широка коалиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shiroka-koalicija/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Jun 2023 09:45:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png широка коалиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shiroka-koalicija/ 32 32 Само Влада без ДУИ е гаранција за заштита од крадење на избори и контрола на процесот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samo-vlada-bez-dui-e-garantsija-za-zashtita-od-kradene-na-izbori-i-kontrola-na-protsesot/ Thu, 08 Jun 2023 09:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=649156

Влада без ДУИ гаранција и за заштита од крадење на избори и контрола на процесот Со години албанските партии се жалат дека ДУИ ги краде изборите користејќи ја власта за разни злоупотреби во изборниот процес како и за уцени и притисоци врз гласачите, две децении не успеаја да ја симнат од власт поради неодлучноста, несплотеноста, несериозноста и желбата да ја искусат власта барем на кратко и според правилата на истиот оној Ахмети кого деноноќно го критикуваат.

Ваквите околности, кои секако дека се должат и на безкарактерната СДСМ која по секоја цена се обидува да остане на власт, без власт,  ѝ овозможија на ДУИ комфорност и терен да игра како сака на политичката сцена во Македонија и да игра „пинг-понг“ и со СДСМ  и со албанските опозициски парти кои ги прима и ги „шутира“ по потреба од Владата.

Нормално , природно, но и повеќе од потребно е ДУИ која веќе пуштила длабоки корени во институциите, а со тоа обезбедува и можност за влијание на изборите, да излезе од влада и за првпат да се обезбеди фер терен за избори за албанските партии, но и за формирање нова влада во која нема да може да ги злоупотребува партиите како што тоа го правеше во изминативе години со СДСМ, која наводно доби мандат за реформи во правниот систем, но постепено, под притисок на бројките се претвори во слуга на интересите на ДУИ и партија со катастрофално низок рејтинг, без никаков капацитет или кредибилитет за спроведување реформи во државата.

Начинот на функционирање на ДУИ станува уште по загрижувачки кога и голем дел високи функционери од истата партија отворено излегуваат и ги обвинуваат своите сопартијци во извршната власт за криминал, а ова е најголем аларм и доказ дека на Демократската унија за интеграција повеќе од потребно е да излезе од власта која ги заслепила актуелните нејзини функционери, да се демократизира, реструктурира и реформира, нешто што би било здраво и за политичката сцена, но и за самта партија.

Со цел да се промени ваквата ситуација и начин на функционирање на државата кој им е преку глава и на Албанците и на Македонците, а очигледно дека ако албанската опозиција биде оставена сама да ја разобличи и да ја испрати ДУИ во опозиција, тешко дека ќе успее во тоа, ВМРО-ДПМНЕ веќе некое време интензивно се впушти во разобличување на функционерите на ДУИ, а вчера Христијан Мицкоски излезе и со конкретен предлог за формирање на широка влада без ДУИ.

„Предложив заедничка влада, без ДУИ, го почнуваме процесот, уставните измени да бидат изгласани, а да важат дури тогаш кога ќе почне ратификацијата на нашето членство во ЕУ, во парламентите на земјите членки. Очигледно е дека сега немаат 80 пратеници за да поминат измените, тогаш логично е да одиме на избори, оти нема ниту една причина зошто оваа Влада да остане на власт“, изјави Мицкоски по лидерската средба со Ковачевски.

Но, она што е најчудно и симптоматично во целата ситуација е тоа што и покрај тоа што ДУИ делумно изрази подготвеност да го прифати ваквиот предлог, Ковачевски категорично го отфрли под претекст дека тоа би донело до дестабилизација на државата, а тука се поставува прашањето дали Ковачевски се плаши за стабилноста во државата или се плаши за личните интереси по растурањето на разиграната шема со ДУИ.

Но, како и да е, предлогот на Христијан Мицкоски по се чини дека доаѓа во вистински момент, затоа што имајќи ги во предвид сите негативни работи поврзани со начинот на функционирање на ДУИ, а со самото тоа и на целата држава, влада  без ДУИ би била гаранција и за заштита на изборниот процес, а после тоа и правилно поставување на работите во Владата која би се формирала после тие избори.

The post Само Влада без ДУИ е гаранција за заштита од крадење на избори и контрола на процесот appeared first on Република.

]]>

Влада без ДУИ гаранција и за заштита од крадење на избори и контрола на процесот Со години албанските партии се жалат дека ДУИ ги краде изборите користејќи ја власта за разни злоупотреби во изборниот процес како и за уцени и притисоци врз гласачите, две децении не успеаја да ја симнат од власт поради неодлучноста, несплотеноста, несериозноста и желбата да ја искусат власта барем на кратко и според правилата на истиот оној Ахмети кого деноноќно го критикуваат. Ваквите околности, кои секако дека се должат и на безкарактерната СДСМ која по секоја цена се обидува да остане на власт, без власт,  ѝ овозможија на ДУИ комфорност и терен да игра како сака на политичката сцена во Македонија и да игра „пинг-понг“ и со СДСМ  и со албанските опозициски парти кои ги прима и ги „шутира“ по потреба од Владата. Нормално , природно, но и повеќе од потребно е ДУИ која веќе пуштила длабоки корени во институциите, а со тоа обезбедува и можност за влијание на изборите, да излезе од влада и за првпат да се обезбеди фер терен за избори за албанските партии, но и за формирање нова влада во која нема да може да ги злоупотребува партиите како што тоа го правеше во изминативе години со СДСМ, која наводно доби мандат за реформи во правниот систем, но постепено, под притисок на бројките се претвори во слуга на интересите на ДУИ и партија со катастрофално низок рејтинг, без никаков капацитет или кредибилитет за спроведување реформи во државата. Начинот на функционирање на ДУИ станува уште по загрижувачки кога и голем дел високи функционери од истата партија отворено излегуваат и ги обвинуваат своите сопартијци во извршната власт за криминал, а ова е најголем аларм и доказ дека на Демократската унија за интеграција повеќе од потребно е да излезе од власта која ги заслепила актуелните нејзини функционери, да се демократизира, реструктурира и реформира, нешто што би било здраво и за политичката сцена, но и за самта партија. Со цел да се промени ваквата ситуација и начин на функционирање на државата кој им е преку глава и на Албанците и на Македонците, а очигледно дека ако албанската опозиција биде оставена сама да ја разобличи и да ја испрати ДУИ во опозиција, тешко дека ќе успее во тоа, ВМРО-ДПМНЕ веќе некое време интензивно се впушти во разобличување на функционерите на ДУИ, а вчера Христијан Мицкоски излезе и со конкретен предлог за формирање на широка влада без ДУИ.
„Предложив заедничка влада, без ДУИ, го почнуваме процесот, уставните измени да бидат изгласани, а да важат дури тогаш кога ќе почне ратификацијата на нашето членство во ЕУ, во парламентите на земјите членки. Очигледно е дека сега немаат 80 пратеници за да поминат измените, тогаш логично е да одиме на избори, оти нема ниту една причина зошто оваа Влада да остане на власт“, изјави Мицкоски по лидерската средба со Ковачевски.
Но, она што е најчудно и симптоматично во целата ситуација е тоа што и покрај тоа што ДУИ делумно изрази подготвеност да го прифати ваквиот предлог, Ковачевски категорично го отфрли под претекст дека тоа би донело до дестабилизација на државата, а тука се поставува прашањето дали Ковачевски се плаши за стабилноста во државата или се плаши за личните интереси по растурањето на разиграната шема со ДУИ. Но, како и да е, предлогот на Христијан Мицкоски по се чини дека доаѓа во вистински момент, затоа што имајќи ги во предвид сите негативни работи поврзани со начинот на функционирање на ДУИ, а со самото тоа и на целата држава, влада  без ДУИ би била гаранција и за заштита на изборниот процес, а после тоа и правилно поставување на работите во Владата која би се формирала после тие избори.

The post Само Влада без ДУИ е гаранција за заштита од крадење на избори и контрола на процесот appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Владата е стабилна, нема потреба од широка коалиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vladata-e-stabilna-nema-potreba-od-shiroka-koalicija/ Fri, 07 Oct 2022 20:48:43 +0000 https://republika.mk/?p=558599

Владата е стабилна и парламентарното мнозинство овозможува нејзино непречено функционирање и покрај случувањата во ДУИ. Имам редовни состаноци со Али Ахмети, но не можам да се мешам во нивните внатрепартиски работи, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ21.

Не може да зборува, рече, во име на пратеници на ДУИ, но смета дека од тројца пратеници на оваа партија Владата и натаму ќе има поддршка.

За влез на партијата Алијанса за Албанците во Владата не е разговарано со новиот лидер Арбен Таравари, но рече дека секоја поддршка на европскиот пат на државата и на носење мерки за справување со економската и енергетската криза и со сите предизвици на државата смета дека е поддршка за која треба да се разговара и да се поздрави.

-На последниот настап во Парламентот кажав дека сега е време кога треба да се обединиме зашто имаме пред нас остварување стратешки цели на државата – продолжување на патот кон полноправно членство во Европската Унија и овозможување на најдобар начин да се справиме со енергетската и економската криза во која се наоѓа и државата и  целиот европски континент. Со господинот Таравари се немам видено, но секогаш сум имал контакти со пратениците од партијата Алијанса, рече Ковачевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Тој не смета дека има потреба од формирање широка коалиција во која би била и ВМРО-ДПМНЕ, како во 2001 година, затоа што, рече, не смета дека во моментов државата се наоѓа во политичка или во воена криза.

– Сметам дека Владата има апсолутно капацитет да се справува со сите овие прашања и тоа го потврди од самото нејзино формирање – и оваа влада, и претходната влада на ова парламентарно мнозинство, зашто успешно се справи со корона-кризата, со негативните економски ефекти што ги имаше во тоа време и сметам дека успешно ќе се справиме и сега, но заедно со сите граѓани и со претставниците во Парламентот, истакна Ковачевски.

По загубата на Локалните избори минатата година и падот на рејтингот, СДСМ сега е апсолутно консолидирана, додаде премиерот и лидер на оваа партија, а потврда за тоа, посочи тој, се добрите резултати на партијата со коалицијата на новите избори во Маврово и Ростуше, Тетово и Центар Жупа. 

The post Ковачевски: Владата е стабилна, нема потреба од широка коалиција appeared first on Република.

]]>

Владата е стабилна и парламентарното мнозинство овозможува нејзино непречено функционирање и покрај случувањата во ДУИ. Имам редовни состаноци со Али Ахмети, но не можам да се мешам во нивните внатрепартиски работи, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за ТВ21. Не може да зборува, рече, во име на пратеници на ДУИ, но смета дека од тројца пратеници на оваа партија Владата и натаму ќе има поддршка. За влез на партијата Алијанса за Албанците во Владата не е разговарано со новиот лидер Арбен Таравари, но рече дека секоја поддршка на европскиот пат на државата и на носење мерки за справување со економската и енергетската криза и со сите предизвици на државата смета дека е поддршка за која треба да се разговара и да се поздрави.
-На последниот настап во Парламентот кажав дека сега е време кога треба да се обединиме зашто имаме пред нас остварување стратешки цели на државата – продолжување на патот кон полноправно членство во Европската Унија и овозможување на најдобар начин да се справиме со енергетската и економската криза во која се наоѓа и државата и  целиот европски континент. Со господинот Таравари се немам видено, но секогаш сум имал контакти со пратениците од партијата Алијанса, рече Ковачевски во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Тој не смета дека има потреба од формирање широка коалиција во која би била и ВМРО-ДПМНЕ, како во 2001 година, затоа што, рече, не смета дека во моментов државата се наоѓа во политичка или во воена криза.
– Сметам дека Владата има апсолутно капацитет да се справува со сите овие прашања и тоа го потврди од самото нејзино формирање – и оваа влада, и претходната влада на ова парламентарно мнозинство, зашто успешно се справи со корона-кризата, со негативните економски ефекти што ги имаше во тоа време и сметам дека успешно ќе се справиме и сега, но заедно со сите граѓани и со претставниците во Парламентот, истакна Ковачевски.
По загубата на Локалните избори минатата година и падот на рејтингот, СДСМ сега е апсолутно консолидирана, додаде премиерот и лидер на оваа партија, а потврда за тоа, посочи тој, се добрите резултати на партијата со коалицијата на новите избори во Маврово и Ростуше, Тетово и Центар Жупа. 

The post Ковачевски: Владата е стабилна, нема потреба од широка коалиција appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Нема потреба за формирање широка коалиција и експертска влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-nema-potreba-za-formiranje-shiroka-koalicija-i-ekspertska-vlada/ Tue, 04 Oct 2022 19:43:51 +0000 https://republika.mk/?p=557418

Нема потреба за формирање широка коалиција и експертска влада, бидејќи оваа Влада има политички легимитет и капацитет, и политички, и економски, од секој аспект да се справи со овие предизвици коишто се пред нас, изјави премиерот Димитар Ковачевски, коментирајчи ја изјавата на лидерот на ДС Павле Трајанов дека треба да се размислува за создавање широка коалиција во која ќе бидат вклучени сите политички партии.

Ја видов изјавата на Павле Трајанов. Тој веројатно беше мотивиран од она што јас го кажав во Собранието дека сите политички партии без разлика дали се на власт или се во опозиција треба да дадат свој максимум во оној на справувањето на државата со енергетската и со економската криза во која што се наоѓа целиот континент – рече Ковачевски на прес-конференцијата во Владата по средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека оваа Влада од прв ден работи со предизвици и изрази увереност дека ќе успее да ја преброди и сегашната криза.

Ако се сетиме на 17 јануари кога беше изгласана оваа Влада, истите овие прашања ми ги поставувате, а тоа е дали ќе има затоплување на градот Скопје, бидејќи знаете тогаш на 14 јануари практично Скопје немаше затоплување. И истото се однесуваше на снабдувањето на електрична енергија. Успеавме да пребродиме непречено снабдување со храна, бидејќи нашите соседи имаа воведено е забрани за извоз на храна, а дел од нашите стратешки производи ги снабдуваме од соседството, дел извезуваме во другите соседни земји и преку директни контакти со претседателите на Србија, Албанија и на Грција успеавме да обезбедиме непречен проток на храна. Се беа тоа предизвици со кои успешно се справивме. Се справивме успешно со уште еден пик на корона вирусот. И сметам дека во наредните шест месеци ќе се справиме со енергетската криза којаш што е пред наси – изјави Ковачевски.

The post Ковачевски: Нема потреба за формирање широка коалиција и експертска влада appeared first on Република.

Трајанов: Нема услови за ново мнозинство, да се размислува за широка коалиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/trajanov-nema-uslovi-za-novo-mnozinstvo-da-se-razmisluva-za-shiroka-koalicija/ Tue, 04 Oct 2022 09:12:46 +0000 https://republika.mk/?p=557151

Пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз смета дека во Парламентот нема услови за ново мнозинство, туку дека според него треба да се размислува за широка коалиција во која ќе бидат вклучени сите парламентарни партии. Пратеникот, кој доаѓа од Демократскиот сојуз, се смета за дел од мнозинството, но отворено размислува за други опции.

Mислам дека сега нема услови за ново парламентарно мнозинство, ниту пак некој за тоа веќе разговара. Помина таа тема и сега, можеби, поблиску сме да се отвори прашањето околу тоа дали треба да се организираат предвремени парламентарни избори или, пак, треба да се оди до крај на мандатот. Во една ваква ситуација, моја сугестија е, прво и прво, да се размислува за некоја широка коалиција, во која ќе бидат вклучени сите парламентарни партии и мислам дека на тој начин ќе се вклучат сите можни капацитети во државата за надминување на предизвиците со коишто се соочува сега нашата држава, изјави Трајанов за емисијата „360“ на ТВ Алсат.

Под широкa коалиција, Трајанов вели подразбира во неа да влезат и ВМРО-ДПМНЕ и другите опозициски партии.

Па, мислам дека тоа како тема треба да биде, тоа е една од клучните теми, а втора тема, се разбира, дека треба да биде договор за потреба од одржување на предвремени избори, врзано со промените на Уставот, бидејќи ако секојдневно слушаме – имаме пратеници од опозицијата итн – во парламентарното мнозинство нема единство околу ова прашање, рече тој.

The post Трајанов: Нема услови за ново мнозинство, да се размислува за широка коалиција appeared first on Република.