Шојгу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shojgu/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Oct 2023 12:57:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шојгу Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shojgu/ 32 32 Шојгу: Руската армија значително го ослабна воениот потенцијал на украинските сили https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shojgu-ruskata-armija-znachitelno-go-oslabna-voeniot-potentsijal-na-ukrainskite-sili/ Tue, 03 Oct 2023 12:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=687519

Руската армија значително го ослабна воениот потенцијал на украинските сили и им нанесе сериозна штета, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Преку активни дејствија нашата армија значително го ослабна борбениот потенцијал на противникот и му нанесе сериозна штета“, рече Шојгу на средбата со лидерите на руските вооружени сили.

Тој додаде дека „во руската армија има доволно војници кои водат специјална воена операција и дека не се планира дополнителна мобилизација“.

„Нема дополнителни планови за мобилизација во Генералштабот. Вооружените сили располагаат со потребниот број војници за извршување специјална воена операција. За тоа во голема мера придонесува силниот патриотски однос на нашите граѓани кои активно ги пополнуваат редовите на бранители на татковината“, рече Шојгу.

Тој истакна дека стапката на смртност меѓу ранетите руски војници во болниците е 0,43 отсто и дека и натаму се намалува.

Министерот нагласи дека воените лекари покажуваат професионалност и храброст, изведувајќи операции кои ги спасуваат животите и здравјето на руските војници.

„Во непосредна близина на контактната линија се поставени теренски болници, со искусни хирурзи од централните медицински установи. Стапката на преживување на ранетите е неколкукратно зголемена. Благодарение на оперативната помош на бојното поле, навремената евакуација и високотехнолошката медицинска асистенција, над 98 отсто од повредените се оздравени“, рече министерот Шојгу

The post Шојгу: Руската армија значително го ослабна воениот потенцијал на украинските сили appeared first on Република.

]]>

Руската армија значително го ослабна воениот потенцијал на украинските сили и им нанесе сериозна штета, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Преку активни дејствија нашата армија значително го ослабна борбениот потенцијал на противникот и му нанесе сериозна штета“, рече Шојгу на средбата со лидерите на руските вооружени сили.
Тој додаде дека „во руската армија има доволно војници кои водат специјална воена операција и дека не се планира дополнителна мобилизација“.
„Нема дополнителни планови за мобилизација во Генералштабот. Вооружените сили располагаат со потребниот број војници за извршување специјална воена операција. За тоа во голема мера придонесува силниот патриотски однос на нашите граѓани кои активно ги пополнуваат редовите на бранители на татковината“, рече Шојгу.
Тој истакна дека стапката на смртност меѓу ранетите руски војници во болниците е 0,43 отсто и дека и натаму се намалува. Министерот нагласи дека воените лекари покажуваат професионалност и храброст, изведувајќи операции кои ги спасуваат животите и здравјето на руските војници.
„Во непосредна близина на контактната линија се поставени теренски болници, со искусни хирурзи од централните медицински установи. Стапката на преживување на ранетите е неколкукратно зголемена. Благодарение на оперативната помош на бојното поле, навремената евакуација и високотехнолошката медицинска асистенција, над 98 отсто од повредените се оздравени“, рече министерот Шојгу

The post Шојгу: Руската армија значително го ослабна воениот потенцијал на украинските сили appeared first on Република.

]]>
Шојгу пристигна во Пјонгјанг: Русија и Северна Кореја ја интензивираат одбранбената соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shojgu-pristigna-vo-pjongjang-rusija-i-severna-koreja-ja-intenziviraat-odbranbenata-sorabotka/ Wed, 26 Jul 2023 11:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=665523

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во Пјонгјанг разговараше за зајакнување на одбранбената соработка со началникот на одделот за одбрана на Северна Кореја, армискиот генерал Канг Сун Нам.

Убеден сум дека денешните разговори ќе помогнат да се зајакне соработката меѓу нашите одбранбени оддели, истакна Шојгу.

Тој додаде дека Русија планира доследно да ги развива односите со Северна Кореја во сите области.

Северна Кореја и Русија имаат заедничка граница – 17 километри на копно и 22 километри на море и богата историја на соработка.

Посетите на воени бродови, официјални посети на високи претставници на одделот за одбрана, размена на делегации на работно ниво, обука на персоналот, придонесоа за одржување на мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров, посочи Шојгу.

Тој ја предводи руската делегација, која синоќа пристигна во Северна Кореја за да присуствува на церемониите по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна.

The post Шојгу пристигна во Пјонгјанг: Русија и Северна Кореја ја интензивираат одбранбената соработка appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во Пјонгјанг разговараше за зајакнување на одбранбената соработка со началникот на одделот за одбрана на Северна Кореја, армискиот генерал Канг Сун Нам.
Убеден сум дека денешните разговори ќе помогнат да се зајакне соработката меѓу нашите одбранбени оддели, истакна Шојгу.
Тој додаде дека Русија планира доследно да ги развива односите со Северна Кореја во сите области. Северна Кореја и Русија имаат заедничка граница – 17 километри на копно и 22 километри на море и богата историја на соработка.
Посетите на воени бродови, официјални посети на високи претставници на одделот за одбрана, размена на делегации на работно ниво, обука на персоналот, придонесоа за одржување на мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров, посочи Шојгу.
Тој ја предводи руската делегација, која синоќа пристигна во Северна Кореја за да присуствува на церемониите по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна.

The post Шојгу пристигна во Пјонгјанг: Русија и Северна Кореја ја интензивираат одбранбената соработка appeared first on Република.

]]>
Шојгу ќе ја посети Северна Кореја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shojgu-ke-ja-poseti-severna-koreja/ Tue, 25 Jul 2023 08:37:31 +0000 https://republika.mk/?p=664979

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ќе ја посети Северна Кореја на прославата на годишнината од примирјето по Корејската војна, објавија денеска државните медиуми во Пјонгјанг.

Најавата за посетата на Шојгу уследи откако кинеска делегација потврди дека на 27 јули ќе присуствува во Пјонгјанг на одбележување на годишнината.

Најавените посети се толкува дека Северна Кореја повторно ги отвора своите граници за посетителите на високо ниво по долгото затворање поради пандемијата.

The post Шојгу ќе ја посети Северна Кореја appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ќе ја посети Северна Кореја на прославата на годишнината од примирјето по Корејската војна, објавија денеска државните медиуми во Пјонгјанг. Најавата за посетата на Шојгу уследи откако кинеска делегација потврди дека на 27 јули ќе присуствува во Пјонгјанг на одбележување на годишнината. Најавените посети се толкува дека Северна Кореја повторно ги отвора своите граници за посетителите на високо ниво по долгото затворање поради пандемијата.

The post Шојгу ќе ја посети Северна Кореја appeared first on Република.

]]>
Шојгу: Секоја војна завршува со мир https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shojgu-sekoja-vojna-zavrshuva-so-mir/ Thu, 23 Mar 2023 09:25:28 +0000 https://republika.mk/?p=622771

ускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во интервју за ТВ Звезда на руското Министерство за одбрана беше прашан како ќе заврши војната, на што тој одговори: „Секоја војна завршува со мир“.

Но, кога еден новинар прашал колку брзо може да се очекува мир во Украина, Шојгу не одговорил на прашањето и ја напуштил просторијата.

Иако ТВ Звезда првично објави видео од заминувањето на министерот за одбрана, тоа беше отсечено во подоцнежна изјава.

The post Шојгу: Секоја војна завршува со мир appeared first on Република.

]]>

ускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во интервју за ТВ Звезда на руското Министерство за одбрана беше прашан како ќе заврши војната, на што тој одговори: „Секоја војна завршува со мир“. Но, кога еден новинар прашал колку брзо може да се очекува мир во Украина, Шојгу не одговорил на прашањето и ја напуштил просторијата. Иако ТВ Звезда првично објави видео од заминувањето на министерот за одбрана, тоа беше отсечено во подоцнежна изјава.

The post Шојгу: Секоја војна завршува со мир appeared first on Република.

]]>
Шојгу: Освојувањето на Бахмут ќе овозможи нови офанзиви во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shojgu-osvojuvaneto-na-bahmut-ke-ovozmozhi-novi-ofanzivi-vo-ukraina/ Tue, 07 Mar 2023 13:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=616903

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека заземањето на Бахмут во источна Украина ќе им овозможи на руските сили да започнат нови офанзивни операции.

Руските сили жестоко се борат со месеци за малиот град, чие заземање ќе биде нивен прв поголем напредок од минатото лето.

Шојгу рече и дека Западот ја зголемува испораката на оружје за Украина, но нагласи и дека тоа нема да го промени текот на настаните на линијата на фронтот.

„Ослободувањето на Артемовск продолжува“, рече Шојгу во телевизискиот говор, користејќи го старото советско име за Бахмут.

„Градот е важен центар за одбрана на украинските војници во Донбас. Преземањето контрола над него ќе овозможи понатамошни офанзивни дејства длабоко во украинските одбранбени линии“, рече Шојгу.

Евгениј Пригожин, шеф на паравоената група Вагнер, која се бори за градот, во петокот рече дека неговите сили „практично го опколиле“ Бахмут.

Украинските генерали ветија дека ќе продолжат да го бранат градот, изјави во понеделникот вечерта украинскиот претседател Володимир Зеленски.

The post Шојгу: Освојувањето на Бахмут ќе овозможи нови офанзиви во Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека заземањето на Бахмут во источна Украина ќе им овозможи на руските сили да започнат нови офанзивни операции. Руските сили жестоко се борат со месеци за малиот град, чие заземање ќе биде нивен прв поголем напредок од минатото лето. Шојгу рече и дека Западот ја зголемува испораката на оружје за Украина, но нагласи и дека тоа нема да го промени текот на настаните на линијата на фронтот. „Ослободувањето на Артемовск продолжува“, рече Шојгу во телевизискиот говор, користејќи го старото советско име за Бахмут. „Градот е важен центар за одбрана на украинските војници во Донбас. Преземањето контрола над него ќе овозможи понатамошни офанзивни дејства длабоко во украинските одбранбени линии“, рече Шојгу. Евгениј Пригожин, шеф на паравоената група Вагнер, која се бори за градот, во петокот рече дека неговите сили „практично го опколиле“ Бахмут. Украинските генерали ветија дека ќе продолжат да го бранат градот, изјави во понеделникот вечерта украинскиот претседател Володимир Зеленски.

The post Шојгу: Освојувањето на Бахмут ќе овозможи нови офанзиви во Украина appeared first on Република.

]]>
Шојгу: Западот ја користи Украина за да ја распарчи Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shojgu-zapadot-ja-koristi-ukraina-za-da-ja-rasparchi-rusija/ Thu, 23 Feb 2023 20:11:57 +0000 https://republika.mk/?p=612468

Еден од најблиските соработници на рускиот претседател  Владимир Путин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу, денеска го обвини Западот дека се обидува да ја подели Русија со помош на Украина.

Шојгу изјави дека секој обид за распарчување на земјата ќе биде осуден на неуспех.

Коментарот тој го даде во честитката до руските вооружени сили, кои денеска го слават воениот празник на „Бранителите на татковината“.

-Колективниот Запад ја користи Украина за да се обиде да ја распарчи Русија, да ја лиши од нејзината независност. Овие обиди се осудени на неуспех, рече тој.

И претседателот Путин претходно денеска даде слични изјави, велејќи дека војната во Украина е всушност дел од поголема битка против Западот, пишува „Скај Њуз“.

The post Шојгу: Западот ја користи Украина за да ја распарчи Русија appeared first on Република.

Шојгу: Испораките на западно оружје во Украина активно го вовлекува НАТО во конфликтот, што може да доведе до „непредвидливо ниво на ескалација“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shojgu-isporakite-na-zapadno-oruzhje-vo-ukraina-aktivno-go-vovlekuva-nato-vo-konfliktot-shto-mozhe-da-dovede-do-nepredvidlivo-nivo-na-eskalatsija/ Tue, 07 Feb 2023 13:51:40 +0000 https://republika.mk/?p=606063

Шојгу го предупреди НАТО за испораките на оружје за Украина Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу порача дека испораките на западно оружје во Украина активно го вовлекува НАТО во конфликтот и предупреди дека тоа може да доведе до „непредвидливо ниво на ескалација“, пренесуваат британските медиуми.

САД и нивните сојузници се обидуваат да го продолжат конфликтот што е можно повеќе. За да го постигнат тоа, тие почнаа да ја снабдуваат Украина со тешко офанзивно оружје и отворено ја повикуваат земјата да ги освои нашите територии. Всушност, таквите чекори ги вклучуваат земјите на НАТО во конфликтот и тоа може да доведе до непредвидливо ниво на ескалација – изјави рускиот министер за одбрана.

Инвазијата на руските сили во источна Украина, што официјална Москва ја нарекува „специјална воена операција“, Шојгу денеска ја оцени за „успешна“, во време кога Киев очекува голема руска офанзива и бара од западните земји да ја зголемат и забрзаат воената помош за земјата.

Во моментов борбите успешно се одвиваат во областите Бахмут и Вугледар – рече Шојгу.

The post Шојгу: Испораките на западно оружје во Украина активно го вовлекува НАТО во конфликтот, што може да доведе до „непредвидливо ниво на ескалација“ appeared first on Република.

Шојгу го информирал Путин дека Луганск е под руска контрола https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shojgu-go-informiral-putin-deka-lugansk-e-pod-ruska-kontrola/ Sun, 03 Jul 2022 14:13:53 +0000 https://republika.mk/?p=523094

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека целата област Луганск е под руска контрола, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека Шојгу го информирал врховниот командант на вооружените сили за „ослободувањето“ на Луганск. Луганск е регион во источна Украина кој од самиот почеток е цел на руска агресија.

Понатаму се посочува дека резултат на успешната воена активност на руските вооружени сили со борбените единици на ЛНР е воспоставување целосна контрола врз градот Лисичанска и бројните околни населби, од кои најголеми се Билохоривка, Новодружеш, Малорјазанцеве и Била Хора.

Во соопштението се додава дека во текот на изминатиот ден е обезбедена територија од околу 182 квадратни километри.

The post Шојгу го информирал Путин дека Луганск е под руска контрола appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека целата област Луганск е под руска контрола, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека Шојгу го информирал врховниот командант на вооружените сили за „ослободувањето“ на Луганск. Луганск е регион во источна Украина кој од самиот почеток е цел на руска агресија. Понатаму се посочува дека резултат на успешната воена активност на руските вооружени сили со борбените единици на ЛНР е воспоставување целосна контрола врз градот Лисичанска и бројните околни населби, од кои најголеми се Билохоривка, Новодружеш, Малорјазанцеве и Била Хора. Во соопштението се додава дека во текот на изминатиот ден е обезбедена територија од околу 182 квадратни километри.

The post Шојгу го информирал Путин дека Луганск е под руска контрола appeared first on Република.

]]>
Шојгу не е виден со Путин уште од нивната средба на 27 февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shojgu-ne-e-viden-so-putin-ushte-od-nivnata-sredba-na-27-fevruari/ Thu, 24 Mar 2022 10:55:07 +0000 https://republika.mk/?p=477622

66-годишиот Шојгу не е виден со Путин уште од нивната средба на 27 февруари, на која што присуствуваше и началникот на генералштабот на руската армија Валери Герасимов. На веб сајтот на руското МО нема нови објави во врска со Шојгу од 11 март.

Рускиот независен медиум „Агентство“ објави дека Шојгу, кој е еден од најблиските соработници на претседателот Владимир Путин, последен пат се појавил на државната телевизија на 11 март. „Агентство“, цитирајќи неименуван руски функционер, шпекулира дека Шојгу можеби не се чувствува добро и има проблеми со срцето.

Според извештајот на „Агентство“, рускиот „Прв канал“ на 18 март емитуваше прилог со Шојгу, но фотографијата искористена да се илустрира приказната е од видео објавено на веб сајтот на руското Министерство за одбрана од 11 мат.

The post Шојгу не е виден со Путин уште од нивната средба на 27 февруари appeared first on Република.

]]>

66-годишиот Шојгу не е виден со Путин уште од нивната средба на 27 февруари, на која што присуствуваше и началникот на генералштабот на руската армија Валери Герасимов. На веб сајтот на руското МО нема нови објави во врска со Шојгу од 11 март. Рускиот независен медиум „Агентство“ објави дека Шојгу, кој е еден од најблиските соработници на претседателот Владимир Путин, последен пат се појавил на државната телевизија на 11 март. „Агентство“, цитирајќи неименуван руски функционер, шпекулира дека Шојгу можеби не се чувствува добро и има проблеми со срцето. Според извештајот на „Агентство“, рускиот „Прв канал“ на 18 март емитуваше прилог со Шојгу, но фотографијата искористена да се илустрира приказната е од видео објавено на веб сајтот на руското Министерство за одбрана од 11 мат.

The post Шојгу не е виден со Путин уште од нивната средба на 27 февруари appeared first on Република.

]]>
Емир Кустурица ја прифатил понудата да стане генерален директор на Централниот театар на руската армија https://arhiva3.republika.mk/scena/film/emir-kusturica-ja-prifatil-ponudata-da-stane-generalen-direktor-na-centralniot-teatar-na-ruskata-armija/ Fri, 25 Feb 2022 16:29:31 +0000 https://republika.mk/?p=463942

Емир Кустурица ја прифатил понудата да стане генерален директор на Централниот театар на руската армија, соопшти портпаролката на Министерството за одбрана на Русија, Росиана Марковска.
Според неа, Шојгу се сретнал со Кустурица во понеделникот.

Министерот ги посочи долгогодишните пријателски односи со Кустурица, неговиот талент и големата работа што доаѓа од срце. Нагласувајќи ја улогата на Кустурица во зачувувањето и развојот на најдобрите традиции на руската култура, Шојгу му ја понуди функцијата главен директор на Централниот академски Театар на руската армија, рече Марковска.

Таа додаде дека режисерот изразил надеж дека „ќе биде успешна работа“ и нагласи дека „во свет во кој вредностите многу брзо се менуваат“, ќе се обиде да ги задржи класичните вредности.

The post Емир Кустурица ја прифатил понудата да стане генерален директор на Централниот театар на руската армија appeared first on Република.

]]>

Емир Кустурица ја прифатил понудата да стане генерален директор на Централниот театар на руската армија, соопшти портпаролката на Министерството за одбрана на Русија, Росиана Марковска. Според неа, Шојгу се сретнал со Кустурица во понеделникот.