школи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shkoli/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Dec 2023 12:02:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png школи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shkoli/ 32 32 Во Грција ќе се отвараат непрофитни и недржавни високообразовни институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-grtsija-ke-se-otvaraat-neprofitni-i-nedrzhavni-visokoobrazovni-institutsii/ Wed, 20 Dec 2023 12:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=724879

Создаваме рамка за конечно во Грција да функционираат непрофитни, недржавни високообразовни институции, соопшти грчкиот премиер Киракос Мицотакис на денешната владина седница, коментирајќи дека станува збор за историска реформа во образованието, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис истакна дека конкретниот предлог-закон на Министерството за образование „дава можност земјата да стане центар за привлекување студенти од странство“, а во исто време придонесува оние над 40.000 млади кои секоја година бараат студии во странство, сега да останат во Грција.

Посочи дека приоритет на Владата секако остануваат државните универзитети, кои во иднина ќе бидат зајакнати

Во исто време кога јавното високо образование се ослободува од бирократијата, недржавните универзитети во суштина доаѓаат да ја исправат историската образовна грешка. И тоа е затоа што остануваме една од ретките земји на планетата кои продолжуваат да креваат такви ѕидови во образованието. Недржавните, непрофитни институции ќе можат да работат како претставништва на странски универзитети, од кои, морам да ви кажам дека веќе има голем интерес, додека нивните студиски програми ќе се одобруваат врз основа на строги академски критериуми и нивните објектите, исто така, ќе мора да се усогласат со многу специфични, строги услови - објасни Мицотакис.

The post Во Грција ќе се отвараат непрофитни и недржавни високообразовни институции appeared first on Република.

]]>

Создаваме рамка за конечно во Грција да функционираат непрофитни, недржавни високообразовни институции, соопшти грчкиот премиер Киракос Мицотакис на денешната владина седница, коментирајќи дека станува збор за историска реформа во образованието, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис истакна дека конкретниот предлог-закон на Министерството за образование „дава можност земјата да стане центар за привлекување студенти од странство“, а во исто време придонесува оние над 40.000 млади кои секоја година бараат студии во странство, сега да останат во Грција. Посочи дека приоритет на Владата секако остануваат државните универзитети, кои во иднина ќе бидат зајакнати
Во исто време кога јавното високо образование се ослободува од бирократијата, недржавните универзитети во суштина доаѓаат да ја исправат историската образовна грешка. И тоа е затоа што остануваме една од ретките земји на планетата кои продолжуваат да креваат такви ѕидови во образованието. Недржавните, непрофитни институции ќе можат да работат како претставништва на странски универзитети, од кои, морам да ви кажам дека веќе има голем интерес, додека нивните студиски програми ќе се одобруваат врз основа на строги академски критериуми и нивните објектите, исто така, ќе мора да се усогласат со многу специфични, строги услови - објасни Мицотакис.

The post Во Грција ќе се отвараат непрофитни и недржавни високообразовни институции appeared first on Република.

]]>
Им воведоа задолжително сексуално образование, тие ги запалија школите: Белгија во хаос https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/im-vovedoa-zadolzhitelno-seksualno-obrazovanie-tie-gi-zapalija-shkolite-belgija-vo-haos/ Thu, 14 Sep 2023 18:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=682015

Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска изјави дека е „длабоко шокиран“ од серијата подметнати пожари во училиштата поврзани со протестите против задолжителните часови за сексуално образование.

Нашите училишта мора да бидат безбедно место за сите наши деца, рече Де Кро во видеото објавено на Фејсбук.

„Пристапот до сексуалното образование не може да се доведе во прашање. Тоа ги прави нашите деца еластични и е основа за добро сексуално здравје“, додаде тој.

Претходно овој месец, Парламентот за белгиските региони каде што се зборува француски усвои предлог двочасовните курсеви за сексуално образование да бидат задолжителни за учениците на возраст од околу 11 и 15 години, пишува новинската агенција Белга.

Четири училишта беа запалени во вторникот вечерта, а обвинителите ги поврзаа инцидентите со протестите, бидејќи на местата беа пронајдени графити со слогани против реформите, објави Белга.

Петтото училиште изгоре во средата навечер, но не беа пронајдени графити поврзани со протестите, соопштија обвинителите.

Протестите се поттикнати од дезинформации кои кружат на социјалните мрежи, вклучително и неосновани тврдења дека учениците ќе научат како да мастурбираат на новите курсеви, објави белгискиот јавен сервис РТБФ.

The post Им воведоа задолжително сексуално образование, тие ги запалија школите: Белгија во хаос appeared first on Република.

]]>

Белгискиот премиер Александар Де Кро денеска изјави дека е „длабоко шокиран“ од серијата подметнати пожари во училиштата поврзани со протестите против задолжителните часови за сексуално образование. Нашите училишта мора да бидат безбедно место за сите наши деца, рече Де Кро во видеото објавено на Фејсбук. „Пристапот до сексуалното образование не може да се доведе во прашање. Тоа ги прави нашите деца еластични и е основа за добро сексуално здравје“, додаде тој. Претходно овој месец, Парламентот за белгиските региони каде што се зборува француски усвои предлог двочасовните курсеви за сексуално образование да бидат задолжителни за учениците на возраст од околу 11 и 15 години, пишува новинската агенција Белга. Четири училишта беа запалени во вторникот вечерта, а обвинителите ги поврзаа инцидентите со протестите, бидејќи на местата беа пронајдени графити со слогани против реформите, објави Белга. Петтото училиште изгоре во средата навечер, но не беа пронајдени графити поврзани со протестите, соопштија обвинителите. Протестите се поттикнати од дезинформации кои кружат на социјалните мрежи, вклучително и неосновани тврдења дека учениците ќе научат како да мастурбираат на новите курсеви, објави белгискиот јавен сервис РТБФ.

The post Им воведоа задолжително сексуално образование, тие ги запалија школите: Белгија во хаос appeared first on Република.

]]>
Се бара чаре за школите и болниците да плаќаат поевтина струја, вели Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/se-bara-chare-za-shkolite-i-bolnicite-da-plakjaat-poevtina-struja-veli-kovachevski/ Sat, 15 Oct 2022 12:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=561447

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека е можно да се најде решение за вклучувањето на сите училишта на регулираниот пазар на електрична енергија и за вклучување на институциите од здравствениот сектор кај ЕСМ снабдување и оти тоа нема во голем дел да влијае на зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар.

Таа мерка не е предложена еднострано. Знаете дека имаше седница на Економскиот совет во проширен состав на која покрај владините министри од економските ресори присуствуваа и сите директори на државни претпријатија од енергетскиот сектор, претставници наголеми приватни компании од енергетскиот сектор, стопански комори, академската заедница, РКЕ… и тогаш кажавме дека Министерството за економија заедно со АД ЕСМ треба да направат детална анализа во однос на вклчувањето на сите училишта на регулираниот пазар, потоа вклучување кај ЕСМ снабдување на институциите од здравствениот сектор со оглед на тоа дека тие плаќаат голем дел од нив на краен снабдувач и треба да се стават на посигурен снабдувач на електрична енергија - изјави денеска премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање по посетата на Општата градска болница во Гостивар.

Тој додаде дека штом ќе бидат усогласени барањата на компанијата, на стопанството, со регулативите за кои е задолжена РКЕ, ќе се излезе со финална солуција како ќе изгледа префрлањето на нови институции на регулираниот пазар.

Нормално дека останува на РКЕ да го разгледа во детали барањето кое што го има не само Владата, туку и другите институции и на крајот да најдеме солуција. Досега се покажа дека со напорна работа, со добра координација помеѓу сите институции може да се изнајде решени како што изнајде решение за субвенционирање на 80 проценти од цената на електрична енергија на граѓаните и на две третини од електричната енергија на регулиранот пазар за малите потрошувачи за 72 илјади компании, сметам дека и за ова ќе се изнајде решение - рече Ковачевски.

Тој потенцира оти цената на струјата ја одредува РКЕ и оти таа зависи од многу фактори, а не само од еден.

Зависи од цената на енергенсите која што гледаме дека расте на светските берзи, зависи од цената на транспортот која што гледаме дека расте на светските берзи, зависи од цената на основните суровини што се користат за одржување на електроенергетските постројки, зависи од цената на гасот, зависи од цената на мазутот, на јагленот итн. Од ова одлука, исто така, може да зависи, меѓутоа префрлањето на основните и на средните училишта на регулираниот пазар има многу помало учество од тоа што го имаат порастот на цените на другите енергенси ако ја погледнете формулата за формирање на цената - рече Ковачевски по посетата на болницата во Гостивар.

Во врска со информациите за заштедата на струја за над 18 проценти од страна на сите институции ви септември годинава споредено со истиот период лани, Ковачевски истакна дека сите министерства имале таква заштеда знаејќи дека ако не го направат тоа ќе имало смена на министрите.

The post Се бара чаре за школите и болниците да плаќаат поевтина струја, вели Ковачевски appeared first on Република.

Дел од школите во Србија ќе преминат на онлајн настава, ама ме поради корона, туку поради дојавите за бомби https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/del-od-shkolite-vo-srbija-kje-preminat-na-onlajn-nastava-ama-me-poradi-korona-tuku-poradi-dojavite-za-bombi/ Tue, 17 May 2022 08:02:14 +0000 https://republika.mk/?p=503219

За да се заврши успешно школската година и да нема прекин на наставата, дел од училиштата во Србија ќе преминат на онлајн настава. Овој пат не поради ковид туку поради дојавите за поставени бомби.

Само вчера имаше дојави за бомби во 97 основни и во неколку средни училишта во Белград поради што наставата таму не се одвиваше. Во најголемиот дел од нив, по проверката, било констатирано дека станува збор за лажни дојави.

Утрово министерот за образование Бранко Ружиќ изјави дека, поради ваквите дојави, моделот на настава ќе се приспособува односно таму каде што ситуацијата е безбедна децата ќе продолжат со настава со физичко присуство, а онаму каде што проверката не е завршена, наставата ќе се одвива на далечина.

Ако биде потребно, како што изјави министерот утрово, ќе се примени онлајн моделот за да се заврши учебната година.

Изминатиот период српските власти секојдневно се соочуваат со низа лажни дојави и за во трговски центри, а само вчера, како што информираа тамошните медиуми, освен за во училиштата, имало дојави имало и за поставени бомби на мостови, зоолошка градина, ресторани, железничка станица.

The post Дел од школите во Србија ќе преминат на онлајн настава, ама ме поради корона, туку поради дојавите за бомби appeared first on Република.

]]>

За да се заврши успешно школската година и да нема прекин на наставата, дел од училиштата во Србија ќе преминат на онлајн настава. Овој пат не поради ковид туку поради дојавите за поставени бомби. Само вчера имаше дојави за бомби во 97 основни и во неколку средни училишта во Белград поради што наставата таму не се одвиваше. Во најголемиот дел од нив, по проверката, било констатирано дека станува збор за лажни дојави. Утрово министерот за образование Бранко Ружиќ изјави дека, поради ваквите дојави, моделот на настава ќе се приспособува односно таму каде што ситуацијата е безбедна децата ќе продолжат со настава со физичко присуство, а онаму каде што проверката не е завршена, наставата ќе се одвива на далечина. Ако биде потребно, како што изјави министерот утрово, ќе се примени онлајн моделот за да се заврши учебната година. Изминатиот период српските власти секојдневно се соочуваат со низа лажни дојави и за во трговски центри, а само вчера, како што информираа тамошните медиуми, освен за во училиштата, имало дојави имало и за поставени бомби на мостови, зоолошка градина, ресторани, железничка станица.

The post Дел од школите во Србија ќе преминат на онлајн настава, ама ме поради корона, туку поради дојавите за бомби appeared first on Република.

]]>