Шолц: Украина не ја консултираше Германија за инвазијата на Русија appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Украина не го консултирала Берлин за инвазијата на Курската област во Русија на 6 август и дека очекува воената операција да биде ограничена временски и територијално. „Украина тајно и без повратни информации ја подготви својата воена операција во регионот Курск. Ова е многу ограничена операција во однос на просторот, а веројатно и во однос на времето“, рече Шолц на прес-конференција по разговорите со молдавската претседателка Маја Санда во Кишињев, пренесува Ројтерс. Тој додаде дека Берлин внимателно ги следи понатамошните случувања околу упадот на Украина на руска територија.

The post Шолц: Украина не ја консултираше Германија за инвазијата на Русија appeared first on Република.

]]>
Шолц в петок патува во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sholts-v-petok-patuva-vo-belgrad/ Wed, 17 Jul 2024 16:43:59 +0000 https://republika.mk/?p=797751

Германскиот канцелар Олаф Шолц в петок ќе отпатува за Србија и ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ, најави денеска портпаролот на германската Влада.

Шолц заедно со потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович ќе присуствува на Самитот за стратешки суровини, на кој Србија ќе потпише меморандум за разбирање со Европска Унија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за снабдување со батерии и електрични автомобили.

Портпаролот на германската Влада посочи дека „заднината на овој проект е одржливо ископување литиум во Србија“.

Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека ископувањето на литиум државата може да донесе околу 10 милијарди евра дополнителни инвестиции во Србија до 2030 година, а бруто домашниот производ би можел да порасне и до 20 отсто.

The post Шолц в петок патува во Белград appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц в петок ќе отпатува за Србија и ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ, најави денеска портпаролот на германската Влада. Шолц заедно со потпретседателот на Европската комисија Марош Шефчович ќе присуствува на Самитот за стратешки суровини, на кој Србија ќе потпише меморандум за разбирање со Европска Унија за стратешко партнерство за одржливи суровини, синџири за снабдување со батерии и електрични автомобили. Портпаролот на германската Влада посочи дека „заднината на овој проект е одржливо ископување литиум во Србија“. Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ денеска изјави дека ископувањето на литиум државата може да донесе околу 10 милијарди евра дополнителни инвестиции во Србија до 2030 година, а бруто домашниот производ би можел да порасне и до 20 отсто.

The post Шолц в петок патува во Белград appeared first on Република.

]]>
Шолц го увери Зеленски за поддршката на Германија за мировниот самит за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-go-uveri-zelenski-za-poddrshkata-na-germanija-za-mirovniot-samit-za-ukraina/ Wed, 08 May 2024 16:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=775683

Германскиот канцелар, Олаф Шолц денеска за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Берлин го поддржува одржувањето на мировниот самит за Украина во Швајцарија, соопшти денеска портпаролот на германската влада.

-Канцеларот го потврди учеството и повтори дека Германија активно го поддржува самитот. Тие се согласија дека целта е што е можно повеќе глобално учество, се вели во соопштението на германскиот портпарол.

Зеленски рече дека го информирал Шолц за ситуацијата на бојното поле и дека разговарале за одбранбената соработка и претстојната конференција за закрепнување на Украина.

The post Шолц го увери Зеленски за поддршката на Германија за мировниот самит за Украина appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар, Олаф Шолц денеска за време на телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Берлин го поддржува одржувањето на мировниот самит за Украина во Швајцарија, соопшти денеска портпаролот на германската влада. -Канцеларот го потврди учеството и повтори дека Германија активно го поддржува самитот. Тие се согласија дека целта е што е можно повеќе глобално учество, се вели во соопштението на германскиот портпарол. Зеленски рече дека го информирал Шолц за ситуацијата на бојното поле и дека разговарале за одбранбената соработка и претстојната конференција за закрепнување на Украина.

The post Шолц го увери Зеленски за поддршката на Германија за мировниот самит за Украина appeared first on Република.

]]>
Шолц издаде тајна дека британски и француски војници им помагаат на Украинците во лансирањето на крстосувачки ракети и го разбесни Лондон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-izdade-tajna-deka-britanski-i-frantsuski-vojnitsi-im-pomagaat-na-ukraintsite-vo-lansiraneto-na-krstosuvachki-raketi-i-go-razbesni-london/ Fri, 01 Mar 2024 11:13:59 +0000 https://republika.mk/?p=749990

Германија е обвинета за груба злоупотреба на разузнавачки податоци откако откри дека британски војници ги поддржуват украинските сили во лансирањето на ракетите со долг дострел „Storm Shadow“, пишува британскиот весник „Телеграф“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц на почетокот на седмицата изјави дека Берлин нема да и испорачува на Украина ракети со долг дострел „Таурус“ затоа што е неопходно да има војници кои помагаат на теренот и укажа на британскиот и францускиот пристап кон нивните системи. Шолц истакна дека, доколку го следи примерот на Велика Британија, Германија „ќе стане учесник во војната“.

Неговите коментари предизвикаа гнев кај британскиот воен и дипломатски персонал.

– Ова е груба злоупотреба на разузнавачките податоци дизајнирани да го оттргнат вниманието од одбивањето на Германија да го испрати својот ракетен систем со долг дострел во Украина – изјави Тобијас Елвуд, поранешен претседател на одборот за одбрана во британскиот парламент.

Шолц доби слични критики од членовите на германската опозиција. Пратеникот од конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Норберт Ротген, смета дека коментарите на Шолц за наводната вмешаност на Франција и Британија во управувањето со ракетните системи со долг дострел се целосно неодговорни.

Шолц изјави дека германските војници не можат да ги следат своите колеги од Британија и Франција „на начин на контрола на целта и последователна контрола“. Тој нагласи дека германските војници нема да се поврзуваат со целите што би ги таргетирал системот „Таурус“, дури ни во Германија.

„Телеграф“ пишува дека е познато дека Велика Британија помага со разузнавачки податоци за руските цели, но не е познато колкава поддршка им даваат на украинските војници при истрелување проектили. Британската влада вчера соопшти дека мал број војници се распоредени во Украина и дека некои од нив се на медицинска обука.

The post Шолц издаде тајна дека британски и француски војници им помагаат на Украинците во лансирањето на крстосувачки ракети и го разбесни Лондон appeared first on Република.

]]>

Германија е обвинета за груба злоупотреба на разузнавачки податоци откако откри дека британски војници ги поддржуват украинските сили во лансирањето на ракетите со долг дострел „Storm Shadow“, пишува британскиот весник „Телеграф“. Германскиот канцелар Олаф Шолц на почетокот на седмицата изјави дека Берлин нема да и испорачува на Украина ракети со долг дострел „Таурус“ затоа што е неопходно да има војници кои помагаат на теренот и укажа на британскиот и францускиот пристап кон нивните системи. Шолц истакна дека, доколку го следи примерот на Велика Британија, Германија „ќе стане учесник во војната“. Неговите коментари предизвикаа гнев кај британскиот воен и дипломатски персонал. – Ова е груба злоупотреба на разузнавачките податоци дизајнирани да го оттргнат вниманието од одбивањето на Германија да го испрати својот ракетен систем со долг дострел во Украина – изјави Тобијас Елвуд, поранешен претседател на одборот за одбрана во британскиот парламент. Шолц доби слични критики од членовите на германската опозиција. Пратеникот од конзервативната партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Норберт Ротген, смета дека коментарите на Шолц за наводната вмешаност на Франција и Британија во управувањето со ракетните системи со долг дострел се целосно неодговорни. Шолц изјави дека германските војници не можат да ги следат своите колеги од Британија и Франција „на начин на контрола на целта и последователна контрола“. Тој нагласи дека германските војници нема да се поврзуваат со целите што би ги таргетирал системот „Таурус“, дури ни во Германија. „Телеграф“ пишува дека е познато дека Велика Британија помага со разузнавачки податоци за руските цели, но не е познато колкава поддршка им даваат на украинските војници при истрелување проектили. Британската влада вчера соопшти дека мал број војници се распоредени во Украина и дека некои од нив се на медицинска обука.

The post Шолц издаде тајна дека британски и француски војници им помагаат на Украинците во лансирањето на крстосувачки ракети и го разбесни Лондон appeared first on Република.

]]>
Германскиот канцелар Шолц заразен со Ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskiot-kantselar-sholts-zarazen-so-kovid-19/ Mon, 18 Dec 2023 12:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=724278

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е позитивен на тестот за коронавирусот, а неговата Влада соопшти дека поради тоа е откажана посетата на словачкиот премиер Роберт Фицо.

Шолц на социјалната платформа „Икс“ напиша дека има благи симптоми на инфекција со вирусот. Неговиот портпарол изјави дека канцеларот ќе работи во неговата канцеларија и ќе комуницира телефонски или онлајн.

Словачкиот премиер утре во Берлин требаше да се сретне со Шолц. Засега нема информации дали Шолц ќе може да ја води владината седница во среда.

Шолц, кој има 65 години, оваа година прими бустер доза од вакцината против коронавирусот.

The post Германскиот канцелар Шолц заразен со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е позитивен на тестот за коронавирусот, а неговата Влада соопшти дека поради тоа е откажана посетата на словачкиот премиер Роберт Фицо. Шолц на социјалната платформа „Икс“ напиша дека има благи симптоми на инфекција со вирусот. Неговиот портпарол изјави дека канцеларот ќе работи во неговата канцеларија и ќе комуницира телефонски или онлајн. Словачкиот премиер утре во Берлин требаше да се сретне со Шолц. Засега нема информации дали Шолц ќе може да ја води владината седница во среда. Шолц, кој има 65 години, оваа година прими бустер доза од вакцината против коронавирусот.

The post Германскиот канцелар Шолц заразен со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Шолц: ЕУ треба да ги ограничи новите трошоци, но да сигнализира поддршка за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-eu-treba-da-gi-ogranichi-novite-troshotsi-no-da-signalizira-poddrshka-za-ukraina/ Thu, 14 Dec 2023 12:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=722908

Германскиот канцелар Олаф Шолц по пристигнувањето во Брисел на самитот на Европската унија изјави дека на Киев не може да му се одвојат големи суми пари од европскиот буџет, но сепак треба да се сигнализира поддршката на блокот за Украина.

„Нема да станува збор за одлука за многу големи дополнителни трошоци. Сепак, има нешто важно: мораме да успееме да го овозможиме финансискиот механизам за Украина и на тој начин да и дадеме основа да го продолжи својот отпор против руската агресија, рече Шолц.

Тој го коментираше и прашањето за проширување на Европската унија, посочувајќи дека блокот треба да и помогне на Украина и на другите земји како Молдавија и Грузија кои сакаат да се приклучат.

„Треба да дадеме сигнал, особено на Украина, дека ги поддржуваме нивните постапки во исполнувањето на сите критериуми што ги поставивме“, нагласи Шолц.

Според него, едно од најважните прашања што треба да се разгледа е почетокот на преговорите со Украина за нејзино пристапување во ЕУ.

The post Шолц: ЕУ треба да ги ограничи новите трошоци, но да сигнализира поддршка за Украина appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц по пристигнувањето во Брисел на самитот на Европската унија изјави дека на Киев не може да му се одвојат големи суми пари од европскиот буџет, но сепак треба да се сигнализира поддршката на блокот за Украина.
„Нема да станува збор за одлука за многу големи дополнителни трошоци. Сепак, има нешто важно: мораме да успееме да го овозможиме финансискиот механизам за Украина и на тој начин да и дадеме основа да го продолжи својот отпор против руската агресија, рече Шолц.
Тој го коментираше и прашањето за проширување на Европската унија, посочувајќи дека блокот треба да и помогне на Украина и на другите земји како Молдавија и Грузија кои сакаат да се приклучат.
„Треба да дадеме сигнал, особено на Украина, дека ги поддржуваме нивните постапки во исполнувањето на сите критериуми што ги поставивме“, нагласи Шолц.
Според него, едно од најважните прашања што треба да се разгледа е почетокот на преговорите со Украина за нејзино пристапување во ЕУ.

The post Шолц: ЕУ треба да ги ограничи новите трошоци, но да сигнализира поддршка за Украина appeared first on Република.

]]>
Шолц: Не пропаднаа преговорите помеѓу Вучиќ и Курти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sholts-ne-propadnaa-pregovorite-pomegu-vuchik-i-kurti/ Fri, 27 Oct 2023 16:46:08 +0000 https://republika.mk/?p=695675

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека преговорите во Брисел со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, не пропаднале, бидејќи, како што нагласи, и двајцата изразиле подготвеност за спроведување на постигнатите договори и за формирање на Заедница на српски општини.

Сега имаме изјава од Курти и Вучиќ дека ќе ги спроведат мерките од документите што ги подготвивме, Основниот договор, Охридскиот договор и сега и концептот на конкретен нацрт за формирање на ЗСО. Тоа е јасно кажано и тоа е важен чекор, истакна Шолц во Брисел по завршувањето на Самитот на ЕУ.

Тој додаде дека е важно овие чекори да се преземат сега и сите кои имаат политичка одговорност на терен да најдат сила да се подготват за иднината.

Ова не е нешто каде што може да се каже кој има најмногу поени, туку како можеме да изградиме иднина за граѓаните на Косово и Србија и мирна перспектива за нив. И Косово и Србија сакаат да влезат во ЕУ, а за тоа тие мора да станат најдобри соседи, посочи Шолц, додавајќи дека тоа може да се случи само ако за лидерите тоа е приоритет.

Во денеска усвоените заклучоците на Европскиот совет се наведува дека Белград и Приштина мора да продолжат со постојаните напори за деескалација, како и да обезбедат одржување на нови избори во северно Косово што е можно поскоро, со активно учество на косовските Срби.

The post Шолц: Не пропаднаа преговорите помеѓу Вучиќ и Курти appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека преговорите во Брисел со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти, не пропаднале, бидејќи, како што нагласи, и двајцата изразиле подготвеност за спроведување на постигнатите договори и за формирање на Заедница на српски општини.
Сега имаме изјава од Курти и Вучиќ дека ќе ги спроведат мерките од документите што ги подготвивме, Основниот договор, Охридскиот договор и сега и концептот на конкретен нацрт за формирање на ЗСО. Тоа е јасно кажано и тоа е важен чекор, истакна Шолц во Брисел по завршувањето на Самитот на ЕУ.
Тој додаде дека е важно овие чекори да се преземат сега и сите кои имаат политичка одговорност на терен да најдат сила да се подготват за иднината.
Ова не е нешто каде што може да се каже кој има најмногу поени, туку како можеме да изградиме иднина за граѓаните на Косово и Србија и мирна перспектива за нив. И Косово и Србија сакаат да влезат во ЕУ, а за тоа тие мора да станат најдобри соседи, посочи Шолц, додавајќи дека тоа може да се случи само ако за лидерите тоа е приоритет.
Во денеска усвоените заклучоците на Европскиот совет се наведува дека Белград и Приштина мора да продолжат со постојаните напори за деескалација, како и да обезбедат одржување на нови избори во северно Косово што е можно поскоро, со активно учество на косовските Срби.

The post Шолц: Не пропаднаа преговорите помеѓу Вучиќ и Курти appeared first on Република.

]]>
Партијата на Шолц претрпе историски пораз во Баварија и Хесен https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/partijata-na-sholts-pretrpe-istoriski-poraz-vo-bavarija-i-hesen/ Mon, 09 Oct 2023 12:15:01 +0000 https://republika.mk/?p=689557

Социјалдемократската партија (СПД) на германскиот канцелар Олаф Шолц е поразена на регионалните избори во Хесен и Баварија, пишува „Шпигел“.

„СПД претрпе фијаско на изборите за Ландтаг во Хесен. Партијата никогаш не добила толку низок дел од гласовите во Хесен – дури и слабиот резултат од 2018 година повторно беше значително победен (минус 4,7 процентни поени)“, се истакнува во публикацијата.

Според прелиминарните податоци, тука победи Христијанско-демократската унија (ЦДУ) со 34,6 отсто од гласовите, втора е десничарската партија Алтернатива за Германија со 18,4 отсто, СПД со 15,1 отсто, а на третото место се Зелените, членови на федералната коалициска влада, со 14,8 отсто.

Изборите во Баварија и Хесен завршија во неделата.

The post Партијата на Шолц претрпе историски пораз во Баварија и Хесен appeared first on Република.

]]>

Социјалдемократската партија (СПД) на германскиот канцелар Олаф Шолц е поразена на регионалните избори во Хесен и Баварија, пишува „Шпигел“. „СПД претрпе фијаско на изборите за Ландтаг во Хесен. Партијата никогаш не добила толку низок дел од гласовите во Хесен – дури и слабиот резултат од 2018 година повторно беше значително победен (минус 4,7 процентни поени)“, се истакнува во публикацијата. Според прелиминарните податоци, тука победи Христијанско-демократската унија (ЦДУ) со 34,6 отсто од гласовите, втора е десничарската партија Алтернатива за Германија со 18,4 отсто, СПД со 15,1 отсто, а на третото место се Зелените, членови на федералната коалициска влада, со 14,8 отсто. Изборите во Баварија и Хесен завршија во неделата.

The post Партијата на Шолц претрпе историски пораз во Баварија и Хесен appeared first on Република.

]]>
Шолц бара мирно решение за ситуацијата во Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sholts-bara-mirno-reshenie-za-situatsijata-vo-kosovo/ Thu, 05 Oct 2023 06:54:03 +0000 https://republika.mk/?p=688021

Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа повика на мирно решение на конфликтот меѓу Белград и Приштина.

За мене е многу важно ситуацијата дополнително да не ескалира ситуацијата меѓу Србија и Косово. Сакаме мирно решение и многу сме посветени на тоа. Германија, Франција и Италија се особено активни во ова прашање, рече Шолц на заедничка прес-конференција со бугарскиот премиер Николај Денков во Берлин.

Тој додаде дека за ситуацијата во Косово ќе се разговара денеска и утре кога лидерите од речиси 50 европски земји ќе се сретнат во Гранада, Шпанија, на Самитот на Европската политичка заедница. ссм/

фото:

The post Шолц бара мирно решение за ситуацијата во Косово appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа повика на мирно решение на конфликтот меѓу Белград и Приштина.
За мене е многу важно ситуацијата дополнително да не ескалира ситуацијата меѓу Србија и Косово. Сакаме мирно решение и многу сме посветени на тоа. Германија, Франција и Италија се особено активни во ова прашање, рече Шолц на заедничка прес-конференција со бугарскиот премиер Николај Денков во Берлин.
Тој додаде дека за ситуацијата во Косово ќе се разговара денеска и утре кога лидерите од речиси 50 европски земји ќе се сретнат во Гранада, Шпанија, на Самитот на Европската политичка заедница. ссм/ фото:

The post Шолц бара мирно решение за ситуацијата во Косово appeared first on Република.

]]>
Шолц во ОН ги поддржа меѓународните напори за постигнување мир во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-vo-on-gi-poddrzha-megunarodnite-napori-za-postignuvane-mir-vo-ukraina/ Wed, 20 Sep 2023 06:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=683318

Германскиот канцелар Олаф Шолц во својот говор во ОН ги поддржа меѓународните напори за постигнување мир во Украина, јави ДПА.

„Истовремено, мора да се пазиме од лажни решенија кои претставуваат мир само на хартија. Бидејќи мирот без слобода се нарекува угнетување. Мирот без правда се нарекува диктатура. Москва конечно мора да го разбере тоа“, предупреди Шолц за време на генералната дебата на Генералното собрание на ОН.

Тој повторно го повика рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на војната.

Во говорот федералниот канцелар повика и на реформи во Советот за безбедност на ОН, кој долго време е блокиран, за да им се даде поголема застапеност на Африка, Азија и Јужна Америка.

The post Шолц во ОН ги поддржа меѓународните напори за постигнување мир во Украина appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц во својот говор во ОН ги поддржа меѓународните напори за постигнување мир во Украина, јави ДПА. „Истовремено, мора да се пазиме од лажни решенија кои претставуваат мир само на хартија. Бидејќи мирот без слобода се нарекува угнетување. Мирот без правда се нарекува диктатура. Москва конечно мора да го разбере тоа“, предупреди Шолц за време на генералната дебата на Генералното собрание на ОН. Тој повторно го повика рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на војната. Во говорот федералниот канцелар повика и на реформи во Советот за безбедност на ОН, кој долго време е блокиран, за да им се даде поголема застапеност на Африка, Азија и Јужна Америка.

The post Шолц во ОН ги поддржа меѓународните напори за постигнување мир во Украина appeared first on Република.

]]>
Германците се незадоволни од канцеларот Шолц и неговите економски политики https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germantsite-se-nezadovolni-od-kantselarot-sholts-i-negovite-ekonomski-politiki/ Fri, 18 Aug 2023 08:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=673257

Мнозинството Германци се незадоволни од раководството на канцеларот Олаф Шолц за прв пат откако тој ја презеде функцијата во 2021 година, покажа истражувањето на јавниот телевизиски канал „ЗДФ“.

Педесет и еден процент од испитаниците на истражувањето изјавија дека не се задоволни од работата на канцеларот.

Само 43 отсто од испитаниците посочиле дека се задоволни од работата на Шолц на чело на коалицијата меѓу неговата централно-левичарска СПД, либералната ФДП и Зелените, додека 6 отсто се неопределени.

Во средата, владата на Шолц не успеа да усвои закон со кој се нудат корпоративни даночни олеснувања во вредност од милијарди евра, откако беше ставено вето од министерот на Зелените, кој бара милијарди евра дополнителни пари за детски бенефиции.

И покрај наодите од истражувањето, Шолц останува вториот најпопуларен политичар во Германија зад министерот за одбрана Борис Писториус, кој со месеци е на врвот.

The post Германците се незадоволни од канцеларот Шолц и неговите економски политики appeared first on Република.

]]>

Мнозинството Германци се незадоволни од раководството на канцеларот Олаф Шолц за прв пат откако тој ја презеде функцијата во 2021 година, покажа истражувањето на јавниот телевизиски канал „ЗДФ“. Педесет и еден процент од испитаниците на истражувањето изјавија дека не се задоволни од работата на канцеларот. Само 43 отсто од испитаниците посочиле дека се задоволни од работата на Шолц на чело на коалицијата меѓу неговата централно-левичарска СПД, либералната ФДП и Зелените, додека 6 отсто се неопределени. Во средата, владата на Шолц не успеа да усвои закон со кој се нудат корпоративни даночни олеснувања во вредност од милијарди евра, откако беше ставено вето од министерот на Зелените, кој бара милијарди евра дополнителни пари за детски бенефиции. И покрај наодите од истражувањето, Шолц останува вториот најпопуларен политичар во Германија зад министерот за одбрана Борис Писториус, кој со месеци е на врвот.

The post Германците се незадоволни од канцеларот Шолц и неговите економски политики appeared first on Република.

]]>
Шолц се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-se-zalozhi-za-diplomatsko-reshenie-za-zavrshuvane-na-vojnata-vo-ukraina/ Sun, 13 Aug 2023 20:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=671763

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина, нагласувајќи дека сегашните разговори се многу важни и можат да овозможат мир.

Во интервју за ЗДФ, тој рече дека минатонеделните мировни преговори во Саудиска Арабија биле многу важни.

-Навистина, тие беа само почеток, но, сепак, тоа е нешто многу посебно, истакна тој.

Германскиот канцелар кажа дека покрај земјите од Латинска Америка и Африка, во разговорите учествуваше и Кина, што може да биде начин за олеснување на мирот.

-Затоа има смисла да се продолжат овие разговори, бидејќи, многу конкретно, тие го зголемуваат притисокот врз Русија да разбере дека е на погрешен пат и дека треба да ги повлече своите трупи и да дозволи мир, нагласи тој.

Тој не ја исклучи испораката на крстосувачките ракети „Таурус“ за Украина. На прашањето зошто Германија сè уште не ги испорача тие проектили, Шолц објасни дека германската Влада, како и во минатото, секогаш внимателно ќе ја проверува секоја одлука „што функционира, што има смисла, каков може да биде нашиот придонес“, додавајќи дека не сака да се брза за ова прашање.

The post Шолц се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина, нагласувајќи дека сегашните разговори се многу важни и можат да овозможат мир. Во интервју за ЗДФ, тој рече дека минатонеделните мировни преговори во Саудиска Арабија биле многу важни. -Навистина, тие беа само почеток, но, сепак, тоа е нешто многу посебно, истакна тој. Германскиот канцелар кажа дека покрај земјите од Латинска Америка и Африка, во разговорите учествуваше и Кина, што може да биде начин за олеснување на мирот. -Затоа има смисла да се продолжат овие разговори, бидејќи, многу конкретно, тие го зголемуваат притисокот врз Русија да разбере дека е на погрешен пат и дека треба да ги повлече своите трупи и да дозволи мир, нагласи тој. Тој не ја исклучи испораката на крстосувачките ракети „Таурус“ за Украина. На прашањето зошто Германија сè уште не ги испорача тие проектили, Шолц објасни дека германската Влада, како и во минатото, секогаш внимателно ќе ја проверува секоја одлука „што функционира, што има смисла, каков може да биде нашиот придонес“, додавајќи дека не сака да се брза за ова прашање.

The post Шолц се заложи за дипломатско решение за завршување на војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Шолц: Приемот на Украина во НАТО не доаѓа во предвид додека трае војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-priemot-na-ukraina-vo-nato-ne-doaga-vo-predvid-dodeka-trae-vojnata/ Thu, 22 Jun 2023 10:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=654023

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска уште еднаш ја повика Турција да го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО, но рече и дека членството на Украина не доаѓа предвид додека трае војната во таа земја. Говорејќи во германскиот парламент утринава, Шолц рече дека е „цврсто убеден дека Шведска треба да седне на масата на самитот како нов сојузник заедно со Финска“, кога лидерите на НАТО ќе се сретнат во Вилнус следниот месец.

Тој на германските претставници им порача дека бара од реизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган да се откаже од приговорите за членството на Шведска во алијансата, на што се согласија сите други членки на минатогодишниот самит во Мадрид.

Ердоган постојано ја обвинува Шведска дека не презема чекори против „терористичките организации“, што очигледно се однесува на претежно курдските политички групи од Турција кои дејствуваат во егзил во Шведска, но се однесува и на застапниците на неуспешниот обид за државен удар против него во 2016 година.

Шведска неодамна ги заостри своите закони за тероризам, а врховниот суд на земјата ја одобри првата екстрадиција на наводен симпатизер на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во Турција. Членството на Украина во НАТО, сепак, не доаѓа предвид се додека трае руската војна против таа земја, рече Шолц.

Правилата на Северноатлантскиот договор не дозволуваат да се примат земји кои се вклучени во активни конфликти. Грузија и Молдавија, кои имаат проруски сепаратистички провинции, беа исклучени поради истата причина. Конфликтот во Украина започна во 2014 година со проруски бунт во регионот на Донбас, поддржан од Москва, пред Русија да започне инвазија во февруари 2022 година.

Земјите-членки на НАТО, рече Шолц, треба да се фокусираат до крајот на војната на пружање помош за Украина преку зајакнување на нејзините воени и одбранбени капацитети, рече Шолц.

The post Шолц: Приемот на Украина во НАТО не доаѓа во предвид додека трае војната appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска уште еднаш ја повика Турција да го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО, но рече и дека членството на Украина не доаѓа предвид додека трае војната во таа земја. Говорејќи во германскиот парламент утринава, Шолц рече дека е „цврсто убеден дека Шведска треба да седне на масата на самитот како нов сојузник заедно со Финска“, кога лидерите на НАТО ќе се сретнат во Вилнус следниот месец. Тој на германските претставници им порача дека бара од реизбраниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган да се откаже од приговорите за членството на Шведска во алијансата, на што се согласија сите други членки на минатогодишниот самит во Мадрид. Ердоган постојано ја обвинува Шведска дека не презема чекори против „терористичките организации“, што очигледно се однесува на претежно курдските политички групи од Турција кои дејствуваат во егзил во Шведска, но се однесува и на застапниците на неуспешниот обид за државен удар против него во 2016 година. Шведска неодамна ги заостри своите закони за тероризам, а врховниот суд на земјата ја одобри првата екстрадиција на наводен симпатизер на забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) во Турција. Членството на Украина во НАТО, сепак, не доаѓа предвид се додека трае руската војна против таа земја, рече Шолц. Правилата на Северноатлантскиот договор не дозволуваат да се примат земји кои се вклучени во активни конфликти. Грузија и Молдавија, кои имаат проруски сепаратистички провинции, беа исклучени поради истата причина. Конфликтот во Украина започна во 2014 година со проруски бунт во регионот на Донбас, поддржан од Москва, пред Русија да започне инвазија во февруари 2022 година.
Земјите-членки на НАТО, рече Шолц, треба да се фокусираат до крајот на војната на пружање помош за Украина преку зајакнување на нејзините воени и одбранбени капацитети, рече Шолц.

The post Шолц: Приемот на Украина во НАТО не доаѓа во предвид додека трае војната appeared first on Република.

]]>
Шолц во одбрана на договорот на ЕУ за азил: Да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-vo-odbrana-na-dogovorot-na-eu-za-azil-da-se-sozdade-solidaren-sistem-za-raspredelba-na-begaltsite-vo-evropa/ Sat, 10 Jun 2023 15:29:25 +0000 https://republika.mk/?p=649947

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го бранеше договорот постигнат оваа недела, со кој се повикуваат земјите-членки на ЕУ да ги заострат правилата во однос на правото на азил, јави ДПА.

„Државите треба да престанат да ги обвинуваат другите и да почнат да се чувствуваат одговорни“, рече Шолц во изјавата на 38. Конгрес на Германската протестантска црква.

„Затоа договорот предвидува создавање механизам за солидарност“, додаде тој пред насобраните во конгресниот центар во градот.

Според него, „конечно“ треба да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа.

Шолц вети побрзи процедури за азил, како и повеќе дигитализирани процеси.

„Сепак, земјите мора да бидат подготвени да се справат со враќањето на луѓето кои немаат право да останат во Европа“, додаде тој.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ во четвртокот постигнаа договор за заострување на правилата поради зголемениот број мигранти.

Договорот предвидува обработката на документите на лицата кои бараат азил да се врши во прифатните центри на надворешните граници на унијата.

The post Шолц во одбрана на договорот на ЕУ за азил: Да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го бранеше договорот постигнат оваа недела, со кој се повикуваат земјите-членки на ЕУ да ги заострат правилата во однос на правото на азил, јави ДПА.
„Државите треба да престанат да ги обвинуваат другите и да почнат да се чувствуваат одговорни“, рече Шолц во изјавата на 38. Конгрес на Германската протестантска црква. „Затоа договорот предвидува создавање механизам за солидарност“, додаде тој пред насобраните во конгресниот центар во градот.
Според него, „конечно“ треба да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа. Шолц вети побрзи процедури за азил, како и повеќе дигитализирани процеси.
„Сепак, земјите мора да бидат подготвени да се справат со враќањето на луѓето кои немаат право да останат во Европа“, додаде тој.
Министрите за внатрешни работи на ЕУ во четвртокот постигнаа договор за заострување на правилата поради зголемениот број мигранти. Договорот предвидува обработката на документите на лицата кои бараат азил да се врши во прифатните центри на надворешните граници на унијата.

The post Шолц во одбрана на договорот на ЕУ за азил: Да се создаде солидарен систем за распределба на бегалците во Европа appeared first on Република.

]]>
Шолц: Не би било паметно Киев да ја нападне руската територија со западно оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-ne-bi-bilo-pametno-kiev-da-ja-napadne-ruskata-teritorija-so-zapadno-oruzhje/ Thu, 23 Feb 2023 20:41:29 +0000 https://republika.mk/?p=612501

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Западот ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно, но не би било „паметно“ за Киев да го користи оружјето кое го добива за да ја нападне руската територија, објави Ројтерс.

Во интервју за германскиот јавен сервис ЗДФ, Шолц рече дека испраќањето авиони во Украина за борба „моментално нема логика“.

На почетокот на месецот Германија одобри испраќање тенкови „Леопард“ во Украина.

The post Шолц: Не би било паметно Киев да ја нападне руската територија со западно оружје appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Западот ќе продолжи да ја поддржува Украина се додека е потребно, но не би било „паметно“ за Киев да го користи оружјето кое го добива за да ја нападне руската територија, објави Ројтерс. Во интервју за германскиот јавен сервис ЗДФ, Шолц рече дека испраќањето авиони во Украина за борба „моментално нема логика“. На почетокот на месецот Германија одобри испраќање тенкови „Леопард“ во Украина.

The post Шолц: Не би било паметно Киев да ја нападне руската територија со западно оружје appeared first on Република.

]]>
Шолц: Важно е да се комуницира со Путин и Зеленски https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholc-vazno-e-da-se-komunicira-so-putin-i-zelenski/ Tue, 15 Nov 2022 18:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=574168

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека е важно да се продолжи комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин.

„Пред војната зборував со него сам долго време во Москва. После тоа разговаравме по телефон во одредени интервали“, рече Шолц додека им се обраќаше на новинарите на самитот на Групата 20 на Бали, пренесува ТАСС.

Шолц, кој на 15 февруари ја посети Москва и по тој повод разговараше со Путин, оцени дека ваквите контакти се многу важни.

„Можеме темелно да разговараме за прашања за кои имаме различни ставови“, објасни тој и повторно ја повика Русија да ги повлече своите сили од Украина.

Шолц истакна дека подеднакво е важно да се разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

The post Шолц: Важно е да се комуницира со Путин и Зеленски appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека е важно да се продолжи комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин. „Пред војната зборував со него сам долго време во Москва. После тоа разговаравме по телефон во одредени интервали“, рече Шолц додека им се обраќаше на новинарите на самитот на Групата 20 на Бали, пренесува ТАСС. Шолц, кој на 15 февруари ја посети Москва и по тој повод разговараше со Путин, оцени дека ваквите контакти се многу важни. „Можеме темелно да разговараме за прашања за кои имаме различни ставови“, објасни тој и повторно ја повика Русија да ги повлече своите сили од Украина. Шолц истакна дека подеднакво е важно да се разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

The post Шолц: Важно е да се комуницира со Путин и Зеленски appeared first on Република.

]]>
Шолц: ЕУ размислува за нови санкции кон Иран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholc-eu-razmisluva-za-novi-sankcii-kon-iran/ Mon, 31 Oct 2022 19:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=567933

Европската унија разгледува нови санкции против Иран поради потиснување на протестното движење во земјата, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Ме потресе тоа што загинаа луѓе кои мирно демонстрираа во Иран. Го осудуваме непропорционалното насилство на безбедносните сили и го поддржуваме населението, напиша Шолц на Твитер, додавајќи дека ЕУ размислува за дополнителни санкции против Иран.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вчера изјави дека се разгледува можноста Иранската револуционерна гарда да се прогласи за терористичка организација.

Како што јасно кажав минатата недела, ќе воведеме нов пакет санкции, а исто така размислуваме како да ја прогласиме Револуционерната за терористичка организација, изјави таа за германската телевизија АРД.

На 17 октомври, ЕУ усвои санкции против Полицијата за морал и 11 ирански службеници вклучени во репресијата на демонстрациите. САД ја ставија иранската Револуционерна гарда на „црната листа на терористи“.

Протестите во Иран почнаа на 16 септември, денот кога Махса Амини (22) почина во болница, каде што беше донесена во критична состојба откако беше уапсена на 13 септември во Техеран поради „носење несоодветна облека“, односно непочитување на строгиот кодекс на облекување на Иран за жените.

Според групата Активисти за човекови права во Иран, во протестите се убиени најмалку 270 луѓе, а 14.000 се уапсени.

The post Шолц: ЕУ размислува за нови санкции кон Иран appeared first on Република.

]]>

Европската унија разгледува нови санкции против Иран поради потиснување на протестното движење во земјата, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.
Ме потресе тоа што загинаа луѓе кои мирно демонстрираа во Иран. Го осудуваме непропорционалното насилство на безбедносните сили и го поддржуваме населението, напиша Шолц на Твитер, додавајќи дека ЕУ размислува за дополнителни санкции против Иран.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вчера изјави дека се разгледува можноста Иранската револуционерна гарда да се прогласи за терористичка организација.
Како што јасно кажав минатата недела, ќе воведеме нов пакет санкции, а исто така размислуваме како да ја прогласиме Револуционерната за терористичка организација, изјави таа за германската телевизија АРД.
На 17 октомври, ЕУ усвои санкции против Полицијата за морал и 11 ирански службеници вклучени во репресијата на демонстрациите. САД ја ставија иранската Револуционерна гарда на „црната листа на терористи“. Протестите во Иран почнаа на 16 септември, денот кога Махса Амини (22) почина во болница, каде што беше донесена во критична состојба откако беше уапсена на 13 септември во Техеран поради „носење несоодветна облека“, односно непочитување на строгиот кодекс на облекување на Иран за жените. Според групата Активисти за човекови права во Иран, во протестите се убиени најмалку 270 луѓе, а 14.000 се уапсени.

The post Шолц: ЕУ размислува за нови санкции кон Иран appeared first on Република.

]]>
Германскиот канцелар Шолц под истрага поради финансиска афера https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskiot-kancelar-sholc-pod-istraga-poradi-finansiska-afera/ Tue, 09 Aug 2022 12:02:48 +0000 https://republika.mk/?p=538356

Германскиот канцелар Олаф Шолц е мета на истражните органи поради аферата што се случила додека тој бил градоначалник на Хамбург.

На 19 август Шолц ќе треба да сведочи пред истражниот комитет во Хамбург.

Германскиот канцелар е обвинет дека и помогнал на „Варбур банка“ да задржи 47 милиони евра, побарувања на даночните власти, за време на неговиот мандат како градоначалник на Хамбург.

Обвинителството наредило да се претресат неговите мејлови кои ги добивал и ги испраќал преку неговата службена електронска адреса.

Пребарувањето на дигиталната пошта беше спроведено уште во март, а дури сега е објавена оваа информација, пишуваат германските медиуми.

Истражните органи ги пребарале сите мејлови од 1 јануари 2015 година, како дел од истрагата за таканаречената афера „Кум екс“, пишува весникот „Хамбургер абендблат“, ова доаѓа од документи кои биле проследени до истражниот комитет.

Поточно, се истражува колку политиката имала влијание врз спорните одлуки за скандалот „Кум-екс“.

Во ноември 2016 година била донесена одлука да се откаже од барањето за ретроактивна наплата на данок во износ од 47 милиони евра до Хамбуршката „Варбург банка“.

Во истражните документи стои дека Шолц имал средба со шефот на таа банка, пренесуваат медиумите.

Истрагата првенствено е насочена против долгогодишниот пратеник на СПД, Јоханес Карс, кој е осомничен за проневера и помагање во затајување данок.

Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека не знаел дека дигиталната пошта на Шолц била предмет на истрага.

Од 2001 до 2016 година банкари, адвокати и инвеститори ја измамуваа државата со даночни трикови за милијарди евра.

Така на незаконски начин побарале двојно плаќање на даноците кои ги платиле само еднаш.

 

 

The post Германскиот канцелар Шолц под истрага поради финансиска афера appeared first on Република.

]]>

Германскиот канцелар Олаф Шолц е мета на истражните органи поради аферата што се случила додека тој бил градоначалник на Хамбург. На 19 август Шолц ќе треба да сведочи пред истражниот комитет во Хамбург. Германскиот канцелар е обвинет дека и помогнал на „Варбур банка“ да задржи 47 милиони евра, побарувања на даночните власти, за време на неговиот мандат како градоначалник на Хамбург. Обвинителството наредило да се претресат неговите мејлови кои ги добивал и ги испраќал преку неговата службена електронска адреса. Пребарувањето на дигиталната пошта беше спроведено уште во март, а дури сега е објавена оваа информација, пишуваат германските медиуми. Истражните органи ги пребарале сите мејлови од 1 јануари 2015 година, како дел од истрагата за таканаречената афера „Кум екс“, пишува весникот „Хамбургер абендблат“, ова доаѓа од документи кои биле проследени до истражниот комитет. Поточно, се истражува колку политиката имала влијание врз спорните одлуки за скандалот „Кум-екс“. Во ноември 2016 година била донесена одлука да се откаже од барањето за ретроактивна наплата на данок во износ од 47 милиони евра до Хамбуршката „Варбург банка“. Во истражните документи стои дека Шолц имал средба со шефот на таа банка, пренесуваат медиумите. Истрагата првенствено е насочена против долгогодишниот пратеник на СПД, Јоханес Карс, кој е осомничен за проневера и помагање во затајување данок. Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека не знаел дека дигиталната пошта на Шолц била предмет на истрага. Од 2001 до 2016 година банкари, адвокати и инвеститори ја измамуваа државата со даночни трикови за милијарди евра. Така на незаконски начин побарале двојно плаќање на даноците кои ги платиле само еднаш.
 
 

The post Германскиот канцелар Шолц под истрага поради финансиска афера appeared first on Република.

]]>
Шолц: Доколку ЕУ сака да ја задржи лидерската позиција во глобалната политика, треба да раскрсти со националните вета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholc-dokolku-eu-saka-da-ja-zadrzi-liderskata-pozicija-vo-globalnata-politika-treba-da-raskrsti-so-nacionalnite-veta/ Tue, 19 Jul 2022 13:35:58 +0000 https://republika.mk/?p=531111

Доколку ЕУ сака да ја задржи лидерската позиција во глобалната политика, тогаш Унијата треба да раскрсти со националните вета кога е во прашање надворешна и безбедносна политика, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

Коментирајќи ја војната во Украина, тој истакнал дека како никогаш до сега ЕУ притиска да се стави крај на „себичните блокади“ на европските одлуки од страна на поединечни држави членки.

Повеќе не можеме да си дозволиме национални вета, на пример во надворешната политика, ако сакаме и понатаму нашиот глас да се слуша во светот на конкурентски големи сили – изјавил Шолц.

Германскиот канцелар не ги признава обвиненијата дека Германија под негово раководство не е доволно активна во украинската криза.

Како што истакнува, по негови пресметки земјата направила сериозни промени по децении воено воздржување, плус Берлин станал поактивен на дипломатски план.

The post Шолц: Доколку ЕУ сака да ја задржи лидерската позиција во глобалната политика, треба да раскрсти со националните вета appeared first on Република.

]]>

Доколку ЕУ сака да ја задржи лидерската позиција во глобалната политика, тогаш Унијата треба да раскрсти со националните вета кога е во прашање надворешна и безбедносна политика, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц за Франкфуртер Алгемајне Цајтунг. Коментирајќи ја војната во Украина, тој истакнал дека како никогаш до сега ЕУ притиска да се стави крај на „себичните блокади“ на европските одлуки од страна на поединечни држави членки.
Повеќе не можеме да си дозволиме национални вета, на пример во надворешната политика, ако сакаме и понатаму нашиот глас да се слуша во светот на конкурентски големи сили – изјавил Шолц.
Германскиот канцелар не ги признава обвиненијата дека Германија под негово раководство не е доволно активна во украинската криза. Како што истакнува, по негови пресметки земјата направила сериозни промени по децении воено воздржување, плус Берлин станал поактивен на дипломатски план.

The post Шолц: Доколку ЕУ сака да ја задржи лидерската позиција во глобалната политика, треба да раскрсти со националните вета appeared first on Република.

]]>
Шолц ја поздрави одлуката на Собранието: Ќе бидеме покрај вас низ целиот пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sholc-ja-pozdravi-odlukata-na-sobranieto-kje-bideme-pokraj-vas-niz-celiot-pat/ Sat, 16 Jul 2022 15:49:28 +0000 https://republika.mk/?p=530043

Германскиот Канцелар Олаф Шолц го поздрави гласањето на македонското Собрание за заклучоците и истакна дека ќе биде со Македонија низ целиот пат.

Го поздравувам гласањето на македонскиот парламент кој го отвора патот за првите пристапни конференции на Европската унија со Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската Унија и ќе бидеме покрај вас низ целиот пат!, истакнува канцеларот Шолц.

The post Шолц ја поздрави одлуката на Собранието: Ќе бидеме покрај вас низ целиот пат appeared first on Република.

]]>

Германскиот Канцелар Олаф Шолц го поздрави гласањето на македонското Собрание за заклучоците и истакна дека ќе биде со Македонија низ целиот пат.
Го поздравувам гласањето на македонскиот парламент кој го отвора патот за првите пристапни конференции на Европската унија со Македонија и Албанија. Ве сакаме како членки на Европската Унија и ќе бидеме покрај вас низ целиот пат!, истакнува канцеларот Шолц.

The post Шолц ја поздрави одлуката на Собранието: Ќе бидеме покрај вас низ целиот пат appeared first on Република.

]]>