шок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shok/ За подобро да се разбереме Sat, 29 Jan 2022 17:13:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shok/ 32 32 Смрт која ја шокираше Франција: Паднал на улица и 9 часа никој не му помогнал, смрзнал до смрт https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/smrt-koja-ja-shokirashe-francija-padnal-na-ulica-i-9-chasa-nikoj-ne-mu-pomognal-smrznal-do-smrt/ Sat, 29 Jan 2022 17:13:20 +0000 https://republika.mk/?p=451283

Рене Робер, швајцарски фотограф кој се прославил со своите снимки од најпознатите шпански фламенко ѕвезди, починал од хипотермија во Париз, а неговата трагична смрт ја шокирала француската јавност.

Тој минатата недела отишол на вообичаена вечерна прошетка во населбата во која живеел, но се лизнал и незгодно паднал. Несреќниот 85-годишник минал девет часа лежејќи во студот, а фактот дека луѓето го игнорирале, што на крајот довело до неговата смрт, предизвикал бес и шок во Франција, но и пошироко. Според зборовите на неговиот пријател, новинарот Мишел Момпонтет, Робер настрадал на улицата Турбиго меѓу Плоштадот на Републиката и пазарот Лес Ал.

Имал вртоглавица и паднал. Бидејќи не можел да стане, останал беспомошно да лежи девет часа, сѐ додека еден бездомник не повикал итна помош. Но, било предоцна. Рене веќе имал сериозна хипотермија и животот му висел на конец. Цели девет часа ниеден минувач не застанал да провери зошто човекот лежи на плочникот. Ниеден“, напишал Монпонтет на Твитер.

„Робер го уби рамнодушноста. Ако неговата грозна смрт може да послужи во некоја цел, тоа би била оваа – кога човек лежи на улица, треба да провериме што се случува, без разлика на тоа колку се брзаме. Многу луѓе, вклучувајќи ме и мене, гледаат на страна кога станува збор за луѓето на улица. Да го промениме тоа, да застанеме за момен – рекол новинарот за France TV Info.

Смртта на Рене поттикнала расправа за граѓанската одговорност и основите за човековата пристојност. Се проценува дека на улиците во Франција секоја година умираат барем 600 луѓе.

The post Смрт која ја шокираше Франција: Паднал на улица и 9 часа никој не му помогнал, смрзнал до смрт appeared first on Република.

]]>

Рене Робер, швајцарски фотограф кој се прославил со своите снимки од најпознатите шпански фламенко ѕвезди, починал од хипотермија во Париз, а неговата трагична смрт ја шокирала француската јавност. Тој минатата недела отишол на вообичаена вечерна прошетка во населбата во која живеел, но се лизнал и незгодно паднал. Несреќниот 85-годишник минал девет часа лежејќи во студот, а фактот дека луѓето го игнорирале, што на крајот довело до неговата смрт, предизвикал бес и шок во Франција, но и пошироко. Според зборовите на неговиот пријател, новинарот Мишел Момпонтет, Робер настрадал на улицата Турбиго меѓу Плоштадот на Републиката и пазарот Лес Ал.
Имал вртоглавица и паднал. Бидејќи не можел да стане, останал беспомошно да лежи девет часа, сѐ додека еден бездомник не повикал итна помош. Но, било предоцна. Рене веќе имал сериозна хипотермија и животот му висел на конец. Цели девет часа ниеден минувач не застанал да провери зошто човекот лежи на плочникот. Ниеден“, напишал Монпонтет на Твитер.
„Робер го уби рамнодушноста. Ако неговата грозна смрт може да послужи во некоја цел, тоа би била оваа – кога човек лежи на улица, треба да провериме што се случува, без разлика на тоа колку се брзаме. Многу луѓе, вклучувајќи ме и мене, гледаат на страна кога станува збор за луѓето на улица. Да го промениме тоа, да застанеме за момен – рекол новинарот за France TV Info. Смртта на Рене поттикнала расправа за граѓанската одговорност и основите за човековата пристојност. Се проценува дека на улиците во Франција секоја година умираат барем 600 луѓе.

The post Смрт која ја шокираше Франција: Паднал на улица и 9 часа никој не му помогнал, смрзнал до смрт appeared first on Република.

]]>