Шофер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shofer/ За подобро да се разбереме Wed, 16 Mar 2022 14:55:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шофер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shofer/ 32 32 Личниот шофер на Ксенија Пајчин: Ја возев насекаде, беше страшно галантна и живееше 200 на час https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/lichniot-shofer-na-ksenija-pajchin-ja-vozev-nasekade-beshe-strashno-galantna-i-ziveeshe-200-na-chas/ Wed, 16 Mar 2022 18:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=473857

Пред 12 години на денешен, српската пејачка Ксенија Пајчин, беше убиена од своето момче Филип Каписода, кој потоа си пресуди и сам на себе, поради што во српската јавност излегоа голем број сеќавања на луѓе што биле блиски со покојната пејачка.

Еден од оние што сподели свои сеќавања за Ксенија е Радомир Таки Маринковиќ, таткото на ѕвездата на реалното шоу „Задруга“ Маја Маринковиќ, чие раскажување го пренесува „Курир.рс“.

Ксенија и Таки се запознале во Белград за време на едно од многуте ноќни излегувања во 90-тите, додека пејачката се уште не била на врвот на популарноста. Бидејќи тогаш, Маринковиќ, освен со обезбедување, се занимавал и со такси-превоз, тие двајца брзо се договориле тој да и биде на услуга како личен шофер, кого Ксенија може да го повика во кое било време кога ќе се враќа дома во раните утрински часови.

Тоа е точно. Ја познавав Ксенија Пајчин пред никој во градот да слушне за неа. Беше прекрасно девојче и уште жалам поради тоа што и се случи. Ја запознав во дискотеката „XL“. Беше полна со енергија, ја обожавав. Цело време излегувавме и се дружевме, таа многу ме сакаше. Јас тогаш таксирав и ја возев насекаде, таа не возеше кола во тоа време. Беше ужасно галантна. Живееше 200 на час - раскажува Таки за својата пријателка.

Маринковиќ издвојува една случајна средба во Будва.

Една година сосема случајно се видовме на море во Будва, таа беше таму со едно момче. Кога ме виде, истрча кон мене и почна како луда да ме гушка и бакнува. Едвај избегнавме инцидент со момчето - додава Маринковиќ.

The post Личниот шофер на Ксенија Пајчин: Ја возев насекаде, беше страшно галантна и живееше 200 на час appeared first on Република.

]]>

Пред 12 години на денешен, српската пејачка Ксенија Пајчин, беше убиена од своето момче Филип Каписода, кој потоа си пресуди и сам на себе, поради што во српската јавност излегоа голем број сеќавања на луѓе што биле блиски со покојната пејачка. Еден од оние што сподели свои сеќавања за Ксенија е Радомир Таки Маринковиќ, таткото на ѕвездата на реалното шоу „Задруга“ Маја Маринковиќ, чие раскажување го пренесува „Курир.рс“. Ксенија и Таки се запознале во Белград за време на едно од многуте ноќни излегувања во 90-тите, додека пејачката се уште не била на врвот на популарноста. Бидејќи тогаш, Маринковиќ, освен со обезбедување, се занимавал и со такси-превоз, тие двајца брзо се договориле тој да и биде на услуга како личен шофер, кого Ксенија може да го повика во кое било време кога ќе се враќа дома во раните утрински часови.