Шкотска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shkotska/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Jun 2024 21:07:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Шкотска Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shkotska/ 32 32 Германија ја растури Шкотска со 5-1 на отворањето на ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/germanija-ja-rasturi-shkotska-so-5-1-na-otvoraneto-na-ep/ Fri, 14 Jun 2024 21:07:29 +0000 https://republika.mk/?p=787721

Фудбалската селекција на Германија ја декласираше Шкорска со 5-1 на отворањето на Европското првенство (ЕП) вечерва во Минхен на „Алијанц арената“.

Германија тргна доминантно, по десет минути го видовме и првиот погодок. Стрелецот на првиот гол на Европското првенство беше напаѓачот на Баер Леверкузен Флоријан Вирц. Не застанаа Германците со играта ниту по постигнатиот погодок, па веќе во 19. минута Мусиала зголеми на 2-0. Германија комплетно ја контролираше играта. Во финишот од првите 45 минути Каи Хаверц од пенал зголеми на 3-0.

Во вториот дел Германија постигна уште еден гол преку Фулкруг во 63. минута. Фулкруг и уште еднаш ја затресе мрежата, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Рудгиер во 87. минута по нафрлувањето си ја погоди сопствената мрежа, а во самата завршница Емре Чан ги постави конечните 5-1.

Во следното коло Германија ќе игра против Унгарија, а Шкотска шанса да го поправи впечатокот ќе има против Швајцарија.

 

The post Германија ја растури Шкотска со 5-1 на отворањето на ЕП appeared first on Република.

]]>

Фудбалската селекција на Германија ја декласираше Шкорска со 5-1 на отворањето на Европското првенство (ЕП) вечерва во Минхен на „Алијанц арената“. Германија тргна доминантно, по десет минути го видовме и првиот погодок. Стрелецот на првиот гол на Европското првенство беше напаѓачот на Баер Леверкузен Флоријан Вирц. Не застанаа Германците со играта ниту по постигнатиот погодок, па веќе во 19. минута Мусиала зголеми на 2-0. Германија комплетно ја контролираше играта. Во финишот од првите 45 минути Каи Хаверц од пенал зголеми на 3-0. Во вториот дел Германија постигна уште еден гол преку Фулкруг во 63. минута. Фулкруг и уште еднаш ја затресе мрежата, но тој погодок беше поништен поради недозволена позиција. Рудгиер во 87. минута по нафрлувањето си ја погоди сопствената мрежа, а во самата завршница Емре Чан ги постави конечните 5-1. Во следното коло Германија ќе игра против Унгарија, а Шкотска шанса да го поправи впечатокот ќе има против Швајцарија.  

The post Германија ја растури Шкотска со 5-1 на отворањето на ЕП appeared first on Република.

]]>
Германија фуриозно на стартот на ЕП, води со 3-0 против Шкотска https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/germanija-furiozno-na-startot-na-ep-vodi-so-3-0-protiv-shkotska/ Fri, 14 Jun 2024 20:03:37 +0000 https://republika.mk/?p=787716

Фудбалската репрезентација на Германија има фуриозен старт на отворањето на Европското првенство (ЕП) откако вечерва во Минхен води сп 3-0 против Шкотска по првите 45 минути.

Иако Шкотите најавуваа изненадување, Германците се силно мотивирани. Во првите петнаесетина минути блеснаа младите Флоријан Вирц и Џамал Мусиала, кои со два мајсторски погодоци ги израдуваа домашните фанови на „Алијанц Арена“ за предност од 2-0.

Германија потоа рутински го намали темпото, но пред крајот на полувремето поведе и со 3-0 со пеналот на Хаверц, окако Гундоган беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник.

Покрај огромната негатива, Шкотите имаат дополнителен проблем бидејќи останаа и без играч на теренот, по црвениот картон на Портеус за стартот врз Гундоган.

The post Германија фуриозно на стартот на ЕП, води со 3-0 против Шкотска appeared first on Република.

]]>

Фудбалската репрезентација на Германија има фуриозен старт на отворањето на Европското првенство (ЕП) откако вечерва во Минхен води сп 3-0 против Шкотска по првите 45 минути. Иако Шкотите најавуваа изненадување, Германците се силно мотивирани. Во првите петнаесетина минути блеснаа младите Флоријан Вирц и Џамал Мусиала, кои со два мајсторски погодоци ги израдуваа домашните фанови на „Алијанц Арена“ за предност од 2-0. Германија потоа рутински го намали темпото, но пред крајот на полувремето поведе и со 3-0 со пеналот на Хаверц, окако Гундоган беше фаулиран во противничкиот шеснаесетник. Покрај огромната негатива, Шкотите имаат дополнителен проблем бидејќи останаа и без играч на теренот, по црвениот картон на Портеус за стартот врз Гундоган.

The post Германија фуриозно на стартот на ЕП, води со 3-0 против Шкотска appeared first on Република.

]]>
Германија и Шкотска ги објавија составите за првиот меч на фудбалското ЕП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/germanija-i-shkotska-gi-objavija-sostavite-za-prviot-mech-na-fudbalskoto-ep/ Fri, 14 Jun 2024 18:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=787697

Фудбалските селектори Јулијан Нагелсман и Стив Кларк ги објавија составите со кои ќе го почнат денешниот прв меч на Европското првенство меѓу Германија и Шкотска.

Нагелсман се реши на офанзивен тим со пониски фудбалери.

Во офанзивата ќе играат Вирц, Хаверц и Мусиала, а позади нив ќе бидат Гундоган и Крос кој го почнува своето последно големо натпреварување како фудбалер.

Главните ѕвезди во тимот на Шкотска се Робертсон од Ливерпул и Мектоминеј од Манчестер јунајтед кој имаше фантастични квалификации.

The post Германија и Шкотска ги објавија составите за првиот меч на фудбалското ЕП appeared first on Република.

]]>

Фудбалските селектори Јулијан Нагелсман и Стив Кларк ги објавија составите со кои ќе го почнат денешниот прв меч на Европското првенство меѓу Германија и Шкотска. Нагелсман се реши на офанзивен тим со пониски фудбалери. Во офанзивата ќе играат Вирц, Хаверц и Мусиала, а позади нив ќе бидат Гундоган и Крос кој го почнува своето последно големо натпреварување како фудбалер. Главните ѕвезди во тимот на Шкотска се Робертсон од Ливерпул и Мектоминеј од Манчестер јунајтед кој имаше фантастични квалификации.

The post Германија и Шкотска ги објавија составите за првиот меч на фудбалското ЕП appeared first on Република.

]]>
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bojan-miovski-nominiran-za-fudbaler-na-godinata-vo-shkotska/ Fri, 10 May 2024 16:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=776873

Напаѓачот на Абердин и на македонската репрезентација Бојан Миовски е номиниран за наградата за најдобар фудбалер во сезоната 2023/24 во шкотската Премиер лигата, која традиционално од 1965 година ја доделува Здружение на фудбалски новинари (SFWA).

Миовски, како што е соопштено денеска, номиниран е за престижното признание заедно со голманот на Глазгов Ренџерс, Џек Батланд, Мет О’Рајли од Селтик и капитенот на Хартс, Лоренс Шекланд.

Миовски од почетокот на оваа сезона постигна 24 голови во сите натпреварувања и беше избран за фудбалер на годината на Абердин, а се најде во тимот на сезоната во шкотската Премиер лига.

Наградата за најдобар играч во изборот на шкотското Здружение на фудбалски новинари ќе биде доделена на гала свеченост на 19 мај.

Престижната награда се доделува од сезоната 1964/65 кога прв носител на признанието беше легендата на Селтик, Били Мекнил.

Низ историјата само четворица фудбалери на Абердин го освојувале престижното признание кое го доделува SFWA – Мартин Бухан (1970/71), Гордон Страхан (1979/80), Вили Милер (1983/84) и Алекс Меклиш (1989/90).

The post Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска appeared first on Република.

]]>

Напаѓачот на Абердин и на македонската репрезентација Бојан Миовски е номиниран за наградата за најдобар фудбалер во сезоната 2023/24 во шкотската Премиер лигата, која традиционално од 1965 година ја доделува Здружение на фудбалски новинари (SFWA). Миовски, како што е соопштено денеска, номиниран е за престижното признание заедно со голманот на Глазгов Ренџерс, Џек Батланд, Мет О’Рајли од Селтик и капитенот на Хартс, Лоренс Шекланд. Миовски од почетокот на оваа сезона постигна 24 голови во сите натпреварувања и беше избран за фудбалер на годината на Абердин, а се најде во тимот на сезоната во шкотската Премиер лига. Наградата за најдобар играч во изборот на шкотското Здружение на фудбалски новинари ќе биде доделена на гала свеченост на 19 мај. Престижната награда се доделува од сезоната 1964/65 кога прв носител на признанието беше легендата на Селтик, Били Мекнил. Низ историјата само четворица фудбалери на Абердин го освојувале престижното признание кое го доделува SFWA – Мартин Бухан (1970/71), Гордон Страхан (1979/80), Вили Милер (1983/84) и Алекс Меклиш (1989/90).

The post Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска appeared first on Република.

]]>
Свини верува во независност на Шкотска во следните пет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svini-veruva-vo-nezavisnost-na-shkotska-vo-slednite-pet-godini/ Fri, 10 May 2024 11:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=776748

Новиот шкотски премиер Џон Свини денеска изјави дека верува оти Шкотска може да стане независна во следните пет години.

-Мислам дека независноста може да се постигне во таа временска рамка бидејќи аргументите за тоа се убедливи, изјави Свини за Скај Њуз.

Тој оцени дека Шкотска се соочува со зголемени животни трошоци и последици од Брегзит и дека тоа се „значајни стратешки фактори кои предизвикуваат сериозна економска и социјална штета на Шкотска поради лошите одлуки донесени во Вестминстер“.

-И одговорот на тоа е независност, рече Свини.

Тој потсети дека Шкотска е „избркана од Европската унија против своја волја“, со оглед на тоа што мнозинството гласаше против Брегзит, односно таа земја од Обединетото Кралство да остане во ЕУ.

Ветеранот на Шкотската национална партија (СНП) Свини на 8 мај беше избран за прв министер на шкотската Влада, наследувајќи го Хумза Јусаф, кој поднесе оставка на 29 април, откако претходно ја раскина коалицијата со шкотските Зелени, јавија британските медиуми.

Јусаф поднесе оставка како лидер на про-независната СНП, откако не успеа да обезбеди доволно поддршка за да преживее гласање за доверба.

The post Свини верува во независност на Шкотска во следните пет години appeared first on Република.

]]>

Новиот шкотски премиер Џон Свини денеска изјави дека верува оти Шкотска може да стане независна во следните пет години. -Мислам дека независноста може да се постигне во таа временска рамка бидејќи аргументите за тоа се убедливи, изјави Свини за Скај Њуз. Тој оцени дека Шкотска се соочува со зголемени животни трошоци и последици од Брегзит и дека тоа се „значајни стратешки фактори кои предизвикуваат сериозна економска и социјална штета на Шкотска поради лошите одлуки донесени во Вестминстер“. -И одговорот на тоа е независност, рече Свини. Тој потсети дека Шкотска е „избркана од Европската унија против своја волја“, со оглед на тоа што мнозинството гласаше против Брегзит, односно таа земја од Обединетото Кралство да остане во ЕУ. Ветеранот на Шкотската национална партија (СНП) Свини на 8 мај беше избран за прв министер на шкотската Влада, наследувајќи го Хумза Јусаф, кој поднесе оставка на 29 април, откако претходно ја раскина коалицијата со шкотските Зелени, јавија британските медиуми. Јусаф поднесе оставка како лидер на про-независната СНП, откако не успеа да обезбеди доволно поддршка за да преживее гласање за доверба.

The post Свини верува во независност на Шкотска во следните пет години appeared first on Република.

]]>
Шкотска ќе претане да им плаќа сместување на украинските бегалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shkotska-ke-pretane-da-im-plaka-smestuvane-na-ukrainskite-begaltsi/ Sun, 07 Jan 2024 17:19:17 +0000 https://republika.mk/?p=730534

Шкотската влада ќе престане да им плаќа станови и сместување на украинските бегалци, пишува „Дејли рекорд“.

Одлуката на шкотската влада ја поттикнаа градоначалниците, кои цврсто застанаа зад ставот дека ќе престанат да ги субвенционираат хотелите во кои живеат украинските бегалци.

Минатата година локалните власти добија 10 милиони фунти за покривање на трошоците за сместување на бегалците од Украина, но овие средства повеќе нема да бидат достапни.

The post Шкотска ќе претане да им плаќа сместување на украинските бегалци appeared first on Република.

]]>

Шкотската влада ќе престане да им плаќа станови и сместување на украинските бегалци, пишува „Дејли рекорд“. Одлуката на шкотската влада ја поттикнаа градоначалниците, кои цврсто застанаа зад ставот дека ќе престанат да ги субвенционираат хотелите во кои живеат украинските бегалци. Минатата година локалните власти добија 10 милиони фунти за покривање на трошоците за сместување на бегалците од Украина, но овие средства повеќе нема да бидат достапни.

The post Шкотска ќе претане да им плаќа сместување на украинските бегалци appeared first on Република.

]]>
ВАР технологијата доаѓа и во шкотскиот фудбал https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/var-tehnologijata-doagja-i-vo-shkotskiot-fudbal/ Fri, 14 Oct 2022 08:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=560915

Од идната недела и во шкотскиот фудбал ќе почне да се применува ВАР технологијата, објави Фудбалската федерација на Шкотска (СФА).

На сите 12 стадиони во шкотската Премиерлига е инсталирана ВАР технологија, а првиот натпревар на која ќе биде користена ќе биде дуелот меѓу Хибернијан и Сент Џонсон на 21 овој месец.

Покрај премиерлигашките натпревари, ВАР ќе се користи и во полуфиналните и финалните натпревари во шкотскиот Куп и Лига купот.

Речиси три години работевме да дојдеме до оваа фаза. Технологијата ја тестиравме на сите стадиони и целосно сме подготвени - изјави шефот на судиската организација во СФА, Крафорд Елан.

The post ВАР технологијата доаѓа и во шкотскиот фудбал appeared first on Република.

]]>

Од идната недела и во шкотскиот фудбал ќе почне да се применува ВАР технологијата, објави Фудбалската федерација на Шкотска (СФА). На сите 12 стадиони во шкотската Премиерлига е инсталирана ВАР технологија, а првиот натпревар на која ќе биде користена ќе биде дуелот меѓу Хибернијан и Сент Џонсон на 21 овој месец. Покрај премиерлигашките натпревари, ВАР ќе се користи и во полуфиналните и финалните натпревари во шкотскиот Куп и Лига купот.
Речиси три години работевме да дојдеме до оваа фаза. Технологијата ја тестиравме на сите стадиони и целосно сме подготвени - изјави шефот на судиската организација во СФА, Крафорд Елан.

The post ВАР технологијата доаѓа и во шкотскиот фудбал appeared first on Република.

]]>
Газдите на станови во Шкотска добија забрана да ги креваат кириите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gazdite-na-stanovi-vo-shkotska-dobija-zabrana-da-gi-krevaat-kiriite/ Tue, 06 Sep 2022 21:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=548104

Првата министерка на Шкотска, Никола Старџен, објави дека се замрзнуваат кириите во јавните и приватните имоти, како и дека им се забранува на газдите на становите да ги иселуваат станарите во зимскиот период. Ова е дел од пакетот мерки фокусирани на кризата со трошоците на животот, пренесува „Гардијан“.

Опишувајќи ги притисоците врз буџетите на домаќинствата како „вонредна хуманитарна состојба“, првата министерка на Шкотска ја претстави годишната програма на Владата за време на првиот состанок на парламентот по летните одмори.

Законот за заштита на станарите во приватните и изнајмените домови доаѓа само неколку месеци откако сличен предлог дадоа и шкотските лабуристи, кои бараа замрзнување на плаќањето кирија на две години.

Старџен, исто така, најави зголемување на детската исплата – што таа ја нарече „најамбициозна мерка за намалување на детската сиромаштија во Британинја“ – од 20 фунти на 25 фунти неделно за секое работоспособно дете.

Но, таа, исто така, предупреди на „тешките денови“ објавувајќи ги зголемените ограничувања на буџетот на Шкотска, опишувајќи ги овластувањата на Владата за даноците и задолжувањето како „ужасно несоодветни“ и предупредувајќи дека „не можеме да направиме се што, во понормални времиња, би сакале да направиме“.

The post Газдите на станови во Шкотска добија забрана да ги креваат кириите appeared first on Република.

]]>

Првата министерка на Шкотска, Никола Старџен, објави дека се замрзнуваат кириите во јавните и приватните имоти, како и дека им се забранува на газдите на становите да ги иселуваат станарите во зимскиот период. Ова е дел од пакетот мерки фокусирани на кризата со трошоците на животот, пренесува „Гардијан“. Опишувајќи ги притисоците врз буџетите на домаќинствата како „вонредна хуманитарна состојба“, првата министерка на Шкотска ја претстави годишната програма на Владата за време на првиот состанок на парламентот по летните одмори. Законот за заштита на станарите во приватните и изнајмените домови доаѓа само неколку месеци откако сличен предлог дадоа и шкотските лабуристи, кои бараа замрзнување на плаќањето кирија на две години. Старџен, исто така, најави зголемување на детската исплата – што таа ја нарече „најамбициозна мерка за намалување на детската сиромаштија во Британинја“ – од 20 фунти на 25 фунти неделно за секое работоспособно дете. Но, таа, исто така, предупреди на „тешките денови“ објавувајќи ги зголемените ограничувања на буџетот на Шкотска, опишувајќи ги овластувањата на Владата за даноците и задолжувањето како „ужасно несоодветни“ и предупредувајќи дека „не можеме да направиме се што, во понормални времиња, би сакале да направиме“.

The post Газдите на станови во Шкотска добија забрана да ги креваат кириите appeared first on Република.

]]>
Шкотска поделена околу нов референдум за независност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shkotska-podelena-okolu-nov-referendum-za-nezavisnost/ Sun, 03 Jul 2022 07:34:44 +0000 https://republika.mk/?p=522934

Според резултатите од најновата анкета на јавното мислење, шкотските гласачи се поделени околу тоа дали треба да се одржи нов (втор) референдум за независност на Шкотска во октомври 2023 година.

Истражувањето, спроведено од агенцијата „Панелбејс“ (Panelbase) за весникот „Сандеј Тајмс“, покажуваа дека 44 отсто од гласачите се против одржување референдум, додека 43 отсто биле за негово спроведување.

Анкетата е спроведена со 1.010 гласачи, а еден од 10 испитаници ниту го поддржува ниту се противи на гласањето, додека три отсто од нив не знаат за што се.

Шкотската премиерка, Никола Старџен, неделава изјави дека шкотскиот Парламент ќе донесе одлука за одржување референдум за независност од Обединетото Кралство што е планиран за 19 октомври 2023 година.

Приближно 48 отсто од испитаниците во истражувањето потврдиле дека ќе ги поддржат напорите на Шкотска, но 47 отсто од нив одговориле дека ќе го поддржат останувањето на земјата во Обединетото Кралство. Последните пет проценти се неопределени и не знаат на чие конто ќе заврши нивниот глас.

Британската Владата досега одбиваше да даде согласност за одржување референдум за независност, со образложение дека референдумот одржан во 2014 година беше настан што се случува „еднаш во генерација“.

Но, Старџен порача дека ќе се обрати до Врховниот суд на Обединетото Кралство за да ја утврди законитоста на одржување нов референдум, без согласноста на Вестминстер. Доколку ова биде отфрлено, шкотската Влада соопшти дека следните општи избори во Вестминстер ќе бидат „де факто референдум“ за иднината на Шкотска во рамките на Унијата.

Повеќето испитаници веруваат дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе продолжи да ја отфрла идејата за референдум.

Исто така, половина од анкетираните веруваат дека Врховниот суд ќе пресуди дека Холируд (Holyrood) нема овластувања легално да одржува референдум без согласност на британската Влада, додека третина од нив веруваат дека судиите ќе донесат одлука во корист на шкотската Влада.

Доколку референдумот не се одржи следната година, а Шкотската национална партија (СНП) излезе на изборите во Вестминстер, кои треба да се одржат во 2024 година, истражувањата покажуваат дека партијата на Никол Старџен би можела да освои 47 отсто од гласовите.

The post Шкотска поделена околу нов референдум за независност appeared first on Република.

]]>

Според резултатите од најновата анкета на јавното мислење, шкотските гласачи се поделени околу тоа дали треба да се одржи нов (втор) референдум за независност на Шкотска во октомври 2023 година. Истражувањето, спроведено од агенцијата „Панелбејс“ (Panelbase) за весникот „Сандеј Тајмс“, покажуваа дека 44 отсто од гласачите се против одржување референдум, додека 43 отсто биле за негово спроведување. Анкетата е спроведена со 1.010 гласачи, а еден од 10 испитаници ниту го поддржува ниту се противи на гласањето, додека три отсто од нив не знаат за што се. Шкотската премиерка, Никола Старџен, неделава изјави дека шкотскиот Парламент ќе донесе одлука за одржување референдум за независност од Обединетото Кралство што е планиран за 19 октомври 2023 година. Приближно 48 отсто од испитаниците во истражувањето потврдиле дека ќе ги поддржат напорите на Шкотска, но 47 отсто од нив одговориле дека ќе го поддржат останувањето на земјата во Обединетото Кралство. Последните пет проценти се неопределени и не знаат на чие конто ќе заврши нивниот глас. Британската Владата досега одбиваше да даде согласност за одржување референдум за независност, со образложение дека референдумот одржан во 2014 година беше настан што се случува „еднаш во генерација“. Но, Старџен порача дека ќе се обрати до Врховниот суд на Обединетото Кралство за да ја утврди законитоста на одржување нов референдум, без согласноста на Вестминстер. Доколку ова биде отфрлено, шкотската Влада соопшти дека следните општи избори во Вестминстер ќе бидат „де факто референдум“ за иднината на Шкотска во рамките на Унијата. Повеќето испитаници веруваат дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе продолжи да ја отфрла идејата за референдум. Исто така, половина од анкетираните веруваат дека Врховниот суд ќе пресуди дека Холируд (Holyrood) нема овластувања легално да одржува референдум без согласност на британската Влада, додека третина од нив веруваат дека судиите ќе донесат одлука во корист на шкотската Влада. Доколку референдумот не се одржи следната година, а Шкотската национална партија (СНП) излезе на изборите во Вестминстер, кои треба да се одржат во 2024 година, истражувањата покажуваат дека партијата на Никол Старџен би можела да освои 47 отсто од гласовите.

The post Шкотска поделена околу нов референдум за независност appeared first on Република.

]]>