Школка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shkolka/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 08:27:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Школка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shkolka/ 32 32 „Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка денеска во Градски парк, на „Школка“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/rozov-piknik-za-podigane-na-svesta-za-borbata-protiv-rakot-na-dojka-deneska-vo-gradski-park-na-shkolka/ Sat, 05 Oct 2024 07:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=822921

Во Градски парк, на „Школка“ денеска ќе се одржи „Розов пикник“ посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка, во организација на Здружението „Езра“.

Според организаторите, на настанот ќе се обрати министерот за здравство, Арбен Таравари, како и актерката Весна Бејби Петрушевска.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе има бројни активности, како пилатес час, бесплатни медицински консултации, лотарија и богата музичка програма, а целта, според нив, е да се даде значајна поддршка на пациентите, нивните семејства и пријателите.

-Здружението ЕЗРА активно работи на подобрување на здравствената заштита и обезбедување на поддршка за пациентите. Нашата хумана мисија е водена од личните приказни, кои нè поттикнуваат да бидеме гласни за правата на пациентите и да им помогнеме да не се чувствуваат сами во оваа тешка борба. Ова е повик да застанеме заедно, да го поддржиме животот, да бидеме силен глас за сите оние кои сега се соочуваат со оваа болест и да им помогнеме нивната приказна да успее, стои во соопштението на здружението.

The post „Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка денеска во Градски парк, на „Школка“ appeared first on Република.

]]>

Во Градски парк, на „Школка“ денеска ќе се одржи „Розов пикник“ посветен на подигање на свеста за борбата против ракот на дојка, во организација на Здружението „Езра“. Според организаторите, на настанот ќе се обрати министерот за здравство, Арбен Таравари, како и актерката Весна Бејби Петрушевска. Организаторите најавуваат дека на настанот ќе има бројни активности, како пилатес час, бесплатни медицински консултации, лотарија и богата музичка програма, а целта, според нив, е да се даде значајна поддршка на пациентите, нивните семејства и пријателите. -Здружението ЕЗРА активно работи на подобрување на здравствената заштита и обезбедување на поддршка за пациентите. Нашата хумана мисија е водена од личните приказни, кои нè поттикнуваат да бидеме гласни за правата на пациентите и да им помогнеме да не се чувствуваат сами во оваа тешка борба. Ова е повик да застанеме заедно, да го поддржиме животот, да бидеме силен глас за сите оние кои сега се соочуваат со оваа болест и да им помогнеме нивната приказна да успее, стои во соопштението на здружението.

The post „Розов пикник“ за подигање на свеста за борбата против ракот на дојка денеска во Градски парк, на „Школка“ appeared first on Република.

]]>
„Skopje Creative Fest“ утре на Школка во Градскиот парк во Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/skopje-creative-fest-utre-na-shkolka-vo-gradskiot-park-vo-skopje/ Fri, 16 Aug 2024 12:57:10 +0000 https://republika.mk/?p=807097

Во градскиот парк во Скопје на 17 август ќе се одржи „Skopje Creative Fest“, во кој ќе учествуваат млади поединци во различни уметнички дисциплини, вклучувајќи пеење, танцување, стенд-ап комедија, цртање, поезија и правење филмови.

Надоврзувајќи се на успехот на минатогодишниот мини-фестивал, „Skopje Creative Fest“ ја продолжува својата мисија да обезбеди платформа за сите млади да ги пренесат своите вештини. Фестивалот е дизајниран да создаде средина каде што креативноста нема граници, поттикнувајќи можности за поврзување на младите уметници, каде тие ќе можат да се сретнат и да соработуваат со истомисленици и потенцијални идни партнери, соопштија организаторите.

Потенцираат дека волонтерството е основна вредност на „Skopje Creative Fest“. Како што појаснуваат, фестивалот е создаден на волонтерска основа, охрабрувајќи ги заинтересираните млади да учествуваат во организирањето на настанот. Оваа вклученост обезбедува драгоцено искуство и можност за поврзување со други кои споделуваат слични интереси, дури и ако тие самите не ја прикажуваат уметноста.

Инспирирани од уметничките искуства во САД, организаторите имаат за цел да создадат слична атмосфера во локалната заедница. Нивната цел е да соберат што е можно повеќе уметнички и невладини организации за да соработуваат и да бидат дел од публиката. Со комбинирање на организациска експертиза, креативна визија и стратешки партнерства, „Skopje Creative Fest“ се стреми да остави трајно влијание врз локалната заедница и да поттикне обновена благодарност за неограничениот дух на креативност, потенцираат во соопштението.

The post „Skopje Creative Fest“ утре на Школка во Градскиот парк во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во градскиот парк во Скопје на 17 август ќе се одржи „Skopje Creative Fest“, во кој ќе учествуваат млади поединци во различни уметнички дисциплини, вклучувајќи пеење, танцување, стенд-ап комедија, цртање, поезија и правење филмови. Надоврзувајќи се на успехот на минатогодишниот мини-фестивал, „Skopje Creative Fest“ ја продолжува својата мисија да обезбеди платформа за сите млади да ги пренесат своите вештини. Фестивалот е дизајниран да создаде средина каде што креативноста нема граници, поттикнувајќи можности за поврзување на младите уметници, каде тие ќе можат да се сретнат и да соработуваат со истомисленици и потенцијални идни партнери, соопштија организаторите. Потенцираат дека волонтерството е основна вредност на „Skopje Creative Fest“. Како што појаснуваат, фестивалот е создаден на волонтерска основа, охрабрувајќи ги заинтересираните млади да учествуваат во организирањето на настанот. Оваа вклученост обезбедува драгоцено искуство и можност за поврзување со други кои споделуваат слични интереси, дури и ако тие самите не ја прикажуваат уметноста. Инспирирани од уметничките искуства во САД, организаторите имаат за цел да создадат слична атмосфера во локалната заедница. Нивната цел е да соберат што е можно повеќе уметнички и невладини организации за да соработуваат и да бидат дел од публиката. Со комбинирање на организациска експертиза, креативна визија и стратешки партнерства, „Skopje Creative Fest“ се стреми да остави трајно влијание врз локалната заедница и да поттикне обновена благодарност за неограничениот дух на креативност, потенцираат во соопштението.

The post „Skopje Creative Fest“ утре на Школка во Градскиот парк во Скопје appeared first on Република.

]]>
Концерт на Дино Имери на Школка во Градски парк по повод Денот на Уставот на Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-dino-imeri-na-shkolka-vo-gradski-park-po-povod-denot-na-ustavot-na-polska/ Fri, 03 May 2024 16:08:25 +0000 https://republika.mk/?p=773871

Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, во сабота на 11 мај, со почеток во 12 часот во Градскиот парк, на „Школка“, ќе биде организатор на концертот на македонскиот пијанист Дино Имери кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен.

„Волшебникот на пијаното“, Дино Имери, ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, Grand Valse Brillante оп.34 бр.1, во As-dur, Валцер оп.64 бр.2, во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1, во Des-dur -„Минутен“, Ноктурно оп.20, во cis-moll, Скерцо бр.2 оп.31, во b-moll, Мазурка оп.17 бр.4, во a-moll и Полонеза оп.53, во As-dur – „Херојска“.

Станува збор за навистина редок настан, затоа што класичната музика не се изведува често на отворено.

Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти. Целта е постојано да живее творештвото на овој музички гениј кој светот го направи подобро место за живеење“, велат од Амбасадата на Република Полска.

 

The post Концерт на Дино Имери на Школка во Градски парк по повод Денот на Уставот на Полска appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Република Полска, по повод Денот на Уставот, во сабота на 11 мај, со почеток во 12 часот во Градскиот парк, на „Школка“, ќе биде организатор на концертот на македонскиот пијанист Дино Имери кој ќе изведе дела од големиот романтичар, полскиот композитор Фредерик Шопен. „Волшебникот на пијаното“, Дино Имери, ќе ги изведе најпознатите пиеси за пијано од еден од најголемите композитори на сите времиња: Балада бр.1 оп.23, во g-moll, Grand Valse Brillante оп.34 бр.1, во As-dur, Валцер оп.64 бр.2, во cis-moll, Валцер оп.64 бр.1, во Des-dur -„Минутен“, Ноктурно оп.20, во cis-moll, Скерцо бр.2 оп.31, во b-moll, Мазурка оп.17 бр.4, во a-moll и Полонеза оп.53, во As-dur – „Херојска“. Станува збор за навистина редок настан, затоа што класичната музика не се изведува често на отворено.
Идејата е и Скопје да се придружи на традицијата на реализирање на концерти на отворено какви што се случуваат во Полска, близу Варшава, токму кај споменикот на Шопен и неговото родно место, од страна на врвни, светски пијанисти. Целта е постојано да живее творештвото на овој музички гениј кој светот го направи подобро место за живеење“, велат од Амбасадата на Република Полска.
 

The post Концерт на Дино Имери на Школка во Градски парк по повод Денот на Уставот на Полска appeared first on Република.

]]>
Играме заедно различни, а исти: На Школка се одржа настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/igrame-zaedno-razlichni-a-isti-na-shkolka-se-odrza-nastan-za-zgolemuvanje-na-svesnosta-za-licata-so-atipichen-razvoj/ Sun, 25 Sep 2022 11:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=554046

Денеска во Градскиот парк на Школка се одржа настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на „Играме заедно“ – Аутизам ААМК и Колектив Ветерница.

По трет пат се одржа една голема игротека со многу разновидни активности, забавни, тактилни игри, со музичка и ликовна работилница.

Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, да пеат, да другаруваат. И тие сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Но најважното од се` - сакаат да бидат заедно со другите деца. Сакаат да растат заедно.

Преку игра да им покажеме на семејствата со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови коишто се резултат само на страв од непознатото и да се обидат да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата болест или состојба, да најдат начин на којшто би им помогнале. Но за да е возможно сето тоа, пред се' овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се.

По овој прв, но голем чекор, на сите семејства ќе им биде многу полесно, затоа што заедно ќе се движиме низ секојдневието и ќе градиме здраво инклузивно општество.

А децата... децата за разлика од нас големите, гледаат со срцето и со душата, тие гледаат само деца си некаква различност, но и многу слични, затоа што и едните и другите сакаат прошетки, сакаат родендени, сакаат кино и слаткарници. Сите сакаат да Растат и да Играат заедно.

Дојдете на Школка и заедно да кажеме гласно – СИТЕ СМЕ ЗАЕДНО, СИТЕ

СМЕ ИСТИ НА РАЗЛИЧЕН НАЧИН!

The post Играме заедно различни, а исти: На Школка се одржа настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој appeared first on Република.

]]>

Денеска во Градскиот парк на Школка се одржа настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој како и за нивно прифаќање, почитување и инклузија во општеството, во организација на „Играме заедно“ – Аутизам ААМК и Колектив Ветерница. По трет пат се одржа една голема игротека со многу разновидни активности, забавни, тактилни игри, со музичка и ликовна работилница.
Она што сакаме да докажеме и покажеме, како и секогаш на нашите дружби, е тоа дека и децата со атипичен развој сакаат да играат, да се смеат, да пеат, да другаруваат. И тие сакаат да бидат поканети на родендени, но и другите деца да доаѓаат на нивните. Но најважното од се` - сакаат да бидат заедно со другите деца. Сакаат да растат заедно. Преку игра да им покажеме на семејствата со типичен развој дека треба да ги надминат своите стравови коишто се резултат само на страв од непознатото и да се обидат да се запознаат со атипичните лица и со нивните семејства, да дознаат за самата болест или состојба, да најдат начин на којшто би им помогнале. Но за да е возможно сето тоа, пред се' овие лица треба да бидат прифатени токму онакви какви што се. По овој прв, но голем чекор, на сите семејства ќе им биде многу полесно, затоа што заедно ќе се движиме низ секојдневието и ќе градиме здраво инклузивно општество. А децата... децата за разлика од нас големите, гледаат со срцето и со душата, тие гледаат само деца си некаква различност, но и многу слични, затоа што и едните и другите сакаат прошетки, сакаат родендени, сакаат кино и слаткарници. Сите сакаат да Растат и да Играат заедно. Дојдете на Школка и заедно да кажеме гласно – СИТЕ СМЕ ЗАЕДНО, СИТЕ СМЕ ИСТИ НА РАЗЛИЧЕН НАЧИН!

The post Играме заедно различни, а исти: На Школка се одржа настан за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој appeared first on Република.

]]>
„Скопски градски фестивал VOL. 3“ на „Школка“ во градски парк https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/skopski-gradski-festival-vol-3-na-shkolka-vo-gradski-park/ Mon, 02 May 2022 13:47:53 +0000 https://republika.mk/?p=496384

Третото издание на „Скопски градски фестивал“ ќе се одржи на „Школка“ во скопскиот градски парк, започнувајќи на 6 мај.

На фестивалот со почеток во 20 часот ќе настапи македонскиот музичар Мухамед Ибрахими – гитарист во чиј музички стил и израз доминираат рок, блуз и амбиент звуци, со корени во балканскиот и ориенталниот фолклор.

Преку својот настап на СГФ, ќе биде промовиран новиот албум на македонскиот рок состав „Code 369“, насловен „Стадиуми на љубовта“.

На скопскиот фестивал ќе настапи и белградскиот ар’ен’би состав „Texas Flood“, предводен од Ненад Златановиќ (Mr. Swagger).

„Златановиќ“ настапувал со светски музичари меѓу кои Lance Lopez, Lucky Peterson, Anа Popović, Enrico Crivellar, Ian Siegal, Matt Schofield, Alex Shultz, Big Daddy Wilson и Alto Reed“, велат организаторите „Баги комуникации“.

Концертите на 6 мај на Школка ќе бидат бесплатни за публиката.

Скопски Градски Фестивал е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.

The post „Скопски градски фестивал VOL. 3“ на „Школка“ во градски парк appeared first on Република.

]]>

Третото издание на „Скопски градски фестивал“ ќе се одржи на „Школка“ во скопскиот градски парк, започнувајќи на 6 мај. На фестивалот со почеток во 20 часот ќе настапи македонскиот музичар Мухамед Ибрахими – гитарист во чиј музички стил и израз доминираат рок, блуз и амбиент звуци, со корени во балканскиот и ориенталниот фолклор. Преку својот настап на СГФ, ќе биде промовиран новиот албум на македонскиот рок состав „Code 369“, насловен „Стадиуми на љубовта“. На скопскиот фестивал ќе настапи и белградскиот ар’ен’би состав „Texas Flood“, предводен од Ненад Златановиќ (Mr. Swagger). „Златановиќ“ настапувал со светски музичари меѓу кои Lance Lopez, Lucky Peterson, Anа Popović, Enrico Crivellar, Ian Siegal, Matt Schofield, Alex Shultz, Big Daddy Wilson и Alto Reed“, велат организаторите „Баги комуникации“. Концертите на 6 мај на Школка ќе бидат бесплатни за публиката. Скопски Градски Фестивал е поддржан од Министерство за култура и Град Скопје.

The post „Скопски градски фестивал VOL. 3“ на „Школка“ во градски парк appeared first on Република.

]]>