шипковица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shipkovica/ За подобро да се разбереме Sat, 15 Jul 2023 10:37:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png шипковица Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/shipkovica/ 32 32 JO: Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници https://arhiva3.republika.mk/vesti/jo-izdadeni-naredbi-za-ispituvane-na-nesrekata-vo-shipkovitsa-vo-koja-zaginaa-dvajtsa-rabotnitsi/ Sat, 15 Jul 2023 10:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=661624

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници.

Од ЈО посочуваат дека издадена е наредба за обдукција на телата на починатите.

Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица, соопштуваат од Јавното обвинителство.

The post JO: Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство на Република Македонија соопшти дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово извршил увид на лице место во Шипковица, каде при изградба на потпорен ѕид вчера загинаа двајца работници. Од ЈО посочуваат дека издадена е наредба за обдукција на телата на починатите.
Издадена е наредба за обдукција на телата на починатите, а јавниот обвинител нареди да се обезбеди и целокупната документација од правниот субјект кој ги ангажирал работниците, како и документацијата од општината поврзана со изградбата на ѕидот. На лице место беше повикан и Државниот трудов инспекторат, кој ќе изготви извештај. Во насока на утврдување на причините и проверка на целиот настан, се испитуваат повеќе лица, соопштуваат од Јавното обвинителство.

The post JO: Издадени наредби за испитување на несреќата во Шипковица во која загинаа двајца работници appeared first on Република.

]]>
Османи вечерва во Шипковица: Погледнете каде бевме и каде сме денес, благодарение на политиките на лидерот Али Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vecherva-vo-shipkovitsa-poglednete-kade-bevme-i-kade-sme-denes-blagodarenie-na-politikite-na-liderot-ali-ahmeti/ Wed, 25 Jan 2023 20:49:04 +0000 https://republika.mk/?p=601073

Министерот за надворешни работ  Бујар Османи, во својот говор во рамките на средбите  „Заедно за Европа“ на ДУИ во Шипковица истакна дека Албанците порано оделе во канцелариите на ОБСЕ само да пријават насилството што се вршело врз нив или некоја полициска неправда.

Денес работите се сменија, јас влегов таму како прв на ОБСЕ, како претседавач на ОБСЕ, рече Османи на трибината.

Штотуку се вратив од Украина и таму во овие 11 месеци агресија има многу жртви, меѓу кои и жени и деца. Таму рекоа дека ако Украина влезеше порано во НАТО, немаше да се случи овој конфликт и рекоа - колку имаш среќа што Македонија е дел од НАТО. Овде може да се разбере тежината на важноста да се биде во НАТО, благодарение на политиката на Али Ахмети. Албанците одеа во канцелариите на ОБСЕ само за да пријават насилството врз нив, некоја полициска неправда или нешто слично, додека денес работите се сменија, јас влегов таму како прв на ОБСЕ, како претседавач со ОБСЕ, рече Османи во неговиот говор.

Погледнете каде бевме и каде сме денес, благодарение на политиките на лидерот Али Ахмети, истакна министерот.

Политичарот кој е референца за визија, успех и политика. Некогаш ни требаше институционална застапеност и денес ја имаме, ни требаа универзитети и денес ги имаме, затоа сега мора да се фокусираме на подобар квалитет и стандард на живеење на секој граѓанин, подвлече Османи.

извор: Фактор.мк

The post Османи вечерва во Шипковица: Погледнете каде бевме и каде сме денес, благодарение на политиките на лидерот Али Ахмети appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работ  Бујар Османи, во својот говор во рамките на средбите  „Заедно за Европа“ на ДУИ во Шипковица истакна дека Албанците порано оделе во канцелариите на ОБСЕ само да пријават насилството што се вршело врз нив или некоја полициска неправда. Денес работите се сменија, јас влегов таму како прв на ОБСЕ, како претседавач на ОБСЕ, рече Османи на трибината.
Штотуку се вратив од Украина и таму во овие 11 месеци агресија има многу жртви, меѓу кои и жени и деца. Таму рекоа дека ако Украина влезеше порано во НАТО, немаше да се случи овој конфликт и рекоа - колку имаш среќа што Македонија е дел од НАТО. Овде може да се разбере тежината на важноста да се биде во НАТО, благодарение на политиката на Али Ахмети. Албанците одеа во канцелариите на ОБСЕ само за да пријават насилството врз нив, некоја полициска неправда или нешто слично, додека денес работите се сменија, јас влегов таму како прв на ОБСЕ, како претседавач со ОБСЕ, рече Османи во неговиот говор.
Погледнете каде бевме и каде сме денес, благодарение на политиките на лидерот Али Ахмети, истакна министерот.
Политичарот кој е референца за визија, успех и политика. Некогаш ни требаше институционална застапеност и денес ја имаме, ни требаа универзитети и денес ги имаме, затоа сега мора да се фокусираме на подобар квалитет и стандард на живеење на секој граѓанин, подвлече Османи.
извор: Фактор.мк

The post Османи вечерва во Шипковица: Погледнете каде бевме и каде сме денес, благодарение на политиките на лидерот Али Ахмети appeared first on Република.

]]>
Претрес во тетовска Шипковица, пронајдена поголема количина оружје и муниција, приведено едно лице https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretres-vo-tetovska-shipkovitsa-pronajdena-pogolema-kolichina-oruzhje-i-munitsija-privedeno-edno-litse/ Thu, 19 Jan 2023 20:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=598853

Денеска (19.01.2023) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Тетово, на улица "Полог", лишен е од слобода У.М.(34) од тетовска Шипковица.

При преглед на патничко возило "опел астра" со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена една автоматска пушка и 50 куршуми "Лугер" калибар 9 мм. При претрес, извршен со наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, во неговиот дом се пронајдени 237 куршуми калибар 9мм, поголема количина на муниција од различен калибар, пиштол "Црвена застава" 7.62 мм со рамка со куршуми, пиштол "Глок 17" со рамка со куршуми калибар 9 мм, гасен пиштол, еден топовски удар, една полоавтоматска пушка "Кхан Армс" со 5 патрони.

Од страна на СВР Тетово во текот на утрешниот ден до надлезното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

The post Претрес во тетовска Шипковица, пронајдена поголема количина оружје и муниција, приведено едно лице appeared first on Република.

]]>

Денеска (19.01.2023) од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Тетово, на улица "Полог", лишен е од слобода У.М.(34) од тетовска Шипковица. При преглед на патничко возило "опел астра" со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена една автоматска пушка и 50 куршуми "Лугер" калибар 9 мм. При претрес, извршен со наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Тетово, во неговиот дом се пронајдени 237 куршуми калибар 9мм, поголема количина на муниција од различен калибар, пиштол "Црвена застава" 7.62 мм со рамка со куршуми, пиштол "Глок 17" со рамка со куршуми калибар 9 мм, гасен пиштол, еден топовски удар, една полоавтоматска пушка "Кхан Армс" со 5 патрони. Од страна на СВР Тетово во текот на утрешниот ден до надлезното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик.

The post Претрес во тетовска Шипковица, пронајдена поголема количина оружје и муниција, приведено едно лице appeared first on Република.

]]>
Изгоре куќа во тетовска Шипковица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/izgore-kukja-vo-tetovska-shipkovica/ Sat, 25 Jun 2022 09:44:56 +0000 https://republika.mk/?p=519550

Семејна куќа во тетовското село Шипковица изгореla во пожар кој почнал по полноќ.  При пожарот и при интервенција на пожарникарите нема повредени лица.

Пожарот е пријавен во 00.42 минути во Територијалната противпожарна единица Тетово. Веднаш беа упатени три противпожарни возила и се работеше на целосна локализација и ликвидација на пожарот до раните утрински часови. Повредени нема ни од мештаните од селото кои ни помагаа, ни од пожарникарите. Направена е голема материјална штета - информира Ука Алити од ТППЕ Тетово.

Според информациите на Алити, во текот на интервенцијата спречено е пожарот да се прошири на други објекти.

The post Изгоре куќа во тетовска Шипковица appeared first on Република.

Полицајци нападнати во Шипковица, биле принудени да пукаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/policajci-napadnati-vo-shipkovica-bile-prinudeni-da-pukaat/ Wed, 15 Jun 2022 21:28:40 +0000 https://republika.mk/?p=515746

МВР информира дека двајца полициски службеници во село Шипковица биле принудени да пукаат во воздух откако биле нападнати од двајца жители на селото Гајре. Според полицијата, лицата требало да бидат приведени.

Од полицијата велат дека А.М. (40) и Л.М. (39) биле пријавени за неколку инциденти, меѓу кои одземање пари и закани, а на едно лице му го одземале и добитокот.

При лишувањето двајцата се однесувале агресивно и физички ги нападнале полициските службеници, при што од еден полициски службеник бил испукан и предупредувачки куршум во воздух. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на пријавените случаи и ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

The post Полицајци нападнати во Шипковица, биле принудени да пукаат appeared first on Република.

]]>

МВР информира дека двајца полициски службеници во село Шипковица биле принудени да пукаат во воздух откако биле нападнати од двајца жители на селото Гајре. Според полицијата, лицата требало да бидат приведени. Од полицијата велат дека А.М. (40) и Л.М. (39) биле пријавени за неколку инциденти, меѓу кои одземање пари и закани, а на едно лице му го одземале и добитокот.