Широк сокак во бело Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shirok-sokak-vo-belo/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Aug 2024 08:01:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Широк сокак во бело Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shirok-sokak-vo-belo/ 32 32 Широк Сокак викендов повторно во бело: 12 години е симбол на обединување, заедништво и добра забава https://arhiva3.republika.mk/scena/shirok-sokak-vikendov-povtorno-vo-belo-12-godini-e-simbol-na-obedinuvane-zaednishtvo-i-dobra-zabava/ Thu, 22 Aug 2024 07:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=808123

Битола повторно ќе биде во бело со долгочекуваното 12-то издание на „Широк Сокак во бело” кое ќе се одржи во викендот кој доаѓа, на 23 и 24 август.

Оваа година, настанот носи изменет концепт, нови локации и уште повеќе магија за сите посетители.

Белата ноќ на Широк Сокак започнува во петок, на 23 август, на плоштадот Магнолија. Оваа локација ќе биде центарот на збиднувањата, каде што Битола ќе ја прослави својата култура, уметност и традиција под светлината на ѕвездите и сјајот на белата боја. Настанот ќе биде проследен со следната програма и настапите на Емоушн бенд, Никола Зацески, КАМЕРЕН ОРКЕСТАР - MTV hits, Дани, Полина Тасева, Ирена Димовска - Памперс, Елена Васова, Наталија Маневска, Поп рок хор БИТВОКС и ќе финишира со настапот на КУКУ ЛЕЛЕ. 

Во сабота на 24 август се планира за прв пат да се направи и програма за најмладата публика, па така манифестацијата продолжува на платото пред белата зграда на Офицерскиот дом, каде што од 19 до 21 часот ќе се одржи специјална детска програма. Овој дел од настанот е посветен на најмладите, кои ќе можат да учествуваат во разни креативни активности, игри и перформанси, создавајќи незаборавни спомени во знак на белата ноќ. Планиран е детски хепенинг со СИ-ДО ѕвездичките, училиште за кловнови и магионичари, маскоти, музички перформанси на децата од Градинките Мајски цвет & Пролет,  

„Широк Сокак во бело“ веќе 12 години претставува симбол на обединување, заедништво и добра забава, а настанот привлекува илјадници посетители од земјата и странство, кои доаѓаат да го искусат магичниот амбиент на Широк Сокак, обоен во бело.

The post Широк Сокак викендов повторно во бело: 12 години е симбол на обединување, заедништво и добра забава appeared first on Република.

]]>