широка влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shiroka-vlada/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Jun 2023 15:32:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png широка влада Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shiroka-vlada/ 32 32 ДС: СДСМ ја компромитира идејата за широка коалициона влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ds-sdsm-ja-kompromitira-idejata-za-shiroka-koalitsiona-vlada/ Sun, 11 Jun 2023 16:43:19 +0000 https://republika.mk/?p=650183

Подолго време Демократскиот сојуз промовира и се залага за формирање на Коалициона Влада, поддржана од сите парламентарни партии, при што ќе се почитува Уставното начело за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, велат од партијата на Павле Трајанов, додавајќи дека мотивот за ваква Влада е да се заштитат стратешките и национални интереси на државата, демократизацијата, владење на правото и унитарниот карактер на државата.

Во оваа насока, велат од ДС, Коалиционата Влада треба да направи темелни реформи и тоа:

Прво, да донесе нов Устав, бидејќи постојниот го гуши демократскиот развој на државата и наместо граѓански концепт воспоставува поделби по етничка основа, партизација и блокада на институциите и владеење на правото.

Второ, длабоки и суштински реформи на правосудниот систем кој е некредибилен, партизиран и корумпиран, без системски решенија за одговорност за тие што ги кршат законите.

Трето, изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал, кој ги разорува институците, создава социјални разлики и го кочи развојот на државата. Во последните 20 години одлеани се над десет милијарди евра во странство од неколку поединци и компании, без да понесат одговорност и имотот да им се конфискува.

Четврто, коренити реформи во јавната администрација, преку намалување на бројот на пратеници (од 120 на 90), намалување на бројот на министерствата (не повеќе од 12), укинување на бројните паралелни институции, како што се агенции, дирекции, регулаторни тела итн.

Петто, создавање услови за младите да имаат можности да отворат бизнис и останат во Македонија.

Во суштина, додаваат од ДС, спроведување на реформи за да се имплементираат стандардите на ЕУ, клучни за подобар живот и благосостојба за сите.

Оваа идеја, СДСМ со наводната понуда за вклучување на опозицијата во Владата, ја злоупотреби и во целост ја искомпромитира. Во суштина се работи за неискрен пристап и класична манипулација, сѐ со цел да ја избегне одговорноста од колапсот на евроинтеграциските процеси и огромното незадоволство на граѓаните од вкупните состојби и обидот за промена на Уставот под диктат на Бугарија, без да се обезбедат реципроцитет и гаранции за македонскиот идентитет, билатералните прашања наметнати од Бугарија да не можат да се користат за нови блокади и целосна имплементација на одлуките на Судот во Стазбур, поврзани со правата на здружување на Македонците во Бугарија. Според информациите и проценките на Демократскиот сојуз, идејата за широка коалициона Влада ќе доживе колапс поради што Владата треба да поднесе оставка и да се одржат предвремени парламентарни избори. Инаку, доколку Димитар Ковачевски имаше сериозен пристап, досега требаше да поднесе оставка и да започне постaпка за избор на нова Влада, велат од ДС.

The post ДС: СДСМ ја компромитира идејата за широка коалициона влада appeared first on Република.

]]>

Подолго време Демократскиот сојуз промовира и се залага за формирање на Коалициона Влада, поддржана од сите парламентарни партии, при што ќе се почитува Уставното начело за соодветна и правична застапеност на сите етнички заедници, велат од партијата на Павле Трајанов, додавајќи дека мотивот за ваква Влада е да се заштитат стратешките и национални интереси на државата, демократизацијата, владење на правото и унитарниот карактер на државата. Во оваа насока, велат од ДС, Коалиционата Влада треба да направи темелни реформи и тоа: Прво, да донесе нов Устав, бидејќи постојниот го гуши демократскиот развој на државата и наместо граѓански концепт воспоставува поделби по етничка основа, партизација и блокада на институциите и владеење на правото. Второ, длабоки и суштински реформи на правосудниот систем кој е некредибилен, партизиран и корумпиран, без системски решенија за одговорност за тие што ги кршат законите. Трето, изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал, кој ги разорува институците, создава социјални разлики и го кочи развојот на државата. Во последните 20 години одлеани се над десет милијарди евра во странство од неколку поединци и компании, без да понесат одговорност и имотот да им се конфискува. Четврто, коренити реформи во јавната администрација, преку намалување на бројот на пратеници (од 120 на 90), намалување на бројот на министерствата (не повеќе од 12), укинување на бројните паралелни институции, како што се агенции, дирекции, регулаторни тела итн. Петто, создавање услови за младите да имаат можности да отворат бизнис и останат во Македонија. Во суштина, додаваат од ДС, спроведување на реформи за да се имплементираат стандардите на ЕУ, клучни за подобар живот и благосостојба за сите.
Оваа идеја, СДСМ со наводната понуда за вклучување на опозицијата во Владата, ја злоупотреби и во целост ја искомпромитира. Во суштина се работи за неискрен пристап и класична манипулација, сѐ со цел да ја избегне одговорноста од колапсот на евроинтеграциските процеси и огромното незадоволство на граѓаните од вкупните состојби и обидот за промена на Уставот под диктат на Бугарија, без да се обезбедат реципроцитет и гаранции за македонскиот идентитет, билатералните прашања наметнати од Бугарија да не можат да се користат за нови блокади и целосна имплементација на одлуките на Судот во Стазбур, поврзани со правата на здружување на Македонците во Бугарија. Според информациите и проценките на Демократскиот сојуз, идејата за широка коалициона Влада ќе доживе колапс поради што Владата треба да поднесе оставка и да се одржат предвремени парламентарни избори. Инаку, доколку Димитар Ковачевски имаше сериозен пристап, досега требаше да поднесе оставка и да започне постaпка за избор на нова Влада, велат од ДС.

The post ДС: СДСМ ја компромитира идејата за широка коалициона влада appeared first on Република.

]]>
Беса нема да влезе во евентуална широка влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/besa-nema-da-vleze-vo-eventualna-shiroka-vlada/ Sun, 11 Jun 2023 13:01:59 +0000 https://republika.mk/?p=650138

Лидерот на Беса, Билал Касами во изјава за порталот на албански јазик „Журнал“ рече дека неговата партија нема да биде дел од евентуална широка влада.

На прашањето дали Беса ќе влезе во широката влада која премиерот Димитар Ковачевски  и ја предложи на ВМРО-ДПМНЕ, Касами вели:

-Не. Движењето Беса ќе влезе во Владата дури по следните парламентарни избори како победник на тие избори во албанскиот политички блок

The post Беса нема да влезе во евентуална широка влада appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Беса, Билал Касами во изјава за порталот на албански јазик „Журнал“ рече дека неговата партија нема да биде дел од евентуална широка влада. На прашањето дали Беса ќе влезе во широката влада која премиерот Димитар Ковачевски  и ја предложи на ВМРО-ДПМНЕ, Касами вели:
-Не. Движењето Беса ќе влезе во Владата дури по следните парламентарни избори како победник на тие избори во албанскиот политички блок

The post Беса нема да влезе во евентуална широка влада appeared first on Република.

]]>
ДУИ полека се спрема за во опозиција-Мицкоски ѝ го покажа патот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-poleka-se-sprema-za-vo-opozitsija-mitskoski-go-pokazha-patot/ Wed, 07 Jun 2023 17:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=648953

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека е дојдено времето ДУИ да замине во опозицијата. Партијата две децении е на власта во Македонија, со исклучок на периодот од 2006 до 2008 година.Што е многу многу е.

Мицкоски предложи да влезе во една широка влада која ќе ги изгласа уставните измени и ќе ја подготви земјата за предвремени избори.

Зачудувачки е што денеска Ковачевски не се изјасни дали поддржува ДУИ да не биде дел од евентуалната влада, туку нагласи дека не може да зборува во туѓо име.

Но, зачудува реакцијата на партијата од Мала Речица дека се подготвени да ја напуштат Владата само да се изгласаат уставните измени. Османи во реакцијата вели „до изборите“, па прашуваме од каде тој знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја земе ДУИ во идната Влада?

ВМРО-ДПМНЕ пак ја поздравува подготвеноста на ДУИ да оди во опозиција и како што велат, останува уште да се согласат на одложена примена на уставните измени откако Македонија ќе влезе во ЕУ.

-Го поздравуваме ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која доаѓа по денешниот настап и притисок на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Останува уште ДУИ освен за опозиција да се согласи за одложена примена на измените се до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет. Сакале неќеле догодина ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни, подвлекуваат од партијата.

The post ДУИ полека се спрема за во опозиција-Мицкоски ѝ го покажа патот appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска најави дека е дојдено времето ДУИ да замине во опозицијата. Партијата две децении е на власта во Македонија, со исклучок на периодот од 2006 до 2008 година.Што е многу многу е. Мицкоски предложи да влезе во една широка влада која ќе ги изгласа уставните измени и ќе ја подготви земјата за предвремени избори. Зачудувачки е што денеска Ковачевски не се изјасни дали поддржува ДУИ да не биде дел од евентуалната влада, туку нагласи дека не може да зборува во туѓо име. Но, зачудува реакцијата на партијата од Мала Речица дека се подготвени да ја напуштат Владата само да се изгласаат уставните измени. Османи во реакцијата вели „до изборите“, па прашуваме од каде тој знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја земе ДУИ во идната Влада? ВМРО-ДПМНЕ пак ја поздравува подготвеноста на ДУИ да оди во опозиција и како што велат, останува уште да се согласат на одложена примена на уставните измени откако Македонија ќе влезе во ЕУ.