Шљивовица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shljivovica/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Dec 2022 11:22:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шљивовица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shljivovica/ 32 32 „Шљивовица“ стана светско културно наследство https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/shljivovica-stana-svetsko-kulturno-nasledstvo/ Thu, 01 Dec 2022 11:20:41 +0000 https://republika.mk/?p=580460

УНЕСКО ја запиша српската шљивовица на Репрезентативната листа на светско нематеријално културно наследство, јави дописникот на МИА од Белград.

Шљивовица на таа листа е запишана под името „Социјални практики и знаења поврзани со подготовка и употреба на традиционалниот пијалок од сливи – Шљивовица“, како елемент на нематеријалното културно наследство на Србија.

Како што соопшти Министерството за култура, одлуката за регистрација ја донел Меѓувладиниот комитет за зачувување на нематеријалното културно наследство на 17-та седница одржана во Рабат, Мароко.

Во 2021 година, Министерството за култура ја номинираше Шљивовица за Репрезентативна листа на нематеријално културно наследство на човештвото, а номинацијата беше подготвена од Центарот за нематеријално културно наследство на Србија при Етнографскиот музеј во Белград, со учество на носители на наследството, локални заедници, институции и невладини организации, здруженија, а предлагачи се Етнографскиот музеј во Белград и Народниот музеј во Чачак.

Вклучувањето на знаењата и вештините потребни за подготовка на шљивовицата во домаќинствата и неговата употреба во секојдневната и обичајната практика на Репрезентативната листа на УНЕСКО значително придонесува за зголемување на видливоста на нематеријалното културно наследство на национално и локално ниво, како и на меѓународната промоција на „живото наследство“ на Србија, се наведува во соопштението.

-Номинацијата, која ги обединува културата на одгледување слива, традиционалните занаети, културата на исхраната и обичаите, како и печењето на шљивовицата и неговата употреба за време на приватни или јавни настани, ја одразува широката распространетост на елементот и најдобро покажува колку традиционалните вештини и практики може да се развиваат во модерно опкружување, зачувувајќи го неговото значење дури и во услови на развој на современото општество, се додава во соопштението.

Во него се потсетува дека елементи на Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на УНЕСКО од Србија се и семејната слава (2014 година), коло – традиционално оро (2017 година), пеење со гусли (2018 година) и Злакуското грнчарство (2020 година)

The post „Шљивовица“ стана светско културно наследство appeared first on Република.

]]>

УНЕСКО ја запиша српската шљивовица на Репрезентативната листа на светско нематеријално културно наследство, јави дописникот на МИА од Белград. Шљивовица на таа листа е запишана под името „Социјални практики и знаења поврзани со подготовка и употреба на традиционалниот пијалок од сливи – Шљивовица“, како елемент на нематеријалното културно наследство на Србија. Како што соопшти Министерството за култура, одлуката за регистрација ја донел Меѓувладиниот комитет за зачувување на нематеријалното културно наследство на 17-та седница одржана во Рабат, Мароко. Во 2021 година, Министерството за култура ја номинираше Шљивовица за Репрезентативна листа на нематеријално културно наследство на човештвото, а номинацијата беше подготвена од Центарот за нематеријално културно наследство на Србија при Етнографскиот музеј во Белград, со учество на носители на наследството, локални заедници, институции и невладини организации, здруженија, а предлагачи се Етнографскиот музеј во Белград и Народниот музеј во Чачак. Вклучувањето на знаењата и вештините потребни за подготовка на шљивовицата во домаќинствата и неговата употреба во секојдневната и обичајната практика на Репрезентативната листа на УНЕСКО значително придонесува за зголемување на видливоста на нематеријалното културно наследство на национално и локално ниво, како и на меѓународната промоција на „живото наследство“ на Србија, се наведува во соопштението.